види ако било како што пишуваш дека ти со ништо не си го испровоцирала туку само си му рекла дека си одиш а тој ти се развикал пред работниците,тогај јас не гледам никаква твоја грешка тука.колку и да е нервозен не смее да се празни на тебе,да ти се дере поготово пред други луге.сепак не сме биле ние таму во тој момент па да дадеме суд дали си го испровоцирала или не,а и некако ти не го објасни убаво.ти му викаш-си одам_ а тој- зошто вака правиш( а што си направила ти?)и иди и неjkам да те видам.. ако е вистина дека не си го испровоцирала,тогаш ти си таа што треба да биде лута,а не тој..и не треба ти да го молиш него туку тој тебе..зошто женските секогаш се ставват во улога на молители,на жртви,ја бараат кривицата во себеси а каде е тој?зошто ти го бараш,остај тој нека те бара тебе.зошто ти да тажиш по врската а не тој? ако било се идеално и убаво како шо кажуваш,тогаш нема да пукне заради ваква ситница,утре задутре ке се смирите..а ако не се смирите,значи можеби не било се така,како шо си мислела ти дека е. поздравче и се надевам дека ке испадне онака како што посакуваш.
Па така е како што реков и синоќа ми прати смс и ми вика дека за се јас сум крива, враќање назад нема. И му пречело тоа што не сум го прашала дали може да си одам, а пред тоа му кажав дека треба да одам и се беше ок. дека толку голем инает има што ако веќе ми викал пред другите нема назад, дека сум го спуштила на најниско ниво и сум го омаловажила...два три пати му кажав дека не е така и дека ако навистина ме сака не треба да му е гајле што мислат другите туку што мислам јас...но изгледа залудно, ми вика не ми ја префрлувај мене кривицата. добро реков ако веќе си одлучил нема врска кој е крив, ќе патиме и ти и јас...пошто знам дека и нему не му е лесно...ама зашто е толку тврдоглав, никогаш нема да го разберам ова машко его. Го сакам многуу, и толку ми недостига особено ова време, околу 7 кога го будев за на работа и првите зборови му беа: те сакам многу, и фала на Бога што те донесе кај мене...а сега, сега веќе го нема тоа...денеска нема те сакам, нема бакнеж за добар утро (
А го праша ли зошто си ти крива? Што си направила? Неможам стварно да разберам што му е и зошто ти да бидеш крива. И зошто ти да го прашуваш дали може да си одиш, па ти не си негова сопственост, па дозвола да бараш. По сево ова заклучив дека он барал причина за да ти раскине. Остави го малце нека искулира и не му се јавувај, па он сам ќе те побара и ќе сфати дека згрешил.
helou,кој кого омаловажил тука,он ти се дерел пред сите и со тоа ти си го понижила,омаловажила?како е можно тоа?он самиот се понижил,не си го понижила ти,ти небеше таа што се дереше туку тој...како тоа цело време ти ја префрла вината на тебе мајко мила..а ти ја прифакаш..на крај он ке испадне жртвата а не ти очигледно типот има преголемо его....требало да го прашаш да си идеш дома? а пред тоа веке си му кажала дека ке си идеш...јас би ти рекла подалеку од таков како него...јас не би можела со таков егоист,нема шанси..ама знам дека нема да ме послушаш пошо си заљубена до уши у дечкото.така да едино можам да ти посакам срека да се смирите.и престани да го молиш и да му објаснуваш.ако те сака тој ке те бара ко ке му поминат бубачките,стрпи се.
фала многууу после три дооолгии денови раасравии и префрлање на вина...се смиривме...изгледа требало да покажам заби па да се опамети...дури откако му реков е сеа јас ставам крај, и доста неможам веќе, почна да моли и да се извинува...тоа е тоа...понекогаш треба и јас да покажам заби и да бидам построга bthw фала многу...
ee ти рековме ли и од сеа натаму биди малце поцврста ,не попуштај толку,туку малце и заби одвреме на време
Najprvo zdravo na siteee ) mene mi treba odma soveeet :/ Znachi vaka so decko mi idevme 4 nedeli .. I jas bev taa sho mu raskinav i toa nemashe prichina sve ni beshe ubavo vo vrskata .. Ali raskinav bidejki neznaev shto sakam .. A sega znam deka go sakam mnogu .. Pravevme muabet okolu nasheto smiruvanje ,no on mi vika deka nemozel da se smiri so mene bidejki nashata vrska ke bila machenje posto on ke zapochne da raboti .. i mi vika da ostane kako do sega shto bilo .. a do sega beshe muabet po cel den na facebook i msn i vikend ako se vidime i se smuvame .. ama jas sakam povtorno so nego da bidam vo vrska .. nemozam muvanje bidejki ke mi bide mene poteshko .. shto da pravam ?
Епа девојко долучи се сакаш или нескаш??? И јас да сум на местото на дечко ти, ни муабет нема да ти правам...прво сакам, па неќам, па незнам што сакам...Од друга страна што има врска ако почне да работи? Тие што работат немаат врски? Напрај муабет со него и кажи му дека си згрешила, дека сега сфати дека сакаш да си со него и дека сакаш врска, а работата нема врска, нека си работи он...ти нема да му сметаш.
