1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблем со родителите и врската

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од dead.flower23, 2 јули 2019.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Извини ама на 15 е сеуште дете и не размислува зрело.
     
    На Regina.Phalange, GirlLove и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  2. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.727
    Пол:
    Женски
    Татко ми не го сака мојов дечко ич. Тетоважи имал, пирсови, чуден стил, кај сум го нашла, сум можела и подобро. Од едно уво влегло, од друго излегло, не се замарам за нивното мислење.
     
    На angelapp и Mic18 им се допаѓа ова.
  3. angelapp

    angelapp Нов член

    Се зачлени на:
    29 септември 2022
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво. Родителите на дечко ми не сакаат да сме заедно и сакаат да раскинеме. Не знам што да правам, многу го сакам и не сакам да заврши нашата врска. Каков совет би ми дале? За повеќе детали пишете ми во дм, не сакам да откривам јавно некои информации :)
     
    На IreNey9 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.727
    Пол:
    Женски
    Кај мене излезе дека родителите биле во право што не го сакале мојов дечко сега бивш. Не сум гледала како што треба дека не е за мене.
     
    На Mic18 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hrita

    Hrita Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Здраво. Имам 19 години и мајка ми не сака да слушне за дечко, сум била мала да се изучело факс па после. И кажав дека имам дечко, не можам да се кријам цело време.Ми суди дека е од село и немало да имам добра иднина со него. Не сака да прифати. Совет како да постапам?
     
    На Dinn4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.914
    Допаѓања:
    32.522
    Пол:
    Женски
    И маж ми е од село. И јас слушав од роднини дека немам иднина со него. Е сега... Битни се и финансиите на дечкото. Можеби тоа и е проблем на мајка ти. Колку сака нека звучи грубо... Ако класните разлики се огромни, таква врска тешко да опстане. Имаше пред некој ден слична тема. И една членка убаво пиша.

    Често слушам коментари од типот - Градска девојка треба да биде со дечко од град. :x
     
    Последна измена: 14 јануари 2024
  7. Hrita

    Hrita Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски

    Има 24 и е финансиски стабилен. Си работи, придонесува дома. Али не го запознала, само на слика, и кажав дека е од село и ми рече ја имаш направено најголемата грешка ќе те покажуваат сите со прст. Не се проблем парите проблем и е местото. И секој ден ме навредува од типот: сељак е ќе бидиш ко него, наместо да бидеш госпоѓа и да одиш на работа ти ќе бидиш затворена, проста си не си созреана затоа не мислиш. Па и не е крај краева тоа проблем ќе се изнајми стан ко ќе се земеме да не сме товар на неговите дома дури да се купи куќа в град, така и сакаме. Али таа не сака да слушне, не, и готово.
     
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.914
    Допаѓања:
    32.522
    Пол:
    Женски
    Е па такво мислење има за тие од село. Дека се сељаци, прости, неедуцирани. Ај да се финансиите проблем, да разберам. А вака? Изгледа на мајка ти и е битно што ќе речат другите. Терај по свое. Битно на тебе да ти е убаво. И да знаеш... Многу деца од село станале успешни.
     
    На Hrita му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    1.447
    Пол:
    Машки
    Ако се сакате и почитувате, ако сте вредни и знаете што сакате во животов, бидете заедно. Ниту ти ќе се мажиш за неговите, ниту тој ќе се жени за твоите. Бтв, срам да и е на мајка ти, што суди некому според тоа од кај доаѓа.
     
    На Mother of 2boys, FridaodaMk, Hrita и 1 друга личност им се допаѓа ова.