1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми во врската

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од lili22, 16 декември 2009.

  1. BonitaSenorita66

    BonitaSenorita66 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2020
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Сестра ми имаше момче, од кој за краток период, споделување на врска никна пламен од тоа..
    Почнале да му зборат лошо на момчето, и да прават проблеми.. И сега типчето (16 години)
    Си потрча по другарите, фамилијата..Како божем нешто и фали на сестра ми, али јесте дека се мали..
    Но за почеток беа стварно добар пар, и јас како постара од нив се прашувам кај згасна таа љубов, па јас да сум на нивно место бре, никого нема да слушам ќе си правам како јас што сакам....
     
  2. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.809
    Допаѓања:
    10.926
    Пол:
    Женски
    Затоа што немало љубов.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Wonderfulx

    Wonderfulx Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Здраво женски, сакам да споделам со вас нешто што одамна ме мачи и да ми дадете некаков совет.
    Во врска сум 4 години, на почеток дечково ми посветуваше преемногу внимание, изненадувања и сл. Сега исчезна тоа, и љубоморен беше но сега не е, дали има доверба премногу бидејќи ништо не сум му направила зад грб и ме знае дека сум добра личност што може да верува. Не сакам погрешно да ме сфатите мене не ми е за тоа што би добила подароци или сл. сакам да кажам дека сетоа тоа исчезна и љубомора, изненадувања, подароци(иако тогаш беше доста финансиски понестабилен). На почеток тоа беше така 2-3 години. Сега да преминам на главниот проблем, пред неколку недели беше излезен со друштво и испијал повеќе отколку што треба(п.с јас му давам слобода секогаш за време со друштво не сум некоја што забранува, далеку од тоа) и во дискотеката биле едно девојче и другарката, и као демек немало никаков контакт во дискотеката. А јас другиот ден го видов чет со тоа девојче како и пишал дали би сакал да и плати такси со другарката за да појдат кај него дома( се срамам од ова што го пишувам сега ќе ме направите најнаивното суштетство и најглупавото) и девојчето не прифатило му дало број се слушнале на телефон и потоа прочитав дека требало да се видат одма другиот ден( денот кога јас го фатив четот) а тој сеуште не беше буден. Тоа беше огромно разочарување за мене, таков стрес не сум добила и мислев дека никогаш нема да добијам. Кога му се јавив да го прашам што е тоа што го видов ми негираше, потоа призна и ми кажа што било и како било дека бил пијан и требало да се види тој ден ама ја блокира секаде и пиша да не го замара затоа што бил пијан и не знаел што пишува и дека тој со неа немал ништо. Девојчево знаело дека тој има девојка и сепак прифатило да се види со него, тој пијан (не го оправдувам воопшто!) а таа каква? Викаат кога си пијан го правиш тоа што навистина го посакуваш, дали мислите дека тој повеќе нема чувства за мене и дека посакува нешто ново да проба? Од тогаш бевме во караници една недела се гледавме демек да расчистиме, плачев пред него а него око не му трепнуваше, по некое време од кога му реков дека претворен е во камен нема чувства не плачи како што порано плачел за мене, му реков дека сетоа тоа било глума сега си го покажа вистинското лице, почна да плачи(знам дека е глума). Амаа јас имам огромни чувства за него, многу го сакав тој се потруде да ме освој девојки и можеби тоа ме влечи сеуште. Му дадов втора шанса еве се е во ред нема таква работа повторено, ама јас кога и да се видам со него не сум истата, постојано се карам, ми текнува на тоа и не ми е убаво како што ми било порано, секој пат кога се гледаме јас започнувам кавга, многу сум нервозна. Понекоаш без причина ете ама не знам зошто нешто ме тера само на караниици. И кога сум сама размислувам за ова, размислувам дека не ми е убаво во врската како што ми било и ми е многу тешко. Сакав да раскинам ама мислам дека тогаш уште погрдо ќе ми биди и потешко, а кога ќе ми текни каков нож ми забоде во грб постојано плачам. Мислам дека еден ден пак ќе ме излажи за нешто и тогаш стварно ќе ме изневери. Тешко ми е, прв ми е, јас сум голем емотивец, мразам нагли промени, не знам што да правам. Многу сум скршена, ме боли тоа што ми го направи. Сакав да се посоветувам дали да продолжам понатаму да се опуштам во врската да видам дали би се случило нешто, или да ставам крај?
    СЕ ИЗВИНУВАМ НА ОГРОМНИОТ РЕФЕРАТ, ИМА МНОГУ УШТЕ ЗА ПИШУВАЊЕ, СЕ ТРУДЕВ НАЈГЛАВНОТО.
     
