1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разочарана...скршена...Што понатаму...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Innna, 14 јануари 2012.

  1. Innna

    Innna Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    ДЕвојки не знам каде веке да се обратам...ве молам за помош... ке пробам накратко да ви раскажам се од почеток... Имам дечко веќе година дена и се беше убаво... Преубав е, паметен и уште кога го видов мислам дека се заљубив...ама не сакав да му покажам си ги погазував чувствата некое време зашто не сакав уште едно лошо искуство во мојот живот,не сакав да ме повреди...Сето тоа се смени после 2 месеци кога мене ми беше роденден и тој имаше изорганизирано цело изненадување за мене...од тој момен сватив дека нешто му значам и почнав да се менувам спрема него...Ни беше преубаво...Но набрзо дојде лето и дека двајцата не сме од ск моравме да се разбегаме по дома односно јас останав ск а тој с и отиде во неговиот роден град...Комунициравме преку фејсбук, се слушавме и едвај чекавме да се видиме...Тој идеше ск кај мене, бевме и ох заедно и мислам дека тоа беше врвот кога почувствував дека максимално ме сака,не знаеше веке како да ми каже(инаку по природа тешко си ги изразува чувствата)...бев пресреќна...иако беше далеку ни за миг не се посомневав во него... Се почна кога се вративме повторно ск,живееме ептен блиску и мислам дека од тоа што се приврзавме летото почнавме повеќето време да го минуваме заедно...Но одеднаш почнаа проблеми да се јавуваат...Првиот пат се испокаравме зошто мене ми имаше еден напишано срце на фб... тоа ептен го налути и мислам дека тоа беше пресудно за тој да почне да ги менува чувствата спрема мене... после тоа јас најдов кај него в моб таква порака...ме убедеуваше дека јас сум единствената што ја сака...јас му верував ама се плашев да не го изгубам...тоа и му го кажав бидејќи по природа сум искрена личност...Наредната караница бевме лути неколку дена на крај јас попуштив бидејќи не можам без него...Сакав да се оддалечам тогаш малце од него ама од тогаш пак тој се смени тотално спрема мене, се врати оној стариот што беше...ми угодуваше на секој можен начин,правевме се што ке посакав...повторно ми кажуваше дека ме сака, цело време ме гушкаше...после нова година се разотидовме дома на недела дена...првитр денови кога ке му се јавев беше истиот ама после тоа мислам дека му беше досадно што му се јавував..кога и да му се јавев тој дома беше нз дали од тоа ама целиот беше потиштен...на Божиќ се вративме и ни беше убаво..таа вечер мислам дека ме гушкаше најсилно...бев среќна што го имам покрај себе... се тоа се измени во четвртокот... бевме дог да излеземе ама пред да излеземе јас му префрлив зошто ставал срциња во коментари кај др девојки...тој ми рече не бидува? јас му реков дека бидува ама дека тогаш истото и за мене важи и дека јас појке нема да му се лутам за ништо ама ке памтам па ке враќам... може не требаше така ама сакав да го почувствува тоа што јас го чувствував...после тоа бевме до маркет и јас на враќање му се издрав дека секогаш тој не можеше да дојде кај мене... се налутив и се вратив дома ама веднаш се покајав и му пишав порака дека ми е жал што така му се издрав и дека таа вечер сакав да ја одвои за мене бидејќи стварно ми беше потребен... Тој .дојде ама не насмеан ко секогаш туку дојде лут... му се извинив 10 пати... атој после тоа ми рече дека не може повеќе вака, дека го гушам...дека повеќе не ме сака ко порано...тоа беше шок за мене бидејќи јас премногу го сакав и не можам да си го замислам животот без него...едвај денес го убедив да прифати да му дадам некое време без мене...му реков потоа дека нема да биде исто,да не го минуваме толку време заедно и да ја исфрлиме таа монотонија од нашите животи...чувствувам дека цел свет ми се руши, дека срцево ке ми се парчоса...паѓам во искушение да му се јавам да дојде макар само оваа вечер нда биде ко оние убавите и после ке го оставам да одмори од мене ама ми е страв како ке изреагира...неможам ни да јадам ни да спијам...ве молам девојки за помош...што да направам за да ја вратам неговата љубов? Го сакам повеќе од мене самата...дали да си го послушам срцето да му се јавам и да му речам да дојде? Извинете за долгиов пост ама ептен ми е тешко нз што да направам да го исфрлам ова од мене...мислам дека ме гуши нешто во градите...
     
