1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разлика 18 години

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Sheron, 18 јануари 2011.

  1. Sheron

    Sheron Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    6
    Пред се здраво на сите! Нова сум на форумов и се надевам дека ќе се дружиме. Искрено ни сама не знам и не сум свесна во колку големи проблеми навлегувам, затоа ми е потребен совет и мислење од вас или некој да сподели слично искуство ако има. Видов дека има тема РАЗЛИКИ ВО ГОДИНИ и се извинувам шо правам нова ама РАЗЛИКАТА е ЦЕЛИ 18 ГОД верували или не. Случајно се запознавме и почнавме да се гледаме скоро месец и нешто. Он тврди дека сака нешто сериозно сомене, дека не е сомене само за да си потполни солободно време, само јас незнам дали има сето тоа некаква иднина. Сакам да ми кажете ваше мислење или искуство, верувајте дека многу ми значат!
     
  2. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Типот женет е или е сингл?
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    27.003
    Девојче, ај седи си мирно и не си го компликувај животот ради минлива ствар. Имаш 18 години ако ти се точни на профилот. Уште не си изживеана, а него за женидба му е времето.
     
    На avita му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sheron

    Sheron Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    6
    Разведен со дете :worried:
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    27.003
    Уште полошо. Јас ти советувам да се тргнеш од него додека не станало посериозно! Можеби сега ти е интерено, ама понатаму нема да биде, него му е целта да те врзе за себе, а верувам дека ти не си спремна за тоа! Затоа додека не се искомплицирало бегај!
     
  6. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Јас стварно не можам да ве разберам. Па зошто, кога сега си ги имаш најубавите години во животот, да не си ги поминиш без комплицирања. Што му фали на слободните машки на наша возраст. Само се прашувам што гледате во средовечно чиче, башка тоа со дете за кое што треба да се грижи. Наместо да си излегуваш да се забавуваш ти ќе седиш дома, ќе му го чуваш детето. Не разбирам..... ама ни малку... :^)
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    483
    Мој совет е да бегаш што подалеку од него,нема смисла на 18 год да си го уништиш животот :x
     
  8. Sheron

    Sheron Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    6
    Веруј ми дека ни јас себеси не се разбирам! Имав до пред некое време подолга врска со дечко на моја возраст, ама за тие 2 години не успеав да го засакам ни приближно колку вој шо ми значи за еден месец.
     
  9. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    И јас се сложувам потполно со претходните мислења.Најдобро ти е подалеку од него.Не дозволувај најубавите години да ти завршат брзо,уживај додека си млада.А нему целта очигледно му е женење.
     
  10. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    18 години е гоооолема разлика,а во твојот случај ќе се чувствува мнооогууу!Прво,ти само што си станала полнолетна,а тој веќе има зад себе оставено растурено семејство.Ти имаш други интереси,а он други.Јас тука не гледам иднина.Ајде и да претпоставиме дека ќе завршите заедно,знаеш дека тој уште 10-15 години ќе треба да пие пола Вијагра,да се измо*а без да си ги натопи чорапите?А ти во цут на младоста?Бееееггааааајјјјј подалеку!
     
    На baby.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    Извини ке те прашам колку години има тој?
     
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    27.003
    Продолжи со него, ама знаеш што ќе те чека во животот? Кога ќе ти бидат најубавите години, тука морам да ја цитирам мојата мила ем драга лилит, тој ќе биде дедо со катетар кој нема да додржи да не се помочка во гаќи! Тој ќе има секогаш и друго дете, а не само на твоето. И кога тебе на 25 години па и 30 ќе ти се шета, тој ќе сака да му родиш и да му думкаш деца дома. Го сакаш тоа?!
     
    На femina11 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sheron

    Sheron Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    6
    36
     
  14. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    Немој девојче.Прочитај ги и претходните мислења,баш убаво ти викаат,да не се повторувам.Те советувам најприлателски,подалеку од него,немој да си создавш и на тебе и на родителите проблеми.позз
     
  15. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    А што уствари те привлече кај него?
     
  16. Sheron

    Sheron Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    6
    Шо ме привлече...пред се понашањето спрема мене, значи тоа ми е најбитно. Иначе е премногу згоден :) сите му даваат 25 години. Вежба, се одржава, и воопште не личи за годините шо ги имаа.
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    27.003
    Девојкава е заслепена и решена да биде со него. Мене така ми мириса, затоа ќе се повлечам од понатамошната дискусија овде и секој нека си се сносува со последиците во животот.
     
    На LittlePinky и Alanna им се допаѓа ова.
  18. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Не е злато се што сјае :)
    Само ти си знаеш што чувствуваш,само што ти сега размислуваш со срцето,а не со разумот.
    Понекогаш сме заљубени во помислата да бидеме со некого или некого премногу го идеализираме во нашата глава.А уште самиот предизвик дека нешто е забрането е уште послатко.
    Како и да е,сите мислења што ти ги дадовме беа негативни за вашата врска,прочитај ги неколку пати пред да одлучиш што ќе правиш.Ти посакувам се најубаво ;)
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.561
    Пол:
    Женски
    Уууу лошо. Во таквите години си, мислиш дека се што лета се јаде. Он, искусен стар лисец, ги знае сите трикови да те заведе. Па уште и згоден... Мислам дека што и да кажеме нема да помогне, веќе си заслепена. Ама што си решила да побараш совет, може има надеж. Преголема разлика е. Не е минимална, не може да се занемари. Како што веќе кажаа, ти кога ќе бидеш во најубавите години, најзрела, он веќе ќе биде дедо, нема да може да ти ги пружи работите што ти требаат... Додека е време отвори ги очите, бидејќи ако закасниш, можеш да се разбудиш со деца крај тебе, дедо во креветот, а ти со зовриена крв...
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.553
    Таквите се подготвени да ти подарат реки од мед и млеко, а само продаваат муда за бубрези. Да бил функционален тип, немало да се лепи на девојче дупло помало од него, зошто реално, неговите размислувања и сфаќања би требало да се далеку понапредни од твоите, а со тоа и треба да си бара некоја на негова возраст.

    Ова се граничи со педофилија.
     
    На Ani.taa и Offspring им се допаѓа ова.