Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми во врската

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од lili22, 16 декември 2009.

  1. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    32.585
    Пол:
    Женски
    Многу решително "детето", браво за него, за два месеци успеал да процени дека ти си таа што ја чекал цел живот |(

    Не ми е јасно како уште паѓате на вакви убедувања. Тој ги проживеал најубавите години па сеа тебе најде да ти симнува ѕвезди од небо. Нема ни што да пишува 30 годишен маж со девојче кое нема ни 20. Верувај, пред тебе е најинтересниот период, уживај, забавувај се со свои врсници, ќе најдеш и некој што ќе те сака и повеќе, што нема да мора милион пати да ти кажува дека ти си вистинската туку ќе знаеш и самата. Не си го губи времето со овој.

    Плус, не го ни сакаш, тебе ти годи само неговото внимание и убави зборови. Ќе се појави друг кој и физички и карактерно ќе те освои. Свесна си за преголемиот генерациски јаз меѓу вас чим и самата го потенцираше тоа и мислам дека знаеш која е правилната одлука.
     
    На Maca Macka, Snowflake97, st-el и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.364
    Допаѓања:
    22.213
    Пол:
    Женски
    Му дошло време за женидба и свесен е дека посалам и поубава од тебе нема да најде, и ајде.
    Дај му клоцата.
     
    На Maca Macka, f.girl, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.113
    Допаѓања:
    4.559
    Пол:
    Машки
    Не брзај. Истражи ги поубаво работите. Подруго размислува тој на 29 години, а подруго ти на 19.
    Види и карактерно дали ќе се совпаднете. Мајка ти можеби мисли дека си мала сеуште да навлегуваш во такви сериозни врски и сака да поуживаш во младоста и да го осетиш полнолетството.

    Дечко и факултет не одат заедно, барем не на оваа возраст што си ти. Едното ќе го баталиш, а по се, изгледа факултетот.

    Јас би ти препорачал да си уживаш уште неколку години, па после да бараш сериозна врска. За наоѓање, ќе се најде, само треба повеќе дружење и социјализација. А и некако 10 години разлика е многу според мене. Обично таквите врски со толку голема разлика се цел на манипулации, но не мора да значи дека се сите врски такви. Тој сиг има искуство, а ти немаш доволно.

    Мојот совет е да поживееш малку во оваа доба од младоста и да не влегуваш во врска. Патувај, забавувај се, дружи се со луѓе, уживај малку во животот.

    Останатото ќе си дојде.
    Се во свое време. ;)
     
    На Snowflake97 и butttterfly08 им се допаѓа ова.
  4. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    За да е некој сериозен треба да покаже со дела а не да каже со зборови. Не може тој да замислува иднина со тебе кога не те ни познава, колку добро може да се запознаете во период од само 2 месеци.
    Или е крајно несериозен па бара нешто за забава криејќи се позади зборови дека е сериозен или па сака да се ожени со било која иако не верувам дека е тоа второто зошто мажите денес тешко се одлучуваат за брак со некоја која не го "заслужила" тоа.
    Батали го и најди си некој со кој ќе се запознавате, дружите, уживате и созревате затоа што верувај ми за неколку години скроз ќе ти се сменат мислењата и ставовите.
     
    На butttterfly08 му/ѝ се допаѓа ова.