1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Раскинавме поради сексот

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од jelena8, 8 јули 2014.

  1. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Се согласувам со Далерон дека отворен пристап и градење на доверба меѓу мајка и ќерка е многу подобро отколку информирање наоколу. Секако дека мајката нема одма да рече - оди ќерко имај секс и крши глава, но може да даде свое мислење, совет (меѓу другото и за контрацепција). А не се согласувам дека денешните генерации се нешто многу информирани, да беа, немаше само темата Дали сум бремена да биде толку активна, туку и темата за Апче за ден потоа (по мене уште пострашна).

    Плус, тука не станува збор за западни принципи или не знаш што, туку за однос што се гради со родителот - ако мајката се потрудила да створи близок однос, браво за неа. И мојата мајка така ме растеше (и да, дозна кога го имав првиот секс, секако не детали, туку знаеше дали сум сексуално активна) и се надевам и јас ако имам ќерка, дека ист таков одмос ќе имаме, и дека за се што ја интересира ќе ме праша прво мене, а потоа фемина, сегашнава или некоја идна верзија.

    Додаток, да не изигравам адвокат, но верувам Далерон многу повеќе рекла од "Твој избор", а ако ги предочила дугите моменти, секогаш на крај се сведува на избор.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    darcy Што на пример би разговарала околу заштитата, ќе и кажеш користи кондом и крај на приказната, така? Сигурно ни мајкати не навлегувала во детали, а верува дека ни ти не би можела со своето дете како со другарка да разговараш во детали. Сигурна сум дека и за сексот мајкати сватила а не дека ти си била отворена и си и рекла, мамо јас синоќа имав секс.
    А, ве молам објаснете ми што би разговарале со вашата 15 годишна ќерка околу заштитата и дали би одориле вие секс? Секако не, би рекле да почека до 18, а на 18 сигурно нема да и бидат потребни вашите совети. Темите се полни затоа што лугето и си измислуваат ситуации а не ради неинформираност, младите не се глупи да незнаат дека треба да користат кондом, но со кондом не било исто како и без кондом нели? Во тие години сите се експерти, и го сакаат ризикот колку и да ги учите вие тоа нив не им влегува во глава.
     
  3. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Pepelaska25 зошто мислиш дека мајката не треба да разговара со својата ќерка за сексот и се поврзано со него? Почнувајќи од бременост, контрацепција, болести и се со ред...
    Баш поради ваквиот став дека "младите денес знаат се", оти нели сме 21 век и СЕ ИМА НА ИНТЕРНЕТ, младината ни е неписмена, има многу случаи со несакана бременост и СПБ...

    Мојата мајка имаше многу отворен и директен начин ми објасни многу работи, почнувајќи од менструацијата, сексот, бременоста, СПБ и сите останати работи поврзани со половото здравје.

    Секоја млада девојка од моментот кога ке добие менстуација, треба да знае зошто всушност добила, оти подоцна ни е чудно зошто некои сеуште се убедени дека ги донел штркот.


    И да, јас и кажав на мојата мајка дека имам сексуални односи, а таа само кратко ми одговори -Веќе си голема девојка, а јас мислам дека на време ти објаснив се што треба да знаеш...
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    jovanovska94 Искрено не очекував барем од тебе да го слушнам ова, затоа што и самата знаеш дека не е така, но незнам дали себе или останатите се обидуваш да ги убедиш во идеалноста на вашиот семеен однос? Но твоја работа е кој пат ќе го избереш, дали глумата или реализмот, јас го бирам она второто и го прифаќам ризикот дека нема да бидам идеална во вашите очи.
    Искрено мислам дека се крева преголема фама за една работа која што е сосема нормална и си доага сама од себе. И само едно прашање доколку смеам да си дозволам цитирам:
    Секоја млада девојка од моментот кога ке добие менстуација, треба да знае зошто всушност добила
    Ти ова навистина го мислиш дека сите мајки знаат зошто воопшто добиаат и што се случува со нивниот организам? Јас мислам дека многу и образовани мајки поима немаат, и неможат себеси а камо ли на децата да им го објаснат, освен дека од тој ден стануваат жени.
    Околу половите болести, освен кандида, мислиш дека за друга поголемиот број мајки знаат? Јас тврдам дека не, а за начинот на пренесување уште помалку.
    И, дека си дошла и си и рекла на мајкати, мамо јас имав секс, тоа кажи го на друг немој мене, сигурно ќе те здрвела од ќотек на тие години да си и кажала дека имаш односи.
    И за крај би сакала да ми одговориш, дали ти требаше мајкати да ти каже да користиш кондом или сама го знаеше пред тоа, ти благодарам за одговорот.
     
