1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со ќерката

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од marinna123, 28 февруари 2014.

  1. marinna123

    marinna123 Нов член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Имам ќерка која студира во Скопје минатиот викенд кога беше дома го заборави фејзбукот вклучен
    Бев многу љубопитна и ги проверив пораките забележав дека ќерка ми се допишува и се дружи со албанци
    Мене тоа не ми смета но маж ми беше во војната во 2001 и многу ги мрази
    Незнам што ќе се случи ако дознае
    Ќе ве молам за некој совет
     
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Jaс и не гледам тука некој проблем .
    Немам ништо против албанците и тие се луѓе како и нас. Во одредни ситуации сум им била многу благодарна бидејки тие се први пријатели кои би помогнале кога си во невоља и ова го кажувам од лично искуство.
    Зошто да не се дружи нема тука ништо страшно а сега ако твојот сопруг има некој проблем во врска со нив подобро не кажувај му иначе тоа што керкати се дружи нема никаков проблем
     
    На Hopelessgirl, Gona 2015 и fighter им се допаѓа ова.
  3. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    6.673
    Пол:
    Женски
    Можеш да поразговараш со неа на таа тема, но ако има нешто повеќе во пишуваното може да се превземат некакви мерки. Јас сум чист пример што имам повеќе пријатели албанци но строго службено , здраво како си, што има и толку.
    Ќерка ти другарски се имаше допишувано со нив или?
     
  4. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    Ако е другарски можеби и нема место за паника, јас имам комшии албанци, и имам пријатели албанци, босанци, и до сега сум немала никаков проблем, но сепак не се сите исти, најдобро би било да поразговараш отворено со твојата керка, и ако е нешто повеке од другарство или се тоа луге кој не ги познава добро дури тогаш да се превземе нешто.
     
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Јас не гледам проблем, се додека се работи за пријателство. Без оглед на кој факултет студира тие се секаде околу нас. Некои се проблематични некои не.
    Би те советувала иако не е многу паметно да не кажуваш на сопругот или пак да му објасниш дека и се колеги од факултет. Доволно е возрасна мислам штом студира девојката и веројатно е свесна за своите постапки, па така да не можете да и браните. Од друга страна вие бидете си смирена и потпрашајте ја понекогаш како и оди во Скопје, има ли другарки...итн.
     
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Битно е што пишувало во пораките...!!!!!????
     
  7. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    8.276
    Пол:
    Женски
    Е од такви предрасуди не може напред да се оди,татко и ли за неа ќе решава,што е важна националноста и за другарство и за љубов,не ли сме сите луѓе :^)
     
    На Umbrella22, tessie, Sanjichka007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    А она што мене најмногу ме нервира тука е :Зашто побогу ти си и ги читала пораките?? Со кое право??-мајка си и да ама таа има повеќе од 18 години и знае што сака и што е најдобро за нејзе, зарем е воред тоа што си го направиа?!?
    А тоа што се дружила со албанци, па макар и да изегувала со албанец, ма дај молим што има лошо, не ги сакал маж ти,па тој има пробем,не ќерка ти...
     
    На Twinkles и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  9. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Феминум твоите години се единствено покритие за напишаното. Колку и да не ти изгледа во ред што МАЈКАТА ги прочитала пораките на ќерката, таа тоа не го направила за да потоа трачари туку за да и биде мирна душата (за жал спротивното се случило). Колку и да не сакате (и не сме сакале, своевремено) децата се под постојан мониторинг од родителите, и на 18 и на 48 години. Родителите се грижат за своите деца. Можеби ова сега не ти е сватливо, но здравје боже еден ден кога истото ќе го направиш, се ќе биде поинаку. Се во свое време ;)
    Она што мене ме вознемирува во твоето пишување е следново
    А тоа што се дружила со албанци, па макар и да изегувала со албанец, ма дај молим што има лошо, не ги сакал маж ти,па тој има пробем,не ќерка ти...
    Човекот можеби има проблем, но да не беше тој и таквите како него во 2001 год, денес сите ќе имавме проблем. Како можете да плукате по бранителите? Срамота!
    ....
    Мајка ... јас би разговарала со ќерката, отворено и без филмување. Нека се дружат, зошто да не, но јас лично повеќе од тоа не би дозволила. И да... не би криела од таткото.
     
