1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод и нов брак

Дискусија во 'Брак' започната од snejk35, 25 февруари 2013.

  1. snejk35

    snejk35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    33
    Сарказам Тесси....

    обично добивам од син ми кога ќе го прашам зашто по некој предмет добил слаба оценка....стварно е непотребно искалување на таков вид на комуникација ..... пак ќе кажам ...форумов има 4000 теми...немора на секоја да си дадете мислење...ако неможете со нешто реално да помогнете....а човекот се рага без гревови...но тој што ќе каже тука дека нема ниту еден грев ...за кој несака да зборува...и за кој многу пати оддалечина размислува како да не е негов....прв нека се јави....сите со секој ден си ја полниме торбата..со помали или поголеми гревови...никој не е безгрешен.....
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    по се она што прочитав каква е твојата сегашна сопруга снејк јака ти душа што си уште со неа
    и јас да бев маж, ке тргнев во швалерај-најсериозно
    обиди се да зборуваш со неа, ако не помогне тоа гледам само две опции
    -брачно советувалиште
    -развод
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Не е сарказам, чиста реалност. И ти си последен што ќе ми каже мене или на било кој каде да пишувам мислење.
     
    На Mama25, lepadama, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. snejk35

    snejk35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    33
    еве да не се оптеретувате....ЈАС СУМ ЗА СЕ КРИВ...... за ммуабетите ...за се....затоа што намерно не кажав дека жена ми е од западна Македонија..не е од Скопје....тука беше да студира....затоа што со тоа мислев дека ќе ја компромитирам целата работа....сум ги слушал муабетите....на кои можеби јас паднав...сега е сигурно ...сега не е..леле тате ќе ме утепа....и ај нема врска навистина......

    .... мислам да можеби немам компас во моментот......имам една равенка со премногу непознати.....јас сум човек што сака да игра без изненадувања....и во случајот...цело време се мислам кои ќе бидат паметните потези...значи доколку си одам ...само јас излегувам...нема да ја менувам природната средина...но во план ќе бидам да бидам повторно со стан во близина...за секоја помош или потреба...да можеби сум вљубен во идејата да си заљубен.....како што вас ви е убаво кога некој ви обрнува внимание...на секој му е.....најверојатно ќе направам муабет...но во исто време ќе се подтовувам за следен чекор...зборам за моја промена на место на живеење...сам на почеток.....веројатно ќе почекам бар една година пред вториот чекор...каков и да е....


    ЈАС го употребувам затоа што кажувам за себе..и да можеби од моја гледна точка.....не значи дека јас ..лично сум центар на вниманието....воопшто нејќам да сум тоа.... а за “жените се од марс....а мажите од плутон или така нешто...“ имаше книга пред 15 години негде...ја имав..но не се сеќавам каде е ...воопшто не навредувам некого....

    да го поставев ова на машки сајт...никогаш никој немаше да се обиде било што да напише...или бар 99% од коментарите ќе беа ..батали ја ..зимај нова..... а да на еден начин се спремав тука дека ќе ме начекате на нож...и истото го размислувавав вчера додека го пишувава
     
    На najubava2010, DeMelo, Trnche и 2 други им се допаѓа ова.
  5. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    122
    свесен си дека не има многу од нас кои ти дадовме мислења од типот да го живееш животот и да продолжиш со личност која те усреќува.На форумоф нормално е да бидеш осуден зашто 50 посто се млади девојки кои се во брак и се ставаат на местото на сопругата.
     
    На snejk35 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.630
    Пол:
    Женски
    Да се вмешам и јас бидејки од вчера ја пратам дискусијава и ми го привлече вниманието. Не викам дека човеков е цветец и безгрешен ама стварно претеравте веке .Го отрувте со тоа како е ваков таков или онаков затоа што издувен вентил од секојдневието нашол на друга страна.