  5. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Всушност, баш и кажав отворено неколку дена откако имав секс. Бев доволно возрасна и не морав, ама едноставно, блиски сме. За детали не зборам ни со другарки, не осеќам потреба, сметам дека тоа е нешто само меѓу мене и партнерот.
    Улогата на мајката е доволно убаво да и објасни на својата 15годишна ќерка зошто е подобро да почека, и да и каже и за можните начини на заштита, и за болестите, бидејќи не е само несаканата бременост ризик, а не да ќути и да моли Бога да не затреба некаква интервенција после.
     
  6. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Pepelaska25 јас не реков за сите мајки, реков за мојата, која всушност е образована.

    Ако мајката не знае, си има стручна литература каде на многу убав, едноставен и опиплив начин, дури и за лаиците е објаснет целиот полов систем кај мажот и жената.
    И, не учите биологија???
    Ама се додека Интернетот каде секој што има пристап може да напише се и се што е извор на информации, ке си имаме ваква младина.

    Јас не убедувам никово во ништо, да се разбереме. Не споменав никаков идеален, туку ОТВОРЕН однос.
    Ако ги отвориме темите за бременост, нема да најдеме мое мислење таму со прашања ДАЛИ СУМ БРЕМЕНА, туку на девојки кои премногу млади имаат активен сексуален живот, па не можат да си дозволат да упатат такво прашање кон мајките нивни.


    И не, немав јас секс и не отрчав веднаш дома да се пофалам, ама секако и реков дека сум станала сексуално активна. И сум била на возраст за која сум мислела дека е соодветна за таквите активности, а мислењето го делела и мајка ми, па немаше никаков ќотек.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Офф
    Дај те молам престани со своите демагогии за нешто што не си поминала, а можеби и нема да доѓживееш.
    Реков дека нема да коментирам, ама ме провоцираш.
    На било кои години советот од повозрасни секогаш е добредојден.
    Не е до неинформираност туку до доверба.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Значи Pepelaska25 немој да се дрзнуваш да коментираш на некој како да си го воспитува детето. Толку ти се плитки размислувањата ме мрзи и да те цитирам. Безобразлук.
     
    На joy1 и Daleron им се допаѓа ова.
  9. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.572
    Пол:
    Женски
    А извини ти мајките шо ги напраи па една основна работа како мензисот да не знаат да ја објаснат ? Од пуста Брезница се симнати ,освен грав да варат никакви други животни познавања немаат ? И зошто би ја здрвила мајка и од кутек за нешто што е сосема природна појава и потреба во определен дел од животот.Или тебе те исплескале па мислиш дека и со другите е така ? И да јас после мојот прв сексуален однос отидов и и кажав на мајка ми па видиш кутек не издов.
    Нема родител особено новиве генерации на родители кои се далеку пообразовани и информирани од повеке области во животот ,кои не знаат еден прост процес на добивање мензис да го објаснат со некој збор повеке од -Керко од денес ти си жена! Не треба да си доктор за да ја знаеш основната анатомија на женското тело за да можеш на детето да му објасниш мензисот дека е резултат на неоплодената јајце клетка која се ствара скоро без исклучок кај сите жени ..Или тебе тоа само ти го рекле коа прв пат си добила па повторно мислиш дека и со остатокот од светот е така.

