1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промени во однесување

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Tinaa98, 3 јануари 2017.

  1. Supergirl10

    Supergirl10 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2016
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    @Worldas Не дека не ми враќа туку воопшто не пишал а претходно беше се ок, тоа ми е чудно.
     
  2. Worldas

    Worldas Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2018
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Машки
    Значи можеш да почекаш некое време,па види дали ќе ти врати.Може нема време за социјалните мрежи или има некои свои обврски.Be patient.
     
  3. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.704
    Допаѓања:
    4.578
    Пол:
    Женски
    https://m.kajgana.com/prilepchanec-...ko-dogovorile-sredba-preku-socijalnite-mrezhi
    Јас само ке речам внимателно со ова социјалниве мрежи,оти може со години да си пишувате и да не знаете всушност со каков човек си имате работа.
     
    На buba4e89 и Alisa22 им се допаѓа ова.
  4. Sorry Fish

    Sorry Fish Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    11
    Здраво, Ве молам за совет...
    Вака, со дечкото сме во врска месец и некој ден, но тајна врска, јас сакам така, затоа што не се чувствувам спремна сеуште да се појавиме заедно во јавност. Се случи за многу кратко време. Се знаевме онака што се сретнуваме низ град, на лик. Јас порано комуницирав со негов другар, ми се свиѓаше, но ништо од тоа немаше. Една вечер седевме со другарките во паркот во маало и одеднаш дојде тој со другарите, застанаа со кола и нормално почнаа да дофрлуваат, но со граници, беа културни. Кога си отидов дома тој ми прати стори на инста, сеа ние модерни сме нели. Му пратив и јас стори и така почнавме. После некое време тој ми пиша, онака случајно. Но јас не сакав да му враќам бидејќи мислев дека е игра со другар му. После тоа ми пишуваше уште неколку пати, јас враќав, но онака ладно и секогаш јас го откачував. Тој е братучед на другарка ми и нејзе и зборел за мене, колку ме сака, дека сум била привлечна, посебна. Мене тоа ништо не ми значеше. Но како што почнав да му враќам на пораките, така почнав и јас да чувствувам нешто. Бевме и за 1 мај заедно, тие ни чуваа место до нивното, се знаеја со машките од нашето друштво, па се договориле. Тој ден, цел ден се вртеше околу мене. Постојано ме гледаше. Другар му беше пијан и ми дофрлуваше, тој ме ,,бранеше’’, таму дојде и таа со која порано се допишувал и му се свиѓала, но воопшто не ја погледнуваше. Се се вртеше околу мене да не речам. До тогаш ми имаше признаено дека му се свиѓам, но таа вечер одкако си отидовме, ми призна дека ме сака. Сум била таква каква што сака тој. Мирна, паметна, достојна, згодна, убава, добра... Со тие зборови ме опиша. Тогаш сфатив дека типот е сериозен, не се откажуваше иако го одбив многу пати, напротив се загреваше се повеќе. Поминаа уште неколку дена, нонстоп допишување, пораки за добро утро, добра ноќ, во текот на денот доаѓаше на места кај што сум јас да ме гледа. Не можев повеќе и му признав дека и јас се заљубив. Тој се однесуваше многу внимателно со мене. И ми пиша една вечер после искачање, да дојде некаде да ме гушне макар на 5мин. Кога ме гушна се тресеше повеќе и од мене, многу беше среќен. Имаше и прв бакнеж, некој муабет и си отидовме. Тој настојуваше да се видиме и наредниот ден, се видовме. Беше пресреќен. На третиот состанок се фативме. Бевме среќни и двајцата. Но како мина една недела, почнаа мали кавги поради љубомора, јас почнував, но ништо сериозно, се средуваше. Една вечер се скаравме малку повеќе, овде беше и тој крив и сакаше да дојде во сред ноќ, но јас не сакав, си ја исече раката на неколку места, сакал да се казни затоа што ме расплакал. Помина и тоа. Но кавгите продолжија и повторно исти причини. Со тек на време тој почна да оладува. Не е како на почетокот. Не настојува да се гледаме многу често, кога ќе се видиме ми одредува време, после оди со другарите. Трпев цело време, некогаш ќе му спомнев, но тој ќе речеше не е така. Една вечер се ми се изнасобра и не можев, а да не заплачам, плачев пола саат сигурно и само го прегрнав и ништо не зборев. Кога се смирив, тој ми рече дека ме сака највеќе и тоа што така се однесува ќе се смени, така било оти сега сме биле во врска и можел да се чувствува поопуштено. После таа средба пак разговаравме, и ми рече дека најмалку сакал да ме повреди, инаку не спомнав, тој ми е прв дечко на мене, ми рече ќе било подобро за мене да сме се гледале по два часа секој ден одколку јас да се лутам кога тој ќе оди со другарите, тој ми бил прв, за тоа не сум ги разбирала работите. Ми кажа дека нема да ме изневери, дека дури ни после мене нема да најде друга веднаш, бидејќи многу ме сака. И зборевме нешто за раскинување, му кажав дека се плашам да не ме остави, но кажа дека нема. И рече дека не мора да значи дека не ме сака или не го сакам ако раскинеме, може пауза ќе сакал, сам ќе сакал да биде. Но ми рече да уживам. И рече дека многу влијае и тоа што сме во тајна врска, но не притискаше да се смени тоа. Инаку јас сум многу лутка и избувлива, но го сакам многу. Во последно време не се караме, не се лутам, но тој се однесува ладно со мене, кога е со другарите не ми враќа на пораки често, порано не беше така, сега оди и на работа и е позафатен, но не е тоа причина така да се однесува. И кога пишуваме само што правиш, како си, супер, да добро, те сакам. Порано ако ме снемаше подолго од 5мин веднаш кај си те нема, сега не, ќе чека да вратам и после еден саат да е, нема да праша зошто не враќам. Се чувствувам многу лошо, го сакам и се плашам да не ме остави. Не сакам да го притискам и да му досадувам за однесувањето, но сакам да се смени. Ве молам за совет.
     
