Буквално,ко некој баксуз. Просто е невозможно колку лошотилоци може да се случат за кратко време и тоа што треба да ти е најубаво искуство,да ти е упропастено.
Кога не иде, не иде. Јас не би ги ризикувал другите работи што те прават среќна за еден дечко што не ти обрнува внимание како што треба и не те прави среќна.
Здраво женски Со дечко ми сме заедно две години. Сакаме кога поминуваме време заедно и нели како и во секоја врска така и во нашата понекогаш имало подеми и падови. Кога сме сами преубаво ни е и убаво функционираме. До сега имаме пребродено многу работи но, една работа никако да ја средиме. Неговата мајка буквално обожава кога ни се меша во се, значи во врска, во одлуки, баш во се. И сака се да знае(ако не е известена за нешто одма почнува да се лути како мало дете а тоа го прави бидејќи знае дека дечко ми е таков што ќе му падне жал и пак ќе е по нејзино). По 5-10 пати на ден на видео кол му ѕвони на дечко ми. Цело време се сака да испита и да знае аман веќе. Да напоменам дека мајка му живее во друга држава но, често доаѓа кај нас дома(јас и дечко ми живееме во една држава а таа во друга). Еве за нова година сакавме да бидеме со другар и другарка а таа се налути зашо неа не сме ја викнале туку нив. На крај направи 1.000 проблеми и пак испадна по нејзино. Од некна се спречкавме јас и дечко ми за глупости поради неа и таа веднаш дојде да испита работа и почна да го гушка, бакнува синчето и ми вика шо ти е викам ништо и замислете отиде во друга соба и као се налути на мене зашо така сум и рекла и нормално дечко ми и он ми се налути пошто мамичка манипулира одлично. А баш ништо повеќе не и реков. Значи кога е тука чувствувам негативност, немир. Драматизира женава ептен. Не знам зашо го прави сето тоа. После дечко ми отиде по мамичка во другата соба и ја слушам му вика поарно ќе ти е без неа тука (за мене), им упаднав во соба и кажав шо слушнав и ме направија будала дека измислувам. Во неколку прилики таа го нарече дека бил папучар замислете. А пред да почне да доаѓа така да седи овде по 10 дена, секогаш дечко ми ми викаше мама се најдобро збори за тебе, многу те сака, ова она. Без неа топ функционираме а вчера на дечко ми му одржав лекција за тоа, но еве ја денеска пак почнува. Извинете на долгиот текст но навистина не знам како да постапувам со неа...
Не му е пресечена уште папочната врска од мајка му и не знам како можи да не знаат да постават граница од каде до каде да се зборува/одлучува за некој друг и меша... ме чуди стварно! И ова не е било каков проблем туку ред флег врие на најјако.
Освем да си најдеш друг дечко,вториот совет е да ја игнорираш максимум. Сака да дојде, супер дојди баш ни е мило, ние вечерта ќе сме кај другар. Сакаш да се мешаш? Фала за советот супер е и ќе си го направиш пак своето. Ама најлошото допрва ќе ти дојде, ако еден ден имате дете и неможеш да се помириш со тоа што таа сака да биде во секоја ситуација смешана многу лошо ќе е за тебе. Размисли си добро. Или да се бравиш на будала ако вреди твојот дечко или да си најдеш нов.
Мамино синче. Како да си во врска со мајка му, а не со него. Јас воопшто не го опрљвдувам ваквото мешање од страна на родител/и. Ова може да е кобно за било која врска. Утре ќе се прелее на брак, на деца и ќе настане калакурница. Додека е време разговарај со дечко ти за да ја опамети мајка му. Ако не успее, тогаш не ти треба таква врска каде што мајката го команда синчето.
Тој никогаш нема да се опамети. После напишаното сето понатму е трошење време. Не постои љубов без почит.
Дечко ми е супер со мене, секогаш ми посветува внимание, ми прави некои ситни изненадувања на пример кога ќе си дојдам од работа знае да има спремено вечера, некои такви ситни ама убави работи. Бидејќи живееме заедно и сме во друга држава имаме изградено добар однос, се ослонуваме еден на друг секогаш, по тежок ден на работа доволно ми е што е тука да ме ислуша. И навистина не би сакала да го изгубам. Но, неговата мајка е проблемот. И поради неа имаме кавги кои инаку не би ги имале. Овие неколку дена преферирам ладен однос со неа, но и тоа и смета, вика не сум сакала муабет да правам со неа(знам дека секој збор ќе се употреби против мене и затоа на минимум ми е сведена комуникацијата со неа). Имам пробано и со фино понашање ама пак не бива. А јас не сум тип што ќе се исповедам на некого за се, она тоа го сака но, не го добива од мене и ја иритирам со тоа сигурно. Не знам како да постапувам со неа а да не изгледам лоша Не знам дали е правилно да ја игнорирам до макс или да се испукам за се па нека размисли после дали ќе се меша пак. Вие што би направиле? Плус, вчера бевме излезени сите тројца и дечко ми ми купи парфем а таа се налути зашо за неа нема парфем. Значи до тој степен е женава
Мамичка не манипулира затоа што он не е мало дете. Него така му одговара да биде мамин син а тебе наместо тоа да ти е проблем ти се занимаваш со мајка му. Ако продолжиш вака уште еден куп нервози ќе имаш.