    И еве јас ке ти одговарам на прашањето што си и го поставила на Јовановска.И МАЈКА МИ И ТАТКО МИ уште пред да станам сексуално активна ,односно од онаа возраст кога сметале дека треба да почнат да разговараат со мене на тема секс ми ги објаснија сите добри и лоши страни на сексот меѓу кои и употребата на кондомот.Не ме остаиле да слушам рекла казала муабети на врсници и на википедија него тоа било нивна одговорност да ми објаснат кога ке дојде време во животот да станам сексуално активна да знам како задрвјето да си го зачувам.
     
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.830
    Пол:
    Женски
    Јас имам скоро шест годишно девојче и сега сум во очекување на второто.Керками иде со мене на сите контроли.Знае од каде ке излезе бебето.Иако е мала знае дека бебињата не се купуваат во продавница и не ги носи штркот.Не гледав причина зошто да ја залажувам со бајки.И ако сега на пет год добива искрен одговор на овие прашања зошто да не ги добива и во иднина?Ме има видено гола,се има бањато со мене и нормално ме има прашано зошто јас имам гради и влакна некаде а она не.И за ова си доби одговор својствен за нејзина возраст без мн мачкање на очите.И влошки знае за што служат.Едноставно она расте покрај мене и колку јас и да сакам да ги одбегнам овие прашања тие си се наметнуваат сами по себе.Затоа и пишав дека од мала градам отворен однос со неа за да кога ке порасне да не и дојдат наеднаш еден куп табу теми.

    Еден ден и темата секс ке се наметне сама од себе.И во зависност КОГА ке ме праша таков одговор и ке си добие.Неможеш на 12 годишна и 18 годишна да дадеш ист одговор.

    И малце е глупо што се осмелувате да судите дома кој каков однос има мегју себе.Ако јас имам отворен однос др може го нема и обратно.Нема тука филозофија голема.Само нема потреба ни од исчудување зошто некоја слободно си разговара со мајка и за интимни раб.
     
    На Daleron, jovanovska94 и Daydream им се допаѓа ова.
  11. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Те критикувал дека си била заостаната, а тој ти бранел да излегуваш. Знаел ли воопшто што сака и што прави тој? Немам зборови, арно си се спасила од него. :x

    Eloves, извини вака ама не можеш ти да генерализираш така и да тврдиш дека сите вистинската љубов ја запознаваат на 20-тина години, а тие на 15-16 се временски одредени врски. Кој ти кажа тебе дека ретки се тие што од врска од тинејџерството не завршуваат со брак? Јас познавам такви, како што познавам и од таа возраст што се во врска а уште не се во брак, но имаат прекрасни долги врски кои е најлогично да завршат со брак (во таква сум и јас), па дури и да не завршат, нема да биде тоа зашто се фатиле уште на 15-16 години, туку сосема друга причина. Нема правило. Ти ако на тие години си имала лошо искуство тоа е само твое искуство, не сечие друго.

    Pepelaska25 нема да ја цитирам бидејќи има неколку мислења во кое едно те исто кажува, но морам да кажам Пепелашке не те разбирам. Сум те читала на повеќе теми, за некои работи си крајно заостаната, за некои крајно „модернизирана“. Крајот не можам да ти го фатам. Сума сумарум, мене ми делуваш на личност која нема свој став во животот ниту пак има живот, само соли памет од страна како мисли таа дека би требало да биде во нејзините замисли. Прости ако грешам, сите несакајќи си градиме слика за некоја личност.

    Конкретно свое мислење не гледам причина да изнесам мислење на темава зашто многу пред мене го напишаа истото што го мислам. Тој не ја сакал девојката и со тоа што го одбила ја донела најдобрата одлука која верувале или не, можела животот да ѝ го смени, на многу полошо.

    Мој совет до сите девојки во слична ситуација, сите сме различни, различно размислуваме и различно созреваме. Ако самите чувствувате дека е време и дека сакате и сте спремни, направете го тоа, дури и да не се одиваат нештата како што сте мислеле барем знаете дека самите сте чувствувале така. Не смее да биде наметнато ни од тоа дека сме 21 век (израз од кој ми се :puke: , божем дотичните кои го користат изразов живееле во сите претходни века па сега ќе ми прават споредби и непишани правила тука), ни од мислењето на другите, а уште помалку од уцена на дечкото. Оној кој ве сака, ќе ве сака и одма да го добие тоа и после подолго време. Не гледам зашто тоа би променило нешто во неговите чувства, оние кои викаат дека менува ги користат чувствата само како изговор и тие немаат чувства. Љубовта не произлегува од сексот, сексот произлегува од љубовта. Барем за мене, за „модерниве дами од 21 век“ не ме занима. Поздрав.
     