    Да не бидам разбрана погрешно.И јас како и сите тука сметам дека доколку еден брак е нефункционален од било која причина подобро е да биде прекинет отколку на црно да се прават работи.Ама ете колку луге толку карактери. Крај краева човекот се потрудил,до некаде се вложил себе си во тој брак,од километар се гледа дека многу си ги сака и си ги почитува децата.

    Ама невестава...Се запнавте на тоа дека е и пререкува дека е дебела.Е па нормално дека ке пререче ако се напраила со извинение буре од 100 кила. Ко за почеток не е ни здрава дебелината а не па да збориме за естетскиот изглед. Нека каже кој што сака ама сите сме сведоци дека многу девојки додека се уште во врска го баталуваат физичкиот изглед под изговор си најдов маче неморам веке да се замарам имам со кој да бидам. Тоа неводење грижа за себе уште е поиразено кога ке стапат во брак или се бремени со изговор -Е сега имам маж на папир,мора да ме сака каква и да сум пошто сме потпишале црно на бело, или - Сеа сум трудна морам место 1 сендвич да јадам 2 пошто нели за 2ца јадам. Изговори,изговори колку ти душа сака.Катастрофа невидена.

    Не викам дека сите без разлика дали станува збор за маж или за жена треба да изгледаме како од писта излезени,ама кај сите треба да го има тоа минимум внимание за сопственот изглед.Сите треба во границите на нашите можности да се трудиме да изгледаме колку што може поубаво. И да, сакам да ми е убав мажот. Не мора да е six pack ама нека не е грубо кажано свиња мрсна што му виси сало од сите страни. Е така и за мене. И јас не сакам да се тешам дека сум елегантно пополнета,кога во реалноста имам +30 килограми кои висат од сите страни.

    Па мене некој да ми каже ке ти платам теретана и спа центар , жими мајка од срека секоја вечер нозете ке му ги мијам пред спиење. Сакајте верувајте сакате не верувајте.

    Него доста за физичкиот изглед да не идспадне дека имам нешто против полните луге и ги ругам бидејки навистина не ми е таква намерата.

    Што се однесува до швалерајот и пиењето, голема грешка пријателе ептен голема. Без разлика каква е невестата дома секој заслужува вистината да му биде кажана во лице па макар и да е најсурова. Ако си сакал и до толку ти пукнал филмот ке станел,ке си го исклучел телевизорот од штекер додека гледа серии и ке си и речел - Жено, додека не ме сослушаш што имам да ти кажам нема да мрднеш од троседов !! Но, не. Според мене ти си го нашол полесниот пат. Кафанчето преку улица,ракиичката и се погоди живеачката така. Си ставаш грев на душа без потребно.Сега ти си тој што ја вара жената и се пијандури,додека таа е дома напатена душа која имала несрека да се омажи со некој како тебе.

    Мој совет ти е уште вечерва да ја седнеш на маса,да ги отворите картите , да си кажете отворено и двајцата што ве мачи и какви проблеми имате. Од кога ке напраите искрен муабет без сокривања,префрлање топка од еден на друг,без лажење да си одлучите дали сте способни да преминете преку овие работи или не. Ако не сте способни ондак се знае што следи. И ти слободен да пиеш ракија у кафана и да се швалерисуваш колку ти душа сака и она слободна да прави со себе што сака. Simple as that.
     
    На najubava2010, kate21, Mama25 и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Aligator

    Aligator Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    18
    Постои брак, постои и развод. И едното и другото се регулирани, па според тоа не знам зошто толку дрвја и камења се фрлаат по разводот, а бракот демек саде ружи цветаат. Е па ако не цветаат и ни вода и хумус не помагаат, време е за ново цвеќе...И никој не му е во кожа на другиот, некој може да премине преку некоја работа а за друг истата работа е катастрофа. Затоа единствено секој сам може да си одлучи. Обично, правилната одлука си ја чувствуваме одвнатре. Спокојни сме, исполнети и чувствуваме олеснување. Доколку не е така значи сепак нешто се уште не гризе...
     
