Јас ова не можам да го разберам! 1. Не ми дава да излегувам? Како тоа не ти дава? Стои на врата и ти вика не смееш да излезеш или со сукалото те чека пред кафич? 2. Ми ги има сите пасворди... Зошто? За да си ја бара бељата... А, зошто си му ги дала? Мислам како воопшто станало збор за тоа ти да му го дадеш својот пасворд? 3. Ми го проверува телефонот? Зошто да ти го проверува твојот мобилен телефон не ми е јасно! Не ме сфаќај погрешно, ама на дечко ти си му дала МАЛКУ? повеќе слобода отколку што требало... Извини вака на прашањата ама сите овие работи довеле до неговото посесивно однесување. Ти си му дала зелено светло дека може да те поседува (според горенаведените работи). Е сега работава е - Ама уствари мене тоа ми смета! Ако ти сметало уште во почетокот ти ќе си се поставела поинаку! А, сега... Сега или прифаќај го таков или остави го, затоа што тој поинаку не знае со тебе. Најдобронамерен совет...
Не се менува... Никогаш не се менуваат. Можеш само да се залажуваш дека ќе се смени, а во суштина ќе станува само полошо. Раскини додека е време. Да ти биде мирна главата, да не си ја чукаш по некоја година.
Никој не се менува. МОжеби со тек на време еден на друг да се прилагодите, но нема да се смени. Јас би ти рекла остај го, но ти си знаеш. Имав ваков - го оставив.
искрено, страв ми е да му раскинам пошо ми се закануваше дека ако ме начека со друг, тој ке настрада ... коа му реков дека сакам да раскинеме, ми плачеше и рече дека ке се смени, но тоа никако да го дочекам ... знам дека треба да му раскинам ама ме плаши фактот дека ако му раскинам , ке го следи секој мој чекор и нонстоп ке ми се јавува ... едноставно, нема да можам да го откачам од мене
Ништо не се мора,посебно не па со притисок.Тука не си напишала дали со дечкоти си разговарала на таа тема,дали за овбој рок му кажа нему и како тој реагираше.Како тоа рок до 15 ноември,мене тоа извини вака ми е незамисливо.Ти и дечко ти сте тие што треба да си одлучите кога тоа ќе биде.Неговата мајка не треба да ја искориства својата положба што е болна и да поставува барања.Не треба да влетуваш во брак ако не си подготвена на тоа поради сожалување за мајка му или од било кои други причини.Одлуката е само твоја и добро размисли.
Јас само би ти дала совет да го откачиш што е можно побрзо. А ако продолжи да те замара, смени го бројот, некое време не се движи на местата каде што си се движела порано. Јас така си имав проблем со бифшиот, па морав бројот да го менувам, да си седам повеќе дома. П.С и мене истите приказни ми ги кажуваше, а потоа кога виде дека нема разбирање, дека сум цврсто решена да ја прекинам врската без ниту трошка каење, тој престана да замара.
Одма треба да се решиш од него најбрзо што можесш инаку ако ти се јавува нема да креваш телефон и гледај кога излегуваш да не бидеш сама секогаш имај некој со тебе а ако мислиш дека навистина може да ти направи нешто извести ги твоите и стави му до знаење дека не си сама дека имаш грб позади тебе и дека нема право да мисли дека може сто сака да прави со тебе и да те малтретира реши ја ситуацијава и ке видиш коклку ке ти биде полесно и поубаво
имам 2 годишна врска проследена со мн падови, и 1 раскинување од 2 месеци. на почетокот беше мн тешко бидејќи скоро никогаш немаше време за мене, после раскинувањето т.е. откако се смиривме е мн сменет ми обрнува мн повеќе внимание, ама некои работи останаа исти пр.пред да излезам треба да го прашам, да не се облеквам разголено и сл.(ми има речено дека ако ме фати со друг ќе јадам мн ќотек, верувам во ова оти има кренато рака на мене) да не должам, работата е то шо јас најдов друг за кој слободно можам да кажам дека е тоа што од секогаш сум барала и физички и карактерно, убаво ми е со него, исти работи сакаме, ми недостига кога не е со мене, ама мн малку време го знам.сакам да ве прашам шо би направиле кога би биле на мое место би останале со проблематичниот дечко со кого имате прилично долга врска или би биле со некој кој е баш таков каков што од секогаш сте сакале, ама го знаете мн малку!? фала однапред п.с.ве молам без коментари во смисла како си дозволила рака да крени на тебе и сл. и без осудувања, мислам дека прашањето ми е добро поставено, па повелете
Ако не го добро знаеш овој другиот,запознај го подобро.Ако сметаш дека тој е вистинскиот за тебе остани со него.Но сега не си кажала ништо дали тој другиот знае дека ти си во врска и како реагира тој на тоа.Немој од двајца да останеш без ниеден.
