1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промени во однесување

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Tinaa98, 3 јануари 2017.

  1. Tinaa98

    Tinaa98 Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2016
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Во врска сме веќе година и пол, одлично ни оди се, имаме редовни односи, врска на далечина но се спремавуваме и со тоа, но еве веќе скоро 3-4 месеци многу ретко слушам од него те сакам..дали е тоа до времето поминато скоро година и пол или нешто друго... кажете ваше мислење и совет.. како јас да постапувам. Фала ви.
     
  2. Pinky97

    Pinky97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    447
    Пол:
    Женски
    Види вака да ти кажам, и јас го сакам мм ама тоа немора да значи дека мора секој ден по 5 пати да му кажувам те сакам. Колку по често го кажуваш толку повеќе му се губи значењето и станува досадно да го слушаш тоа,како здраво да си кажувате секој ден и колку почесто го употребувате така си станува и навика. Исто така и не заборавај дека не сте баш мал период во врска и плус на далечина,можеби има повеќе обврски,по оптеретен е,уморен е и разговарате за да се чуете како сте што сте и ако не ти каже дента дека те сака тоа не значи дека се оддалечил од тебе. Постојат и периоди во врската кога сте како пријатели,па друг период како заљубени гулапчиња,па пак како пријатели и така оди тоа во круг,ако е едно исто ке стане монотоно и досадно. :) Поздрав,немој да се грижиш толку и да се оптеретуваш туку опушти се :)
     
    На Stark, Tinaa98 и sj *O* им се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Илии евентуално оладил :)

    Како мене што ми се има случено :)

    Неприсуството си го прави своето...
     
    На elvittta, Victorian, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.872
    Пол:
    Женски
    Ако те сакам е само проблемот тоа можеш да го почуствуваш без да го чуеш :)
     
    На BGLIGOROVA, Cinderfakinrella, butterfly* и 2 други им се допаѓа ова.
  5. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Κога одлично ви оди зашто пρичина за загρиженост за еден збоρ" ТЕ САΚАМ ,, аκо ти мислиш деκа стваρно ти е добρо и те саκа иаκо не ти го κажува тоа теρај си не се оптеρетувај со ситници ние машκите пρетежно сме таκви не јадат мозочните бубачκи неκој пρетеρуваме со тој збоρ те саκам неκој поρетκо го κоρистиме битно е со сρце да те саκа а не со збоρ уживај си во вρсκата аκо ти е све оκ Сρеκно
     
    На Tinaa98 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Чекајте бе малку сте се се фатиле за зборот те сакам. Убаво прочитајте до крај.
    3-4 месеци не можете да ги споредите со секој ден. Не чула 3-4 месеци, тоа е веќе знак дека нешто се дешава. Што глумите и вие ќе дигнете галама 1 година да не слушнете те сакам од вашите мажи |(

    Веројатно ви е монотоно или пак тој оладил. Следи го види како се однесува со тебе, дали прави некои мали знаци со кои ти ја докажува љубовта, дали прави некој гест и така ќе знаеш.
    Ако има промени тогаш седни го отворено и разговарајте.
     
    На ku4ence, Anushka555, Cinderfakinrella и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.389
    Допаѓања:
    32.797
    Пол:
    Женски
    Многу ретко кажа девојката,не дека воопшто не слушнала за тие 3-4 месеци да и каже "Те сакам".
    Според напишаново јас не гледам никаде промени во однесувањето како што си наведила во насловот, напротив и сама велиш одлично ви оди во врската.
    Ако покажува дека те сака и се однесува нормално не знам зошто би се грижела, јес да ние девојките сакаме и по 100пати да ни се каже во денот, но можеби ете на човекот не му текнува :D

    ^А ти него му кажуваш стално "те сакам" ?
    Ако да, и тој на тоа не реагира тогаш е проблем, но подобро е да разговараш и да го прашаш отворено што тоа се променило кај него,дали сеуште исти чувства има.
    Реално и далечината си го прави своето.
    But maybe it's all in your head.
     
    На "Zoki" му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    (facepalm) роди му бебе!
     