    На Moira и midnight.flower им се допаѓа ова.
  8. Alissa

    Alissa Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    9
    Офф човеку не ти е лесно :D Кога не бива не бива. Разведи се што побрзо и почнете нов живот и двајцата. Јас сум дете на разведени родители, децата секогаш највеќе патат ама веруј ми растат созреваат свој пат наоѓаат и секогаш е подобро да се живее во мир него во кавга. Ја што викам подобро еден нормален родител него двајца луди
     
    На DeMelo, Moira и tessie им се допаѓа ова.
  9. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156

    Не ги исчитав сите мислење од причина за да си дадам свое .Нема да навлегувам во тоа што и како си праел порано праел порано зашто велиш си се опраил и ќе го земеме за такво Прво основно и најбитно имаш право на среќен живот и имаш право среќно да живееш. Кога би тргнале оттука треба да размислиш каде би ти било подобро со сегашната сопруга или со девојката . 2 работи кои мн ме збунуваат се наметнуваат тука прво да седнеш и да разговараш со сопругата и директно да и дадеш до знаење дека вака не иде не дали би правела дрн дрн нешто задедно со тебе туку да објасниш не иде не се чувствуваш исполнет љубовта што била ронка сега ја нема понуди и развод и на крај искрено кажи и дека има и друга може тоа ќе ја мрдне од нултата точка . Понатаму ако се разведеш не се исклучени напаѓања врз децата за тоа каков лош татко си и уште едно прашање децата со кого ќе живеат со неа ? тебе ќе ти биде ли доволно секој викенд да ги гледаш ? Или ако ги земеш со тебе ќе ја прифатат ли новата личност со која би сакал даживееш нема ли да те гледаат како некој кој ја повредил мајка им ? Други прашања кои би требало да г ирасветлиш е дали девојката знае дека имаш деца дали би ги прифатила и чувала итоа не само на зборови ( голем % од жените лажат дека би чувале туѓи деца) зашто реално тие ќе бидат кај вас дома 2 дена неделно ќе и смета ли тоа зашто некогаш кога ќе бидат љути грешно може да и се истурат ако почнеш по нив имаш контраефект на крајот тие и од правен аспект ќе имаат право на некои раб кои може да се одразуваат на новото семејство и децата кои би дошле како би се справил со сето тоа . кога се ова би г осредил сопругата или ќе се проемни на подобро или ќе се сложи и самата на развод .
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Ние сите се потрудивме на каков начин знаеме да ти помогнеме, некои беа и погруби за да те освестат и наведат на правиот пат затоа што мислат дека грешиш во односот со жена ти, а ти што ни` велиш? Си имате 4000 други теми, ова на машки форум немаше да го дочекам. Молам, повели и другпат. Само да ти кажам дека на темава доби 100х подобронамерни совети од сите заедно на твоите “добродушни пријателки“ кои те поттурнаа на патот по кој самиот си сакал да тргнеш. Зошто ти дадовме совет како жени кои ова го почувствувале од аспект на сопруги/роднини/ќерки.

    Ако единствено нешто што имаш да кажеш на тоа е „да бев на машки форум, сите ќе ми речеа зимај нова (мислам што стварно ружно звучи, како за кола да збориме)“, тогаш не го ни заслужуваш тоа внимание и совети кои ти ги дадовме. Оди на машки форум и нека те тапкаат по рамо. Ама едно ќе ти кажам. Тие другари што најмногу тапшаат по рамо за такви работи, обично кријат дека по дома се најголеми папучари (ова од искуство). Такво време дојде пријателе, никој не сака да ти е подобро отколку што му е нему.

