Прашај го, што очекувања има тој и што сака. Искрен разговор и слобода да си кажете и прашате се се најважни.
Љубовта може да се покаже и на многу други начини освен кажување те сакам . Пример : Дали се најаде , ладно ли ти е , стигна ли дома
Здраво до сите имам многу голема мака ве молам за совет и помош .... Пример јас еве за прв пат во животот мој собрав доволно храброст да и кажам на девојка или жена не е битно дека ја сакам се дружевме секој ден по цел ден ги шетафме кучињата заедно ( инаку го има и најубавото име на светов имењачка ти е на тебе што ти одговарам и барам совет Марија) и се отворив за најлошиот дел од мојот живот уште пред да се запознаеме па и да почне нашата дружба и се понатака...и кажав многу неубави работи декаа имав преживеано до пред некој месец лични тајни што на некоја и некој па нараочито што го запознавам нема никаква теорија да му ги кажам на неа и кажав се уште пред да го изговори името за да и дадам до знаење дека не сакам да ја повредам навредам понатака а и ако е паметна како што е и убава ке свати дека потајно на некој начин веќе ми се допаѓа и ја имам забележано предходно...така она ме прифати во тие моменти се за неа беше тоа сосема нормално сите сме биле млади сме правеле грешки а и била доволно голема она си знаела самата со кого и што да прави и муабети од комшии па нарочито дека баш ни најмалку не ја интересирале па ни од никој друг важно било да сме научеле лекција од таа грешка што сме ја направиле што е и нормално.....и се така си течеше нашата дружба и запознавање супер се поинтересно и поинтересно ни стануваше во нашето мало паркче позади зграда инаку многу блиски комшии сме влез до влез ист парк делиме....се до моментот кога јас и викам Марија јас те засакав и те сакам многу не се имав доискажано Марија викна по Ушко кучето нејзино и избега од мене си отиде дома....пробав со пораки на месинџер пробав секако од тогаш па до ден денешен да поразговарам најчовечки со неа но неуспеав никако да ја убедам да ми каже да ми објасни што сака што мисли зашто бега па зашто еве во последно време почнаа сите нејзини блиски да ме гледаат како да сум им ја стрелал фамилијата пред очи нивни за здраво и добро утро добар ден комшија да не ни збориме стварно не ми е ич јасно што би можело да предизвика такво/а незнам како да ја/го наречам од се ама баш се нај нај супер и од ТЕ САКАМ МАРИЈА да дојде до овде нај искрен сум еве ке пишам и јавно јас патам за и само по една жена девојка откако ја видов неа јас друга веќе не гледам што ми направи што прави и што планира да направи ми треба помош совет
Премногу директно, најверојатно не го очекувала тоа но според реакцијата девојчето те гледало како другар, и тоа што си и кажал на некој начин си ја оддалечил бидејќи не чувствува исто кон тебе, за да не те повреди. Не е во ред што избегала така, ама сите различно реагираме и не треба да и се налутиш, незгодна ситуација е, треба да ја прифатиш ситуацијата и да продолжиш понатаму.
Тешко ми е да кажам некому ,,те сакам”.Еднаш го имам кажано тоа кога стварно сум го мислела и од тогаш навака ниеднаш. Тешко искажувам чувства прво пошто ме плаши реакцијата а и feedbackot од тој што ќе го чуе тоа. Полесно ми е преку некои постапки да ги покажувам моите чувства, или со зборови ама индиректно