Имам коронки долу лево. Е, сега, почна ненормално да ме боли! А ја не знам шп уствари ме боли! Ме боли на место кај што е покриен мноооооооооогу мал дел од заб - сосема мало ѕидче направено шилче за да се прикачи коронката. Пробав со интердентална четка - стругам и излегуваат чат-пат ептеееееееееен ситни парченца (ж олти) кои ужасно мирисаат! Дури и ми се раскрвари жлебината... Па исплакнав со водичка Lacalut. На 1 минутка болката престана, ама сега пак ми се врати! Аман више, мислев ќе се ослободам од проблеми со забие откако ќе ги стаам коронките, ама изгледа ништо од бизнисот ((((((((((((((((((((((((((((
Предните единици ми се малку криви. Не многу но се и премногу ме нервираат. Дали е паметно да се чепкаат здрави заби и да стават ламинати или такво нешто (ламинати се тоа што се стружат забите и се става како лушпа)? Или некој друг предлог ама да не се протези? Дали ми е паметна таква идеја или не? И како оди после, нормално може да јадам или има нешто што не смее...? Фала, поздрав
Imam koren od umnik za vadenje.Pred dva dena mi otece mestoto okolu korenot i malce obrazot.Bev na zabolekar mi dade cefaleksin i serapeptaze za da spadni otokot.Otokot pocna da spajga se pojavi edno belo topce od kade sto podistekuva gnoj no uste imam bolki.Dali e ova normalno so bolkive plus ne pomaga nikakov analgetik.sovet nekoj ve molam
Кецот напрес го скршив у 2012, ми поставија коронка и досеа сум немал никакви проблеми. Ме болеше друг заб испив две налгесин форте и сега слузокожата горе баш кај забот ме убива и само да ја допрам како да ми е скршен забот пак осеќам болка, а знам дека нема никакви мрханички оштетувања. И сега тој заб што ме болеше воопшто не ме боли а овој скршениот само да го допрам непцево ме убива У несакани дејства прочитав дека кога се пие налгеси форте од 550мг често несакано дејство е воспаление на слузокожа. Можно е да е до ова? Или има простор за паника дека коронкава нркако внатрешно се скршила и затоа мр боли нрпцево? Дополнително и настинат сум
Дечки денес прв пат вадев заб. Мислам стален заб де. Раната е длабока, тече крв бла бла се борам некако. Туку прашањето ми е, колку време трае заздравувањето? Викендов сум на роденден дали ќе може алкохол да пијам?
Уфф, трае бааги. Мислам дека нема да можеш да пиеш алкохол. И секој ден по неколку пати да клумкаш во уста чај од камилица. Мене тоа ми помогна премногу. Не се зезај со ова, страшно ми беше мене целото искуство.
Никако жабуркање и плакнење на раната. Крвта што првично се собира во раната треба да остане таму, а вака ја плакнете цело време и заздравувањето е поспоро. Како и да е сигурно една недела (па и повеќе) трае. @Lacrimosa доколку не пиеш антибиотици, можеш да пиеш алкохол умерено.
Фала на одговорите Не ја плакнам раната, ама сепак при пиење вода си иде и таму бе Денес некако ме боли местото како да ми потече малку непцето. Ајде ќе видиме како ќе биде деновиве.
Здраво, имам проблем со еден заб, поточно непцето околу забот. Се работи за 5ка горна. 4ката до него го извадив одамна и ставив мост што стоеше на 5ката. Пред некое време почна да загнојува местото над 5ката. Направив снимка, ми рекоа имам загуба на коска (инаку забот е мртов). Се распрашав за мислење, некои викаат треба да се вади некои нема потреба. Го извадив мостот, забот не е расклатен и во ред е ако не јадам на таа страна, ама кога јадам на таа страна пак се воспалува и загнојува. Се надевам @Annath, и некој друг ако има идеја што да правам ќе ми помегне. Заборавив да додадам откао ќе се воспали одам на забар ме зачистуваат, проаѓа и тоа е. Има ли мојов проблем долгорочно решение? Многу би сакал да го спасам забов. Благодарам.
Со самото тоа што си направил крилен мост (така се викаат), т.е си стругал само еден заб за да надоместиш уште еден, оптоварувањето што го претрпел тој заб е големо и затоа има загуба на коска. Забот може да се спаси, ако е мртов и лекуван еднаш, треба да се направи ревизија на полнењето и да се лекува одново, ама тој процес не трае долго. Ако има подобрудање може повторно да ставиш мост, со тоа што ќе поврзиш повеќе заби, за да не го оптоваруваш дополнително.
Благодарам на одговорот @Annath, ама она што ме интересира е што да направам, да не се пика веќе храна таму и постојано да загнојува, како тоа да го спречам долгорочно а не привремено?
Долгорочно само кога ќе се среди мртвиот заб, па да се преземе нешто околу коската. Можеби ќе треба и ласерски третман, ама за тоа баш и немам информации каде би можел да го направиш.
Благодарам за одговорот @Annath. Не те разбирам, како да се среди мртвиот заб, извадени се нервите и пополнети, што друго да му се прави треба? Проблемот е околу него се пика храна. А за ласерскиот третман како да прашам, ласерски третман за коска на заб или киретажа? Што мислиш за овој текст, ова ли е тоа? http://dentoria.mk/?page_id=76117 ти благодарам ногу што одвојуваш време.
Искуство со гел NBF и како се користи? Непцата ми се подуени веќе подолг период па забарот ми го препорача гелов.
Здраво , имам расипана 6ка доле парцијална гангрена рече докторот,немав никакви болки и проблеми се додека не ми го чепкаше забот со некои иглички и не ми стави лек,тогаш ми се појави цврсто топче како коска во пределот на коренот на забот кое што боли на допир а и забот ме боли понекогаш и првите денови со лекот ми пулсираше(сега го извадив лекот) .Вчера отидов кај друг забар ме прегледа ми рече дека треба да направам снимка и забот ќе треба да се вади.Дали сте имале вакво искуство,што претставува топчето и како се лечи?
Овде коментираат гледам за гелот, може и јас ќе го купам https://forum.femina.mk/threads/Проблеми-со-устата-и-забите.2470/page-46 Има и на страна 45 пишува за гелов изгледа е на природна база, мене ми препорачаа оралсепт, купив денеска, 90 денари
Spoiler Морав пак да пишам, зашто и покрај посетите кај стоматолог за да му се умртви нервот сеуште има секрет кој се извлекува од забот и непријатно мириса. Од денот кога ја пишав првата порака, на 10-тина дена оди кај стоматологот и чувствувал преголема болка кога му чепкал внатре во забот. Значи 2 месеци е нон-стоп на забар (6-7 пати досега), а болките биле страшни. Колку време треба за умртвување всушност? 2 месеци забот му стои делумно отворен. Вака треба да оди постапката или?
Многу долго трае ова, не би требало да биде вака ако е добро исчистен и стерилизиран каналот, може има секрет од процес во коската, боли ако со иглата оди преку врвот на коренот. Со добра дезинфекција и полнење, а претходно и добра обработка и проширување на каналите, не би требало да има повеќе проблеми, коската сама ќе заздрави ако се е по протокол направено.