    За жена ти, доколку те изманипулирала со детето за да те земе по секоја цена, веќе сосема друга слика имам за неа и за таквите ко неа (да не се повторувам, еве го моето мислење за таквите жени на др тема kafe-muabeti/sakam-da-kazam-t9061/41720.html#p1549383 ). Ама требаше да ни` кажеш, не сме духови од волшебна ламба па да знаеме однапред. Дури и да е така, си требал да ја оставиш со време, никој не заслужил такви шокови. А и не е целосно нејзина вина. Ти можеше да ставиш кондом? Можеше. Сакаше послободна женска шо после три дена врска се согласува да одите на одмор заедно? Сакаше. Е што да ти кажам...самиот си требал подобро да ја запознаеш.
     
    На lepadama, friendy и Ethrnity им се допаѓа ова.
  11. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Еве на женски сајт си и јас ти викам земај нова жена :) ...
    Книгата е ,,мажите се од марс, жените се од венера..и мошне е интересна, ама со твојава жена и со тебе книгата не се вклопува некако..дај нека ја прочита...
     
  12. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    71
    Ја следам дискусијата откога е отворена темава и не сакав да се мешам баш поради тоа што јас не сум во брак. Ама сепак ќе дадам свое мислење. Разговор - без него ништо не постигнуваш. Прво смирено, па после ако треба и чинии нека летаат. Ако оди се во добар правец и извини и се поради болката што и ја имаш направено. Знам дека тоа е најлесно да се направи, да се опиеш и да отидеш со друга. Но секако тоа само во еден момент ќе те утеши. Ако не бива ни муабет да се прави, замини. Гледам дека си повреден, и јас да се наоѓам во таква ситуација би била повредена, но не би тргнала по алкохол ни по швалери, би ми било тешко и мене да ми го заборави роденденот. Си и кажал отворено дека ти смета изгледот и си научил се за тоа како да се смени. Браво за тоа, и браво за тоа што и помагаш во домот (ако вистина е така).
    Само немој да имаш предрасуди за луѓе што се од провинцијата. Не се сите од Скопје. Не се сите исти.
    И другите феминки ти кажуваат да сфатиш како и е на жена ти. Па одлучи ти што би сменил.
     
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.196
    Пол:
    Женски
    Направивте се само да најдете оправдување за госпоѓава. Аман веќе, демек ние жениве безгрешни сме.
    Што жена ќе беше тоа бе на сопругот да не му каже дека ќе абортира негово дете??? Колку и да им била лоша ситуацијата, требала да му каже. Или сега не и чини, а кога ја земал зошто била трудна, тогаш чинел. "Ти си го правел, мора да ме земеш" од ваквите жени ми се ежи кожава и се срамам што сум жена, искрено. По секоја цена да се мажат бе, цццц. А да не зборувам за нејзиното запуштање и нејзината незаинтересираност. Дури и болест да е и хормони да се, треба да е свесна за ситуацијата и да превземе нешто околу тоа, а според муабетиве гледам дека неа мува не ја лази. За жал, добар дел од нашиве жени се такви, се омажив па сега не треба да се трудам да изгледам пристојно. :x И оваквите жени не ги можам, искрено. Така што немам баш некои симпатии за госпоѓава.
    Е сега, другата страна.
    Ти пријателе кога ја земаше за жена и кажа ли дека не ја сакаш? Кажа ли дека не си подготвен за брак? А?
    Доколку си и кажал, а она го прифатила тоа и упорно инсистирала на брак, тогаш вината е нејзина и треба да се носи со последиците. Ама :!: доколку не си и кажал, е тогаш другарче си најлицемерното суштество и џабе сега кукаш тука и се жалиш, што си посеал, тоа ќе си жнееш.
     