  4. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.696
    Пол:
    Женски
    Бегај од типов колку што те држат нозе. Најреално и најискрено ти кажувам.
     
    На злоба, cresa-jagoda и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  5. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.554
    Пол:
    Женски
    Да ставиш крај без размислување.
     
    На tinka-mace, flawless., злоба и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. nikibi

    nikibi Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2019
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Ова не е здрава врска и љубов. Кога си со вистинскиот никогаш нема да плачеш, нема што да жалиш ако раскиниш со некој што не те сака колку ти него, што те тера да плачеш и да се нервираш. Љубовта е спротивното од ова.
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Wonderfulx

    Wonderfulx Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Тој инсистира дека ме сака, ама јас не го гледам истиот мил поглед во неговите очи како на почеток, сфаќам ддека со тек на време се губи постепено се, заборавив да ви пишам тој мене ми кажува те сакам секој ден ама мене не ми иди од душа да му кажам и јас тебе, се чувствувам понижено ако му го кажам тоа. Не дека не го сакам, јас многу го сакам ама не можам да му го искажам тоа нешто ме кочи во себе...
     
  8. nikibi

    nikibi Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2019
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Колку години имате ?
     
  9. Wonderfulx

    Wonderfulx Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    23
     
  10. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.809
    Допаѓања:
    10.926
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека на вашата врска и е дојден крајот. За жал тој не е искрен за да го признае тоа. Мислам дека ти секако нема да можеш да продолжиш по ова.
     
    На tinka-mace и Veta им се допаѓа ова.
  11. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Tи го прочитав постот. Како што кажаа и членките погоре,изгледа време е да си ја побарате среќата на друго место.
    Случката со четот само ти го потврди тоа, може да ти служи како елан за да ти продолжиш понатаму.
    Во оваа врска не барај кривица едноставно прекини и продолжи понатаму,затоа што по рефератов заклучив дека потајно дечко ти сака крај,ама не знае како. Ладнокрвноста капак.
    Ако треба да сте зааедно пак ќе се споите вака или така.
    Со лесно.
     
  12. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.271
    Допаѓања:
    33.425
    Пол:
    Женски
    @Wonderfulx мене прво што ми забоде око е тоа што ти си му читала разговори без да знае. Значи сакаш да го контролираш.
    Ова сѐ е, само здрава врска не.
    Разделете се додека не сте почнале да се повредувате уште повеќе. Млади сте, животот е пред вас.
     
  13. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.294
    Пол:
    Машки
    Раскинете додека не е касно.
    Не знам како си успеала, со која храброст и ум да му ги читаш пораките.
    Не треба пораки да читаш за да дознаеш дали ти прави нешто зад грб и дали те изневерува. Доколку си го познавала добро, ќе си знаела кога би можел да те изневери. Но очигледно е дека врската не ви била толку добра.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    25.162
    Пол:
    Женски
    Нема да те судам за четот , си згрешила да , не е во ред воопшто што си му го читала четот да , но да не бил тој чет , ти сеуште немаше да знаеш за девојчето и дека размениле број . Ги знам ваквите ситуации , и најлошо е да дознаеш откако ќе почне да те изневерува , и тоа од трети лица ( мене трета особа во лице ми има плеснато дека дечкото што толку го " фалам и сакам " ме изневерува веќе неколку месеци ) .

    Свесна си дека врската не ви е иста , а и не може да биде после ова . Колку и да си имала доверба во него , сега ја нема . Можеби ова бил единствениот пат кога ти си го отворила четот , и бум . Сега се сомневаш за секој пат кога бил со другари , за секој пат кога не си отворила социјални мрежи , мислиш дека секој пат пишувал со други .

    Најдобро е да се разделите додека не си нанесете поголема емотивна болка . Најдобро е секој по свој пат .
     
  15. Wonderfulx

    Wonderfulx Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам девојки за сите совети, тоа се четот ете никогаш не сум проверувала иако си знаеме пасв, имав доверба но ете како да требало баш тогаш да проверам. Јас пробав да му раскажам се, дека не оди ова, не ми е убаво во врската, сакам да се разделиме и уште што не... Он ми рече дека сакал да остани со мене по секоја цена, ќе се трудел да направи пак да биди убаво, него му било убаво во врскава( нормално јас ништо немам погрешено), му кажав дека во врската не еден, двајца се и треба на двајцата да му биди убаво за да опстои и потребно е доверба а тоа кај мене го нема веќе. Он ми кажа дека ме сакал и сакал да ме задржи мене засекогаш, инсистира да не биди крај, да сум му оставела простор да видам дека се ќе се среди. Но како. :(
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nikita777