Еве, баш сега читав еден пост во СДК што ми се допадна, поврзано со ова. Овде се работи за инфантилен мозок, слеш несполнет и неизграден живот и идентитет, односно резултатот= непознавање лични граници и квази-(покушаи за)манипулации, мешање и наметнување поради збир на се ова (односно инфантилен недоизграден мозок во длабока регресија, евентуално деградација) И на крај секако и повредено его и дополнителни фрустрации поради неможноста за се ова. Да беше рецимо бивша ајде де ќе ја оставиш/те нека прави кловн од себе и сама си покажува каква е пред народот, ама вака... (корелацијата being дека на таквите исто никако да им објасниш /јер и они немаат доволно развиен мозок =слеш способност за разбирање дека тек они се ирелевантен фактор, и дека има многу други порелевантни ствари, кои навистина влијаат и имаат од значај за исходот/ квалитетот на односот од нив). Значи битно е да ти ова го разбираш, и не дозволуваш други личности, кои тие и да биле, ти влијаат повеќе (отколку што реално имаат можност и контрола) во твојот/вашиот живот. Остани силна, гушка.
Баш така, тотално се согласувам со тебе. Секогаш тие луѓе што се неисполнети, лечат комплекси на други како што е во мојот случај... Ти благодарам многу, гушки и до тебе
Мајки можи да се проблем само ако партнерот им дозволва да бидат. А, твојот ѝ дозволва. Јас би му кажала дека ми смета и би зборала за умреженоста негова со мајка му. Би пробала да разберам од кај иди и колку е тој спремен да се размрежи и дали воопшто гледа проблем во нивниот однос, дали воопшто сака да смени нешто. Сега ќе зборам лично. Ако идентификува дека има проблем и сака да го реши, би била таму да го научам да постави граници. Ако речи дека нема проблем и јас да бидам "крива" во негови очи - моето место не е покрај него. Та не ви се меша во врската инаку, туку него му се меша во животот. Сакам да кажам, не можиш да имаш ти проблем со неа ако тој не го дозволи или ујача тој проблем. Ти ако ставиш граница без да збораш со него - можиш да напрајш конфликт со него. Ефективна граница можи да стави само тој. И ако то не го решите сега - никогаш нема да се реши како проблем и само ќе станва поинтензивна во односите и поумрежена. Хипотетички, во иднина се венчавате и имате дете. То дете е производ од син ѝ. И те како уште поќе ќе сака да ви се доближи. Јас сум сигурна дека дистанцата има голема улога за нејзиното однесување. Ама дефинитивно е однесување на кое треба да се тргни строга граница.
И јас имав мн проблеми со свекрва ми и и се испукав за се. Маж ми на моја страна застана и јасно и кажа “гледај или убаво живеј со сната и сите да сме среќни,не се мешај (таа ми се мешаше во одгледувањето на децата)или и кажа ќе треба да се скараме.Ако нешто тебе ти смета кажи сега овде да видиме дали може да се промени а ако немаш конкретна причина тогаш ќе си молчиш”.И така беше,се повлече жената сега сме океј. Ова е мој личен пример. Имам уште еден од моја роднина свекрвата и е бетер од мојата и таа се кара со неа,ама маж и никогаш не е на нејзина страна. Секогаш ја подржува мајка му а после кога ќе се повлечат кај нив дома и вели дека ја сака,ја почитува како сопруга но дека неможе да кажува лоши зборови за неговата мајка и негов совет е да ја игнорира,колку и да провоцира да си ќути. Се зависи од мажот. Е сега од моја гледна точка јас не би сакала маж ми да е скаран со мајка му затоа што и јас имам деца. Ама да не ме подржеше ќе седнев можеби на маса и со убаво ќе кажев што ми пречи и какви ми се намерите. Во смисла дека јас неа ја почитувам и ја сакам како мајка на мојот сопруг но дека тоа и тоа ми смета.
Ова само. Со другото се согласувам. Дали ќе и успее да се меша во нејзиниот живот и врска како и да е, зависи од нејзе(девојката на кого би да и се меша светки во животот). Не може да и се меша во нејзиниот живот како и да е, без нејзина дозвола. Значи прво мора да се разграничи сам со себе. И се постават лични граници. Кои партнерот мора да ги почитува. Како за почеток, филтер за не/споделување информации со свеки/други околу истиот тој живот/врска. Е сега прашање е колку ги имаат (свој идентитет, живот, лични граници) и покрај врската/бракот. Тек потоа да се види до каде партнерот има разграничено со ова (лични граници). И дали има шанса/желба/свест за подобрување. Ако не, молим лепа. И пак ќе кажам, истото ова важи и за пријатели, и останати личностии кои имаат склоност/желба за мешање во туѓи животи и врски.*
Бев во ваква врска, се омажив и имаме дете, ништо не се смени од ова, дури стана полошо со детето, е тогаш раат нема да видиш. Ништо нема да се смени се дури тој не стане свесен за овој проблем. Тактика и е на свекрва ти да збори се најдобро за тебе, затоа што во моментот кога ќе пукнеш и му изкажеш на дечко ти се, тој ќе ти рече како можеш така таа те сака, а ти нејзе не и ќе излезеш крива. На нејзе ако и преречеш ќе и одговара дека се нервираш и ќе си тера по своето, а може и појако. Ако можеш да разговараш со него и тој покаже некаква иницијатива за промена океј, ама ако продолжува исто и ти вели дека нешто ЌЕ се смени, тргни си по свој пат. Не е нерешлив проблем ама само доколку дечко ти стане свесен, а по ова што го читам тој не гледа проблем во ова. Мамичка е тука, женичка е тука, внимание од сите страни. Друго решение е да ја игнорираш, разговор на дистанца и добро добро на се што ќе каже, а ти терај си по своето. Ама за ова да ти успее треба и син и да не ја слуша исто, а не да потпаѓа под влијание. Иначе и јас мислев дека грешката е во мене зошто се држев на дистанца, а таа сака блискост - НЕ, бившата негова била многу блиска па истото ја снајде. Близината ја користат само за да имаат поголема контрола. Подобро раскини со време отколку после со дете во друга држава. Види, разговарај, процени дали има можност за промена.