Здраво јас имам дечко веќе одиме 5ипол месеци се беше убаво, се сакаме имавме така мали недоразбирања и караници, еднаш му имам и раскинато но тој ме молеше цела недела и одлучив да му дадам повторно шанса. Ми ги има дадено пасвордите од неговиот фејсбук, инстаграм, тикток за да знам дека ми е верен без да го побарам јас тоа од него. Ме сака и сака со мене да оформи фамилија, брак, планираме заедничка иднина. Но имаме еден проблем тој многу сака да излегува со другарите и јас имам побарано од него само една работа кога е излезен на кафе или на гости со другарите да ми се јави еднаш или два пати на неколку минути за да знам дека нема ништо, бидејќи неговите дугари немаат женски и мал сомнеж секогаш е присутен. Проблемот е во тоа што тој не сака да ми се јавува кога е излезен со нив, а јас ако му звонам веднаш ми отвара, да преминам на главното во понеделникот беше отиден на гости и одлучив да не му звонам и тој ми се јави дури кога си отиде дома и се скаравме бидејќи не ми се јави кога беше на гости, тој свати дека погрешил ми се извини и ми вети дека тоа нема да се повтори, во вторникот повторно излезе и не ми се јави затоа јас одлучив да му звонам и му се налутив повторно бидејќи на ветувањто не остана ниту 24 часа, додека се каравме телефонот го ставил на спикер и ја слушнав сестра му како ми се смее, што премногу ме повреди и тоа го кажав за да знаат дека слушнав. Во средата ми се јави само сабајле кога стана, а јас не му дигнав и не се чувме во среда цел ден, најтрагично испадна тоа што во четвртокот отиде за Скопје со другарите и јас тоа го дознавам од фејсбук и кога ми се јави му отворив и го направив лом бидејќи сака да му бидам жена а од мене крие работи, ми звонеше но јас не му дигав во четврток цел ден. Денеска е петок сеуште се немаме слушнато и незнам што да правам ве молам за совет. Што би направиле вие да сте во моја сиуација?
Да не го замараш толку. Ни еднаш мм не ми вртел, ниту пак јас него кога сме излезени посебно. Ни во брак, ни во врска. Пасворди нит знае тој, нит јас знам негови. Кога луѓето се во врска, не значи дека треба животот да го поклонат на партнерот. Олабави го малку, сериозно.
Тоа шо сака да излези и со другарите е океј, нема да биди само со тебе. Јас кога сум излезена не сакам да ми звони дечкото, уште па два пати да ме бара, мене тоа ми е напнување. Ни јас го барам кога е се другари. Живот има и надвор од врска. Можи и 20пати да ти се јави и пак да прави нешто на страна. Тоа па давање пасворди ми е скроз детски, тоа не е начин. И 5 месеци не се ништо. Олабави малку и поработи на самодоверба.
Јас не го гледам проблемот во него туку во тебе. Јас сум мажена па на мм му звонам само ако има потреба за тоа, а и генерално тел. за тоа служи нели. Фали уште да побараш камера да вклучи да видиш дали е стварно таму.
Малку детски постапки од твоја страна. Не му прави толкави притисоци, биди по опуштена и помини време малку со твои пријатели. Се дур му правиш толкави притисоци поголеми се шансите да направи нешто. И пасвордите да си ги имате не е во ред. Не можеш да го држиш за ланец врзан до тебе. Секој си има своја приватност. Плус 5ипол месеци не се ништо, доколку сега правиш така понатаму ќе ти биде исполнета врската со караници. Треба да имате слобода меѓусебно, така со јавување, пасворди незнам ти што ништо не прајте.
Дај му да дише на дечкото. Ко за прво речи му да си ги смени пасвордите и дека нема потреба ти да ги знаеш. Дека има право на своја приватност. Како второ престани да му се лутиш и да бараш да ти се јавува по сто пати кога е излезен со другарите. Пред да оди со нив и кога ќе се врати е доволно да ти се јави и да ти каже. Како си почнала уште малку ќе му побараш и камера да вклучи и да ти покаже кој сè е со него. А може и тоа го правиш, не знам. Значи немој. Ако не сакаш да го изгубиш не го гуши. Ваква љубомора и контрола не е нешто нормално. А сигурно си и многу млада. Колку години имаш?
Имам 18 години тој има 24 години, јас вака се однесувам со него затоа што имам малку недоверба плус тој направи некој постапки неправилни од негова страна напочетокот од врската си додаваше женски за пријателки на фб додека бевме заедно беше лајкнувал девојчиња по тикток ем како му го имав пасвордот и тоа направи да имам мала несигурност плус еднаш кога бевме заедно излезени гледаше во една и довербата ми се малку разниша, сега тоа го барам од него за да ми се врати и да можам во потполност да му верувам знам дека 90% е искрен ама има 10% има што ми даваат сомнеж.
