1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разлика 18 години

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Sheron, 18 јануари 2011.

  1. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    девојче разлика сте 6 години !
     
    На Aleks96, sparklie и mims-89 им се допаѓа ова.
  2. yes

    yes Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    18
    Очигледно е дека неможе да се справи со жена на негови години,па бара деца,извини ама ти си дете,и што подалеку од неговиот изопачен ум...
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.101
    Допаѓања:
    112.627
    Пол:
    Женски
    Ти сега гледаш во него зрел, мачо мен кој има искуство да ти го сврти паметот и во кревет и вон него. Него веќе се му е видено. Нема за него нешто ново, тебе те гледа како мала играчка со која си го пополнува времето за игра после пропаднат брак и дете за да се осеќа повторно млад и пожелен. Кога е со тебе му расте егото, ти ласка ти паѓаш во трансови. Ти ветува брда и долини. Се оженил можеби од љубов моментална или зашто заглавиле па ете мора. Сега он живее втор пубертет. Во најдобар случај ако те земе, ќе ја има истата реприза и ти ќе бидеш уште една оставена и ќе кукаш над својата судбина, а тој пак со некоја 18 години помлада и глупава ќе си го полни егото. Ако останете заедно за 10 години ти полетна во цутот на животот, зрела млада жена со потреби, а кај него нема сила, не се може, виагри не помагаат. Остануваш незадоволена и во брак со страче кое го негуваш, а она што тој не сака да ти го пружи го бараш во туѓи прегратки.

    Ете така драга моја јас ја гледам твојата ситуација. Па освен ако не сакаш да живееш живот како што ти напишав, најди си дечко твоја возраст со кој ќе уживаш во непознатото, заедно ќе правите исти грешки, заедно ќе учите нови работи. Верувај така е подобро.
     
  4. Vik-to-ri-Ja

    Vik-to-ri-Ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    тој може да ти биде татко ?! разликата е премногу голема мислам дека треба да заминеш и да се тргниш од кај него додека е време сепак тој си има и негово дете и има изживеано повеке во живото отколку ти затоа заборави и продолжи си со твојот живот :)
     
  5. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Мислам дека не треба толку многу да го нападнете девојчето. Очигледно е дека е заљубена девојката и јас не ја окривувам , љубовта не бира години и може да се случи на секому и секаде. Не знам која е релацијата и неможам да ја коментирам неговата цел, но зарем не може и тој да биде заљубен? Зарем лугето кои се разведени постари не знаат да сакаат? Мислам дека тие многу подобро знаат и да поштуваат жена и да и дадат се она што и потребо , за разллика од помалите кои сеуште летаат и кои искусуваат тек нешта од животот , кој тој човек очигледно веке ги има искусено.
    Доколку тој има чисти намери јас не ја осудувам девојката. Плус млада е ,пред неа е животот, не е тоа толку трагично колку што го преставивте.
     
    На Sheron и Tabi им се допаѓа ова.
  6. Tabi

    Tabi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    7
    Знам дека сега се ти е измешано во главата, дека од сите страни слушаш разни мислења и ставови околу тоа колку е он постар од тебе, но никој неможе да знае како ти е тебе со него и како се понаша со тебе. Одговорот ти лежи во разговорот со него. Додека ти е рано седни разговарајте си за плановите што си ги имате за во иднина и за тоа што очекувате еден од друг понатаму. Ти кажувам од искуство, јас година ипол сум во врска со човек постар од мене 16 години и TOP ни е, јас сум малку позрела за годините шо ги имам, он малку подетинест за неговите и се наоѓаме на средина :D
     
    На catty и Sheron им се допаѓа ова.
  7. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Девојки, јас навистина не можам да ве сфатам. Имате врски со личности мноооооогу постари од вас. :x
    И за неколку години, ќе му кажеш: мили одам јас на машки струптиз со другарките, да видам добро младо мевце, а пред да се вратам ќе ти звонам да се напиеш Вијагра, таман ко ќе се вратам да ти е во ерекција, зошто јас ќе бидам напалена од стриптизот и да завршиме работа. Во меѓувреме ти да не заборавиш на лековите за притисок, срце и за подобра циркулација на крвта.
     
    На Bright, Lady-PinkHeart, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Пишуваш дека е разведен со дете. О па ти имаш претензија може да му бидеш мајка на неговото дете. Види ја 18 години, ништо не видела од животот па размислува за нешто серизоно. Па ти знаеш ли воопшто што е серизоно? Ај те молам дефинирај ми го поимот. Дали си прошетала. Кажуваш претходно си имала дугачка врска, ништо не спомнуваш за другарките, ги имаш ли воопшто, како ти е организиран животот? Па и тој еден месец со тебе и мислел серизоно, како толку бргу те процени и свати и дека ти со свои 18 години си серизона личност. А што сакаш за да те легне во кревет и да те има за своја своина да ти каже. Слушај јас разведен сум, имам дете и сакам повремено кога ќе ми се сака да бидеме заедно. Де бре деца, бре како си ги уништувате животите. Оди шетај, живеј го животот, види ги сите убавини па после седни и види што си видела. Ништо. Жалосно.
     