    На Larva, mimiiiii, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  10. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    за бранителите не зборам, мала сум била тогаш не се ни сеќавам, зборам за албанците или барам за луѓето кои поради своја национаност ги правите тука ни сама незнам што...
    Па тоа што се албанци не значи дека се лоши луѓе, па коку што знам албанците се по фер луѓе од нас македонците,ама нее ние сме македонци и сме добри,а тие поради нивнана националност се лоши и не треба да имаме никаков контак со нив.., нема врска нивната личност како поединец- доволно е само нивното абанско презиме и име за да видиме каквии личности се |(

    А тоа што имам 18 години не значи дека мисењето за читањето туѓи пораки ќе го променам,да мајка е ја сваќам загриженоста,ама ако таа како мајка не успеала досега да креира личност на која што ќе може да и верува... едноставно и отишол возот
     
    На Hopelessgirl и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  11. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38
    Сите викате немојте со Албанци,Македонче си е Македонче,размислете на последиците,размислете за иднината,така пишувате во друга тема,а тука викате што е важно дали е со Албанец? Епа важно е.

    Инаку,татко и е во право.А и мајка и што и проверила,без разлика што е полнолетна,подобро да има мајка која се грижи,отколку..........
    Да кажеш на маж ти,ама одма,а и да разговараш со керка ти.
     
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.877
    Допаѓања:
    102.892
    Пол:
    Женски

    се согласувам со сањаева. еве и јас сум родител и кога ќе порасне и ќерка ми секако дека ќе ја проверувам овреме навреме, подобро да спречиш навреме отколку да плачеш после цел живот. Мајката сигурно не збори за дружење и јас не сум против друштво со муслимани,ама што ако е нешто повече од дружба,а има секакви луѓе денес,треба пазење,и не зборете така кога ќе станете и вие родители ќе видите како е
     
    На Bile15 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Јас не би се согласила дека ова се проблеми со ќерката.Иако се работи за родителска грижа тоа не ти дава за право да ги читаш нејзините пораки,туку отворено да разговараш.Твојата ќерка е полнолетна.Ако до сега не си успеала да ја воспиташ за да израсне во зрела личност која сама ќе ја проценува животната ситуација и ќе може да одлучува за себе,не знам што очекуваш во иднина.Не гледам ништо лошо во тоа што се дружи со Албанци.Јас не сум имала контакти со нив,иако студирав во Скопје,но кога се вработив имав прилика добро да ги запознаам.Имам пријатели и пријателки од албанска националност со кои и по завршување на професионалниот однос,продолжив приватно да контактирам.Доаѓале кај мене дома и јас сум била кај нив.Некогаш излегувам сама со нив,а некогаш и партнерот доаѓа.Јас не сум во брак.Се зависи од карактерот на личноста.Се додека се прави разлика меѓу емотивни и пријателски чувства на таквите контакти не треба да се гледа со предрасуди.Ова е нешто што многу ми пречи кај нас како нација и не можам да ги сфатам ваквите ограничувања.
     
    На eloves, andromedae, Marossa и 3 други им се допаѓа ова.
  14. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Ова е проблем или пак желба нечиjа да се прикажат некои "ситуации" во Ск?
     
  15. UltrasGirlMKD

    UltrasGirlMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    28
    Ако е за сериозно,тогаш потруди се да му објасниш на маж ти :) ... Стварно незнам зошто нон стоп правете разлика помеѓу релиѓии или незнам што?Ај да е некој црнец од Африка,па внуците да бидат црнчиња :lol: ...Албанците се подобри другари,подобро сакаат,разбираат од македонциве наши,шо прво ке те ислушаат до детаљ,а после ''цела'' македонија те знае ( Не сите де,има исклучоци нормално ) |( ...Незнам,ама ние младината сме жртви на Историјата (Шо би рекла мојата професорка по Историја) ;)
     
