Здраво. Незнаев каде да прашам, нов сум па може е вистинска тема. Машко сум и имам проблем. Кога зборувам со луѓе, поготово со девојчиња често ми се дешава да ми зацрвенат образите, да ме облива пот во тек на муабетот посебно кога сакам да објаснам нешто, нешто како срам ќе му дојде тоа и е доста очигледно. Тоа ми се случува кога зборам и со непознати па и со познати луѓе. Дали психолог може да ми помогне во ситуацијата да го надминам ова лошо чувство?
Станува збор за социјална анксиозност и секако се надминува. Некој успева сам да се избори (или да ја намали), на некој му е потребно мала помош. Кај тебе според ова што кажуваш е малку поизразена, па ќе ти помогне разговор со психолог. Ќе ти даде насоки за менување на перспективата и како сето тоа јавно излагање да не ти изгледа толку страшно.
Фала ви. Дали може да ми дадете добра препорака за психолог во Источна Македонија? Може и Скопје, само да го отргнам ова од мене. И колку прилично би ме чинело ова ако имате некоја информација.
За конкретниов проблем не би знаела да ти препорачам, но може да прашаш тука. А инаку јас имам одено за друг проблем и цената за сеанса беше 1000.
Здраво, не знам од каде да започнам но ајде вака. Не би можела да кажам кога последен пат сум била среќна. Кога последен пат сум се чувствувала она баш исполнето и радосно. Секој пат се лажам со мали работи и пробувам да се "расположам" но моментално сфатив дека јас воопшто не сум среќна. Не се чувствувам никако, постојано сум индиферентна. Немам интерес за ништо, апсолутно за ништо. Факултетот го туркам без интерес, немам баш некакво хоби, само постојам и не сум среќна. Лажам пред сите дека сум океј, не сметам дека некој со нешто би ми помогнал околу тоа како се чувствувам и затоа ми е полесно да кажам дека сум океј. Не знам од каде да почнам, повеќето работи ги правам со сила и за да не ги разочарам моите дома. Но себе си не можам да си помогнам. Не знам дали луѓето околу мене се чувствуваат среќно навистина или многу од нив се уствари истото што сум и јас.
Не треба да се преправаш барем пред твоите дома. Можеш да им објасниш вака и нив. Можеби нема да разберат, ама ќе сакаат да ти помогнат некако. Ако сте во можност, може да ти помогнат да закажеш посета кај психолог. Дали чувствуваш притисок за се? Кога се ни е премногу стресно, некои луѓе се справуваат баш на тој начин што се "исклучуваат". Пошто пиша факултетот го туркаш без волја, за да не ги разочараш твоите. Порано или подоцна секогаш ќе разочараш некого. Мислам дека кога ќе престанеш да се оптоваруваш со тоа, ќе почнат некои работи да се подобруваат. Некои да, некои не. Не можеш никогаш да знаеш, ниту е многу битно. Не треба да се споредуваш со други или да си создаваш сама себе дополнително притисок да бидеш како сите околу тебе.
Ве молам за помош Значи мене стварно ми е потребна некаква помош, барем разговор со некој кој ќе ме ислуша зошто мислам дека побудалувам. Не можам да издржам во оваа куќа повеќе се ме нервира секој збор ме нервира мува да прелета ќе се изнервирам. До толку е работата. Пијам б6 дека сум бремена ама не се смирувам никако, и по детето викам како не нормала се ми смета. Не можам веќе сево ова ми е од луѓево со кпи живеам, кои немаат разбирање, кои секој момент го користат да ме наклеветат да ме озборуваат да кажуваат како сум лоша а на глава ми се качуваат сите. Свекрва ми знае што ме нервира и намерно тоа го прави за да се нервирам. 3 дена е добра после ја фаќаат бубачките и текнува се мурти се љути без причина. Свекпр ми се меша во сд од јадење до пиење до излегување деца абе се. Добра бев ама сево ова повторно се разбранува кпга претходнипт викенд со маж ми се договаравме да одиме на едно подалечно место да прошетаме со дртето. Тој прво не сакаше бараше изговпри зошто знае дека ако дојде со мене ако излезе ќе му се налутат мајка жу и татко му па после дента сабајлето ко станавме ми вика еве им викам на мама и тато да одиме заедно на местото кај што рече. Јас нишѕо не му одговорив ама тие одма почнаа со коментари ќе сме оделе друг пат ова она демек нема да одите нсмате дозвола. Мојов си ќути страв му е да прозбори. И уште послр ми вика кај ќе одимр магла има по патиштава а ти си бремена. Тоа како што го учеле да кажува мајка му и татко му. А не се грижат што сум бремена кога ме нервираат. Имавме слава маж ми рече дека мпите ќе дојдат а таткп му вика нема гости оваа година ќе напишел на фб сите да знаат, а од јатрва ми мајка и и татко и си беа кај неа на гости и после свекрва ми ги викна кај нас на кафе. За нив не важи корона само за моите важи. И уште кога му реков на маж ми зошто ги вика кај нас нема зошто да седам јас ао нив плус да се изложувам на ризик бремена ми скокна мене како ќе му ср јавдл тој на газдата мој да му каже дска нема да одам на работа таму сум била изложрна на ризик со коронава а јас сум се плашела од мајка и и татко и на јатрвата. На работа сум заштитена дома маска не носам нормално ама глупи муабети. А за мајка ми и за татко ми не скока така да ги брани. Купувавме украси за малово тој татко му го прашува какви лампиони сакаш да ти земеме. Зошто ако излегуваме а нр му купиме ништо нему ќе се налути. Леле со кого живеам..... нр можам веќе да издржам не знам кој пат да го фатам. Бремена со уште еднп дете плус, секој ден желудник ме боли од нервози тешко дете во мене што е
