1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Раскинување "без причина" и без збор

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од sunfemina, 24 октомври 2012.

  1. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.907
    Пол:
    Женски
    Ќе бидам малку офф, само сакам да искоментирам околу муабетот дека е сосема во ред да си избегаш без збор зашто претходно некои работи не ти се допаднале во врската, а партнерот требало да биде доволно свесен за да воочи. Или пак вие сте играле топло - ладно за да сфати, ама откако не успеало се тешите дека со заминувањето без објаснување ќе сте изедначени. Па добро бе луѓе, постои ли муабет? Не ми се допаѓа тоа кај тебе, ме нервира таа навика, зошто не ми посветуваш повеќе внимание, зошто си променет кон мене, има ли спас за нашата врска, дали сакаш да продолжиме...? Говорот не е залудно измислен. Никој не чита мисли. А тоа што не сте ја отвориле устата за да ги решите проблемите и другиот немал телепатски способности, покажува само дека толку ви било гајле ако врската пропадне.
    Вистината е дека немате муда или пак сакате да изигрувате принцези кои лежат на тоа уво - па него треба сам да му текне.

    Сега да бидам малку он :D . Сум доживеала да ми раскинат не конкретно без причина, туку дека не може да ми се каже причината и кога ќе се среди ситуацијата, ќе дојде, ќе ми објасни и ако му дадам шанса пак би било супер. Бидејќи со самото тоа што ме остава без збор, е свесен дека се става на ризик да ме изгуби засекогаш и при неговиот кам бек е подготвен да се соочи со одбивање. И верувајте нема ништо полошо од тоа да не се каже поводот. Ќе ви одзвонува - а таму да не згрешив, тогаш да не го навредив, друга да не сака, да не не било со мене тоа што го очекувал...? И уште кога знаете дека не смеете да му се јавите... И затоа, ќе поднесам најбизарна причина, макар и да ми каже - многу си ружна, отколку да се оптоварувам зошто завршило се`, а да нема кој да ми го даде одговорот.
     
    На zarah, Name, sunfemina и 2 други им се допаѓа ова.
  2. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Ако се однесуваше и на мене, зашто јас си кажав за себе, би рекла.
    Не станува секогаш збор за "немање муда", туку едноставно сваќаш дека не вреди веќе да се разговара.
    Еве, ако не е доволно јасно, дечкото со кој идев беше тепач, проблематичен. Јас како да пораснав во таа врска, тој си остана со истиот памет. Ќе му се јавеа другари што се рчнале негде со некои, и го викаа за да се истепа, а него не го интересираше ни дали се криви неговите другари, туку трчаше да се тепа за нив. |(
    Од една страна може да речат дека им бил лојален, ама во што, во глупостите?
    Откако сватив дека неговите другари провоцираат, знаејки дека после и он секогаш доаѓа, ми се смачи. И неколку месеци му викав да не иде кога ќе го викнат, он не ме слушаше, нонстоп се сплеткуваше во проблеми, и искрено, сватив дека не вреди веќе да го убедувам, он си беше таков, го прифатив, го оставив на крај да му текне сам, зашто он успеа да ми се одмили со однесувањето негово и го знаеше тоа.

    Инаку , значи и јас реков, во ОДРЕДЕНИ СИТУАЦИИ мислам дека е во ред, а не секогаш , ваквиот прекин на врска.
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.214
    Сум раскинувала без да ја кажам причината бидејќи знам дека разговор не вреди и дека само ќе се глупирам, тој што не сфаќа не сфаќа. КОга ќе видам дека машкото 3 дена се однесува добро, а четвртиот ми вика “па јас за тебе ова она направив, се откажав од многу работи, се сменив“, а врска нема, зошто да се мачам да зборувам, да исапдне пак за некој ден дека јас многу барам , дека нешто сакам многу да ми се угодува,а не е така, само си барам некое нормално однесување
     
  4. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Ајде нека не вреди разговор, но темава е за раскин при кој партнерот партнерот не ни соопштува дека си заминува од таа врска, туку го ненадејно испарува. :|
    Наместо 'чао за крај', последната средба ја завршува со изливи на љубов. И точно е тоа што вели Libera никој не чита мисли и немал телепатски способности.. |(
    Дури после тоа ќе се сфати дека се било лажно, но зошто? И пак како одговор доаѓа оној изговор - "За да не биде повреден другиот". :wasntme: Како не..
    Како нема да биде повреден/а, кога веднаш ќе разбере дека се било лага и глума, кога бил/а направен/а будала до коска...? :fubar:
    И тоа не е повреда, па воедно и голема навреда? Е! :!:

    Работава испаѓа буквално 'Како тоа сме раскинале, а јас не знам?!??!' :o
     
  5. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Ми се има случено токму ова-раскинување "без причина" и без збор,при што не сум му ја мислела многу..Како и да свртиш,раскинување е,е сега јас да барам причина од другата страна е апсурд,чим така сметал дека треба да заврши еден однос,дека нема зошто да ми се јави да се видиме и да ми каже,во ред тогаш.Тоа се и те како КУКАВИЦИ според мене,прават работи зад кои не стојат,не се постојани,денес вака-утре така..на такви луѓе би им била благодарна да си заминат од мојот живот за да не ме вовлечат во нивната агонија. :!:
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Причина секогаш постои значи кој мисли дека не постоела и све било во ред бла бла бла се лажи навидум можеби мислиме дека све е во ред но ете не било,мислам дека почесто треба отворено да се разговара со партнерите иако за ваков начин на раскинување нема оправдување.
    Да болно е бесно е ваква случка сум доживеала на своја кожа,причината да ја дознав дури по една година но фала богу дека си продолжив со животот и дека една година не кукав за све има граница никој не е до толку вреден да знаете е кога по една година мене ме побара (чоекот)јас со рачето едно збогум му напрајв :hai: и му кажав дека една година касни со муабетот тоа е...
     
