Има два моменти-убаво се однесува со тебе и тоа ти е важно,а постар е,тоа значи дека тебе ти треба татко и дека е у прашање некој комплекс. Второ,се оджува и сите му даваат 25 не е оправдување за годините,а од друга страна кажува нешто,зошто сака да се одржува и да изгледа помладо,а тоа е за да може да заведува,а башка што веќе припаѓа во педофили,иако си ти полнолетна,а плус го одликува него ко незрел.На 36 години уште да му е двигател такво нешто кога треба да биде родител и сериозен човек...тоа значи дека со него нешто не е у ред.
Некако ова ми се чини стана помодарство имам многу такви примери.Познавам повеке парови такви од кој едниот пар ми е многу близок.Тој на функција материјално обезбеден разведен со две деца таа девојка.Разлика 19год.Мислам таа тогаш имаше 23,24год незнам точно.Почнаа тајно бев меѓу првите на кој им се доверија ја подржував и одобрував врската.Излегував со нив се забавував одлично посрекни и вљубени од нив немав сретнато.Убедена сум декаа таа му го разубави животот внесе позитивност кај него по ликот го познавав дека е исполнет и срекен.Него го познавам цел живот ги знам и неговите 14год брак со бившата.Тој беше препороден.Да скратам. Сега се во брак имат деца се сакат срекни се летовање,зимовање без ништо не се кусо. На почетокот се лутеа децата од првиот брак со текот на времето и тие попуштиа. Летото во Даниловград бев гостинка кај брачен пар разлика 22год.Имат две деца срекни се и во нивната кука има топлина и душа.Слога ,разбирање мора да потенцирам имат сопствен бизнис и многу пари.Искрено некој работи видов за прв пат во нивната кука.За мене е луксуз. Така да не знае човек што е правилно а што не.Секој почеток е интересен и возбудлив ама после неколку месеци не е се така глатко. Sheron размисли добро многу си млада. Мене лично ме привлекуваат постари машки.
Ај ти си тинејџерка имаш 18 години, ама според мене нешто не треба да е во ред со 36 годишен маж, па уште разведен и со дете, да биде со 18 девојче. И врапците знаат дека тоа така не иде... Ама можда тоа што изгледа на 25 годишен и што вежба му дава право да брка и млади девојчиња ilent:
Моја прва братучетка кога имаше 18 години се омажи за човек 18 години постар од неа. И тој беше разведен, со дете. Од заедничкиот брак имаат 2 деца. До ден денес изгледаат заљубено. Таа сега има 30 години, а тој 48 (генерација на татко ми, т.е. на нејзиниот вујко). Кога се омажи братучетка ми за него, сите се откажаа од неа, дури и нејзините родители, но кога видоа дека нема да ја вратат назад, се помирија со фактот дека таа така си избрала. Според мене, толкава разлика во години е премногу. Еве, имам таков пример во моја близина, кај нив барем до сега се е во ред, како што треба. Но понатаму, се може да се случи. Додека ти е време, оддалечи се од тој човек. Млада си, ќе запознаеш уште многу момци во твојот живот, многу поубави, позгодни, подобри, помлади. Не брзај, размисли убаво какви последици би можело да има од таква врска. Поздрав
1 месец е многу мало време да засакаш толку многу. Како прво 18 години се многу, како второ тој има дете, а ти веројатно уште самата не се грижиш ни за себе а не да мораш да се грижиш за и за дете. Животот е пред тебе, ке најдеш друг во кој да се заљубиш....
Ќе ти кажам само едно ТЕ МОЛАМ немој да си го упропастиш животот, премногу си млада за да знаеш што се ваквите мажи можат да направат дури да те земат дома, и после само тепачки , кавги, расправии.... Размисли како ќе го прифатат фактот твоите родители, зетот е помал 4ри години од мајата ти...не прави глупости...кога тој имал прв пат секс ти не си била ни во план....седиси мирно , заврши со ова оти ќе си ја чукаш клавата после, и уште нешто сакаш да бидиш макеа на дете со е 11 години помало од тебе. НЕМОЈ , НЕМОЈ !
Мене ми изгледа дека ти не бараш совет, тебе ова веќе ти е решено. Забележав одговараш на постовите со кои можеш да се оправдаш некако. Ти бараш поддршка. Не верувам дека е важно што некој ќе ти каже, ти веќе си одлучила.... затоа I rest my case.
Пред се фала за сите мислења и совети. Едноставно срцето не ми дава да завршам со сето тоа значи ја знаев целата негова ситуација пред да до направам тој чекор, он не ме присили на ништо. А и секако мн мал период сме заедно, ќе видиме како ќе се одвива сето тоа. Несакам да правам планови па да се разочарам така да ќе видиме шо ќе ни донесе времето.
