Еловес браво за размислувањето. Пример со керка ми. Ме праша пред да се мува за прв пат, Мамо дали да отидам ? Твој избор и одговорив. Одам не одам за да отиде да провери што е мување (иако не го разбирам зборот). Се врати и ја прашав како беше! Онака одговори за да момчето не и се јави 2 дена , не патеше. кај неа беше само радозналост. Потоа ја побара таа го одби. Сега ја прашувам, имаш ли дечко? Таа вели ! Што ќе ми е за да ме нервра..............Крај на муабетот. Девојчиња па и ќерки животот е пред вас уживајте во секој миг.
Полово ЗРЕЛА особа? Од каде тоа зрела? Едвај се запознала со месечен циклус, па ќе имала желба за односи, па дури и да има желба пред се таа физички не е способна за секс, иако веќе навлегла во пубертет. А камоли психички, па таа уште е дете и не размислува толку многу за последиците што би можеле да настанат од таа нејзина "желба ". Не дека треба да го бара или чека принцот на бел коњ али се во свое време. Како тоа неоптоварувајќи се дали некој е вистинскиот? Дали го сакаш во моментот и дали сексуално те привлекува? Значи може и два дена да го знаеш типот но ти го сакаш во моментот и сексуално те привлекува и ти ќе дозволиш, ќе имаш секс? Навистина јас лично се зачудив од ваквото размиалување, морав да прокоментирам.
Девојчето на почеток на потот кажа дека НЕ Е СПРЕМНА за односи и крај. Што е сосем логично. Еден куп девојчиња незнаат каде им влегува а од каде мочаат и си мислат дека е истиот отвор и после биле спремни за секс аха да ( се извинувам на изразиве)
Vaka bev vo vrska so eden decko od moeto skolo.Nema nekoja golema razlika vo godinite no na deckoto ne mu bese dojdeno do ljubov tuku do seks,a seuste sum mala za takvo nesto..Mislam deka dobro postapiv no sekogas koga kje go vidam custvuvam omraza kon nego,a koga kje go nema na skolskite klupi go baram za da go vidam.....neznam sto mi se slucuva.. :/
Девојче не си го отежнувај животот со вакви работи. Ти се допаѓа некој, нормално е за твои години ама и сама кажа дека тој бара секс а не љубов. А и ти на 15 години неможеш никому да подариш искрена љубов. Освен тоа ако прифатиш да имаш нешто со него, сега не можеби не ама по 2/3 години кога ќе запознаеш некого кого навистина ќе го сакаш верувај ми дека ќе ти биде многу криво затоа што денес си дозволила некој да те искористи на ваков начин. И самата си свесна до што му е дојдено и дека си мала а тоа што ти се случува ќе помине како и се друго во животот.
Девојче имаш 15 ипол години. Опрај се. Ти ќе му дадеше и он пак ќе станеше ладен, ако те сака само заради тоа. Што мислиш како ќе ти беше тек тогаш?!
Имам прашање - мајка, Вие уште незнаете што е МУВАЊЕ? и би искоментирала на она - кај неа беше само радозналост- значи факт е дека многу девојки почнале со сексот од радозналост..... Јас баш сега се замислив (немам дете сеуште), ама замислувам ситуација- као, што правиш? еве ја чекам керка ми, отиде да се мува со некој дечко... WTF!!
Мување, поправете ме ако грешам, ама во "мое време" беше бакнување со некој кој не ти е дечко. Не стануваше збор за секс во никој случај, или сега генерациите го однеле мувањето на сосема ново ниво.
Сега е мување и после во вц , кола или некоја грмушка една партија - две и после дома на спиење или дота играње.
Зависи од годините, кога си осмо (или барем кога бев јас) тоа беше, се бакнувате во диско или доле на клупи на кеј и после цела недела на кафиња ти гледаат дека пак ќе се мувате. А сега веќе кога сме така троа 10тина години постари, мување скоро секогаш вклучува и секс со партнер со кој ОНАКА се гледате, а официјално не сте во врска. А на страна од тоа е она ЗА ЕДНА ВЕЧЕР. Значи разликата меѓу мување и за една вечер е што мувањето може да биде повеќе вечери ама не сте во врска Мислам... тоа е тоа.. дебилно колку што и звучи.
Не ми беше целта да ја претврам дискусијава во дефиниции за мување.коментарот ми беше саркастичен зошто не ми е сфатливо мајка и керка да разговараат на тема муванје исто како на тема врска. да се мувам мамо или не???