    На DeMelo, Moira, danielka0507 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Мене нешто друго не ми влегува во глава. Значи скоро во секој кометар повторуваш за нејзината дебелина и запустеност. Па чекај тоа е жена, за која ти кажуваш, дека е успешна на работа има кариера и напредува. Па некако не ми е сфатливо, некако не ми иде некој кој е толку успешен на професионално ниво меѓу народ, во комуникација со колеги и професионални контакти да шета така запуштен. Да не претеруваш маааалку со запуштеноста нејзина, мислам несакам да те навредам, ама да не ја перцепираш така ти како твое алиби.
    А проблемот со дебелината е друго прашање. Имам јас дебели другарки, но стокмени и средени, сега такви си се. А и времето носи се, сите се менуваме и ментално и физички. Можеби и ти утре ќе се здебелиш. Ајде да те прашам имаш желба да живееш среќно со новата личност. Таа ти е погодена за се и велиш цел ден би бил со неа, ајде да претпоставиме и почнете заеднички живот. Што ќе правиш ако и таа се здебели едно 30 кила за неколку години, можно е не викај не, дали тогаш и таа нема да чини???? Или сепак е побитно тоа што е во личноста, а не дебелината.
    Јас искрено ќе ти пишам јас со мојот вереник сум многу долго време, од студенти кога бевме, дали ти знаеш колку ние сме се менувале физички. Еве ќе ти кажам тој има плус 20 кила и веќе нема коса. И сега што да му правам, зар да го оставам ради физичкиот изглед. Па јас си го сакам ради него, а не ради косата. Што да прави, да почнавме редовно да спортуваме и планинариме (и заедно и секој посебно) ама брзото темпо на живот си го прави тоа, цел ден седиме на работа, брза храна тоа е. Некаде изјави во земја ќе си пропаднел од срам ради дебелината кога сте биле на плажа, ма не ме зезај, на плажа одите ради вас да уживате со децата или да кој ве гледа да мислите? Јас да ти кажам ич не ми е срам со него на плажа, море каков сака нека е, само дај боже да си имаме пари и здравје повеќе да шетаме по плажи.
    Затоа јас сепак мислам дека нејзиниот изглед ти е само правдење, не причина за твоите дејства.
     
    На midnight.flower, AIT, lepadama и 4 други им се допаѓа ова.
  15. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Се согласувам Ирена со тебе.
    Срамота еден МАЖ кој овде се декларира како многу добар и посветен на семејството така да изјави-дека ќе пропаднел од срам заради неговата жена.
    Море таа не треба ниту да те опули а не да има сексуални односи со тебе.

    Ма дали ќе се лутиш или не тоа ич не ми е важно.
    Кога веќе си се дрзнал и си собрал доволно храброст твојот проблем да го произнесеш јавно на форум,тогаш треба да си подготвен и на негативни мислења.

    Некаде напиша дека доколку истиот проблем би го изнесол на машки форум,ќе си добиел само аплаузи и тапкање по рамо,као демек баталија брат,земи си младо мевце.хаххха,типични одговори само од истомисленици како тебе.

    А и многу кои изјавуваат дека таа намерно забременила само за да ја земеш-не се согласувам.
    Не дека нема и такви жени,не велам не,меѓутоа ти сигурно не си бил ниту слеп ниту мутав така некоја да те завлечи.
     
    На lepadama, irena.1 и tessie им се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    baby-star jас претпоставив така за манипулирањето со останувањето бремена. Овој дел од постот ми остави таков впечаток, можеби друго нешто сакал да каже човекот. Мада ми дојде контрадикторно со моментот дека таа се бори и покрај тоа што се` и` е обезбедено да си гради кариера. Некако тоа не ми се вклопува во мозаикот на жена која ќе користи такви стратегии да задржи маж.

    НО реков дека дури и да е така, тоа не го оправдува она што го сторил.
     
    На lepadama и baby-star им се допаѓа ова.
  17. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.031
    Пол:
    Машки
    Другарче, гледам дека си имаш голем проблем, можам да претпоставам дека одамна не си се разбудил среќен, бар не се додека не си нашол љубовница која најверојатно ти помогнала да се почувствуваш жив. Си видел дека животот не е така црн и дека можеш да направиш нешто и за тебе, можеш да повлечеш некој потег кој ќе те направи среќен, поспокоен, ослободен од притисокот, смирен....

