1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблем со зборот те сакам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Goodguy, 30 октомври 2012.

  1. Goodguy

    Goodguy Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Значи пред се јас сум машко и дојдов овде бидејки ме треба помош од женска личност.Еве вака, јас сум во врска со девојка веке шест месеци и искрено многу ја сакам.Имам 19 години а таа 18 години.Проблемот во нашата врска сеуште го немаме, значи во овие шест месеци се немаме скарено ниту еднаш ниту пак некој од нас се има налутено на другиот.Значи се е супер освен тоа што ме загрижува мене.Сигурно е ништо посебно и само преовеличувам но сакав да ве прашам вас девојките.Значи вака во овие наши шест месеци заедно таа нема ниту еднаш ми речено те сакам!Значи ниту еднаш.Единствено кога јас ке и речам те сакам таа ке каже и јас тебе, но никогаш прва.Незнам дали е тоа некоја сериозна работа или како што реков погоре јас преовеличувам.Ве молам кажете ми го вашето мислење.
    Благодарам :):**
     
  2. femina0

    femina0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2012
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    59
    Јас го имав овој проблем со деЧкоми никогас тој прв не каЖувасе те сакам во поЧетокот се нервирав си мислев дека не ме сака си велев ако ме сака сигурно барем некогас ке казе онака од се срце те сакам. Не мора да знаЧи дека ако не казува те сакам не те сака или ако нон стоп ти каЖува те сакам те сака. Но потоа одлуЧив да разговарам со него и му каЖав отворено сто ми смета и сега се е супер сега тој повеке ги изговара тие зборови отколку јас. :) Oбидисе и ти да разговарас со неа онака смирено каЖии дека многу би сакал некогас и од неа да ги Чуес тие два слаткии збора ако те сака ке те разбере и ке видис се ке биде како сто треба ;)
     
    На Strong25didi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Јас знам два-три пати неделно да го употребам, кога навистина посакувам тоа да му го речам.
    За разлика пак од дечко ми, тој еднаш у месец/два ќе ми рече ТЕ САКАМ, но тогаш кога ќе го рече тоа,тоа е толку слатко кажано, толку топло што знам дека навистина тоа го мисли.
    На почетокот се лутев, се дур еден ден не седнав и да го прашам зошто толку ретко го кажува тој збор,а неговиот одговор беше: Ако секој ден ти кажувам ќе бидам досаден, ако секоја недела ти кажувам нема да ми веруваш-тие зборови би изгубиле тежина. Сметам дека е подобро и поважно тоа што на други начини ти докажувам дека те сакам.
    Кога се подразмислив, навистина сватив дека е во право. И сега воопшто не ми пречи тоа.
     
    На candy.cane, piksooki, Strong25didi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Aylin123

    Aylin123 Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    20
    Сите луѓе сме различни и не можеме да очекуваме дека доколку нас ни е лесно да ги искажуваме чувствата и доколку имаме потреба да ги исскажеме, дека е тоа така и од спротивната страна. Едноставно некои луѓе имаат поладен карактер и не дека не сакаат, туку едноставно имаат проблем со искажување на чувствата со зборови. За мене тоа е подобра варијанта, бидејќи подобро е некој да покаже и докаже дека те сака, отколку постојано да кажува, а да не го мисли искрено, туку да кажува само затоа што мисли дека така треба во врска!
     
  5. AnjaLazanja

    AnjaLazanja Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    34
    Никогаш зборовите не се пресудни делаата се... ЏАБЕ НЕКОЈ КЕ ТИ ВИКА ТЕ САКАМ БЛА БЛА а уствари на дела нигде ги нема...Зборот те сакам помалку значи од топла прегратка и бакнешж...Јас еве мразам те сакам па колку па повеќе па повеќе од највеќе...Човек со збор може 5 метра над небо и 5 метра под земја но делата се битни....:)
     
  6. lilybeth

    lilybeth Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    има право ања , делата се битни ... поранешниот и прв ми кажа дека ме сака , јас бев таква стегната , не знаев како да изразам емоции , а не дека не го сакав ... може си и прва љубов па потешко и е :)
     
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    I te kako treba da se zagrizis,ti ja sakas mnogu,taa nekako te drzi na distanca,imav i jas takva,i jas i vikav kako tebe te sakam,a taa nisto,ja prasav zasto molci i mi vika delata zborat a ne zborivete,i za meces dena mi raskina i se veri za drug.Baraj si druga.pozdrav
     
  8. Puflice

    Puflice Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    120
    Сам ќе си дадеш одговор на прашањето.Кога ќе се воздржиш за некое време со гласното искажување на емоции,и ќе и го предадеш кормилото на нејзе,малце таа да ја вози работата и ќе видиш во која насока ке ја истера работата.Можеби само и треба простор,без притисок дека треба да направи или каже нешто. P.S.Убаво е да се види дека машко се труди околу девојче. :$
     
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Секогаш машкото повеќе се труди,тоа е факт.
     