Ау извини, а што треба да се крие? Па јас како мајка еден ден би била среќна ако ќерка ми дојде со мене да поразговара за дечковци, за секс, за сите тие работи него да чита по форуми или другарките да и даваат глупи информации. Или да бара совети за дали да има секс од непознати како девојчињава тука. Госпоѓата кажа дека ќерка и има 15 години, нормално е веќе да ја интересираат тие работи, не знам што толку те шокираше.
Прашав за да знам што им означува сега терминот на младите. Значи пред 10 години на нас ни означуваше бакнување со дечко кој уште не те прашал дали ќе се фатите. Девојчето на Далерон е 15 години како што разбрав. Така да ако е бакнување, јас не гледам ништо лошо што и кажала на мајка и. Сигруно дека веќе во тие години ќе ги искусат првите бакнежи сметам дека е позитивно тоа што може да разговора со мајка и за тие искуства. Се сомневам дека ако отишла да се секса мајка и немало да ја исплеска.
[/quote] Зависи од годините, кога си осмо (или барем кога бев јас) тоа беше, се бакнувате во диско или доле на клупи на кеј и после цела недела на кафиња ти гледаат дека пак ќе се мувате. А сега веќе кога сме така троа 10тина години постари, мување скоро секогаш вклучува и секс со партнер со кој ОНАКА се гледате, а официјално не сте во врска. А на страна од тоа е она ЗА ЕДНА ВЕЧЕР. Значи разликата меѓу мување и за една вечер е што мувањето може да биде повеќе вечери ама не сте во врска Мислам... тоа е тоа.. дебилно колку што и звучи.[/quote] само што сега во повеќе случаеви кај повозрасни значи и секс без обврски .... фактички се гледат се како пар ама не сте пар
Зошто да не ти е сватливо? Ако ти немаш блискост со својата мајка јас со ќерка ми имам. Ја следам неприметно во секој нејзин чекор, јас како мајка ако не знам, можеби комшиката знае. Нема потреба од саркастичност. Овие теми беа табу во мое време, јас се сум криела зошто моите немале разбирање. Било што да се случи сигурна сум дека мене ќе ми се обрати , а не секаде да прашува дали сум трудна од предсемена течност. Кога ќе имаш дете немој ништо да му кажуваш во врска со сексот, нека учи од форуми, другарки, роднини, а ти биди конзервативна оти за тоа не се разговара Нели?!
Или уште полошо кога и од допир со прст преку гаки остануваат трудни Другарка ко другарка ке и кажеш и утре задутре ке разгласи на цел град.Незнам како повекје им верувате на пријателките отколку на мајка ви.И тоа што некои не сте блиски со мајките самите сте си криви,затоа што ги правите смотани и прости а за себе мислите дека сте мн модерни и паметни. Фала богу имам керка и уште од сега си градиме однос во кој сме отворени и блиски иако е малечка.И имам дадено до знаење дека на мене како ма мајка може апсолутно се да ми каже.
Претпоставувам сите знаеме дека живееме овде а не во Америка или барем некоја европски цивилизирана земја. Ставот на родителите е крајно ригиден и одговорот е секогаш еден те ист. Ти си мала немој ни да си помислила на тоа, барем не до свадба. Или во поекстремни услови се применуваат и санкции. Значи, да не се лажеме и да глумиме европејци кога не сме такви. Јас мислам дека младите треба сами да се информираат, за тоа имаат многу извори за било која област да ги интересира, ако се обидат да разговараат со родителите ниту ќе научат нешто туку само ќе ги стават под уште поголем надзор. Еве јас да ги прашам оние мајки кои рекоа дека ќе разговараат со своите ќерки, дека ќе им биде драго да ги прашаат.... И, тоа до тука завршува. И, што ќе им кажете, ќерко слободно ти клецнисе, ич гајле да немаш? Претпоставувам не, туку одговорот ќе биде ти си уште мала за тоа, треба да учиш да завршиш факултет бла, бла, бла демек ако има односи ќе и пречи во учењето? Значи тоа е само губење време и ништо повеќе. Мислам дека сексот е многу едноставна работа и децава не дека незнаат како да се заштитат туку свесно влегуваат во ризик. Многу повеќе децава знаат што е кондом, анти беби пилули, или апче ден потоа отколку мајките и затоа мислам дека нема потрба да влегуваат во непотребни дискусии. Ајде некоја мајка нека ми појасни што ќе и каже на ќерката која сака да има однос? Ако е доволно либерална, ќе и каже да користи кондом, што чисто се сомневам, или ако е забегана мајката може и ќотек да и удри. Незнам