Проблеми во врската

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од lili22, 16 декември 2009.

  1. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.610
    Допаѓања:
    14.952
    Пол:
    Женски
    Отворен разговор за ситници кои тебе лично ти пречат, не значи по дифолт и дрзок разговор. Има како и тоа да се каже: полека, убаво, јасно, без кревање тон и сл. Значи може и тоа да е културно кажано, да пренесеш порака дека не ти е сеедно. Ако игнорираш и си речеш „па не е толку голем проблем“ ти потсвесно го прифаќаш ваквиот начин и секое следно појавување ти ќе го перцепираш за нормално.
     
    На Lisandra и idktbh им се допаѓа ова.
  2. idktbh

    idktbh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    470
    Пол:
    Женски
    Јасно, само ако пари му се “слаба точка” дека нели си се смета за скржав и ако директно му го посочам тоа низ разговор на било кој начин кажано може да го смета за несоодветен.
    Убаво кажа со последното, треба и со себе да бидам искрена дали е мал или сепак не толку мал проблем, сега не знам уште затоа и вака мислења по форуми барам, фала на совет инаку:D
     
  3. MB993

    MB993 Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    Мила мислам и сама си до некаде свесна дека и момчето не располага со којзнае колкави примања. Не мора секогаш да е кафе реално и тоа не е чини малку. Прошетајте во природа парк земете некоја лимека пиво, сок и уживајте во врската. Еве јас многу сакам кога до мм ке земеме кафенце од кафемат кое чини само 20 денари и ќе се шетаме. :)
     
    На Purelove92 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.380
    Пол:
    Машки
    Ептен стипса дечкото. Кажи му директно дека ти пречи овој начин на однесување и види како ќе изреагира.
    Уште малку ако продолжи вака, ќе ти бара пари и за да спие со тебе. :doh:
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  5. idktbh

    idktbh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    470
    Пол:
    Женски
    Така е, не ми е мене до колку чини нештото кажав и погоре.
    Само еве јас тргнувам да ја гледам ситуацијата од моја перспектива, да бев машко и да имав примања што патем се само за мене, сакам да кажам живеам со моите и не плаќам сметки дома, намирници исто поголемиот дел не, многу поразлично ќе постапував ако женска ми поради факултетот е уште невработена.
    Ако ништо кога сум рекол дека ќе и платам такси за враќање, ќе ми беше таму паметот и стварно ќе и платев, а не да заборавам.
     
  6. MB993

    MB993 Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    За ова си апсолутно во право.
    Тогаш разговарајте отворено и нема потреба да заобиколуваш.
    Јас мислев дане има други трошоци во смисла живее сам па се е на негов товар.
     
    На idktbh му/ѝ се допаѓа ова.
  7. idktbh

    idktbh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    470
    Пол:
    Женски
    Пробував последниот пат суптилно, ете зборев колку е поскапено се, дека едвај чекам да почнам да работам ама ништо.Ако не можам да платам во моментот ако пример плати со картичка, а јас немам точно да му дадам не би ми побарал после тоа пари, веќе се има случено двапати, ако ете веќе така се нафаќа да плати зошто некогаш само не иницира отворено да каже јас ќе платам.
     
  8. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    8.932
    Пол:
    Женски
    Ти него го имаш почастено? Ако сте млади и двајцата имате ептен ограничен буџет, тогаш ќе се однесувате според возраста и приликата. Дечко не е дожен да ја плаќа сметката постојано, особено што велиш дека работи кратко време и не заработува баш доволно, му требаат за друго, штеди, помага дома, има некој друг план со заработените пари. Зошто не се договорите, еднаш тој да плаќа, еднаш ти? Цело време споредување со дечковците на другите и туѓите ситуации само ќе те фрустрира, треба со дечко ти да разговараш и да се договорите ако ти значи и ако сакаш да останеш со него, другите како прават е небитно.
     
    На Miss666, MB993 и idktbh им се допаѓа ова.
  9. idktbh

    idktbh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    470
    Пол:
    Женски
    Го имам почастено за повод како положен последен испит, роденден и слични ситуации.
    Најмалку што барам е да ми плаќа постојано, туку барем да се понуди за прилики како некој празник што пишав претходно или годишнина зошто за такви “заеднички” прилики сметам дека машкото треба да плати.
    Се однесувам според возраст и прилика зошто дури и за овие поводи не зборам за којзнае колкави сметки се е околу 1000 денари максимум
     
  10. MB993

    MB993 Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    На форумот може да мислиме што сакаме секако ние не ја имаме целосната слика. Очигледно тебе ти пречи и сметам дека треба да си искрена и да му кажиш дирекно. Со среќа и пиши каков ќе биде исходот.
     
    На Stark и eliesaab им се допаѓа ова.
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    8.932
    Пол:
    Женски
    Ти најубаво си знаеш, од моја гледна точка, не треба машкото да "плаќа" ниту за повод, ниту секогаш, не знам од каде ти се идеиве (можеби затоа што си фокусирана на врските на твоите другарки, па се споредуваш цело време?). Отиде женската еманципација у вода, ама океј, млада си, а ако ти е ова навистина принцип во врската и сметаш дека машкото мора да плаќа, тогаш најубаво да си бараш некој кој ќе може да ја задоволи оваа твоја потреба. 1000 денари на денешнава скапотија, не знам што би искоментирала, јас не трошам толку на седенки и кафани и кафиња, што имам и работа и плата и дупло години повеќе од тебе. Ама ај, може е до мене. Ако ти е важен, како што велиш, пробај да разговарате, да му објасниш дека ти е важно, млади сте, може е незаинтересиран и расеан и не размислува за плаќањето како тебе.
     