  12. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    Ти беше таа која збореше за здрави сексуални нагони, за колку е нормално девојката да има секс на тие години, а тука си децидна дека ако дознае мајката ке те "здрви" од ќотек ?!?!?!? Ајде бе |(
    Ете и јас дома кажав уште утредента, ама не бев "здрвена од ќотек" и ?
    Како и да е, отиде темата во скроз погрешен правец...
     
  13. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    ^ Да се надоврзам и јас на ова. Pepelaska25, викаш дека секоја девојка кога ќе добие треба да знае зашто добила. Според тебе добила за да има секс? Со првата менструација ли се одредува зрелоста за впуштање во сексуални односи? Добила затоа што нејзините јајници се активирале и сега нејзиниот репродуктивен систем е подготвен, но дали тоа значи дека навистина е подготвен за раѓање? Ако треба да знае зашто добила и треба да има секс, дали според тебе тоа значи и бидејќи теоретски е способна за раѓање, треба да роди дете? Зашто нели, треба да знае зашто добила....
     
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Леле господе боже преку глава ми е од вакви теми отворени од некој дечишта веќе ми се гади :puke: мрсули уште му течат па ма 15 години секс прашват дали да имат или не пссссс жива катастрофа :puke: :puke: :puke:
     
  15. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Нереков дека секоја девојка кога ќе добие треба да знае, туку дека о текот на времето сама дознаванекои работи кои се поврзани за секот, како и заштитата. Да, добивањето значи дека девојката е полово зрела за сексуално општење, дали и кога ќе започне зависи од неа, а не кога ние тука ќе и одобриме. Сега ќе кажеш дали таа девојка е психички зрела?
    Психичката зрелост е потребна за да се справи со табуата и стгмите кои постојат а не за самиот чин. Затоа што некои млади девојки самиот прв пат го сметаат за нешто посебно, и може подоцна да дојде до каење, иако јас воопшто не се сложувам дека тој прв пат е нешто посеен. Но ете тоа е некоја наметната стигма и товар кој им се наметнува на младите девојки дека они треба да чекаа, па треба да имат волку или онолку години, додека за машките не е битно т.е колу повеќе девојки толку поголем фраер.
    Затоа многу ретко или речиси воопшто не се случува каење кај мажите а кај девојките е тоа многу често.
    Но како што реков тоа нема да се промени уште многу векови, барем не овде на балканот. Па затоа девојките сеуште ќе бидат во подредена положба, и без разлика дали им се сака или не, ќе мораат да чекаат одредено време за да почнат со сексуалните активности. Исто така сексуалните партнери кај девојката се бројат двојно па и тројно, па затоа се во ситуација девојките после вториот да заборават да бројат, додека машките ако имале 2 девојки кажуваат дека имале 20
     