Da ali jas zborev so nego i on mi vika neznael vremeto ke pokazelo .. a sve e normalno megju nas .. i takov mi vika deka me saka i takvi stvari a stvarno neznam on sho saka .. Ali fala mnogu za sovetot ) [mod-kirilicapak4piz][/mod-kirilicapak4piz]
da mislam deka bi napravil takvo nesto,bidejki jas bev vo ista situacija so deckoto do nogu golema slucka dojde sto raskinavme zaradi mene i jas probav da se samoubijam za sreka me spasi drugarkami na vreme me odvedoa vo bolnica i da mislam deka toj covek stvarno te saka i deka ako go ostavis ke se samoubie
Па вака..... Се запознавме на летен одмор. Јас живеев во Македонија, а тој е србин. Се запознавме една недела пред моето селење на друг континент. Бевме заедно 3 дена 24 часа. До јадење, спиење, излегување, шетање, на плажа, капење.... беше се заедничко. Кога веќе се доселив овде, а тој остана во Србија, секој ден од 24 часа ние сме на скајп 10. Кога сме излезени на секои 5 минути се пишуваат пораки. Значи, се будам со компјутеров во раце, доаѓам од фах пак ми је коп. во раце, јадам на него, заспивам со него........Би требало за 6 месеци да се вратам. Веќе поминаа 6 месеци од кога сум овде и и од како комуницираме на овој начин и одржуваме некаква врска која ја нарековме љубовна врска. Кога некогаш ќе си додје од излегување и ќе ми каже дека рано на утро е на фах и треба да иде во кревет за да одмори, јас сум љубоморна и режирам веднаш неубави филмови во главава како тој има друга и веќе му здосадило да добива бакнежи на камера и само на дисплеј и секојдневието поминато на скајп. Ќе полудам! Никогаш не ми се случило нешто како ова! Знам дека звучи зачудувачки да се заљубиш во некој за 3 дена.... и јас мислев така до пред да ми се случи мене. Ве молам за некаква помош или реален изглед на ситуацијата од туѓ аспект. Ви благодарам!
Нема што .... само треба да имаш доверба !!! такви се тие врски, а ако има преголема контрола кога тогаш ќе пукне тапанот единствено е само што треба да имаш доверба во него, дали сте кажале дека ќе сте ексклузивни итн и кога ќе си дојдеш сега да се гледате и да бидете колку што е можно повеќе време заедно !!! Гуд Лак
ти благодарам многу! Факт е дека му верувам, а некогаш доаѓам до некои чудни мисли и знам дека све е поради далечината..... Како би бил тој со некоја друга кога постојано е со телефон во раце и ми пишува како е, каде е, со кој е.... и сл. како би издржала таа некоја така... се тешам самата со тоа Тешко е многу! Сакам да го бакнам, да го прегрнам, да бидам со него...... Можам се да издржам али кога ќе се заљубам...таму сум слаба ))
Ќе издржиш ајде...толку време си издржала ќе издржиш уште малку... !!!! само без љубоморни испади и без такви мисли....Зашто најзафркнато нешто ни се нашите мисли...Тоа што нашата сопствена психа може да ни го направи, неможе никој )
Ќе издржиш ајде...толку време си издржала ќе издржиш уште малку... !!!! само без љубоморни испади и без такви мисли....Зашто најзафркнато нешто ни се нашите мисли...Тоа што нашата сопствена психа може да ни го направи, неможе никој )[/quote] Ааааа ти ќе ме исправиш во живот! Гледам јас
irenina,штом толку време од денот поминувате на интернет и телефон,дефинитивно има љубов помегу вас,кај си издржала,кај поминале 6 месеци,ке поминат уште 6,пола веке си го прогуркала.само трпение-спасение како викаат без нервози и без непотребна љубомора и тензии,и се ке биде во ред..
И јас се слагам со Мистери и Тањето .... Немој да почнуваш со несигурност и недоверба,не прави филмови без потреба.Веројатно е љубов во прашање и кога постои таа тогаш се е можно.Ти ќе си дојдеш за 6 месеци(ќе поминат дур трепнеш)тоа нека ти дава надеж и позитивна мисла дека се е и ќе биде во ред.Ти ја посакувам секоја среќа на овој свет да успеете во она што сте го замислиле!
Ви благодарам на сите! Со гледање на ситуацијата од друга страна т.е од туѓ аспект веднаш добиваш мотив за она што го правиш да го направиш по добро. Ви благодарам многу!
Ги читав претходните мислења и се пронајдов во некои од нив..и јас имам проблеми во врската, нормално како и секој друг пар..значи сметам дека дечко ми повеќе време одвојува за неговите другари отколку за мене..таман сме искочиле и добива порака доаѓај таму и таму..љубоморна сум и се нервирам за ситници но тој прави да го чувствувам тоа..ако добие порака ја крие и ја брише..не ми ја покажува..ако е од неговите другари тогаш зошто не ми ја прочита??можеби си правам филмови дека мати нешто. дека има друга, но што можам друго да мислам?баш синоќа се испокаравме за тоа и немоќна сум веќе, незнам што да правам..само сакам да го остаат на раат тие, да имаме мир само минутка