Само да се разбереме, јас никого не навредив ( на пр.ако ИНФИНИТИ помислила на мене, ако не ок ) Е сега вака, прочитав што напишала Шерон, и кажуваш дека си го запознала пред еден месец : 1. си легнала веднаш со него?! ( не сфаќам, јас не би, ама твој живот, според мене грешка, зашто одма легнувате - не ми е јасно )... прв проблем 2. разведен, дете плус........втор проблем 3. кажуваш дека не е некое чиче со пивски стомак, е па што мислиш дека он само со тебе е, ако е демек постар фраер, ама топ изгледа за негови години, не верувам дека е САМ-САМ, и да е чиче некое ќе си ги има сто на страна.........трет проблем 4. биди реална, тоа е како татко ти да оди сега со твоја најдобра другарка, не личи 40 со 18, познавам девојка 22 која долго оди со 42 годишен, плус женет, плус дете, плус жена му дознала, значи девојката ИМА ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ, кај тебе овој што е разведен не ти ја олеснува ситуацијата.( мое мислење јас не верувам дека ќе ја остави жена му и детето, а за во твојов случај НЕ ВЕРУВАМ ДЕКА НЕГО МУ ТРЕБА ЖЕНА ИЛИ ОБВРСКА ИЛИ ВРСКА ) 5. Размисли, ако тој се развел, која е шансата со тебе да се ожени утреден и остане во брак, ако се развел значи имало голема причина штом се развел, не се разведуваш денес од што ми текнало да си го направам денот поинтересен, размисли - КАКВА ИДНИНА ЌЕ ТИ ПОНУДИ, освен што ќе те затрудни, а може и да не го сака детето, нели!?? ( РАСПРАШАЈ СЕ, МОЖЕ И ДА НЕ Е РАЗВЕДЕН, МОЖЕ ТЕ ЛАЖЕ, ОСВЕН АКО НЕ ТИ Е НЕКОЈ БЛИЗОК ПОЗНАНИК ИЛИ КОМШИЈА ПА СИ ЗНАЕШ СО СИГУРНОСТ ) 6. Прати го неговиот говор на тело, некои потези на нашето тело кажуваат дека лажеме, пр. ако гледаме на лево додека зборуваме лице во лице, ако се фатиме за косата, ако зборуваме постојано без престан и мафтаме со рацете. 7. Ако те вика само кога он е слободен ( иако кратко време сте, не можеш да приметиш, еден месец само ), и гледаш дека сака само да ти го истресе, не не и не........НЕ ТЕ ЗАСЛУЖУВАААААА...... МАЛА СИ, ќе ти го упропасти животот, ќе се заљубиш, тој ќе примети и ќе си прави како му одговара. Секој денес сака помладо да легне.... Само едно запамети, мислиш дека тука ние на форумов не сме имале прилика или шанса со женет или разведен, јас до сега многу - само прашањето кој, кога и во каква ситуација ПРВ ЌЕ СЕ ИСКОНТРОЛИРА, а тоа треба да бидеш ТИ! Не ја гледај љубовта само површински, читај меѓу редови!!!!!! Дај боже да ви успее, но мали се шансите, затоа откачи, ќе си најдеш подобар.со среќа
Прашуваш зошто легнала со него, ако легнала де?! Затоа што најверојатно има потреби и ако има не гледам причина зошто да не би легнала сега или за 1 месец. Неможам овие теории да ги сфатам и не
Добро де па и ти, дека јас не сум во тој стил, не сме сите исти ок..... Не ме сфаќајте погрешноо.....не мислев ништо лошо, тебе моето не ти е јасно, мене нејзиното и тоа, различни луѓе, карактери и мисли....