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    @Sorry Fish По колку години имате ?
     
    На bebaa, theowndemon и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. Sorry Fish

    Sorry Fish Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    11
    Јас 16 тој 17
     
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    @Sorry Fish Епа тука лежи одговорот на твоето прашање. :) поздрав
     
    На aleksandra4444, bebaa, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. BlackLady24

    BlackLady24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2018
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Девојки ми треба совет
    Со дечко ми се скоро 2 години во врска на почетокот се ни беше супер но подоцна кога тој требаше да замине се испративме и се и кога тој отиде во сртанство почнаа работите да се менуваат се каравме за мали ситници тој се си мисли дека јас го изневерувам него првиот пат тој кога се врати му пронајдов во телефонот чат со некоја девојка но тој ми кажа дека бил нервозен зошто јас и тој сме се скрале и демек видел некој разговор па сакал да ми врати ајде некако помина тоа се смиривме и продилживме се добро пред неколку недели неговото однесување многу се промени не беше тој истито и мене ми стана сумнително синоќе кога се видовме се шетавме и тој отиде да провери нешто а телефонот му остана па јас сакав да проверам во што е проблемот и видов разговори со 2 девојки со кој договарал кафе и кога се врати го прашав дали има нешто да ми каже а тој се правеше како ништо да не знае и ми вика што да ти кажам се скаравме малку и тој вика и да излегол на кафе немало ништо да биде бидејќи тој ќе размислил што правел и немало ништо да се случи и јас се налутив и го прашам што не е во ред зошто кога е со мене сака да е со друга и му кажав ако не ме сака нека ме остави и нека си продолжи со животото со нив но тој ми кажа дека ме сакал но малку ми било чудно и си мислел дека јас го изневерувам и дека нешто кријам од него му реков дека нема што да кријам и ако има нешто нејасно мене да ме праша и нема потреби од такви работи и не можев да издржам ми беше многу криво и си дојдов дома тој ми пишува пораки декем нема да има ништо ни со таа ни со друга дека ме сакал да не сум си ја полнела главата со некој размислувања и дека ќе сме разговарале пак тој бил нервозен коа пишувал или незнам што...навистина го сакам не би сакала да се разделиме незнам веќе што размислува и што ли мисли дека ќе постигне со тоа што мислите вие што би требало да сторам најдобро дали да почекам некое време да видам како ќе се одвиваат ситуациите бидејќи ми кажа дека нема да се повтори??
     
  9. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.918
    Пол:
    Женски
    Цело време кажуваш дека мислел дека го изневеруваш?
    Дали си му дала повод да се сомнева?
    Батали врска кај што постојано има сомнежи еден во друг!
    А плус, кој си ја има мувата на капата сам си ја ишка.
    Немој тој да е што цело време изневерува а сака да ти ја префрли вината, па да пукнеш и да раскинеш прва?
     
    На Konfetka, cresa-jagoda и BlackLady24 им се допаѓа ова.
  10. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Ем тој се допишува со други ем кривицата тебе ти ја фрла.
    Штом повеќе од еднаш му се случува ова, нема да е последно.
    Јас на твое место би му раскинала, би му рекла да размисли со ладна глава што тој навистина сака.
    А потоа одлуката е на тебе.
     
