1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Раскинавме поради сексот

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од jelena8, 8 јули 2014.

  1. jelena8

    jelena8 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Незнам дали ја има темава, ако ја има delte веднаш :D .. Значи имам 15,5 години и со бившиот бевме заедно 10 месеци и се беше океј додека не ме праша да му дадам. Го одбив бидејќи не бев спремна а и мислев дека ми се проблем годините.. После тоа почна да се понаша ладно, да ме игнорира, лајкови на други девојки, навреди итд.. Му раскнав и после тоа кажал на другарка ми као не ме сакал, не сум го возбудувала ( не е пробелем до мене, физички сум во ред, имам снимено и реклама пред 1 година).. И оттогаш многу мисли ми се вртат низ глава, мислам дека главен разлог за крај е затоа што не му дадов.. ваше мислење/совет? Благодарам <3
     
  2. frose1

    frose1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    35
    како прво си мала како второ не те сака како трето не ти треба таков.
     
    На Anushka555, celineparis, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    195
    За секс имаш цел живот пред тебе, дете си уште, ајде пушти го нека си го бара од други. Ја поздравувам оваа твоја одлука, искрено, по што многу од девојчињата мислејќи дека неможат без дотичниот прават се и сешто да го задржат, за потоа да сфатат какви се глупости направиле. Глава горе, мажи се раѓаат секој ден, жените не се створени за да ја исполнуваат секоја нивна желба. Очигледно, дечкото бил сигурен дека ќе МУ ДАДЕШ, па затоа сега со муабетите наоколу сака да се одбрани, но како и да е, ако не си го возбудувала и не те сакал тој тебе ќе ти раскинел а не ти нему. :clap: :clap: :clap: :clap: :clap: :clap: :clap: :clap:
     
    На celineparis, cresa-jagoda, Tikvice и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. lobenickaa97

    lobenickaa97 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    38
    леле девојко соземи се тој не те сака идев и јас така со еден мој бифши еден месец и ми побара и јас сум како тебе 15,5 год и знаев дека ме сака откако го одбив за односи ми раскина и сега кога имам нов дечко му дадов од љубов а бифшиот ме бара на телефон стално ми врти ми вика да се видеме (тој што ми раскина за секс) значи крени ја главата горе и ќе видиш дека он самиот ќе те бара :!: со среќа :P
     
  5. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    НЕзнам зошто бараш совет кога си свесна за се. Дечкото сакал секс и кога си го одбила почнал да се игнорира. А ако си му дала пак ќе те игнорирал затоа што веќе немало да му бидеш интересна. Мој совет знаеш дека си мала почекај уште 2/3 години. А ако сега му даде по некое време ќе сфатиш дека си згрешила.
     
  6. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Прво незнам како се дрзнувате да судите дали ја сака или не, и дали ќе било вака или онака доколку му дала. Прво, годините не се мерило за секс, доколку имаш желба и потреба да го направиш тоа зошто да не, јас не гледам ништо толку страшно во сексот ако тој се практикува правилно и со заштита.?
    Незнам зошто сексот е толкав баук и во 21 век и зошто ако некој има желба и потреба да не го направи тоа.
    Баш би сакала да слушнам аргумент зошто сексот не би бил полезен за една млада особа,секако со соодветна особа а не некој кој што може татко да и биде. Според мене сексот може да делува позитивно но само доколку се превземат мерките за заштита за да се ужива во сексот а не да се тресе секој месец дали ќе добие или не.
     
    На Anne15 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    4.124
    Пол:
    Женски
    ^Се дрзнуваат да кажат дека не ја сака затоа што е навистина така. И на 15,5 години не можеш за некој да речеш дека е вистинскиот. Луѓе се во брак по 30 години па ќе се разведат, очи нејќат да си видат, вистинскиот на 15 години. Како не. |( Да ја сакал ќе ја чекал и немало да навредувал и да се понаша како што се понашал. На тие години 10 месеци е многу малку. Особата е во овој случај премлада.

    Мала, во право си што си го шутнала, таков не ти треба. И самата според напишаното можеш јасно да си видиш како стојат работите. Оф мила, ако не си го привлекувала тој не би ти ни побарал, нели? Сега па сака фраер да се направи. |( Претпоставувам постар е од тебе, може накај 17-18 години кога многу од машките сакаат само да легнат нешто и се однесува како недозреано дечиште.
    Мој совет и мислење е да не трчиш да се впуштиш во односи уште сега, да си почекаш со некој кој знаеш дека ќе те цени, кој не би те навредувал туку би те третирал како што треба.