Шерон јас би ти препорачала најпрво добро да размислиш што добиваш а што губиш со таква врска сепак си мала и да не избрзуваш со никакви одлуки испитај одокулу дали е точно сето тоа што го зборува,обиди се на некој начин да го тестираш со некои блиц прашања набрзина и слични работи. Еве ќе ти наведам 1 пример што досега излезе многу успешен, што не значи дека сите се такви. Имам другарка која што со нејзиниот сегашен сопруг се запозна на mirc долго комуницираа така можам да кажам сигурно 3 месеци а потоа почнаа и по телефон инаку тој беше од скопје и по некое време решија да се видат,имаше некој концерт во ск и ја покани,другарка ми се двоумеше дали да прифати или не и на крајо ми вика ако одам јас ќе одиме заедно,појдовме јас ако кажав некој збор затоа што обично ако видам некој прв пат прво го анализирам на изглед,по некое време тој дојде во нашиот град на кафе и јас пак бев со нив и после тоа уште неколку пати и нонстоп пред тоа се договаравме со другарка ми да го испитуваме на некој начин апсолутно за се какви ставови има,мислења дури некогаш и по 2 пати да видиме дали ќе го кажи истото и се гледаше дека почнува некоја привлечност да се јавува меѓу нив, се гледаја така можеби 3 месеци ни бакнеж ни ништо и после ја почнаа врската.Одеа 4 години се зедоја, имаат преубава ќеркичка и живеат како во бајка. П.С.Заборавив да кажам и тие се 18 години разлика,тој претходно разведен со дете кое живееше со мајката,разведени само по 1 год брак со бившата жена.Другарка ми супер се согласува со неговата прва ќерка кога се гледаат.
Тешката работа 36 годишен човек да изманипулира 18 годишно девојче. Нема по паметна работа девојчево па ќе изиграва инспектор Мамли и ќе прави будала од себе. Па таа нема работа со нејзин врсник, туку со човек што може да и биде татко кој патем има многу поголемо љубовно искуство од неа. Не знам другарка ти на која возраст била тогаш, ама тука се работи за 18 годишно ДЕТЕ!
Другарка ми кога го запозна имаше 20 години,иако можам да кажам дека размислуваше многу зрело. Инаку ова е само 1 пример како завршила 1 таква врска,инаку јас лично никогаш не би се впуштила во такво нешто,и тогаш бев на таков став и сега.Меѓутоа во примерот кај мојата другарка кога видов колку ја сака,ја почитува и посветува внимание бев единствената во тоа време која ги подржуваше и дури и ја криев кај нејзините.
како нема да легне со него што очекувате 36 годишен да се лигави само?а што се однесува до тебе моја МЛАДА дамо има и твои врсници или и 5 години постари нека се,кај го најде бре човече типот изгледа сјаен е само прашај го зашто е сам а 36 години ок?и размисли сама што ќе правис со него бре ало? нема ли после некое време да ти биде срам ?млада убава да искача со старец а ?замисли си слика другарки со дечковци на кафе и тој во ваше друштво а?
ЌЕ И ГИ СМУВА И ДРУГАРКИТЕ....гарант некој фраер е тој!!! Ех, прашање и дали има само 36, може е постар, може и не е разведен....... Ма, ајде, не оправдувам ништо, кога ќе слушнам некој ваков пример ми се иде да се дераааамммм.. и на тој нешто му фали....затоа е сам....... Вакви љубави не оправдувам, колку и да го сакам, па човече контрола во животов малку, може и јас сакам некој, А САКАМ, И ГО САКАМ, И ОН МЕНЕ ( ТАКА КАЖУВАШЕ ), а не можевме да бидеме заедно од ИКС причини, сто верзии ми кажа што да правиме за да ни успее врската, и ништо, ама јас се исконтролирав ( едниот мора ), и ете сама сум, со надеж за подобри времиња. А бе, љуѓе најлесно е да најдеш разведен или женет со деца, оди најди НОРМАЛЕН НА ДЕНЕШНИЦАВА.
Живееме во мал град така да и да сакаш нешто да сокриеш нема шанси... за краток период се се дознава ( шо значи дека информациите се точни ). Еве пробувам да се исконтролирам, да размислувам со ладна глава, да ги гледам работите од сите агли ( шо добивам а шо губам )... ама кога и да речам крај он мене пак ме бара, се лигави колку тоа он мене ме сакал, дека не сум му била за заебанција, дека е сериозен и бла бла бла на крај пак ќе попушатам... и нема крај ;/
Не сакам да те осудувам, но искрено, воопшто не те оправдувам. Тој ти рекол дека те сака и дека не си му заебанција... па фала Богу, не ќе ти рече дека е со тебе бидејќи си го пополнува времето... Мислам дека премногу кратко време си со него за да можеш вистински да го запознаеш и да сфатиш дали тој има сериозни намери со тебе. И воопшто не го замислувам како чиче со пивски стомак, туку баш напротив, повеќе ми личи на некој кој многу добро знае што прави, добро манипулира со зборови, знае што кога и како да каже, а тоа воопшто не му е тешко, бидејќи е доволно свесен дека лесно може да ја добие твојата доверба. Сепак, се согласувам со повеќето мислења на Феминките, дека треба рационално да ја согледаш ситуацијата во која се наоѓаш, животот е пред тебе и младоста треба добро да ја проживееш, а не да заглавиш со некој кој веќе има пропаднат брак зад себе.