  16. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    7.314
    :@ Ќе Ве замолам да не ја мешате менструацијата со сексуалните односи и подготвеност. Внуката моја доби пред некој ден,сега ќе биде 5 одд, и не постои жив а ни мртов човек да ми каже дека тоа значи дека физички е подготвена на сексуални односи. :@
    ПС и законот си е многу јасен на таа тема... Сексуален однос со ДЕТЕ до 14 години е сексуално злоставување на малолетник кој нема наполнето 14 години и е категоризирано како КРИВИЧНО ДЕЛО.
    А и дете од 14,15,16 години треба допрва физички да се развива, а камо ли психички.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Lovely93 денес приметив по мислењата дека нешто не ти е денот затоа нема да се карам. Прочитај го уште еднаш тоа што сум го пишала и јас го пишав истото само јас пишав дека тие се ретки врска што значи дека сепак ги има. Јас имав мое искуство кое и не беше толку лошо ама нема да го дискутирам тука оти не е темата соодветна. Значи на 15 и 16 години се уште тинејџети или деца и неможе да знаат дека секогаш ќе останат заедно. Може по некое време ќе сфатат дека е тоа вистинската љубов а може и не ама немора да значи. Значи се е можно. Муабетот ми беше дека 15/16 години е премногу рано за секс. Познавам премногу девојчиња кои го имале првиот секс на 15 и по неколку години 2 или 3 многу се каат без разлика дали партнерот останал или не со нив. Сметаат дека било премногу рано и дека требале да почекаат уште малку. Мислам дека беше во оваа тема да не барам сега ама една девојка беше пишала дека за сексот небиле битни годините. Точно, ама нели мислите дека 15 години е премногу рано? Јас мислам дека да. И немора да значи дека секој тоа ќе го направи со вистината љубов. Работата е да има доволно години за да може да размисли дали тоа е човекот со кој го сака тоа или не оти еднаш во животот си невина и немислам дека невиноста треба да се даде на било кој.
     
  18. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Нема врска дека не ми е денот, најискрено. :) Само се погодија се контра мислења од мене на кои не сакав да замижам, туку сакав да го искажам и мојот став, за тоа сум и на форумов. Се согласувам дека не секој го доживува првото сексуално искуство со вистинскиот, само не се согласувам дека за тоа пресудни се годините. Човек може да биде слеп и на 20 и на 30, од примери го зборам ова за кои не би одела оф топик. На 15 човек е сеуште може дете, паметот му лета, мисли дека се што лета се јаде итн итн, но сепак јас давам поголемо значење на карактерот на човекот. Тој од мали нозе се познава. И јас сум имала можност да се зезнам на 15, не се зезнав, мои познаници се зезнале на 20 и на 30. Заклучок? :) Не значи дека ако фатам дечко на 15 (во мојот случај фатив на 16) треба да чекам да наполнам 20 за да можам да бидам сигурна дека е вистинскиот и дека можам да имам секс со него, мислам се разбираме. Крај краева и да згрешев, барем знам сум го сакала и се случило по моја воља, никој немало да ми биде крив за тоа ако сум сфатела дека сум погрешила. Што ако се чував досега за да сфатам дека тој е тој? Или сме се разделеле додека сум чекала поради друга причина па фатам некој што и нема да ми значи многу ама го направам тоа дека е веќе време и се рачунам себе за доволно зрела? Глупости. :D Јас многу си ја ценев невиноста и колку и да го сакам не бев слепа внимавав од почеток, но не сум ни Дева Марија па кога некого сакам и имаме преубава врска па да чекам заради годините. :D Без љубов дека не би се имам изјаснето и по други теми, така да мислам дека не ми е погрешно размислувањево.
     
    На chicaboom3 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. chicaboom3

    chicaboom3 Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    toa se zavisi od nas kolku sme nie spremni ili ne sekoj toa go gleda na razlicen nacin
    nekoj mu predava golemo znacenje nekoj i ne bas
     
  20. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Lovely93 сакав и да кажам дека девојче на 15/16 години не е ниту развиено како што треба. Моја школска доби за прв пат лани во прва година менструација на 15 години. Што значи се согласувам се е до човек. Ама мислам и ќе продолжам да мислам дека на 15 или 16 е рано. Жално е што повеќето од денешните девојчиња мислат дека се таман ама јас мислам дека не е. Затоа после и прашуваат за тестови за браменост, апчиња и ова тоа. Мислам стварно не е убаво од страна гледано. Плус како ќе реагираат родителите ако дознаат? Пред 20 години го правеле може истото ама колку што знам јас тогаш било друго и веднаш се земале. Тетка ми се омажила на 15 ама мислам дека не била бремена. Јас не викам дека сите треба да се чуваме до првата брачна ноќ, додуша денес никој не се чува и дури повеќето се земаат затоа што девојката останала бремена ама што е рано, рано е. Годините може не се пресудни ама 15 е премногу рано.
     
    На chicaboom3 му/ѝ се допаѓа ова.