Значи сепак испадна како што мислевме сите. Ти веќе си решила, ние за џабе си го губевме времето. Тоа станува класика на форумов
аман, не се чувствуваш ко татко да ти е? верувај дека ке се покаеш ако остане[ со тој. Сега не ме сфаќај погрешно ама ти имаш 18 години (колку и јас), ти ке сакаш да се забавуваш, да шеташ, да се дотеруваш, а нему се тоа ке му се здосади, тој го има изживеано сето тоа, ке сака да седи дома, дома и дома... може грешам ама 18 години и не е така мала бројка, помисли и на твоите домашни малку...
Незнам на 18 год која девојка е спремна за ваква врска. Сепак ти си решила да останеш со него, но се чудам што муабет можат да прават 18 год клинка и 36 год маж , е тоа не ми е јасно. Јас ќе ти посакам искрено со среќа и се надевам дека ќе се освестиш, ама не премногу доцна.
Девојче едно прашање? Што работи типот? Обезбеден е материјално? Бидејќи постои можност,ако ти си од побогата фамилија,тој да си направил добар план во главата.Ем млада девојка,ем обезбедена а башка и детето ќе му го чуваш. Ти се молам освести се,излези со другарките 2-3 пати во дискотека каде што има млади,згодни и убави луѓе на твои години и ќе видиш дека се ова е само еуфорија. П.С земи го и него некогаш во град навечер па ќе сватиш за што зборувам
Сте приметиле ли дека тие години се критични? Секоја девојка која се нашла во ваква ситуација имала околу 17, 18, 19 години. Еве земете ги пример девојките кои до сега пишувале на форумов. Што е работата, некако во тој период девојките најлесно потпаѓаат под влијанија .
Си има свој бизнис не е сомене заради пари. А детето сам ќе си го гледа (ја сама себеси неможам да се гледам не па дете.) А за шетање верујте дека он повеќе одмене оди по дискотеки ја може да бидам таа шо ќе сака дома.
Тој човек тебе и сите на твојата возраст смее да гледа само како на своја ќерка , ако гледа поинаку (со неговите 36 години) типот е манијак и педофил и оттарасај се што побрзо од него. Остави го ,опамети се за да не жалиш подоцна . Човекот е болен а ти си глупава ако останеш со него.
Девојко ти веќе си решила што ќе правиш понатака, мене така ми изгледа. Не знам зошто тогаш бараш наше мислење.. Еве сите ти кажаа дека нема смисла тоа, ама ти како што можам да приметам цврсто си стоиш на тоа што си го замислила. Не можам да изнајдам никаква логика тука. Ќе го кажам и своето мислење, ма да мислам дека не би направило никаква разлика. Значи 18 години имаш и мислам дека си доволно возрасна да размислиш малку што правиш. Сега си заслепена и се ти изгледа розово, ама ќе видиш порано или подоцна ќе се освестиш, се надевам дека нема да е премногу доцна. Не е се така како што изгледа. Плус не можам да сфатам како може маж на 36 години да се загледал во едно девојче на 18 години. Искрено не верувам дека е од љубов. Без навреди. Поарно тргни си се од човекот додека не е премногу касно. Не си прави проблеми, пред се на себе, а потоа на твоите, што не мислам дека би го прифатиле ова.
Љубовна идила од иднината, лето господово 2035-то! Таа:Миличок ни се ближи годишнина знаеш шо значи тоа нели? Тој:Што?Ќе ме почастиш едно кутиче ЕНАП апчиња за притисАков?Ќути жено денес сум поарен,си фатив од сабајле прв ред во Зегин сите лекови на рецепта сум си ги земал,е сега да поодморам малку па ќе почнат Вестите на Сител да чујам Латас шо ќе каже,па после на А1 СЕ,па на Канал 5 и ако не заспијам и на Алфа ќе си ги фанам,мхм Таа:Ама нели секоја годишнина си ја правиме онаа работа а? Еднаш годишно е аман,со душа го чекам денот,ајде ајде на времето беше мангуп,никој не ти ги даваше годините,беше прав пастув Тој:Што викаш јастук??Еми дај ми го де,знаеш дека цел грб ме боли. Таа:Не бре,млада сум уште крвта ми врие Тој:Епа ќе врие супата коа со мене тука редиш муабети,ајде оди стави една чинија цел ден ја чекам знаеш дека не можам да џвакам тврда храна,немам заби ко тебе. Таа:Е немаш,туку ништо.Арно ми викаа на времето едни смотани од Фемина,сеа ќе гувеам ко млада невеста без дарови,ај ќе ти донесам супа. Тој:Море арно Даро шо си нашол невеста ќути,како тргна работава не се женат девојињана млади,а на наше време подруго си беше. На кој му се прави кејф да биде еден од главните ликови ,само нека повели. И прибидејќи на темава уствари никој не побара совет,ами само потапнување по рамо дека го направила правиот чекор и едно големо браво,јас сепак нема да го дадам.....ете од пошто зашто нејќум!