    На Biljarkata, Miss666 и MB993 им се допаѓа ова.
  12. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.610
    Допаѓања:
    14.952
    Пол:
    Женски
    Скржавоста има илјада лица. Скржав човек може да биде за да процени дали си ти од корист или не (што е во ред зашто никој до себе не сака материјалист). Но полошо од овој вид е да е апла скржав и тој да живее воден од тоа дека треба да штеди на тебе. Ова е екстремност и според мене недозволиво за едно женско.
     
    На idktbh му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.380
    Пол:
    Машки
    Си му кажала индиректно, но не сфатил.
    Тоа значи дека треба да му кажеш директно, за да знаете до каде сте со врската и двајцата. Ова што ти го прави е измачување.
    Не викам дека све треба да плати он, но ова е без мерка. Не се работи за тоа кој е богат, туку за чест и достоинство.
     
    На eliesaab и idktbh им се допаѓа ова.
  14. idktbh

    idktbh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    470
    Пол:
    Женски
    Океј женска еманципација вмешавме хахах види на страна што сум женско, да имав некој што го сакам(близок, другар/ка), со којшто се гледам трипати неделно и кој не зема плата студира, а јас земам, од мерак еднаш месечно ќе го почастам едно кафе зошто сигурно нема да се осиромашам и да си го нарушам штедењето со тие 100денари.
    Фала ти за мислењето сепак, морав да искоментирам зошто испаднав gold digger што сака по илјадарка да троши на седење…
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    8.932
    Пол:
    Женски
    Илјадарката ти ја спомна. Искрено, не би да распредувам на оваа тема, многу ми е неубав муабетот. На прва топка, како ги објаснуваш работите, малку ме асоцираш на gold digger, да. Во смисла на тоа дека ти ако уште три години учиш школо, ќе очекуваш дечко ти да се снаоѓа да те части, нема да има никаква рамноправност. Најфер би било, ако почесто излегувате на кафе или во кафана, еднаш да плаќа тој, еднаш ти. Па за некој повод ти да почастиш, за некој тој. За сите останати трошоци постојат родители Јас на твои години се гушкав со дечко ми и грицкавме семки во парк и не се сеќавам дека за било каков повод сум очекувала частовка или подарок, едноставно друго било важно. Ама веројатно времињата и луѓето се смениле, не знам.
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    4.701
    Пол:
    Машки
    може собира пари да те однесе на одмор, оти бе така одма брзи заклучоци носите
     
  17. idktbh

    idktbh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    470
    Пол:
    Женски
    Многу категорични заклучоци, а можев поентата да ја сфатам и без тоа:)
    Илјадарката беше пример исто како 100ката бидејќи како што кажав погоре не ми е важно дали ќе плати колку што би сакала некогаш да се понуди за да видам дека ги воочува работите што ги кажав. Спомнав и дека ми е непријатно кога друг плаќа општо, ако почасти би почастила и јас наредниот пат за да изедначам. Тоа што го кажа еднаш јас, наредно тој да плати има најмногу смисла, да.
    Не сум gold digger само многу ги премислувам ситуациите кога се работи за некој што го сакам зошто во иднина може семејство ќе имам со човеков и некои вакви hints ќе ми доаѓаат на памет. Не очекувам да плаќа дури учам, сакав само сега да расчистам дури не сум почнала со работа од април и не заборавам на ова и после ми искочат проблеми кога ќе е касно.
     
    На Snowflake97, boo3, Керолајн и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Искрено на почеток кога е ваков ваков ќе си остане до крај ако продолжите и тебе сега кога ти смета ова, ќе стане проблем поголем и ќе не можеш да го смислиш како се однесува.
    Не е културно машко да не почасти од време на време ако многу те сака или барем за повод, празник или нешто тој да не ја плати сметката, од време на време, значи не секое излегување. Посебно шо ти не ни работиш уште.
     
    На Snowflake97, eliesaab и idktbh им се допаѓа ова.
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    8.932
    Пол:
    Женски
    Ама и јас ја земав илјадарката за пример затоа што ја спомна ти. Зошто ти е проблем едно искачање да плаќаш ти, едно тој, зошто е тоа проблем? Какви проблеми може да искочат во иднина, не сум сигурна дека разбирам. Самата кажа дека понекогаш плаќа тој, колку процентуално ти очекуваш? Ако на тазе врска со човек кој тврдиш дека го сакаш ова е проблем, уште и не можете да се договорите, не знам како би се договарале за некои ептен битни работи. На крајот од денот, и да сте во брак, никој не е должен ништо да прави, сѐ е прашање на договор.
     
  20. idktbh

    idktbh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    470
    Пол:
    Женски
    Ама буквално пишав во истата порака дека ако еднаш почасти тој, наредно јас би почастила за да изедначам и се согласив со тебе, од каде ова дека ми е проблем? Не знам дали воопшто беше прочитано тоа што го пишав од твоја страна.
    Во иднина пишав во смисла да имам семејство со него(и тоа го наведов) и на пример си штеди пари на кола место да потрошиме на децата и слично.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.