Како го трпиш сето ова, алал да ти е. Седни и кажи му на маж ти дека повеќе неможеш да го поднесеш ова. Тебе ти треба маж, а не мамино синче. Кои лампиони да ги купел татко му го прашувал бе. Или нека се поправи, или ќе си заминеш со детето кај твоите. Работиш, што значи имаш финансии колку толку за почеток. Ти не си мажена само за маж ти, туку и за неговите. Што ќе ти е таков "маж"?
Многу ми е жал што мораш да се соочувач со ова секојдневно, за жал ние тука не можеме да ти помогнеме, но можеш слбодно да си ја олесниш душата. Сигурно и самата знаеш што би требала да превземеш, често читаме вакви ситуации на форумов за жал. Биди силна и храбра да се бориш за својот мир и за мирот на децата.
@Depresivna333 бараш помош сто и еднаш до сега, еден куп совети ти се дадоа, еден куп членки те подржаа и ти не ни одговараш на советите и на прашањата, само се жалиш и не превземаш ништо. Кажи како да ти помогнеме ние? Да дојдеме дома да те земеме и да те однесеме на сигурно? Д дојдеме да му залепиме два шамара на твојот мекуш од маж и да му кажеме дека не е дете дека е маж и дека треба да се понаша како таков?Да ти удрие тебе една за да пуштиш глас? Ништи од ова не можеме и не смееме да направиме, не можеме да ти помогнеме да тој начин, ти помогнавме со милион совети. Нема што да се први во случајот кај тебе, тој нема да се смени, они нема да де сменат, ти треба да се смениш, да собереш сила и да кажеш крај, доста е, вака не се живее веќе. Не биди и ти лигла и мекуш како нив, биди силна, покажи дека си возрасна. Вака и двајцата ми изгледате како деца што не знаат кај тераат и чекаат родителите да им одобрат што да прват у животот. Прашај го маж ти дали ги прашуваше и кога треба секс да има со тебе па сега ги прашува се за децата. Не ми се верува, ќе ги осакатите децата скроз, он поради својата незрелост, ти поради тоа што си слабак и што не знаеш да застанеш зад себе.
Не знам како да си помогнам. Од толку шо ми беше тешко и раскажав дури и на сестра ми за мојов хорор. Се осеќам као да се распаѓам , душава ми плаче , срцево ми се кине. Не можам да поверувам дека тој човек шо беше у добро и у зло со мене , кој додека беше на пат цело време ме бараше на камера , дури сам инсистираше да идеме на вечера со сестра му и зет му , ме носеше кај него дома. Дали јас многу слепо верував , иако знаеше дека ми е многу битно со кој човек ќе го имам првиот однос и толку долгоо да речам сум се чувала , и тој ова ми го направи. Имавме однос прв пат , после тоа само уше еднаш и него го снема. Најмногу ме боли тоа шо се осеќам као да имаше тој некоја цел ја исполни и него го снема. Меѓутоа и неколку пати се гледавме само на кафиња без да имаме однос. Пробувам да не мислам на него , ама не можам , постојано мислам , ми фали да ми каже некој убав збор , да ме охрабри . Зашо би можело ова да се деси , кога бев најсреќна дека после 23 години конечно најдов човек на место за мене . Кога за момент ќе се осетам среќна секад мора да и дојде крај на мојата среќа. Секоја сабајлина едвај чекам моите и сестра ми да испаднат за на работа за да можам да плачам на раат. У друштво сме јас и три другарки едната се омажи , другата има дечко , а третата е по затворен тип. Немам со кого да искочам , на пијачка или на кафе , можеби еднаш у недела две едно кафе да испиеме. Тетките , бабите и останативе другарки ми зборат дека време е да имам сериозна врска , дека не сум била мала , сите колеги мои пријатели имаат долга врска или барем нешо сериозно. Јас се осеќам толку бедно , бескорисно , сета надеж ја имав дека ќе бидам среќна и ќе успеам со детето со коешто се гледав но и тоа ми отиде у неповрат. Знам дека никад нема да најдам така добро воспитан тип , сестра ми се расплака особено кога и кажав дека 2 пати само имавме однос . Немам волја и сила за живот , мислам дека немам иднина , секоја си има или партнер до себе или занимација у животот. А ја од толкав шок го запоставив и факултетот и испитите , само лежам и спијам , пушам по 2 кутии на ден и пијам по 4-5 кафиња. Пробувам да гледам убаво на работите да се бодрам ама не ми иде .