  9. unforgiven

    unforgiven Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    ухууу милаааа ќе си го запустиш животот...татко може да ти биде :worried:
     
  10. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    А како му се обраќаш: Тато? Леле
     
  11. bla20

    bla20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    хахаха мисли си дека он сам ќе си го гледа детето. мн убаво си пишала ја сама не можам да се гледам, тоа не можеш, а да се ебаваш со чичковци можеш, а? абе девојче, девојче... ти си чист пример за малечка спонзоруша, тебе не те пали он те пали што има стан и те носи дома, што те развозува со кола и ти купува блузички и мислиш дека си заљубена. не си. ама кога ќе затрудниш, ќе го чуваш и вашето и неговото дете, а он ќе има нова будала како тебе сега. не дека ќе те замислам претерано си зелена за тоа, ама за 4-5 години, ако здравје боже, постои форумов кога ќе пишеш си го уништив животот од мене, а верувам и од повеќето девојки што веќе ти дадоа совети НОВИ нема да добиеш. ајт поздрав
     
  12. Sheron

    Sheron Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    6
    Малку ми е глупо искрено шо ја отворив темава пошто како шо кажаа некој само потполнува место а јас не реагирам на советите.Фала за советите но сепак мислам дека нема потреба да ме вреѓате... Далеку сум од спонзоруша како шо кажа некоја од форумџиките и дека сум сонего поради шо ми купувал партали - ЗНАЧИ НЕМА НИШТО ОД ТОА! Верујте дека ќе реагирав исто ко вас ако не ми се случи ова мене, знам дека разликата е голема и боде во очи. Тоа што е разведен и има дете не значи дека неможе да сака и дека занего животот завршил. Стварно ми е глупаво да се правдам, мислам нема смисла. Секој има право на свое мислење. Но бидеќи живееме во околина полна со стереотипи, предрасуди, дискриминација не ни очекував поразлични коментари за темава. Мојте родители исто така се разведени и многу добро знам што значи да се живее во отсуство на 1 родител. Го поминаа најубавиот период од нивниот живот САМИ( значи ниеден однив не се прежени/премажи) - дали мислите дека тоа е правилен начин??? Не му посакувам никој да се најде во таква ситуација, но луѓе животот продолжува и мора да го живееме сакале или не. Господ створил мажи и жени затоа што си се потребни едни на други, иначе би створил само мажи или само жени... Несакам мн да филозофирам но најискрено ме револтираат луѓе полни со предрасуди. Друго шо прочитав...А да СЕКС ќе морал да пие вијагра за да не си ги помочал чорапите- најискрено на воа мн се изнасмеав. Добро бе луѓе вас цела врска и живот само на тоа ли ви се базира??? Инаку за информација да не ме мислите ПРЕДОБАР Е :). Друго за детето - родителите никој неможе да ги замени барем јас тоа најдобро го знам. Донекаде и ве разбирам читате 18 год разлика и замислувате некој дебел чиче со пивски стомах и ви се превтуваат цревата па ви настанува блокада во мозокот. За крај драги мои за една врска да успее најбитна е љубовта но без почитување, разбирање, меѓусебна подржка ништо од тоа. И се надевам дека немора да се најдете во слична ситуација за да го смените размислувањето позз
     
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Сега смеј се колку сакаш. Понатаму нема да се смееш, верувај. Колку и да е сега убаво, понатаму не верувам дека ќе биде како што е сега. И стави си го во главата тоа дека тој секогаш ќе има друго дете на кое ќе биде обврзан да му помага материјално но и да одвојува време за него. Мислиш дека си спремна да го издржиш тоа? Ако не си, раздели се од него, додека не е предоцна. Не е лесно како што изгледа. Твое си е, никој не ти забранува гледам дека бурно се браниш, ти си изнела проблем на темава, ние те советувавме и тоа е тоа. А за сексот и те како е важен во животот. Незнам колку си сексуално активна но и не е важно толку тоа сега, ќе видиш која улога ја игра сексот во врска/брак сеедно. Ако не го бива во кревет-џабе е се. Ако сакаш доказ слободн отвори ги темите во Секс многу работи ќе ти станат јасни кога ќе видиш колку девојки бараат совет во врска со сексот и колку голем проблем им претставува тоа што не уживаат во него. Ако сега не, понатаму тоа ќе ти се случува, нема секогаш твојот дечко или шта год да ти е да има 36 години и да личи на 25. За некоја година ќе остари, ти ќе сакаш секс, тој нема да може да ти го пружи секогаш кога ќе посакаш, тогаш не си свесна кои проблеми ќе се појават. Твое си е, пак ќе речам, никој овде не сведува се на секс и никој не мисли само на секс, туку кажуваме дека е пресуден за многу работи во животов и ако тебе сега тоа не ти е јасно, ако останеш со тој човек ќе ти стане многу јасно. Само да не биде доцна и се сетиш ееее тие убаво велеа на Фемина, како не си ги послушав. Не е моментален животот, туку е долг и треба да се живее. Не го живееш само сега, ќе го живееш и во иднина, затоа добро размисли дали можеш да се сносиш се сите препреки и да поминеш преку тоа што тој има дете. Не е само го сакам и се ќе победи љубовта. Не се жртвува се во име на љубовта, поготово не младоста. Колку и да изгледа сега тешко се и нерешливо се зависи од нас, од нашата воља и карактер да го победиме нерешливото.
    Со среќа.
     