  2. Innna

    Innna Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    ве молам за мислење девојки?
     
  3. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Олабави малку, остави да помине време да се одморите еден од друг. Знам дека паѓаш во искушение да му се јавиш ама подобро немој.
    И немој да си стварате расправии заради фб, знаеш ли колку врски се растурија баш ради него. Многу да ти е гајле ако напишал срце на коментари, фб е една голема глупава разонода и секој пишува што сака и на кого сака.
    Немој да бидеш напорна, стално да инсистираш на нешто, да бараш извештаи оти таквите работи навистина гушат. И јас сум таква малце, ама се трудам да се контролирам.
    Наредниот пат пробајте полабаво, иако си во врска сепак имаш потреба за свој личен простор посебно машките си ја сакаат таа слобода.
    Смири се, олади глава и се ќе биде во ред. :*
     
  4. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022


    Најважното.Болдираното.Од старт грешиш.Како тоа го сакаш повеке од себе?Не бе девојче немој така.Ако сакаш да те сакаат треба најпрвин ти да се сакаш себеси.
    Си се понижувала,си го молела а тој се однесува како жена во пмс :fubar: Тој го сака тоа,да го бараш и да го молиш да ти се врати епа докажи му дека не може секогаш да е така
    И јас бев таква како тебе но сфатив дека никој,макар и да е последниот на свет нема да го молам зошто не треба ;)
    До некаде пак си виновна префрлувајки му за срценцата,и за коментарите на другите девојки.Може да прави што сака,тој не ти припага тебе.Што да речам за мојата нова љубов што ставал слики со негови роднини(а јас мислев девојка му е)па не му префрлав :^) Само си кулирам.Олади бре,олади.Остави го.Што си должна да го трпиш тоа негово однесување?Знам дека го сакаш ама не можеш вечно да го бараш ти прва и да го молиш да се врати кај тебе?Тоа е понижување а полошо од тоа нема.Сакаш да те побара?Остави на него,а не секогаш ти да бидеш иницијатор на вашите смирувања.Ако те сака ке те побара ако не чао пријатно.Не му го давај тоа задоволство и да гледа како се мачиш додека тој си го прчи |(
    По мене мислам дека не треба да го бараш но на крај твоја е одлуката.
    Ако се случи тој тебе да те побара ке се однесуваш ладно и со игнорирање кога ке те праша што е можеби тогаш ке сфати дека погрешил.
     
  5. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Искрено да ме прашаше некој за совет ваков пред недела дена, ќе одговорев исто игнорирај го секогаш е тоа лекот. Но верувај не е. Особено не во долга врска во која веќе сте блиски, знаете се за себе. Не сте заедно 3-4 месеци туку цела година. Јави му се викни го на разговор кажи му се како што ти лежи на срце. Кажи му дека сакаш да успеете. Но биди при себе, ако тој каже дека не сака прифати го тоа на културен начин без плачки, барем пред него воздржи се. Биди си достојна на себе, сочувај си ја малце својата смиреност и гордост. Не знам дали го виде она што се врти многу низ Фб, ме мрзи да го барам. Ако нешто ти смета кажи го, ако нешто сакаш побарај го итн. И така и е. Премногу е краток животот за да чекаш некој да се сети, побарај го, ако го добиеш супер, ако не битно си се потрудила и не си трошела време. Едноставно не се измачувај себеси, нема потреба за тоа.
     
