Таквите како овој сакаат младо мевце, девојка кои ќе менува пелени на неговот веќе родено ако не и израснато дете, ќе те врзи, и по две години ќе си игра шукшуле со тебе. Е така. Па ти мисли си оти си вљубена во него, ќе ти текне кога ќе почне да ти мириса на стар
Мислам дека љубов со разлика од 18 години не е љубов. Иако "љубовта нема граници" , сепак треба да се знае до каде да се оди. Можеби 6-7 години разлика, ајде во ред е. Во ред е и таа да е повозрасна, но сепак 18,20 години сепак е премногу. Од сите машки на овој свет толку многу да се заљубиш во толку побозрасен човек? Тоа е мое мислење и го кажувам како добронамерн совет, не сакам некој погрешно да ме разбере. Но, Спојлер за мене не е нормално да спијам со некој кој е генерација со татко ми :geek: .
Дајте и на некоја жена десет мудри совети, а таа ќе го следи единаесетиот - својот !!! Ова важи за форумџиката со проблемот, а е и многу честа појава на форумов
дури и ако не ги послушаш сите погоре што те советуваат,верувај ми дека ке дојде денот кога ке сватиш колку уствари добро ти мислеле но човек учи од своите грешки па така сама одлучи за својата иднина.
znaci vaka..jas imam 19 godini..i sum se nasla vo slicna situacija..deckoto bese razveden , so dete, postar od mene 12 godini..bev strasno zaljubena vo nego 3 godini......sega, fala mu na Boga.......ne mi ni teknuva na nego..pa mladi sme bre, jes da bolje staro da me uci nego mlado da me muci...ama u 6 milijardi lugje...se naoga vistinskiot za nas... taka da...begaj sto podaleku.......izzivej si go zivotot, ne dozvoluvaj da bides zamena za majka..pouzz
Зошто уште од сега да си го искомплицираш животот и да направиш огромна глупост за која најверојатно ќе се каеш...Очигледно совет не бараш туку очекуваш одобрување . Искрено разлика од малку години не би ми сметала ,ама кога веќе зборуваме за 18 години ,а во случајот се работи за тип кој зад себе има растурен брак а и дете,во случајот излегува по дикотеки и цели кон" младо мевце " Мислам дека намерите и не му се толку искрени и наивни....Доколку продолжиш и самата ќе забележиш дека тој од тебе очекува само едно нешто да те улови да си потера ќеиф и толку....Само размисли си добро немој после да се каеш зошто ионака праша за совети ,сите можни сценарија направи си ги и размисли ...зошто после е**** нема каење ...(не сакав да бидам груба ,но секогаш повеќе се реагира на реално мислење ,зошто таа е вистинатата а и не вреди да се залажуваме ,ти си мало оди шетај излегувај,не ти треба разочарување уште од сега )
Извини ама чичково да не им е школски другар на твоите(под предпоставка дека си се родила кога имале 18 години)?
мислам дека треба да се повлечеш но бидејќе звучиш затрескано во него и знам дека нема да не послушаш ќе ти дадам совет да не се опушташ со него дури не се увериш вистински какви намери има со тебе од кој јас лично не сум баш сигурна дека се сериозни причините со кој човекот сака да е со тебе можат да бидат различни не можеме да тврдиме ништо ниту пак да осудуваме сепак запамти дека тоа што е разведен ќе има лошо влијание од надворешната средина знаеш предрасуди оговарања делење совети ова она знаеш мора да си спремна на сето тоа за тоа треба да знаеш дека стварно вреди тој човек да ја поминеш таа тортура иб да не заборавам предрасудите и критиките од твоите дома тоа имајго секогаш на памет сепак ти посакувам среќа и немај целосна доверба во овај човек никако позз
читам тие постовите не само во љубовни проблеми и врски туку и низ другите и како читам гледам дека има девојки што дават многу добри совети, али џабе ги дават кога тие што имат проблеми не се потрудуваат да си ислушат и спорведат... само време се губи.
Оваа разлика од 18 години можеби од денешна перспектива не ти изгледа како пречка или нешто страшно, ама ќе дојде ден кога ќе си го направи своето. Ти ќе имаш 40 а тој 60, еве немора физички да ти биде одвратен, ама едноставно ти ќе имаш други интереси и потреби што тој можеби нема да може да ти ги исполни ...на пр. ти ке сакаш некаква “брачна активност“ а тој сиротиот ќе се плаши да не го стрефи срцев удар притоа. Несум личност со предрасуди, ама за мене оптимална разлика во години е тој да е 10 год. постар, чисто да сме генерациски поблиски и да делиме слични интереси, мислења и потреби. За после да најдам во ситација кајшто ќе бидам фрустрирана зашто мажот нема да можи да држи чекор со мене
Неможам да сватам зашто ја отвори темата кога ни едно од горенаведените мислења ги немаш употребено??? Џабе само го потпуни форумот со нова тема од која според твоите мислења нема никаква корист После толку мислења ти пак си со него,епа алал нека ти е. Дали си помислила како ќе реагираат твоите кога ќе видат дека твојот дечко уствари е нивна генерација...уфф јас си замислувам што би ми направиле моите да дознаат дека сум во врска со некој си чичко ама искрено не би сакала да го споделам тој дел Ме интересира како те претставува на пријателите? И како ти го претставуваш на твоите? Само можам да ти кажам дека те чекаат многуу големи проблеми во животот ако продолжиш вака,па сега се е на тебе ти си таа која треба да одлучи....
девојко бегај ! јас имам 18 а дечко ми има 24. и нели нормална е разлика од 4 годинки али сепак он е посериозен тип. Повеќе се грижи за бизнисот отколку за излегувањето а мене ми се шета. не е дека се жалам за се наоѓаме време и ни е супер само сакав да ти кажам дека кај нас во 4 години се осеќа разлика а не па во вашите 18
Ах леле Господе!!! Јас незнам што се мачат девојкиве со совети давање, кога таа несака ни да ги види, а не (не дај Боже) да послуша. Девојката очигледно не сфака што прави. Искрено многуууу ги жалам нејзините родители. А едно прашање: дали твоите воопшто знаат за оваа твоја т.н. врска??? Глава сечам дека не. Ниеден нормален родител што се грижи з своите деца не би го дозволил ова. Мореееее за ваквите само ќотек.... А да... морам да кажам уште нешто. Не е крив само дотичниот господин. Крива си е и девојква. Да имаше памет ќе си речеше, не, чекај, млада сум, ова само проблеми ќе ми донесе, животот со маки ќе ми помине. Тој видел младо парче месо, па зашто да не проба, нема што да изгуби Али.. тоа е..
моите родители се разлика 15 годинии и сме едно многу среќно семејствоо.Годините не се важни.Ништо не им фали ги немам видено ни да се караат(сега се разбира некогаш како што е нормално)но не како некои што секој ден се караат а доказ за тоа сме јас и братми и се гордеам со нив