    Никогаш не си дозволувај да дојдеш до степен кога би кажала "да му дадам". Сексот не е нешто кое ти треба нему да му го дадеш, треба и ти самата да имаш желба, која ти овде е очигледно дека не си ја имала.
    Поздрав за вистинската одлука што си ја направила :hai:
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Несакам да ти судам, бидејки секогаш сме најдобри судии кога треба на друг да судиме нели ?
    Секој си ја знае својата тежина...
    Но еден совет од мене - штом поради тоа ти раскинал и уште по твои другарки лае не ти го треба сигорно сакал само тоа да го добие од тебе...
    Млада си животот е пред тебе слушај што ти зборам еден ден ке се смееш во кој се си била заљубена , кога ке ја најдеш вистинската особа ке знаеш
     
  9. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    А, зошто да чекаш само за да го имаш првиот однос со „вистнскиот“ кога таков ниту постои ниту може да се препознае. Дури и на 30 години кога си доволно возрасна за некој да мислиш дека е вистинскиот а всушност да се зезнеш како тинејџерка. Има милион примери каде се зезнале и се омажиле за идиот, а камоли ќе го познаеш дали е вистинскиот или не уште во врска.
    Јас мислам дека нема потреба да се оптоваруваме со тоа дека првиот пат треба да биде со некој посебен а никој незнае да каже како да се препознае тој посебниот, бидејки кога си заљубена тој е за тебе посебен и мислиш дека таа љубов ќе трае вечно, инако зошто би била со некого ако не е посебен и ако не го сакаш најмногу на свет.
    Сексот треба да се свати како нешто кое ти нуди едно убаво чувство и треба да се ужива во сексот, доста е со тие застарени сваќања дека требало да биде вистински и дека треба да те земе тој што ќе ти биде прв како пред 100 год што било, или дека машкото е ок да има многу партнерки ама за жената е срамота. Е, сега ако речете дека нетреба да заврши тоа со брак, тогаш каде е тука посебноста на тој човек, нели е тој вистинскиот? Велиш ако те сака ќе те чека, ај ти не му давај на дечкоти цела година па тој нека те чека држејки те за раче. Ако не си доволно зрела за врска со сето она што го подразбира една врска нетреба ниту да влегуваш во таква врска.
     
  10. Aurora05

    Aurora05 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    25
    Јас бев во врска со еден таков,незнам ни нештото дали можам да го наречам врска. :tmi:
    Неколку пати му имав кажано дека сум невина и дека нема шанси да му дадам,едноставно знаев дека тој за мене вистинскиот,ниту пак тој дека ме сака.
    Кога му кажав дека нема шанси да имаме односи тој почна многу ладно да се понаша со мене не ме викаше ни за на кафе,ниту пак за да се видиме а да не спомнувам излегување за викенди по дискотеки.Koга ќе му речев да одиме некаде ми викаше дека му било досадно,а секој ден беше излезен со другари,а мене ми забрануваше никаде да не одам :x :x :x ..Батали нема врска.Му раскинав,ме молеше некое време да се смириме ама несакав,едноставно ми одмил типов ме наверудваше ваква си таква си.Се извинувам што ќе наведам пример викаше дека албанките биле посовремени од мене,сум била како некоја девојка од 16 век.
    Мала си девојче зошто ти е,раскини му.Прво не си доволно развиена за да имаш секс,ти сеуште се развиваш.И тој ако навистина те сакал,ќе те чекал ;)
    Знам дека повеќето ќе речат дека нема сега такви што би чекале некоја,но јас ќе речам и тврдам дека има од личено искуство кажувам. ;) Тој тебе не те сакал,ниту пак некогаш ќе те засака битно му било да те искористит,да има секс со тебе а во меѓу време да се гледа можно било со уште 10 други,затоа батали го не е тој за тебе.Не сакам да ти судам ама ти кажувам мене како ми беше и доста ми е познато нештово :)
     
  11. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    4.124
    Пол:
    Женски
    Може не постои тој вистински, ама сигурно па не треба он да ја вреѓа и така да и прави. Колку што разбрав јас, таа ни нема желба да го направи тоа, ако го направела би било само од причина да му угоди нему. И не велам дека треба да и биде прв и последен, секој како си сака, туку малце барем да ја почитувал. Овде е кристално јасно што он сака.
    Кога навистина ќе има и женското желба, нема да мисли колку време се заедно, дали е доволно возрасна и дали сака да го направи тоа. Ќе знае ;)
    Друго е да немам односи со дечко ми на 15 години и друго е на 19. :fubar:
    Најарно според тебе уште на 13, со првиот кој наиде нели, зошто да се чека? :?:
     