  6. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    10.364
    Штом толку многу го сакаш тогаш и треба да имаш разбирање за него кога ти вели дека на некој начин го гушиш. Затоа не обрнувај внимание на фејсбук и не си ја замарај главата кој што поастирал таму, туку концентрирај се на тоа што ти е битно во животот.
     
  7. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Колку што можев да сфатам каранициве најмногу ви се поради фејсбук. Ако стварно толку го сакаш тогаш не обрнувај внимание на такви банални ствари. Па и јас ќе се налутам дечко ми да ми забрани да оставам срциња во коментари. Мислам АЛО! Ако така со срциња на фејс ја искажувавме љубовта, до сега далеку баш и немаше да стигнеме.
    Значи, не му се јавувај сега во никој случај, размислете и двајцата убаво со ладни глави. Остави му време да размисли дали те сака, дали сака да биде со тебе или не. Ако сака ке се врати, а ако не сака тогаш нема потреба да го бараш, па за љубов нели беа потребни двајца?
    Ти само од кога ќе заврши овој период на размислување и пауза можеш само да му се извиниш за тоа што на моменти си реагирала посесивно и да ми ги искажеш чувствата. Ако и тој се чувствува така тогаш нема пречка да бидете заедно а ако не... тогаш со сила не бидува ништо.
     
  8. Innna

    Innna Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Фала ви девојки ми значат многу вашите совети....се извинувам што не ви пишав порано ама бев во родниот град па немав многу пристап до интернет... Иначе додека бев дома па и не издржавме многу без да комуницираме,само два дена...јас го побарав прва во момент на среќа кога видов дека му се има исполнето нешто што ептен многу му значи...после тоа почесто на фб комунициравме... иначе јас денес се вратив ск, тој требаше вчера да си иде ама остана(нз дали поради мене бидејќи претходно ми рече дека немал други обврски за да биде овде...) и ете се видовме денес...остана цели 6 саати со мене... Си праевме муабет, се смеевме ама осеќам дека нешто фали... двајцата се правиме ко ништо да не се десило а и двајцата сме свесни дека не е така... нормално ли е тоа, дали ке помине ? јас се трудам да делувам оладено кон него(си идам наспроти срцето), гледам дека тоа не му годи, ама не сакам пак да му се здосадам... едноставно не знам како да се однесувам сега кон него...:/ ве молам споделете мислења со мене...потребно ми е да слушнам...позз
     
  9. Miss.Waldorf

    Miss.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    16
    Имам скорешен проблем и би ми значело премногу доколку некој ме посоветува. Никој не е доволно зрел во мојата околина за да ми даде добар совет и со оглед на тоа најчесто слушам изјави како се ке било добро ке се средело ке пројдело. Тоа да! но во моментов што?!