  14. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.902
    Допаѓања:
    4.535
    Мислам дека твојот коментар за тоа дека била околина со стереотипи не ти држи струја, затоа што веќе 21век сме и помина времето кога сите мислеа на таков начин. Плус јас сум живеена надвор од државава и сум израстена со различни сфаќања па можам само да потврдам што кажуваат претходниве девојки на темава. Едноставно нема потреба да си го зезниш животот уште повеќе.
    Незнам што си ги мамиш очите кога и самата си кажа дека ако не ти се случувало тебе, ќе си изреагирала на ист начин. А згора на тоа се лутиш на коментарите кои ти се дадени од срце со обзир на тоа што не ни враќаше на коментарите на женскиве тука. Како и да е, џабе си трошиме време на темава. Ќе ти текни на нас кога тогаш .. Позз ;)
     
  15. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Без разлика што имаш 18 години, не сакам да те повредам ама ова смрди/корне на педофилија!
    Не е нормално, ти си уште дете а тој може татко да ти биде.
    За друго и да не дискутирам. И ова што го кажав е веќе кажано!
     
    На mila85 и Offspring им се допаѓа ова.
  16. mila85

    mila85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    50
    Девојкава Шерон како што видов си изнапишала се за него и неа, дека топ им е, дека била дете од разведени родители, дека имал дете тој, дека супер ти е, не ти купува.........значи ти златна немаш проблем како што гледам, затоа и вие останатите не се трудите да и објаснувате. Оди и легни со него, пошто во таа работа, како викаш... А ДА ПРЕДОБАР БИЛ....
     
  17. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Јас имам вујко и со сегашната жена се разлика 16 години ...двајцата си имаа лошо искуство пред овој брак ама сега си се срекни без ралика на годините дури и дете ке си имаат ... така да ако те цени и те почитува не се важни годините ;)
     
  18. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    30
    јас мислам дека не е финтата кога некој поборал совет да го изнаврегјаШ и поврШно Што ти доШло на ум да му ИзнакаЖеШ,кога веке даваме совет треба да размислиме подлабоко и да дадеме совет од душA како на свое дете или сестра,брат знаЧи некој кој немал ваков проблем не е компетентен баШ да советува не сакам никого да навредам но вака визуелно не знаеме каква му е баШ ситуацијата јас еве би ти рекла дека ке имаШ проблеми понатаму во Животот ке имаШ но ако си доволно силна и ако доволно се сакате ке успеете но пази да не се изгориШ многу си млада да процениШ многу препреки следат јас ти сум зив пример за тоа како успева една таква врска повеке од 10 години и вродила со плод позз и внимавај
     
    На Sheron му/ѝ се допаѓа ова.
  19. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    А колку години има вујко ти?
    Извини ама ако се работи за зрела и возрасна личност над 40 години, тогаш станува збор за по прифатлива ситуација. Ни таа, ни тој не се веќе деца.
    Тука станува збор за 18 годишно девојче/дете! :fubar:
    Тој може да и биде татко.
    Заборавив да прашам (а веројатноста е голема) Дали детето што тој го има е нејзин врсник?
    Сметам дека не треба да ја охрабруваме, само заради тоа што познаваме парови кои се среќни.
    Па побогу, се прашувам што ли мислел тој кога се одлучил на ваков чекор?
    Со дете? :puke: Настрана работа. Кој сака нека се лути ама ова е настрано бре луѓе.
    Ај да има 25-26 години ќе речам зрела е, ама 18 :fubar:
    Нема смисла детево да го охрабруваме дека ова што го прави е исправно, кога не е!
     
  20. parrot

    parrot Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    500
    Целосно се согласувам, одлично кажано :clap: :clap: Ај, девојчево може се заљубило стварно, башка и млада е, не и треба многу да се затреска ама тој па?! Мене ми е, да не е тој некој стари вук па да прави некои мучки, да и мачка очи, дали уопште е сериозен?! И да е, што ќе правиш пусто девојче со него по 10 год?! ќе искачаш со син му/ ќерка му во град, ќе му раѓаш деца или ќе го чуваш него? незнам, мој совет е бегај дур можеш :)