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Хммм...
    Тоа што жената го прочитала пораките,не гледам некоја вина во неа.Го нашла фб отворен прочитала и тоа е тоа.Не верувам дека некој е толку фин да не ги пролиста пораките ако најде било чиј фб отворен,да бидеме реални.
    И јас ги читам,се разбира сакам да дознаам што ја мачи и како размислува керка ми .Едноставно грижата е посилна од бон тонот.Знам дека не сум во право ,си признавам,ама ете сакам да знам што и се мотка во главата.
    Тоа што се допишувала не гледам дека проблем.Проблем е веќе ако има нешто повеќе тука.Ниедна мајка не би сакала нејзината ќерка да биде обележана на било кој начин.
    Мој совет е да разговараш само и исклучиво со неа.Ако го вмешаш сопругот ќе ја изгубиш нејзината доверба,и ќе направиш проблем кој можеби и го нема.
    И за крај сосема те разбирам како мајка за твојата грижа.Без разлика децата колку години и да имаат тие се сепак наши деца.Наше е да ги насочиме и да им укажеме на можните опасности во животот.Понатаму е нивен избор.Во превод ако сакаат ќе си прават тоа што мислат,мислејки дека ако се инатат и се слушаат себе се јаки и слободоумни.И слободни.А далеку се од тоа.
     
  17. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    Не гледам никаков проблем во тоа што загрижената мајка сака да знае што се дешава со својата ќерка
    Некако тоа им останува едниствена солуција на родителите да допрат до своите деца, денешнава младина па и моте генерации бевме такви, отворени за сите а затворени за разговор со мајките, па и мојата мајка ми чепкала по моите работи, и на тој начин ми помогнала многу во некои работи

    Само мајкава ја нема да ни каже што пишувало девојчето со албанецот/ албанците.
    Живееме за жал во земја полна со предрасуди од сите можни типови па еве и овие , бидејќи се работи за територија на Македонија ќе кажам дека мајкава има право што е загрижена, зошто може девојчето од разговор несвесно занесено од нејзините години да се впушти и во врска со некој од нив, а тоа секако нема да и го оправда никој од нејзините тоа е и повеќе од јасно.

    И јас би била ваква со моето дете, доколку не ми кажува се отворено.
    Само така сметам дека ќе го однесам на правиот пат во ова страшно време.
     
  18. LauraPalmer

    LauraPalmer Нов член

    Се зачлени на:
    28 мај 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    'ќерка ми се допишува и се дружи со албанци'
    Сакаш да кажиш дека ќерка ти е курва ?
     
  19. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.206
    Пол:
    Женски
    ^Лаура Палмер аман од ваквите како тебе! Па бог да чува, женско си, како смееш да навредиш друго женско на ваков начин, без основа, без ништо. Па што дека се дружи, не значи дека има нешто со нив. Како можеш да омаловажуваш некој на ваков начин? Простоќа невидена.

    Инаку, до мајката, верувам дека ќерка ти знае што прави, си ги знае границите, само за твој мир, разговарај со неа, дај и до знаење дека не треба премногу да се опушта со нив. Сепак таа е сама таму, да нема многу доверба. Не само на албанци, општо со сите.
     
  20. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски

    А ти сакаш да кажеш секој што се дружи со албанци или општо со некој од друга вера е курва?
    Е со вакви размислувања бога ми незнам до кај ќе стигнеме, а ако мене ме прашувате до никаде.
    И кога меѓу себе се вреѓате немој да ви биде криво ако албанци или други ве вреѓаат така да си знаете.
    Да не се одалечувам од темата тука прв пат јавно признавам дека се имам смувано со албанец кој мис е допаѓаше некое време + тој требаше да си оди во Скопје оти тука заврши 4 година средно. Како и да е да не навлегувам во детали. Дете бев 15 години може сум згрешила, може не којзнае и ја сама незнам. И сеа јас за тебе курва сум? Епа злато научи го значењето на некои зборови и дојди ќе правеме муабет. Курва е девојка која има сексуални односи и наплаќа за истите. А ако има другари албанци не значи дека одма е курва.

    Во врска со темата вие нема потреба да му кажувате на маж ви за да не се прават проблеми од тоа. Не е културно да се чепка по туѓ фб ама пуста љубопитност ем мајка сте нормално е да ве интересира со кој се дружи ќерка ви. Зборувајте со неа објаснете и ги последицит од тоа другарство. Не делам лу
    ѓе по националност учам со турци имам другарки турчинки ама другарство со машко не само албанец туку и општо 99% завршува со врска. Сум видела 100 примери. Немој после да направи нешто за што ќе се кае. На страна го оставам тоа што ќе ја озборуваат.