Eloves, ако не се лажам имаш 16 години, мило ми е што на тие години размислуваш вака, но сепак мислам дека не си во години кога можеш да тврдиш одредени работи. Не ме сфаќај погрешно, сакав да кажам дека си премлада и тоа што не си сретнала некој што вреди се двата фактори што те прават помалку искусна за тврдење и бранење на став на оваа тема. Точно е дека многу се земаат порано поради бременост, но ако ти лично си слушнала за неколку такви примери не значи дека се земаат само поради тоа. За денешните девојчиња се согласувам, но пак не се виновни годините туку нивното воспитување и неедуцираност, а да се биде неедуциран и незрел може и на 20 години. Мене лично мајка ми ми викаше дека многу сум чекала спрема тоа што иако млада знаев кого имам покрај себе и знаев дека го сакам, а пази според мене воопшто не чекав многу. Но сакам да кажам јас го направив тоа млада со голема доза на едуцираност и со човекот кој го сакав и сеуште го сакам. Да не беше така и да не беше тој можеби сеуште ќе го немав тоа направено баш поради тоа што не сакам со било кој, јас го ценам тој чин. Пак се враќаме на тоа дека кај мене не биле фактор годините и не се, туку моментот кога сум го запознала. Пак ќе кажам, не ме сфаќај погрешно, мило ми е што така размислуваш, но не стои толку цврсто на одредени ставови толку млада, ставајќи темели само на примери од твојата околина. Сум била и таму, знам. Не се ограничувај спрема правила, следи го својот ум и срцето, тоа сакав да кажам. Во превод ако го запознаеш сега и чувствуваш дека е тој, зарем ќе чекаш до 20 години (карикирам)? Тоа ми беше целата поента, за вакви нешта не можеш да тврдиш ништо. Што ако планираш да се случи тоа на 18 а не запознаеш некој што вреди? Ете затоа не се годините на прво место, барем според мене.
Ако сега запознаам некого сигурно дека нема да чекам до 20 но до 18 сигурно дека да. Некогаш треба да помине време за да сфатиш некои работи. Не би сакала да направам нешто за што ќе се каам подоцна. И не реков дека сите се земаат поради бременост но голем дел од девојките кои останале бремени на 15/16 а ги има доста такви останале од што биле премногу млади и неинформирани и мора да се земаат за да го покријат срамот. Се согласувам дека сум премногу млада за да тврдам некои работи ама во врска со сексот мислам дека сум млада и да сум имала шанса да го направам тоа го сакав тој човек (и ден денес го сакам) ама не би, тоа ќе биде погрешно од друга причина која не е соодветна за оваа тема. Во врска со денешните девојчиња годините не се виновни толку ама сепак неможе да очекуваме од девојче кое има 15 години и од 20 годишна друга девојка да размислуваат исто. Сепак некогаш и ти си имала 15 а сега сигурно имаш повеќе спореди ги твоите размислувања од тогаш до сега, претпоставувам дека многу се различни. Сепак како созреваме сфаќаме многу работи и јас пред 3/4 години кога имав 13 и другарка ми беше во врска со 20 годишен дечко мислев дека е ок и и викав ако се сакате годините не се битни ама сега сум строго против тоа и не подршувам. 13/14 годишна девојка со 20 годишен дечко никако, во никој случај. Годините не се фактор за ништо ама јас лично сметам дека секс пред 18 години не е во ред. Кога јас ќе имам на пример 18 години и ќе планирам тоа да го направам ќе можам слободно и со мајка ми да поразговарам и со друг повозрасен за да знам повеќе. А грешка е тоа што денешните девојчиња мислат дека знаат се само затоа што на улица слушнале што е секс, оггазем, подсемена течност и слично а всушност незнаат. Познавам девојче кое има 17 години дали е сексуално активна незнам но таа постојано си тврди дека при првиот сексуален однос неможеш да останеш бремена. Јас мислам дека греши и дека може. Нема врска дали е прв или последен пат.
Ти го прочитав првото мислење и се согласив со него, меѓутоа веќе се и јас изгубив во тоа што сакаш да кажеш. Првин зборуваше едно, еве сега ова не ми е јасно, поддржуваш девојка да има однос кога таа сама да одлучи за тоа? Јас добив менструација во 6.клас и јас сега сум можела да пробам што е тоа бидејќи ете прв пат не е ништо посебно... Одлучи се... или е табу или не е табу. Ако не е табу тогаш зошто мајките отворено да не разговараат на таа тема со ќерките, и тоа не ти се допаѓа, а поддржуваш однос на било кои години? Не, рано ви е девојчиња да размислувате на таа тема кога веќе добиете менструација и дури години подоцна, не од психолошки фактор и од тоа да се плашат од балканскиот менталитет, туку едноставно бидејќи тоа не им е потребно, има време за се, ништо нема да пропуштат. И прв пат треба да е посебен, прв пат е, девојката одлучува со некој да подели нешто што со никого досега нема ниту ќе има споделено. Тоа е интимна, колку телесна толку и духовна врска, таа не се брише, ниту заборава, па зошто тогаш да не се потруди колку што може да биде сигурна дека ќе и биде убав спомен некогаш, а не дека беше под притисок дечкото да не ја остави, тогаш тој не заслужува ниту едно здраво, а не таков интимен момент. Затоа ќе се кае сигурно, а не затоа што чекала посебен момент. И за второто болдирано не се согласувам воопшто! Каква подредена положба? Затоа што не сакале да имаат секс кога тие посакале, па чекале одредена возраст? Не напротив, во подредена положба ќе се самите доведат поради тоа што се сексале кога и да посакале. Види дури ме иритира мислењето бидејќи женското скоро споредуваш со животно, со својот инстинкт кој не треба да го контролираат туку само да го спроведуваат. Не е тука балканот крив, малку разум треба во целата приказна. А и што се однесува до машко, јас исто така не сметам дека е нормално да имаат односи еве пример да речам во исто време кога женското добие менструација, тоа би било некаде околу 10-12 години... Нормално ли е тоа, потребно ли му е тоа?
Пепелашка те читам и се чудам добива на 10 години и според тебе полово е зрела. Бог да чува. Кога ќе имаш ќерка и да добие на10 год. како што се случува во денешно време па тикажи и да се е.. оти полово е созренана, на памет правиш муабет, дај социјализирај се и живеј во денешнината.