како го замислувате воопшто тој разговор повеќе од кондомот, што ќе разговарате понатаму? Ќе и кажете која поза е најдобра, ќе и објасните што е орален секс, ќе разговарате за анален, како да не ја боли, ќе и кажете како и од која страна се мести кондомот....? Значи разговорот завршува во најдоар случај до користи кондом и тоа е тоа. Точно е дека нетреба да зборуваат со другарки или да им се доверуваат, но разговорот со мајката за секс е тотално промашена работа и барем во наши услови нефункционална. Исто околу годините не би се сложила дека јас или било кој од вас може да одреди кога некому е време, па така на 15 било рано на 30 касно. Никој неможе да одлучи во туго име, исто како што сите на иста возраст не јадеме количински исто исто така имаме различна потреа за секс. Некоја од вас рече дека за секс го имате целиот живот? Кога ќе дојде на 70 години нека пише дали ќе и се сака или ќе ја врти реума, асма, аритмија... Исто така не би се сложила дека младиве се неинформирани, тоа што овде има дебилни прашања понекогаш не е до неинформираност туку ете некој нема попаметна работа па се зеза со нас или поточо со оние кои секогаш сериозно ја свакаат работата па пристапуваат со сочувство, подршка и сериозни одговори на прашање кои од авион се гледа дека се патки. Инаку да се разереме, јас сум во години кај и да е треба да станам мајка, но само пишувам искрено, а не да би им се допаднала на лугето и да добивам лајкови, или ѕвездички, јас тие децки болести ги надминав одамна, сакам за работите да разговарам отворено, без оглед дали некому и му се допаднал мојот став или не.
Кој рече дека ја сум против отворен однос меѓу мајка и керка? Баш напротив. Ајде прочитајте си го постот погоре повторно. Значи керката ве прашува да оди ли да се мува или не, а вие сте и одговориле '' ТВОЈ ИЗБОР '' !!! Сметате дека тоа е вистинскиот одговор на тоа прашање?? Демек сама да донесе одлука дали да се мува или не...И како она д аодлучи кога нема појма што ја чека и нема претходно искуство?? И девојчето искача од дома срекна, супер, мама ми дава да се мувам , многу ми е гајле дали ке ме види комшиката, професорката или мајка на другарка ми. Мене мама ми дава да се мувам Кога веке сте толку отворени, зашто не сте и рекле: мила, знам дека си радознала како тоа изгледа, чекај мама да ти каже. Па да споделите некое искуство ваше или од вашата околина од типот: дечкото може ке сака да стави рака во твоите гакички, може ке сака да ти ги бакне градите, може ке сака да седите на клупа во секс поза, ако е постар може ке сака со кола да те повози до Водно, па да те пипка по ножето. Да биде спремна што може да и се случи. Да ја спремите малку повеке и за не толку розевата страна на животот. А не- Твој избор ! Незнам, мене ова ми е многу дебилно, зашто мувањето е нешто што мене лично не ми се свига. Многу убаво знаеме какви муабети кружеа за девојките кои се муваа постојано со различни дечковци уште од 8 одд. Едноставно , мувањето не ми е некој чекор за кој 14-15 годишно девојче треба да добие охрабрување од дома. Домот е место каде личноста треба да учи на морал, а не на постапки кои би можеле да и нанесат разочарување и потсмев од околината. Како што пиша и девојката над мене, не е ова Америка. А и убаво го објаснила моментот со разговор мајка-керка на тема секс. Да не се повторувам, се слагам.
Дали овде на форумов треба да напишам од А до Ш во детали за вие да разберете. Тоа „Твој избор“ не излезе лесно од мојата уста, меѓутоа ако таа решила да оди, а јас и кажев не може, е тогаш ќе створи отпор спрема мене и ќе ме лаже. Што е подобро да биде искрена и отворена или да ме лаже? Е мили мои, кога ќе бидете родители тогаш можеме да дискутираме на оваа тема, а до тогаш нема да коментирам повеќе.
Daleron, Па нели ќе разговараше со своето дете, зошто не и ги кажа оние работи кои ги спомна newring86, да и објасниш што ја чека, а не само Твој избор, и завршен разговор. Не е оправдување ќе створела отпор и ќе се криела, за да не створи отпор треба да седнеш и да и опбјасниш во што се мувањето може да се претвори и на што се машките се спремни само да ти се пикнат во гаќи. Лесно е да кажеш ќе разговарам за секс со моето дете, ама оди направи го да те видам ако мислиш дека е толку чесно.