Гет а лајф. Сериозно го напнуваш претерано, не знам како уште е со тебе во врска. Па таков притисок, камен да беше ќе пукнеше. Најди си други занимации додека тој е излезен. Не е крај на свет ако е со друштво. Не си му само ти во животот. Олабави малку, нема потреба за паника. АКо сака да направи нешто ќе направи и додека мислиш дека спие. Врска со недоверба не се гради, а ти тоа го правиш, а доколку не сакаш да го загубиш промени го тој пристап.
Кога немаш доверба во партнерот, се раскинува врска. А не да го гушиш и контролираш. Зарем е забрането лајкување кога си во врска? Друго да си ги заврземе очите ако не? Гледал во некоја кога сте биле излезени и што ако гледал? Големо чудо. Порасни малку, ако не сакаш да го изгубиш.
@revolution566 јас ни 5 минути не би издржала да сум во врска со тебе, а не 5 месеци. Што е тоа 'му ги имам пасвордите'? Во брак сум, нит пасворд знам, ни пин на картичка во банка. Си слушнала за приватност? За интима? 'Да се слушаме неколку пати накратко дури е излезен со другарите.' WTF?! Ако сакал да се слуша со тебе, ќе седел дома и ќе си правел муабет со тебе, немало да излегува со другарите. Ти кога си со другари/другарки си муабетиш со нив или со дечкото на телефон? 'Гледаше во една?' А оти да не гледа? Ти не гледаш? Еве, мене ми годи и кога видам убав маж и кога ме погледне убав маж, па никогаш не сум ни помислила да сум со друг, освен со маж ми. Совет, поработи на самодоверба и ако се смениш, барај го. Ако не, остави го човекот нека диши раат, а ти најди си некој како тебе, со кој ќе сте 24/7 заедно и ќе си гледате само еден во друг. Со таков ни другари ви требаат, ни кафиња, ни шетање. Затворете се во 4 ѕида и уживајте заедно, додека си се здосадите еден на друг и потоа карајте се, тепајте се оти едниот трепнал и го свртил погледот настрана.
Да се разбереме пасвордите му ги немам барано самиот ми ги даде без никаво карање или расправија за тоа јас му имам кажано ако сака да ги смени он не сака. А за тоа со љубомората да треба да побаратам, ама дали го оправдувате затоа што си отиде за Скопје без ништо да ми каже и јас затоа дознавам од слика на фб
Како што разбрав вие моментално сте скарани или лути, како и да е. Зошто да дава објаснување каде ќе оди на некој со кој е скаран и нема контакт? По твое треба ти да му се дериш по телефон, а тој да ти се јави за да ти се кажи дека ќе оди некаде со другарите. Или можеби требаше да побара дозвола од тебе?
Еве ти го одговорот Како да ти каже кога ти не сакаш да зборуваш. Треба писма да ти пишува, па можеби и дозвола да бара?
Биди среќна што и слика ставил на фб. Сеа налути се ептен и нареден пат кажи му да прашува дали може да оди.
Сама треба да одбиеш и да не ги користиш пасвордите. Што е следно за кое што ќе му се налутиш? Не ти кажал дека ќе иде до вц? Која боја на гаќи носи? Зошто жолта а не бела? Не е твоја сопственост па да ти се правда за секој чекор. Имал живот и пред тебе, ако сака ќе иде и на месечината ти немаш право да ствараш тензии.
Се смиривме со дечкото јас ќе се преиспитам и ќе пробам да го решам проблемот со љубомората ви благодарам
Ако сака да му бидеш жена не значи дека треба да заборави на остатокот од светот. Ако продолжиш вака, на крај тој ќе те откачи, ти ќе бидеш таа што моли. Не само тој, било кој. Чукни си ја малку главата и сфати дека ако си во врска со некого не значи дека го поседуваш и дека мораш да знаеш каде е и со кого е во секое време, ниту пак имаш ексклузивно право да му одредуваш што и како да прави.
Само да ти кажам дека ни пасворд ни синџир не се гаранција. Колку повеќе притискаш толку повеќе ќе сака да излажи. Довербата е важна, а самодовербата уште поважна. Секогаш советувам дека не треба 100% доверба, ама не со вакво контролирање. Прашање до сите: зошто на почетокот на врската има потреба од ќе те земам за жена? Многу често го гледам на форумов. Ме сака, ќе си се земиме, АМА... Не знам освен во средношколски денови вакви работи не сум сретнала.