    Од сите твои излагања на темава јасно е дека за да го постигнеш тоа што го сакаш т.е за да бидеш среќен, има само едно решение, за тоа и ти си свесен и незнам зошто упорно ја објаснуваш ситуацијата на форумов, кога гледаш дека ретко кај кој наоѓаш разбирање. Ние не сме во твоја кожа и може да судиме како што сакаме, може да те навредуваме, плукаме, но и поддржуваме, на крај сето ова што ќе го кажеме не е важно, ти ја донесуваш одлуката, ти треба да собереш, одземеш и да донесеш одлука, а бидејќи си во многу деликатна ситуација ќе ти посакам среќа во одлуката и се надевам дека ќе донесеш одлука која ќе те направи тебе среќен, а нема да влијае негативно на децата. Зошто сепак смислата на животот е да бидеш среќен и исполнет и мислам дека ти во твојот брак тоа веќе неможеш да го најдеш, но единствено нешто што те врзува за тој брак се децата, сепак тоа е доволно јака причина за да размислуваш уште некое време пред да донесеш одлука. Не ти викам остани во брак ради нив, само пробај најди решение за да не им нанесеш некоја голема болка, подготви го теренот и тогаш почни си нов живот, па се надевам еден ден ќе се разбудиш среќен. Позз :)
     
    На DeMelo, Moira, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Теси и јас истото го мислам има премногу контрадикторности.
    Како и да е,постапките не се за оправдување.
     
    На tessie и friendy им се допаѓа ова.
  19. snejk35

    snejk35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    33
    Znaci...ne sakav dosega da pisuvam za karirata..no vo princip...na rabota se ponasa ko prav tiranin...ne postuva nicie mislenje...a momentot koga nekoj ke digne glava odma mu kazuva da ne ja si trosi glavata so mislenje...bidejki ne e platen za gtoa....koe iskreno mi smeta koga go pravi i doma....kazuva svetski praktiki na dete ...
     
  20. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Аууу, цели 12 страници!Читам и не можам да дочитам...
    На крај, дочитав :sweat:
    Темава забега во некој непотребен правец, дефинитивно...
    Зошто е жената дебела,дали се хормони во прашање или не...Зошто Снејк пиел и се швалерисувал...
    Не е проблемот тука кој што згрешил, поентата е дека ни едниот , ни другиот НЕ разговарале НИКОГАШ за грешките и проблемите во нивниот брак.
    Некој спомна дека жената сигурно некогаш намирисала туѓ женски парфем или видела повторно, туѓ кармин на кошулата...Многу веројатно.
    Но, ЗОШТО ќутела?Зошто не превземала нешто по тоа прашање?
    Снејк и направил вечера со вино, а таа си го земала тањирот и си седнала пред ТВ?! :o
    Тоа ли е однос на сопруга кон сопруг?
    Ако не и се допаѓа таков живот, можела одамна да побара развод.А, ако сакала барем малку да го подобри нивниот т.н. брак, најмалку што можела е да седне на таа маса и да вечера со него.
    И не, тука никој не е жртва.Ни едниот,ни другиот.
    И двајцата се изгубени во лавиринтот на пропаднат брак.
    Снејк во очај се пушта на пороци,а нема храброст да стави крај.
    А жената, во најмала рака си има проблем со себе и е тотално незаинтересирана за светот околу себе.
    И пак ќе кажам, кој колку згрешил и каде згрешил, веќе е тотално небитно.
    Работата излегла од контрола.Тука веќе спас, нема!
    Во таква нездрава средина не се живее.
    Макар Снејк никогаш во животот друга да не погледне, макар таа и Твиги да се направи...Џабе е!
    Штетата е премногу голема за да се санира.
    Секој по својот пат!
    Децата секако еден ден ќе пораснат и ќе си го најдат својот пат.Подобро е да имаат двајца разделени родители, одколку родители во брак кои на стари години се крајно несреќни и меѓусебно коси си корнат!
     
    На DeMelo, Moira, oliolivera и 1 друга личност им се допаѓа ова.