Дај си време, времето лекува се, можеби звучи клише но така е. Престани да ги преанализираш моментите, ситуациите и разговорите со таа личност, тој што те сака не си заминува туку така. Тоа што се случило остави го во минатото, дај си време, а потоа посвети се на себе. Не слушај тетки, баби, стрини, твое си е тоа кога ќе ја најдеш личноста со која ќе сакаш да бидеш и кога ќе си спремна за сериозна врска. Не форсирај ништо само затоа што некој мисли дека така треба, животот не е шаблон по кој треба да живееме, секој си има сопствен пат, дај си време, а потоа продолжи напред без да се вртиш назад.
Ми се смачи од лажни пријатели. Ке зборуваат колку им фалите и сакаат да ве видат за на крај никогаш да неможат да се прилагодат за вашето време и место.Секогаш се прави тоа што тие го сакаат и каде саакат и тоа еднаш месечно. Дечковците да не им избегат .. ако се гледате 6 дена од неделата и еден ден одвоите за пријателите нема да ви сее уништи врската даами и господо.И едно кафе да испите повторно ќе биде со тролање на глупи муабети дали имате некого, и ајде ќе најдеш некој да бидеш среќна.Како мене животот да ми зависи од еден маж само ..
Со ризик да звучи како клише, но среќата ќе дојде кога најмалку ја очекуваш. Особено кога станува збор за љубов, за врска... таквите работи не се планираат. А по бурата доаѓа сонце. Не смееш да се запоставиш себе за човек што не те цени. Било што било, си имала убави моменти со него, те разочарал... но животот мора да продолжи. За почеток стани од кревет, среди се, јави се на некоја од другарките и излези на кафе. Ако тие не можат, излези на воздух, пешачи, активноста ќе направи да се чувствуваш подобро. Оди на шопинг ако имаш можност, читај, учи за факултет, малку по малку. Мораш да ги оттргнеш мислите. Ако имаш потреба од разговор, пиши ми во лп. Се' ќе биде во ред!
Во изминатиов период кога разговарам на некоја тема или размислувам за нешто има проблем да го искажам мислењето. Не знам што попрво да кажам а имам многу за кажување. Мислите стојат а не можам да ги искажам не знам зошто и многу се нервирам. Би помогнало разговор со псохолог?
Душо млада си, цел живот е пред тебе. Не вреди да се уништуваш себе си за некој друг. Тешко ти е, знам, но се додека не го исфрлиш мислењето дека ако ти бил прв, мора да бидеш со него, ќе патиш. Најголем проблем ти е овој дел. Секаде кај што те читав, ми боде во очи тоа "два пати имавме секс". Си била интимна со некој и мислиш дека треба да живееш со него до крајот на животот, но животот не е бајка и треба да се освестиш. Не си ни прва, ни последна што била изиграна од првиот сексуален партнер. Ама знаеш што? Животот оди напред. Не е само тој на светов, ќе најдеш друг што ќе те почитува и ќе те сака. И нека не те додирнуваат зборовите од тетки и стринки дека време ти е за дечко, брак, деца и што уште не!
советот не ти е баш на место ,точно не е бајка животот но он ја избришал од живот небитно дали еден или два односа имале тоа е нехумано и ја повредил .да и кажел барем нешто пред да замине а не да ја остави туку така нормално е да страда и да осеќа болка .за тетки стрини ок да не ги слуша никој не може да предвиди кога му е среќата ,ама за другото има право да се исплаче и да преболи тешко е не е тукутака тоа
Да, ја избришал. И таа треба да го стори истото! Знам дека е тешко, сум искусила на своја кожа. Што побрзо го преболи, толку подобро за неа.