] мислам дека кога се дава совет треба внимателно да ги избираме зборовите за да постигнеме ефект ,тој што го прима советот треба да го поттикнеме да размисли а не да го плукаме и навредуваме !!! никогаш не вели никогаш ,не знаеме што носи животот треба да се ставиме во нејзина улога па да знаеме што навистина се случува . Да навистина разликата во годините е голема и плус отежнувашка околност е тоа што е разведен и плус има дете со тоа што ќе бидеш предмет на исмејување поради предрасуди на луѓето затоа си и самата свесна со оглед на тоа дека живеееш во мал град и можеше да процениш од реакции на форумџиките .Не можам да те осудувам затоа што не сум јас и ниту било кој друг Бог !!!!размисли што е најдобро за тебе што можеш да изгубиш а што можеш да добиеш ,преголем ризик превземаш за сите последиците што би можела да ти ги донесе овааа врска !!можеби тоа што го чуствуваш кон него и нее љубов туку привлечност пробај одреден период да се држиш на дистанца од него и да не потклекнуваш на неговите повици и изјавување на тој начин ќе можеш да процениш дали тој чуствува нешто кон тебе или си му само за забава и секако ке размислиш со ладна глава за своите чуства и за се погоре што спомнаа форумџиките за тоа што би се случувало подоцна кога ти ке бидеш во најубавите години позз ти посакувам да донеш правилна одлука а доколку донесеш одлука да останеш со него ти посакувам среќа
Во ред е да сте 2-3 години разлика. ама 18 :О Мој совет е да се тргнеш подалеко од него .. Има и други машки на твоја возраст.
Ова не е ништо,а овие цели 28години? http://www.crnobelo.com/zabava/interesn ... njak-video Не ми се веруваше кога читав.:/
Колку побрзо ставиш крај толку подобро за тебе во ред е до највеќе 7 години разлика дури и тоа е многу а 18 .. Пред се ќе те прашав дали твоите би ја дозволиле ваквата врска ?
што е многу многу е ,убаво ти кажуваат сите БЕГАЈЈЈ ШТО ПОДАЛЕКУУУУ,млада си уште сега да си го уништиш животот,ако си 18 год ,мисли каде ке одиш со другарките на одмор,на што факултет ке се запишеш и други поинтересни работи за твоја возраст,а уште сега да чуваш нечии деца тоа НЕ,иднината е пред тебе,твојот живот доправа започнува,затоа послушај ги овде сите што ти кажууват не за џабе мислам дека бараш совет,па пиши ни што си одлучила позз
АЛО девојчево бара совет а не напиша АЈДЕ ВРЕЃАЈТЕ МЕ ВЕ МОЛАМ!!! леле девојче бегај,мала спонзоруша и уште што не прочитав... малце кочете не пиша дека иде со сатаната ццц
Абе цел форум се дигна за помош што е за поздрав и дури почнаа да се караат меѓу себе како да се пристапело, како да се кажело. Девојчето за кое е наменето сето ова може да разамисли и да одбере што ќе направи, на крајот од краиштата. Да ја оставиме сама да си ја донесе одлуката, после сите овие совети. Ако вечито кажува дека не знае што да прави , не е за верување, таа веќе нешто прави и арно и е, ама се плаши дали и после 1о години ќе и биде арно. На крајот на краиштата секој мора сам да пресече, а за поздрав беа советите. СЕГА ТАА Е НА РЕД ДА РАЗМИСЛИ И НЕКА СЕ ИЗЈАСНИ.
До некаде сум против вакви врски,ама никогаш не можеш да знаеш,ваквата разлика може да се покаже позитивно во секој контекст на зборот,треба да се остави малку простор да го запознаеш подобро,да видиш какви му се намерите,бидејќи колку и да глуми ке откриеш што всушност бара од тебе.Имам пример мои роднини се разлика 18 год исто и си живеат совршено,е сега физички нормално мажот ќе дели од жената,ама емотивно и психички е важно што си парираат доста добро