    На cresa-jagoda, HoneyBun, BlackLady24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Ова сега што ни го пиша на нас, случајни странци, да седнеш да го зборуваш со него?
    Направете еден сериозен муабет, без карање, ни со остар тон и договорете се што - како.
     
  12. BlackLady24

    BlackLady24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2018
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    И јас така размислувам ќе пробам уште еднаш да разговарам со него и ако не ќе раскинеме ви благодарам на советите
     
    На cresa-jagoda, Unique__ и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  13. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Разбирам дека не сакаш да раскинеш со него, ама штом првиот пат си му прогледала преку прсти кога ти кажал дека бил нервозен па затоа пишал на друга ( изговорот е (facepalm)) си видел човекот дека може да си прави што сака.
    Зарем му веруваш во тие изговори? Сигурна си дека не се видел со тие девојки? Од каде тој те лаже од таму и самата се лажеш . Знам дека е болно, ама отвори ги очите.. Јас сум ЗА доверба во врската, ама ова ти е типично 'при очи слеп', ама штом така ти одговара океј, седи и чекај да видиш дали пак така ќе направи. И да не те изневерил сепак криел нешто од тебе, а со пишувањето со други покажува колку те почитува и сака. Мислам ...
     
    На honey.11, cresa-jagoda и Unique__ им се допаѓа ова.
  14. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.433
    Пол:
    Женски
    @BlackLady24 Ох лејди... Кој си ја има мувата на капата и вика ИШ... Така и во твојов случај.
    Како е можно тој после секоја наводна караница оди да се допишува и уште да се договара за на кафе со рандом девојки?
    Од кај неговиот основ за недоверба и да мисли дека го изневеруваш?
    Судејќи по никот, најверојатно имаш 24 години. Значи дека си ми врсничка, така што јас нема да дозволам да поверувам во овие бедни изговори.
    Што е следно? Да ги оствари средбите?!
    Немој само да се залажуваш, разговарај со него. Ако не бива, откачи го! Не си го губи времето со човек кој успева да те гази секој пат на овој или оној начин.
    Спрема пишаново, тој психички те малтретира со неговите сомнежи... А, психичко малтретирање е исто насилство, а јас НАСИЛСТВО (било какво) не подржувам!
    Животот е убав, уживај во него! Ќе најдеш некој што ќе ти верува, ќе те цени и нема да трча под друга сукња кога и да му текне!
     
    На BlackLady24 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BlackLady24

    BlackLady24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2018
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Во право си се согласувам со тебе, сигурна сум дека не се виделе бидејќи ни таа не беше тука а пак ни тој сепак самата помисла ме повреди кога дознав го сваќам донекаде бидејќи сме долго разделени јас овде тој таму и тешко му паѓа одењето и доваѓањето ама што знам.Нешто ми вели внатре во мене прости му и овој пат а имам и сомнежи можеби ќе се среди со време или само моја замисла е.На крајот јас би била повреденатасо самата помисла се чуствувам празно...
     
  16. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.433
    Пол:
    Женски
    Лејди, ќе ти кажам нешто... Ако некогаш се двоумиш за нешто, секогаш одибрај ја правата опција и верувај во првото нешто што ќе помислиш.
    Но, пред се биди разумна и стави го пред срцето!
     
  17. BlackLady24

    BlackLady24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2018
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на советите многу ми значи бакнежи до тебе :*:l:
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Merry0707

    Merry0707 Активен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, имам потреба за споделам со некого а и совет што да правам.
    Се запознавме со дечково, не е од тука и веќе 5 месеци буквално секој ден збориме. Баш добра комуникација имаме (имавме)
    Но, последниве 2 недели многу зафатен е некако, ок знам сите имаме обврски ама пораките ги гледа и не ми враќа а до сабајле е уклучен на социјалните мрежи. И за сето тоа да биди поинтересно ми го заборавил роденденот демек. Искрено многу ме повреди тоа, знам дека се случува да заборавиш ама баре потоа извини се некако.
    Како би реагирале вие?
     
  19. Beti16

    Beti16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2019
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Би реагирала така што не би му пишувала веќе.Ако му текне дека постоиш, ако има некоја причина зошто не ти пишувал а да е баш искрена и добра океј, можеш да му враќаш, ама не прва да му пишуваш.Е така.
     
  20. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    Шо има повеке лошо од договарање со непознати женски на кафе како бе ништо нема да има ај да е со некои другарки што и ти ги знаеш со години да си живеат ај ама да се договара со некои од вчера сумљиво е и ти треба да размислиш за раскинување не он