    На LUCI 99, ku4ence, Chanell* и 10 други им се допаѓа ова.
  9. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    Во врска сме 4 и нешто години, верени сме, за некој месец треба да се венчаме. Последната година почнавме нон-стоп да се караме, не викам дека сум била цвеќе, голема лутка сум, за се нешто избувнувам, го имам бркано од дома, блокирано на телефон и премногу му имам зборено за мајка му (со право верувајте), он све трпеше, но си имаше и он моменти, како "пушење трева" премногу, поддршка на мајка му наместо мене, ќе се начука па дури ми се има заканувано дека ќе ме удри (додуша еднаш и никад веќе), дури еднаш ми раскина пошо сум му забранувала да пуши, пошо како можела девојка да му брани нешто на дечкото замислете...и ме запроси па се скаравме до моментот кога ми рече дека не е веќе сигурен дека сака да се земеме, знае дека мајка ми (самохран родител) нема пари и почна да бара злато да му купела, пошо како тоа мене да ми купеле а него не. Јас верувајте ништо немам добиено, ниту сум побарала. Јас му се извинив и му кажав (и стојам на тоа) дека нема веќе за се и сешто да се карам и лутам, бидејќи ми е поважно да бидам со него, отколку секогаш своето да го истерам. Не знам дали се е во мојата глава но како далечен да ми е некако. Ми вика дека му е некој глуп период, дека е нервозен без причина, дека му доаѓаат напливи на бес онака без потреба од ништо, дека ме сака и ќе се земеме и дека ми рекол дека не е сигурен затоа што му било страв дека постојано ќе се караме, ќе мора цел живот да се извинува и ќе бил безгласна буква. Но, како што кажа бил изненаден пријатно од моето однесување и дека дури се шокирал од тоа колку сега фино сум се разбирала. Бевме и во матично деновиве и дури ко будала го прашав пред матичното: Сигурен ли си? Ми вика што ти е, ајде влага да не се премислам, хаха. Но откога ми го кажа тоа тогаш дека не е сигурен ко нешто да се скрши во мене. Цело време стравувам дека нешто не е во ред, ко да сме 1 месец у врска цело време глеам у телефонот дали ќе ме побара, дури му дозволив пак да пуши за да се смири малку, иако тоа се гази со моите принципи, цело време го прашувам а ме сакаш ли,? Само за свадбата зборам, и не знам можеби ми се чини али ко нешо помалку да ме бара, нешто почесто на фб се става ( му го проверив телефонот, не најдов ништо), али неам мир. Што мислите вие вака?
     
  10. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.389
    Допаѓања:
    32.797
    Пол:
    Женски
    @bybeDkid
    Па ако си сега ваква,тогаш како ќе се однесуваш кога ќе бидете во брак? Зошто проверување на телефон ? Зошто несигурност? Камо доверба? Ќе треба секогаш да испровериш се и сешто за да бидеш мирна?
    Ако се премислил ќе раскине и веридба и венчавка и се, а не уште да те трпи.
    Најди си занимација, што се преокупираш со него толку не знам..
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    врска на далечина и редовни односи не иде заедно :mm:
    тоа што не ти кажува те сакам ко порано е шо му поминала моменталната занесеност згора на тоа па и фактот што не сте често заедно си го направило своето.
    позз, среќен божиќ:)
     
    На LUCI 99, fallenangel, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум била ваква, неговото сегашно однесување ме прави ваква несигурна не можам сама себеси да се поднесам. Барам внимание ко мало дете. Он ми вика дека се е во ред, но мене во главата не ми е. Еве сеа он е во кујна, ја тука пишувам мислејќи се како денеска не ми рекол дека ме сака. Глупости стварно не знам шо ми е!
     
  13. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    440
    Пол:
    Женски
    Мене лично нај ми забоде очи тоа што ти толерираш нешто ради она да е мирен-пушење трева!?!?
    Пушењето трева може да ескалира во голем проблем,а може и не ако дечкото престане со оваа лоша зависност.
    Друго какво е тоа негово барање да му се купи злато?(facepalm).
    Биди среќна што е искрен и ти рекол дека се премислил ради вашите многубројни караници.
    Нема правило за успешен брак.
    Може и поред сите несогласувања да имате добар брак, а можеби и нема.
    Во мирна просторија,опуштено размисли со кој покрај себе се гледаш во наредните години или би сакала да се гледаш и одговорот сам ќе си дојде.
    А тоа со проверките на пораки,фб некако незрело ми делува,ама женска несигурност е извор на многу логично несоодветни однесувања.
     
  14. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    Офф али некако не ми доаѓа одговорот. А не ми рече дека се премислил, ми рече дека не е сигурен како ќе функционираме ако продолжиме да се караме. Е сега јас сум толерантна и фина, но не сум сигурна уште колку ќе можам да го толерирам ова со пушењето.
     
  15. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    @bybeDkid Пушењето трева - не ми се допаѓа. Седни го и кажи му дека тоа во иднина може да доведе до поголема зависност и проблеми. Ти смета и неможеш да поминеш преку тоа.
    Тоа што барал злато - уште повеќе не ми се допаѓа.