    Се работи за тоа дека имав дечко година и неколку месеци. Се беше во ред, се цветаше не ни помислив дека еден ден ке се распадне на ваков начин и најблискиот ке стане мој најголем непријател. Последните два-три месеци од врската беа пекол. Во текот на врската не излегував многу се однесував како пензионер и немав толку голема желба, но бидејќи сум млада дојде и времето кога пак ми станува интересно излегувањето и слично. Многу проблеми настаа околу тоа, разни кавги како јас не смеам да излегувам со другарки без тој да е тука. Сите ми велеа како успеваш да се носиш со тоа и зошто не го откачиш и си заминеш у провод!? Се тоа е лесно за изведување, но и да си заминев без да му се јавам или молааам да не прави проблеми беше проблем. Или ке дојдеше и ке правеше проблеми на сред провод или ке ме влечкаше од страна за да ми кажува колку тој е разочаран и слично. Се тоа така беше се додека и на него му се смачи па му предложив да се разделиме пријателски бидејќи не бидува така јас 3 месеци се мачев! Кај ми би паметот! Се согласи но продолжи напорно да се јавува како и пред тоа да ме чека пред зграда да ме навредува да ми го бомбардира телефонот и да ме малтретира и физички и психички за физичкото кога не сакаше да ме остави дома да си идам и ме мачеше ме трглеше е тоа го виде и мојот комшија и кажете со кое лице јас да се појавам пред луѓето сега? на телефонот имав и по 34 повици дневно! Потоа се стиша работава и не се јавуваше но секогаш наогаше шанса за муабет со мене. Се држев на страна крајно другарски обидувајќи се да не се налутиме зошто тоа ке беше катастрофа. Немаше на мира да ме остави. Баш вчера пукна целата работа, кога се сретнавме у едно кафуле и кога си свртивме обичен муабет каде си како си вака така. Си продолжив јас попосле у клуб и ете го доаѓа и без основа ми збори јас се срама од тоа што сум бил со тебе, немој да се појавуваш повеќе губи се гитла! Јас без зборови само викнав по него и му покажав среден прст незнаејќи како да изреагирам од толку бес! Си заминав покасно у диско не обракајќи внимание кога го гледам и тука доаѓа! Си седев со неколку машки и женски би бевме друштво кога ке видам ме тргли надвор ми прави сцени како јас сум сакала него да го провоцирам со машките тука не сум требала тоа било договорот! А мојот план беше да си поминам убаво без ни секунда да се занимавам со него. Многу го сакав ама ништо не осекам веке. Се караше со мене се додека во еден момент не ми се развика со навредата Курво! Тој ми беше втор и немаше основа тоа да го рече. Тоа е премногу па дури и за него. Кој слушна слушна кој не незнам но од бес тргнав по него и готово ке го удирам! мн голем бес беше тоа и не размислувам во такви моменти! Излеговме пред просторијава и почна да ме навредува со ужасни зборови и толку се повредив што и секјуритито ме тргна на страна да ме смири и се нудеше да го избрка да си оди и кога се смирив си влегов внатре тој си замина и еве ме сега мене уплашена, осрамена, понижена мислејќи што понатаму? Како да се заштитам?????????

    Прикзнава е до детали, целосно вистинита како што е пишано па пресудете што ви требала сега да правам...?
     
  10. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Боже Господе.. какви се лудаци има на овој свет. :tmi:
    Прво смени си го бројот или блокирај го за да не може повеќе да ти се јавува. Нема што ти да си понижена. Тој треба да се срами од своите постапки и од тоа колку е болен. :x И сега остави не прави ништо, а ако тој пак се врати да ти го уништува животот закани му се дека ќе викнеш полиција! Или пак, не знам колку е правилно тоа, но можеш да им кажеш и на твоите родители. Кажи им дека те малтретира и дека не можеш да излезеш надвор од страв дека може од некаде да се појави па можеби тие можат да средат некако.
     
  11. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Inna , немој да бидеш ладна и повлечена за да не го разбере тоа погрешно.
    Едноставно речи му дека сакаш да промениш нешто да си имате слобода, не сакаш да бидеш нападна, control freak и дека истото го очекуваш од него.
    Мислам дека ќе те разбере :)


    Miss Waldorf разговарај со него речи му дека било што што правиш не е повеќе негова работа, дека не сакаш ништо повеќе со него и да те остави на мира.
    Се надевам нема да испадне некој психопат не дај Боже :?:
     
    На soco му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Срамота е да поставиш прашање што треба да правиш се знае крај, и глава горе, за рекла кажала да не ти чуе многу, ама за таков недозрен клоца в газ, и чао пријатно, да не си се замарала оти некој ако те почитува последен збор што треба да го стави во уста КУРВО. Дечко не треба да го помисли па камо да го изрече.. Нема што да размислуваш оти мислам дека знаеш како ќе се одвива секоја сцена понтаму ако си ти искочена, зачувај си го достониството, искачај дружи се, и стави му блок на секое поле.. мочко!
     
    На soco му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Miss.Waldorf

    Miss.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    16
    Бројот го сменив уште истото утро татко ми купи нов, отиде и разговараше и со неговиот и се беше ок се дури не почна пак........ Моите веднаш приметија кога дојдов дома се тресев!
     