Ако ти е смачено од дечко ти ( а верувам и гледам дека ти е , во спротивност не би се загледала во друг ) , зошто да не го оставиш и пробаш со тој што ти се појавил , кој има се што бараш ти во дечко ? За тоа што го знаеш малку , па што .. затоа е животот , да се запознаваме
Ако си нашла некој друг со кој ти е поубаво, раскини со сегашниот. На почеток ќе ти прети, но не обрнувај внимание. Прво разговарај со новиот, дали би бил покрај тебе, објасни му што, како е.
Јас сум на факултет во друг град и овај другиот е од тука и знај дека имам дечко и каква е цела ситуација, но се однесува како да немам дечко во јавност се држиме за рака, ме бакнуваа, ме гушка (ова се случва во градот кај шо сум на факултет) и ми рече дека ако дечкото мој дојди тука нема да дозволи да ме удри, а ако ми прај проблеми во мојот град да му кажам на мојте дома и да се реши цела ситуација (веројатно за да бидиме заедно како шо треба моја предпоставка) иначе фала за советите
^ Ред, јас да бев на твое место, и да не ми се допаѓаше некој друг дечко веќе ќе имав раскинато со првиот. Знаеш и самата зошто А за ситуацијава.... ако толку ти се свиѓа овој вториов, па... пробај стави пауза на врската некое време дури да го запознаеш подобро. Ако откако ќе го запознаеш подобро се‘ уште ти се допаѓа, дури и повеќе, не гледам причина зошто би ја продолжила врската со првиов. Што ако е долга? Сепак, имаш само 19 години
Ред ,од ова што го пишуваш испаќа дека тој твојот дечко за везден и не бил толку љубоморен, па ти бре дете имаш паралелна врска една за на факултет а една за по дома цццццц свашта, ајде млада си ти способна пробај со овој од на факултет па ако не ти одговара фати си уште некој трет па види како ќе ти биди пред тебе е животот а мажи рогоносци колку да сакаш цццц
Здраво, јас сум нова во форумов но навистина имам проблем со ми треба барем едно мислење. Со дечко ми сме заедно еве 11 месеци, значи денес полниме 11 месеци, и баш денеска за ништо дојде до тоа да ми раскине и тоа со смс. Како во секоја врска, и во нашата имаше караници, но повеќе има убави денови и вреди да се живее за тие денови. Се сакаме многу, и тоа ми го кажува постојано и секој ден ми дава до знаење дека сум единствената за него, му вредам многу и дека животот сака заедно да го поминеме. Вчера ни беше супер, денес исто, бев кај него на работа се беше ок, јас требаше да си идам и му кажав и се беше ок. Во моментот кога требаше да си идам, тој беше зафатен со своите работници и беше нервозен околу работата, ја му реков дека си идам, и он ми вика зошто вака правиш, иди веќе нејќам да те видам. просто се зачудив, и му викам не можам да си одам, не ако вака си нервозен. и он почна да урла на цел глас, и ми вика иди нејќам да те видам. И јас си отидов. кога после 2 часа му праќам порака, дека ми недостига, дека го сакам и сакам да го видам, дека денеска праиме 11 месеци и веќе му имав подготвено изненадување (секој месец на 2 обавезно излегуваме на романтична вечера, или правиме нешто што и двајцата сакаме, или ме изненадува со некој поклон, овој 2ри сакав јас до го изненадам). И он ми враќа порака со која ми дава до знаење дека меѓу нас е готово, да не му се јавам никогаш веќе, дека ние никогаш веќе нема да бидеме заедно затоа што сум го испровоцирала да ми вика пред работниците. Сега не знам што да правам, толку сум збунета, како може толку лесно да се заврши врска која беше толку цврста, просто не можам да се соземам. а си го сакам многууу, и знам дека ме сака...и уффф ама ми недостига. многу ми недостига
Почекај да помине одредено време, можеби е нервозен и лут, па кога ќе му помине лутината и нервозата ќе ти се извини и ќе се смирите Само не ми е јасно со што си го испровоцирала ти? Сепак почекај ден два за да поразговарате.
Сигурно ти си го испровоцирала ептен што така изрегирал.Сега и да му се извиниш,он ќе ти биде лут.Почекај малку и јави му се па да видиш како ќе изреагира.Сигурна сум дека ќе се смирите,не верувам дека мало недоразбирање може да уништи врска.Само почекај малце и верувам дека се ќе биде по старо.Поздрав
Па не би ти препорачала сега одма да се јавуваш или да му пишуваш. Значи не гледам причина за викање, со ништо не си го испровоцирала, па според тоа не си ти крива за ништо, туку он е крив. Неможе да се правда со тоа дека бил нервозен. Ако он тебе стварно те сака, кога ќе сфати дека згрешил сам треба да трча по тебе. Покажи дека си се налутила за викањето без причина, за да не ми текне друг пат пак така да напраи.
Остави го да му поминат бубачките...Скоро секое машко е такво,импулсивно...Од мува ќе направи слон.Не верувам дека е готово,сам ќе те побара.Само немој да го бараш,не му пишувај, ништо...
Ах, не е убаво во лутина да се носат тешки одлуки. Бесен е зошто се покажал пред работниците во лошо светло, но ќе му помине. Не го напнувај ти, остај нека помине време, ако се кае ќе се јави.