    Врската ти е долга 4 години, што не е мал период.
    Верувај ми, едно машко ако не сака да биде со тебе, не можеш да го присилиш, ама што сакаш направи.

    Периодот ти е таков, само на тоа мислиш, па уште повеќе ти се причинуваат работи во неговото однесување на кои сигурна сум дека претходно не си им обрнувала внимание.
    Смири се малце, не избувнувајте за секоја една ситница и ќе видиш што ќе се случува понатаму.. Може е само период.
     
    На bybeDkid и NOVAVON им се допаѓа ова.
  16. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    Немаш поима колку многу сум разговарала со него на таа тема, најпрво со фино и трпеливо нели, но после глеаш дека не вродува со плод тоа, па се лутев, не му праев муабет дур не дое еднаш до скандал на свадба кај шо бевме кумови и ми вика мора сеа со кумот да се почастиме и ја го потсетив нели дека ми ветил дека нема да го прави тоа, што ескалираше во па ја се претворив во безкичмењак ради тебе, која си ти да ми браниш нешто и да ми кажуваш што да правам и ред други ствари пред очите на луѓето што штотуку се венчаа. Ми идеше во земја да пропаднам.

    Вистина е дека секогаш јас сум била "мажот" во нашата врска, он бил тој што секогаш попуштал, без никаква идеја или иницијатива за било што.

    Сега гледам дека тоа му пречело на фамозното машко его. Дури замислете сега ми се јавува да ми каже дека кај него се паднало паричето и ми вика: Значи оваа година се' по мое ќе биде. На шала демек, но чувстувам дека се чувствува потиснато. Он е човек што би спиел, пушел и играл игрици цел ден и е океј со тоа, а јас не застанувам никогаш. Секогаш имам обврски, наоѓам начини да заработам, да контактирам, да правам нешто. И иако он ми вели дека е супер што сум толку амбициозна, сфаќам дека е типично недозреано дете што има проблем да се носи со женска амбиција и сила.

    Тоа никогаш нема да го промени никој кај мене, а имаш право што велиш дека најверојатно ми е таков периодот. А и природата ми е таква, ко ќе се опседнам со нешто-опседнато е, и сеа гледам работи што нормално не сум ги гледала.
     
  17. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    4 години не се малку, но па цел живот е уште повеќе, така да треба убаво да размислиш што сакаш. Тој е сигурно незрел за брак, веројатно не ни знае во што се впушта. Кога ќе му стане јасно, може да биде и полошо. А ти тогаш ќе мислиш дека сега како жена имаш уште повеќе право да го учиш што треба да прави, а што не. Јас целосно го подржувам (како машко) за караницата на свадбата, макар и да ти е маж, не е дете. Освен ако младоженецот не сакал, а твојов инсистирал да запалат. Не ти е лесно, убаво размисли си што да правиш.
     
  18. Loretta

    Loretta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    637
    @bybeDkid ако за непто сметам дека е катастрофално лоша одлука, тоа е да двајца млади се земат за да си ја спасат врската. Бракот треба да дојде во момент кога ви е најдобро, а не најлошо.
    Не се согласувам со пушењето трева, но мој впечаток е дека малку си го престегнала. Дај му простор да дише, во врска да си посесивен можеби и има некаква смисла, но во брак мислам дека нема потреба.
     
    На crimson и Purelove92 им се допаѓа ова.
  19. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    Не се земаме воопшто за да си ја спасиме врската, кога ме запроси не ни беше воопшто лошо, напротив бевме заедно во странство на неколку месеци на работа, и се земаме затоа што се сакаме. Но, ете отпосле настанаа проблеми..
     
  20. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.872
    Пол:
    Женски
    @bybeDkid Ти си амбициозна, перфекционист тој пуши трева и игра игри по цели денови..Дури пред свадба ти текна дека нешто не е во ред? Секој како ке си се впостави во врската напочеток така и ќе продолжи. Безусловно сакање е само илузија. Тоа што вереникот ти го зборува му држи вода која си ти да му кажуваш што да прави никој не смее да е доминантен во здрава врска а камоли брак. Никој за никого не смее за да се менува едноставно запознаваш личност и се адаптираш на неа нема што после кукање ама ваков е ама таков е. Голема грешка тие што се правиш ''на будала'' секогаш кога тој ќе згреши зарем после 4 години мислеш дека не заприметува и не го искористува тоа? Ти си го одбрала за дечко, па сега размисли рацоионално и со отворени очи за брак со таков човек.
     
    На NOVAVON му/ѝ се допаѓа ова.