  10. Puflice

    Puflice Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    120
    Дека "Секогаш машкото повеќе се труди" e мислење или став,а повеќето девојки верувам,само посакуваат да биде факт.
     
  11. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    243
    И кај мене беше вака, само обратно :lol: тој секогаш ми кажуваше те сакам а јас му одговарав со - и јас тебе.
    Едноставно девојчето не сака да искажува чуства, а можеби смета дека е сеуште рано да ти каже прва што чуствува навистина. Нема зашто да се загрижуваш ;)
     
  12. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам со ова :) И јас сум иста, не можам да се замислам себе да кажам - Те сакам, дури и ако стварно многу сакам некого.Не е тоа до тебе, туку е до нас, не се чувствуваме убаво кога ги искажуваме нашите чувства со зборови.Би требало повеќе да ги вреднуваш делата на девојката, дали тоа што таа го прави за тебе и со тебе, ти покажува дека те сака?Зборовите се само зборови и може да се лажни, а делата се она вистинското... 8)
     
  13. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Имам кажано Те сакам , на неколку луѓе, некои од нив ми се мн блиски пријатели, а им имам кажано и на еден или дваца бифши , едниот навитина го сакав, другиот колку за да не се чуствувам незгодно, ми беше мил и можи да се речи дека го сакав на некој начин. Сепак, на луѓето кои најмногу ги сакам на светот најтешко ми е да им кажам дека ги сакам и им немам кажано дека ги сакам , тоа се моите родители, ама сепак знам дека знаат дека ги сакам најмногу и брат ми го сакам најмногу, ама него ми е послено да му кажам и редовно му кажувам дека го сакам најмногу на светот. Значи не е се до зборовите туку и делата, насмевката погледот прегратките, бакнежите и други нежности кога се работи за дечко :)
     
  14. BadMarija

    BadMarija Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2019
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Сметам дека ова е еден од првите чекори кој треба да се направат.Како да кажете те сакам на тој што го сакате и покрај неговиот одговор.Како да се собере храброст?
     
    Последна измена од модератор: 7 јануари 2019
  15. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.440
    Допаѓања:
    18.035
    Пол:
    Машки
    кога филозофираме ептен и е толку тешко, пред да речиш, речи си во себе " мечка страв мене нестрав" и то е.



    :D
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  16. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Нема ништо страшно ако ги изговориш тие два збора. Не се плаши. Ако чувствуваш дека треба да го кажеш кажи го. :)
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Strong25didi

    Strong25didi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Mozebi bila predhodno povredena od nekogo na kogo mu imala rece deka go saka...bidejki od iskustvo znam deka ima i maski koi go zlooupotrebuvaat zborot i prestanuvaat da se trudat za taa licnost zatoa pocekaj mozebi saka da vidi kako ke se odvivaat ...i iskreno nie zenite nekogas gi iskazuvame svoite cuvstva ako se vistinska togas koga gledame deka drugata licnost pocnuva da se ponasa so nas kako da i e seedno
     
  18. babysoul

    babysoul Активен член

    Се зачлени на:
    23 април 2019
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    здравоо јас имам сличен проблем ако може така да се нарече:^) почнав со еден дечко да се гледам и се е океј заедно сме скоро секој ден постојано сме во контакт, никогаш не ме навредил ни направил нешто слично за да се осеќам лошо.Почнав да се заљубувам и многу ми е страв да не го изгубам.. Е сега проблемот е што незнам шо точно он мисле за мене дали осеќа нешто,никогаш не ми реколо те сакам ниту па јас, а и никогаш немало нешто од типот срце, мрце, сонце.. и најголем проблем е што незнам дали сака нешто повеќе со мене :|:|:|
     
    На Tekkyi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Ако ти рече те сакам не ти е гаранција дека сака нешто сериозно.

    Прашај го директно како гледа тој на вашата врска и што сака.
    Макар што нема лошо и во тоа спонтано да се одбиваат работите без брзање и форсирање.
    Според неговото однесување кон тебе сама ќе заклучиш што навистина сака и дали планира сериозно со тебе.
    Колку време сте заедно?
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  20. babysoul

    babysoul Активен член

    Се зачлени на:
    23 април 2019
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    5 месеци знам дека не е многу ама сакам одприлика да знам на што сум..