  12. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    А, зошто мислиш дека е нормално да имаш односи на 19 а не на 16? Годините не се мерило, бидејки очигледно е дека таа е полово зрела особа и единствена пречка и е психолошката пречка нели според одредено општествени норми е неприфатливо да девојка има односи на тие години. Јас не се ориентирам според годините туку според личното чувство дали некој сака да има односи или не, неоптоварувајки се со тоа дали е некој вистински или не, туку да судиш само по тоа, дали го сакаш во моментов, и дали сексуално те привлекува се останато е небитно. Ниту пак велам дека треба да му угоди неко, туку само доколку она чуствува потреба.
     
  13. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    А што знае дете, да дете, од 15 години за општествени норми, лично чувство, сексуална привлечност и секс воопшто? :D На тие години единствено што според мене е нормално и најблиску до некаква форма на "дечко" е симпатија и еден бакнеж во неделата, а не секс.

    Тоа што сите и велат дека добро постапила и дека е мала за секс не е заради тоа што ние имаме застарени мислења или зашто постапуваме онака како што ни налага општеството, туку затоа што таа на 15 години е дете и превенствено нејзиното тело не е се' уште доволно развиено за да се впушти во односи. А да не збориме па колку е психички спремна. Јас имав во средно другарки што на 15 години прв пат добија менструација, а ти ми збориш дека секс треба да се има на тие години.

    Ама добро, секогаш ќе се најде некој либерален од иднината што ќе дојде да не' просветли нас затуцаните што се' уште живееме во првобитна заедница.
     
    На linguaragazza, Lovely93, Gea и 7 други им се допаѓа ова.
  14. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    До некаде и ти си во право само што да те потсетам дека ова не е Америка каде што е нормално на 15/16 години да имаат односи и за тоа нормално знаат сите ама таму нема осудувања и слични работи тоа е нормално прифатено. Ова е Македонија! Значи девојчето има 15 години и таа е сеуште дете. Како може од неколку месеци врска да знае дали тој е вистинскиот? Значи еднаш во животот си невинаи ако таа на 15 години залета во облаци и му даде по 2/3 години кога ќе биде полнолетна и ќе си го најде вистинскиот многу ќе се кае. Јас не велам дека треба да се чува невина до брак или првата брачна ноќ да не се разбереме погрешно ама што и е рано рано и е. И не го набедувајте девојчето на такви работи. Да речеме ќе му даде и по некое време ќе раксинат и дури тогаш ќе се кае и ќе си ја удира главата од ѕид. Ова ми го имаат кажно многу девојчиња што на 15/16 години имале секс и откако ќе раскинат викаат многу се каам. Во ред е ако има желба и потреба но се во свое време. Друго размислување има таа сега на 15 години а друго на 18. Јас имав врска од една година и неколку месеци па не се осмелив да го направам тоа. На крај раскинав од други причини. Значи ако го направев 100% сега ќе ми беше криво. Затоа не ја лажете девојчето.
     
    На lovemme му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Јас сум мајка на 15 годишно девојче ја оставам сама да одлучува за се па дури и за врски иако колку што знам имала еден мувач како ли ги нарекувате и ништо повеќе. Е сега гледајќи ја нејзината (не)зрелост не е способна да расудува правилно (според мене). Во моментов љубопитноста е најголема што значи! Девојче од 15 години не се залетувај, а и вие што ја охрабрувате размислете малку, како што вели Еловес (И не го набедувајте девојчето на такви работи.) И најважно од се физички не е дозреана за сексуален однос.Блебетам можеби според вас ама тоа е моето мислење како родител.Има време за се, уживајте го животот сега затоа што не знаете што ви носи понатаму ,не е се мед и млеко.
     