  14. Innna

    Innna Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
     
  15. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603

    Епа тогаш труди се да се однесуваш најнормално,како тој така и ти, и не почнувај муабет на таа тема и никако немој да почнеш пак со кавги ради фб или такви глупости.
    Ако видиш дека и понатаму е резервиран и поладен спрема тебе...размисли си добро и види дали ти одговара да ја одржуваш таа врска во која ќе се измачуваш , оти едно е сигурно убавина на сила нема.
    На крај краева стави се самата себеси пред се друго, не заслужуваш да се измачуваш и нервираш заслужуваш многу, ама многу подобро.
    Само полека и со ладна глава, па ќе видиш како ке се одвиваат работите . :*
     
  16. Innna

    Innna Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2


    Фала ти за мислењето Unica, ми значи многу... и јас мислев да постапам така, но убаво ми дојде што некој ми го потврди тоа...ќе пробам па времето ќе го покаже своето...Фала уште еднаш :***
     
    На Unica му/ѝ се допаѓа ова.
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    блокирај го секаде, смени си го бројот, ако повторно те замара директ во полиција поднеси тужба против него(најверојатно ке биде задржан на разговор, па ке свати дека ти не се шегуваш со него)
    и памет во глава за друг пат :!:
     
  18. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Чим ти рекол дека го гушиш и дека стварно сака да го олабавиш..направи го тоа...Мислам дека е ептен детски да се скарате ради фејбук..... :doh:
     
  19. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    :envy: разочарана и скршена сум веќе една година...имав врска која мислев ке трае долго ,долго, дека се случува еднаш на 10 год ама се излажав....почна преубаво со многу емоции,копнеж,страст,преубави моменти,и токму кога сакав да сме заедно засекогаш на мојот најмил му откривам скриени профили на фб многу пријателки со кои пиши по цели ноќи,камери и сл..ми се сруши цел свет,посакав да умрам,направив напор,сакав да расчистиме да заборавиме и почеток од 0....мојот најмил вети се,ама продолжи со ашикувањето...и реков,доста,јас не го заслужвам ова.. стегнав срце и некаде прочитав мислам тука на фемина за потребните чекори како да го преболите саканиот,го блокирав на фб,на скајп,фрлив се што ме подсетуваше на него,поклони и сл, променив тел број,и решив да сум среќна...уф ама полесно е да си кажиш нешто отколку да го спроведиш во дело...почна болка голема во градите на помислата на него,солзи секој ден,мотање филмчиња шо и како било,и ете сум се мачам цела година, тој ми е уште во срцето само гордоста не ми дава да му се јавам,а за тоа време дотичниот си има нова миленичка си е среќен и вљубен,го затворив срцето за сите,мразам се што е машко,изградив зид околу мене,се повлеков во мрак и молк....до кога вака времето ќе покажи,ама покушав да се дружам не оди...насмевката ми е вештачка,срцето ми крвари...вервам во љубов и можи еден ден ќе ја имам..важно станав појака психички и свесна дека сум сама,ама поквалитетно да си сама,отколку со некој и несрејќна.... :envy:
     
  20. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски

    Не знам колку ќе успеам да ти помогнам со советот,сепак имам само 16 години и не сум зрела за да давам совети на вакви озбилни теми.Сепак сакам да ти кажам дека во животот мора да постојат и добри и лоши моменти.Сигурно морало така да биде и ти тоа не можеш да го смениш.Како што викаат ВО СЕКОЈА НЕСРЕЌА ПОСТОИ СРЕЌА.Тој ти бил само лекција и ако ти си очекувала дека е баш тој "Принц на белиот коњ" , како што ние женските знаеме да фантазираме :) Мораш да продолжиш напред очигледно дека тој не те заслужува.Не е ни прв ни последен.Сфаќам дека ти е тешко ама веќе мораш да ставиш крај на ова.Доста се мачеше.Искачај,труди се да се забавуваш,поминувај време со најблиските .. верувја ќе ти помогне тоа :)
     
    На Skromna му/ѝ се допаѓа ова.