Не ни треба ни потребна ни непотребна драма. На толку хаварии во животот до сега лично мене ми треба мир, во партнерот сакам да најдам мир и слога. Ако то го немам не ми треба ни партнер. Фала
Шо е тука опасно? Најнормална работа е да сака чоек да има мирна и сложна врска. треба да се тепаме со бившите за да го креваме егото на мажите? Да бев тинејџерка ај ама сега смешки, не ми си јасен извини
Типот има одамна завршено со неа како што кажа членката. Исто така членката кажа дека и претходно се познавала со неа т.е. со сестра е. Кажи ми каде згрешило момчево? Дали е тој одговорен за нејзиното дрско и мизерно однесување ко малолетничка некоја што се лути оти го изневерувала и овој сепак си продолжил со животот и е среќен? Зарем оваа толку нема свој живот па ќе уништува нечии, макар што не верувам да му го уништи ама да труја вака...
Mozhesh da prijavish nekoj bez vidliv dokaz samo so svedok ili kako? Neznam kako odat tie raboti stvarno da znam ako dojde do poseriozno da imam barem neshto oti ne se stabilni Toa e problemot on ja ignorira ama taa ima cel da dosaduva, ne e toj kriv iskreno
Не е мое ама искрено не вервам дека има сто посто завршено тој со бившата. А и да е така ако ја игнорираат и двајцата колку време би можела така да се понаша? Мислам не долго… Како и да е, најдобро чаре е да најди (другар другарка брачед родина) шо ке и запрети ама некој шо стварно го бива за убо да се подуплаши @Its_me
Da se razbereme do tepachki ne dojde ama ako treba da se zashtiti partner mora na sekoj nachin i podobro e shto jas i pishav oti i jas ja poznavav ne zemav da se brkam tepam so nea i mene i na mojov do toa ne ni beshe dojdeno. Zamisli na tvoj partner dodeka ste zaedno vi dojde bivsha shto stvarno nema nishto so nea kako bi postapila toj da zeme da se tepa so nea e mizerno ako ja ignorira dovolno e znak deka e zavrsheno i mu e dojdeno do toa sega shto ima a ne toa shto pominalo
Znachi ti si kreirash tvoe scenario spored nekoi tvoi traumi ili iskustva namesto da se fokusiras na necie pisuvanje ovde. Nemoj da si igrame mentalna gimnastika ovde
Ne e moe, mislam deka 90% od zhenite bi se trgnale na strana dokolku nekoj dolgo i cvrsto ja ignorira barem od do sega sto imam praeno muabet.. Jas ne sum rekla da dojdi do tepacki samo do zaplasuvanje najdobar lek
Ja poznavam nea a so nego sum vo vrska prilichno dolgo i znam shto se ima slucheno. Zavrsheno bilo pred 4-5 godini i sega se navrakja. Sestrai mi beshe drugarka i znam kako razmisluvaat bidejki i so majkaim se znam lichno i ima losh pristap na vospituvanie pospostaveno kaj shto ne se svesni kolku damage si pravat. Jas so nekoj ako imam zavrsheno toj mozhe utre da se mrdne i da dojde da pravi problem a jas nemam dopirna tochka me razbirate. Nemozheme da znaeme dali nekoj evoluiral posle 4-5 goduni od posleden kontakt normalno se nadevash ima naprednato te ima zaboraveno Ovaa e devojche na skoro 30. Imash zheni,devojki i devojchinja.
Оф бе душичке сочувствувам со тебе, ќе го најдеш верувај, само не се замарај со небитни, очајни, препрочитани и предвидливи, незанимливи, и ако сме искрени нискоинтелигентни пропалитети, таквите и на нив слични се секад со една нога во гроб што го копаат за други а и не се свесни. Остани силна прекрасно битие. Или чекај ти ли беше шо пиша за проблемов.
Неможеш да извадиш забрана за доближување бидејќи те нема допрено ама можеш да покажеш пораки, да кажеш дека психички те малтретира нека го викнат и тој третиот човек и така ќе имаш забрана за вознеморување. Толку треба. Наместо да се замараш
Здраво женски, Во врска сме со дечко ми да кажеме скоро 2 години и за тие две години поминавме сито и решето, од семејни караници до наши, па дури и до раскинување. На почетокот тој беше како од бајките, ме купи со целото внимание на светот и уште од самиот почеток стекнав голема доверба во него. Потоа под разни притисоци почнавме да имаме банални караници, а една ескалираше и до прекинување на нашиот однос. Неколку дена имаше плачење и молење, и баш во моментот кога бев спремна да попуштам нагло се промени, почна да ми кажува како не ме сака, како не сака да ме види, ме блокираше на број и избегаваше било каков вербален контакт, само на пораки. Се сомневав дека е друга, но тој упорно негираше и се колнеше во се најмило. И јас имав грешки, па и покрај тоа што ме скрши дека му беше доволна една недела да ме замени, му простив и се потрудив да заборавам. Некој период се беше супер, но во последно време ( последните месец дена ) се доведовме до момент каде што во бес за да го отргнам од себе, доби агресивен напад и ме фати за врат со што ме одгурна со сета сила. Беше под дејство на алкохол па откако се освести почна да плаче и да се колни во Бога, па дури и во верски објект дека никогаш повеќе нема да ме повреди. Но еве, секојдневно нешто му пречи, и во последно време се чувствувам како да сум во врска со потполн странец, како со сила да ја влече врската, да не сака да е со мене. Кога ќе ја отворам таа тема ми вика дека размислувам на глупости и дека не е така, дека не сака да раскине, дека ме сака итд... Но јас не се чувствувам така, се чувствувам како да ме сожалува и да чека моја грешка за да може да каже "Ете, таа е виновна" или "Таа раскина не јас". Некој совет?
Сестро бегај од психопатов шо поскоро. Оти ке нае*еш дебело. Од најлично искуство ти кажувам,ко на сестра.
Заборавив да надодадам, кога му реков дека не може да ја мери својата сила со мојата, бидејќи сепак е машко, ми рече "И ти не со свесна како ме турна, тоа што си женско не значи дека не боли" а и притоа се држи до ставот дека тој не кренал рака на мене, туку само ме турнал и дека тоа не е исто.