    nikita777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2018
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки.
    Имам дечко веќе една година и односот помеѓу нас е супер, тој е најдобриот човек кој го знам. Проблемот е поврзан со неговото семејство, неговите родители се разведени и си имаат нови бракови, тој и сестра му живеат со своите баба и дедо, но сепак имаат супер однос со родителите и многу често се гледаат.
    Тој студира во Скопје и си доаѓа за викенд, само сега поради короната беше неколку месеци постојано дома,во мојот град. Се гледаме неколку пати неделно, но не поминала ноќ, а неговата сестра која има 18години и е помала од него да не се јави и да праша кога планира да ме носи дома за да ја земе од излегување, иако живеат блиску до центарот. Се чувствувам навредено кога на телефон ќе праша кога ќе си одам, а седиме кај нив дома, дури еден викенд му пиша 5пораки на секои 20минути и му велеше да побрза, а не сака да си оди со такси. Не би ми сметало доколку врне дожд, ладно е или итно треба да си оди, ама ова е секоја вечер, дури му ѕвони и кога излегува да ја однесе до кафич или слично, а таа има и дечко и татко кои возат автомобил. Дури и кога си одиме ако таа не го побарала, тој и ѕвони да и каже дека ќе си оди и некако е исплашен случајно да не заборави да и се јави. Веќе почнувам да мислам дека е намерно и од инает и се чувствувам како да имам ограничено време колку смеам да поминам со дечко ми и ми личи дека таа воопшто не го почитува и цени како постар брат.
    Му кажав за проблемот и се расплакав затоа што сум преемотивна и бидејќи веке 7-8месеци чувам во себе. Тој ми рече дека ќе разговара со неа и дека знае дека сестра му претерува. Сакав да ве прашам дали според вас ова е нормално или јас грешам, што да правам?
     
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.076
    Пол:
    Женски
    Пробај да се зближиш со девојчето.
    Може поголема сигурност има во брат ѝ кога ја зема од излегување.

    Те разбирам,претерува, сигурно има некој проблем поради кој довел до ова однедсување од нејзина страна.
     
    На nikita777 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.220
    Се поставил како да и' е татко, а не брат, поради тоа што не живеат со родителите.
    Работата е што е таа веќе полнолетна и треба да се научи да не се потпира на други за се'.
    Не може во врска да сте тројца.

    Ако нема промени после разговорот, постави му ултиматум кој си сигурна дека можеш да го исполниш.
     
    На tambelina, nikita777, raww и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    20.890
    Пол:
    Женски
    Јас воопшто не те осудувам што си видела чет, да не го видеше сега ќе живееше во заблуда и ќе те лажеше у очи. И јас бев против тоа да се знае кој што прави на социјални мрежи, ама кога склопив дека и те како можат да се прават работи зад грб и тоа толку неприметно, подобро би ми било да видам чат и да ставам крај отколку да терам квази среќна врска. Млада си, 4 години се многу ама па вие сте започнале со врската кога сте биле уште помлади, во овој период сигурна сум дека сте премногу сменети во однос на лични и заеднички интереси. Стави крај на оваа врска, посвети си време на себе и ќе се најде правиот кад тад. Подобро среќна сама отколку несреќна во врска :).

    Јас искрено ова немаше да можам да го поднесам. Да, крв му е, ама не значи дека мора целиот негов живот да се врти околу неа. Мора да стави граници ако сака да задржи девојка покрај себе и да тера нормална врска. Ако продолжи вака ќе си остане со сестра му дур е жив. Пробај да разговараш, на најфин можен начин, ако и при тоа не успее да те сфати, батали го не вреди.
     
    На ForeverYoung, buba4e89, nikita777 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    25.162
    Пол:
    Женски
    Не грешиш . Колку и да се блиски , колку и да се поврзани меѓусебно , за се има граница . Сестра му малку повеќе претерува ( да не грешам ама ми личи на опсесивно-компулсивна личност ) . Добро е што си му кажала дека ти смета тоа нејзино однесување на дечко ти , останува на него да разговара со сестра му и да го решат тоа . На крај , може да одите заедно и да ја земате со колата , та нема само едно седиште во кола . Ќе ја префрлите каде треба и ќе си терате по свој терк и замисла . Плус , девојчето има полни 18 , може да си положи за кола и да си купи каква таква кола за себе и да не зависи од никој за превоз . Велиш има супер однос со родителите , тогаш може да побара од двајцата еден за возачка финансии другиот за кола ( не зборувам за кола од салон , половна кола е сосем ок за почетник ) .
     
    На nikita777, tina2018 и tinka-mace им се допаѓа ова.