    На Hipica, eloves, SV1911 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Еве јас имав на 16 ипол по 9 месеци врска,потоа се разделивме кратко од х причини и многу се каев,мислев го доби тоа што го сакаше и ме батали...ми требаше 2 месеци да се совземам,но(за среќа ) се смиривме и продолживме...сега сме во брак 4 г и имаме две синчиња
    Да не бевме заедно пак сигурно ќе се каев цел живот и ќе бев разочарана...
    Девојчиња,спред мене сексот е интима ,битно и свето нешто-НЕВИНОСТ и неможе било кој да ја има и да си игра со неа и мене!
    Не велам секс пред брак да немате но да размислите пред да се разочарате и да тргнете по лош пат
    Барем по 18 год кога ќе го поминете пубертетот и љубопитноста
    Да го направите со некој кој ве сака и почитува
     
  17. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.337
    Допаѓања:
    51.761
    Пол:
    Женски
    Времето не е показател за квалитетот на врската помеѓу двајца, туку колку таа врска е сериозна. Со некого може да си сто години заедно и пак да мислиш дека не го познаваш доволно. Важно е личноста со која си да ги разбира твоите потреби, ставови и мислења, па дури и стравови и обратно, без да се наштети на самата врска. Кога ќе си емотивно зрела, тогаш ќе бидеш и физички. Ако дечкото неможе да те сфати за сексот, за што друго ќе има разбирање? Некои работи одат во пакет, така да ич не му се секирај. Ако навистина те сака ќе те чека до моментот кога ќе си спремна, без да врши притисок на било каков начин. Не е само сексот во прашање, ќе му удоволиш нему, но дали ќе се чувствуваш почитувана и сакана, зависи од тебе и како ќе се поставиш. Раскинавте, се чувствуваш мизерно, но ќе помине за брзо време, а на сметка на тоа ќе имаш чиста совест. Замисли да му дадеше и пак на крај да те откачеше.Не се замарај главата горе, сигурно ќе најдеш некој што ќе е достоен за тебе. :)
     
  18. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.529
    Допаѓања:
    59.333
    А ти сигурна си дека убаво прочита што напиша девоjчето?
    Врска не е само за секс, посебно не на 15 години. Со таквите тинејџерски врски се расте, се учи за животот, за луѓето, за карактерите, сексот тука нема никаква улога. За да некоj се одлучи на таков чекор мора да е психички готов пред сѐ, затоа што не е тоа мала работа, барем не за повеќето.

    Jелена8, убаво што си му раскинала, сега може да те оговара колку сака, ама ич да не ти чуе. За сѐ има време, битно е твоето мислење.
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Значи еве ќе му дадам совет на девојчево, темава ме заинтересира заради различните мислења но не би сакала да навлегувам.

    И јас го имав првиот секс така порано на 16 години негде со дечкото со кој се уште сме заедно. И тогаш да се случи непланирано, хормони, МИСЛЕВ спремна сум, не знам што.. Сега сфаќам дека не сум била спремна и не знам зашто толку рано му дадов.. После тоа подолго време немавме однос ради х причини приватни и дури пред некое време јас се осетив спремна, не знам некако психички спремно го праам. Затоа немој, можеби еве ко мене ќе ти текне дека Само си Мислела а не било точно.

    Јас не се каам за направеното затоа што многу го сакам, ме сака и тој мене, и после тоа и тој страв дека ќе ме шутне ако му дадам, ние се уште сме заедно,ми го докажа тој спротивното. Сигурна сум со него и знам дека не ме користи за секс да добие. Но само ми е криво за тогаш што го напраив толку рано, што не почекав, што сум се лажела себеси дека сум спремна, само за тајмингот се каам, а за направеното не.
     
  20. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Значи и јас имам 16 години имав врска од 1 година и неколку месеци и како што кажав раксинавме од друга причина која немаше врска со секс. И сега ако јас нему му дадев најверојатно сега ќе се каев. Pepelaska25 незнам колку години си ама твоите размислувања не ми се свиѓат, извини вака. Секој си има право на свое мислење и да се искаже и ок е тоа и го почитувам твоето мислење ама дека не си во право не си. Значи 15 години е уште дете поточно тинејџерка. Тинејџерските врски може да траат 1 или 2 години ама може да траат и 2 дена или 5 недлеи неважно. Ама откако ќе го направи тоа и раскине ќе се јаде самата себе зошто го направила тоа и ќе се чуствува искористено. И ретки се врските каде што на 16 години биле заедно и подоцна на 20 или 25 се земале и имаат деца. Има и такви врски и секоја чест ама многу ретки. Важно е ако девојче од 15 години го направи тоа сега по 2/3 години кога ќе биде вистинско време за тоа кога ќе запознае некој и ќе има сериозна врска многу ќе се кае тоа е сигурно. оти секоја девојка е еднаш во животот невина и не сметам дека треба таа невиност да ја изгуби со било кој. Една девојка поинаку рамзислува сега на 16 години а поинаку ќе рамзилсува на 19 години тоа е јасно.