Проблеми во врската

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од lili22, 16 декември 2009.

  1. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Па кола е потреба и треба да штеди. Посебно со деца.
     
    На Abel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.302
    Пол:
    Женски
    Епа ете, почнете така, наизменично. А здравје кога ќе дојде ред брак и семејство, поинакви се математиките, тогаш се штеди заеднички, во зависност од приоритетите, а и засебно, за сопствените желби и ќеифови. Проблем е ако секој одлучува за себе, без договор со другиот.
     
    На Biljarkata, Hoping и idktbh им се допаѓа ова.
  3. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.146
    Допаѓања:
    3.481
    Пол:
    Женски
    Има и такви врски шо и во брак си ги делат сметките, а и такви шо своите приоритети си ги ставаат на прво тек после жената и децата. Исто и такви шо тебе нема да те части но другарите од веднаш ги части.
    Не само за во иднина и сега треба да си се вреднуваш дека ти си женското и ти си посебна. Не барај од никој помалку од шо заслужуваш, дури и повеќе ќе бараш.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.678
    Допаѓања:
    192.540
    Малку скокање преку трупа е ова, ама ок. Во секој случај, ако планирате иднина, треба да се усогласите околу приоритетите. Не мислам дека нешто особено значи дали те почастил или не, мене ништо не ми значело. Ама ми значело да имаме исти приоритети, односно да разликуваме што е потреба а што е желба, не да се расправаме дали он да си купи мотор или да се купи прашок за перење. А такви работи па и не можеш да видиш преку некој ефтин гест-частење, особено кога и двајцата имате броени пари.
     
    На Stark и Realist1 им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.267
    Допаѓања:
    176.605
    Пол:
    Женски
    @idktbh ако нешто ти смета - кажи го то. Пошто еве са сите знајме за проблемот. Дечко ти не знај. Не можи да се реши нешто ако ти манифестираш да се реши, а тој абер нема дека ти смета. Ако неќиш да го кажиш директно - инсистирај да платиш заедничка сметка некогаш. Речи дека ти е на милоста. Види дали следно ќе проба тој да плати. Следно, ако штеди за нешто стварно е терет плаќање за двајца, притоа како шо памтам добиваш подароци за специјални пригоди. Зато и мислам дека разговор е клуч. Ем ти ќе бидиш мирна ќе знајш шо се случва, ем тој ко ќе има можност ќе покрие сметка.
     
    На idktbh и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.573
    Пол:
    Женски
    Можеби нема, сметки, лоша економија, гориво, основните потреби и не му останува. Имав порано бивши дечко, супер човек беше, но баш тогаш беше во потрага по подобра работа и немаше.. Ме има изненадено со 2 книги и тоа. Дури и такси од дивите земавме. Ја знаев ситуацијата и не ми пречеше.
     
  7. ...!

    ...! Активен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2024
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, можеби ме паметите, можеби не. Пред скоро една година ви се обратив од безпомошност, за совет.. Сите ми рековте БЕГАЈ, и само после еден месец типот сам ми ја олесни работата. Ми постави услов да бирам помеѓу него и најдобриот другар кој ме тешеше цело време кога ќе имав проблем и ме советуваше ко брат, веројатно му пречеше што некој ме држи и не може да ме манипулира 100%. Тука ми пукна филмот, му реков штом е така, ЧАО! Полуде, почна да ме навредува, дека не ми бил другар ми бил швалер, дека сум к*рва, психички ја тормозеше мајка ми со истото итн.. После 1 недела се фати со девојката со која претходно и ме изневери хаха, чудно нели? Како и да е сакам да ви кажам само ФАЛА ОД СРЦЕ што ми помогнавте да отворам очи, ФАЛА за сите совети, бидејќи бевте значаен дел во тоа да си ја прекинам агонијата и самоуништувањето. Еве скоро една година живеам со цела сила, после долго време имам здрава врска и човек покрај мене што знае како да опстои. Имајте поука од мојава случка : Кога луѓето околу вас ви викаат БЕГАЈ, време е да прекинете, додека не е предоцна! Уште еднаш ФАЛА ОД СРЦЕ, ме спасивте!!!❤️
     
    На SummerGirl, Liu, Лејди Гага и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Dekoo

    Dekoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    1.038
    Пол:
    Машки