  7. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Едно чао веќе нема да се гледаме /имам други животни планови (наместо веќе не те сакам или си најдов друг) е 5 минути работа. Ако си пофер може и да ја кажеш конкретната причина (ме нервираш, ми се загуби љубовта, што и да е). Разбирам да имало тешка кавга па сега да не сакаш ни телефон да дигнеш ама било до вчера се ок (навидум) и одеднаш да те снема е многу ниска постапка.

    Најиронично е што едниот си тера сеир додека другиот побудалува од грижа што се случило и бара милион причини или се самообвинува а во 99% случаи тој другиот не те перцепира 2% и нема веќе никакви чувства за тебе.

    Ќе ја повторам реченицата од Сун Цу која важи и за овој случај, живеј во мир (љубов) ама спремај се за војна (раскин). Заградите се од мене :)
     
    На zarah, SuperGirl24, Ella.313 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Ако станува збор за врска во која имало ( или се мислело дека има) љубов, поврзаност, а немало некои чести кавги кои би довеле до иако премолчен сепак очекуван крај, ( различно од случајот што го напишав) и јас се согласувам дека е крајно нефер, и кукавички чин раскинувањето на овој начин, и покажува дека личноста која го прави ова нема почит а ниту се грижи за некој освен себе.
    Затоа на оние кои на овој начин ќе дознаат дека е крај на врската би им порачала наместо да се нервираат , да се радуваат што се спасиле од една себична личност, која всушност им направила услуга со тоа што излегла од нивниот живот.
    Ако гледаме реално, според мене, себичноста е една од најлошите карактерни особини, и покрај таква личност не може да се биде среќен.
    Инаку мислам дека најчесто во тинејџерските години на овој начин се прекинуваат врските, а и оние кои биле несериозни, недефинирани. Кај мене беше поинаку, и да ви кажам дека ме изненади колку примери дадовте што сте биле во врска со љубов и без никаков знак сте завршиле така.
     
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    sweet25 е во право зашто не секој/а заслужува да му се раскине без да му се објасни,ама за одредени личности е многу поубаво е да се разделат без на таа личност да и се објасни кои се причините.
     
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Оние оставените, без „чао“ не треба да си ја чукаат главата затоа што се оставени “без причина“, туку да си признаат сами на себе дека биле “слепи“ во таа врска.
     
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Да не испадне дека некој оди против тебе свит :) само ти си ја знаеш својата приказна и своите околности.
    Тешко дека некој одлучил да раскине од денес за утре, мене барем лично со недели, некогаш и месеци ми треба да се анализирам за да не згрешам, а и дур да соберам храброст да ставам крај :^) ама тоа не се случува во два ума, нели, ако ме праша дечкото што си оладена, не можеш туку така да му речеш, еве се мислам дали да ти раскинам :^) И сега јас после толку анализа си вртам лист, ме снемува од животот на дечково, а тој нема поим, или има некој си мал ама сепак не е коректно, дека јас веќе не сакам да бидам со него.
    Е сега, има поедини примери кои би заслужиле така да бидат оставени, ама барем мене не ми е пријатно утре да ме сретне на улица и да ми направи некој грд муабет за тоа колку сум јас "кучка". Себично или не, најмногу ради свој личен мир и углед :tmi: Ако не прифаќа, како што спомна некој погоре, тогаш идеш на овој чекор, ама веќе бар си дал до знаење дека на врската и е крај.

    си зборам од сопствено искуство, сепак, кој знае какви се' луѓе има таму надвор на светов што заслужиле или не да бидат оставени на овој начин :)
     
  12. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Малку се помешаа работите и ќе се избега од суштината на темата, да конкретизираме...се работи за бегање т.е. исчезнување 'без збор и "без причина" '. (молам точно да се протолкуваат наводниците ставени на "без причина"!)
    Значи не зборуваме за раскин кога макар наједноставно ќе му се соопшти јасно на партнерот дека е крај на приказната...без навлегување во причините. Зборуваме за случаи кога не постои "соопштение" за крај, него кукавичко бегство.
    Притоа најлошото е што оставениот нема појма дека е ставена точка на врската.
     
  13. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Ова твоево е не е крив крадецот туку тој другиот што не пазел повеќе, не е крив силувачот туку девојката што не се одбранила, не е крив убиецот туку жртвата што не внимавала, не иде тоа така со извртени поими :D

    Знам пример на позната личност на која и беа „собрани“ 100 000 евра од мангуп кој и продал цела бајка на најзгоден принц (ака бизнисмен и успешен на сите полиња а се било глума) за откога и ги собрал парите да исчезне без збор. Сега лесно е да се рече сама е крива ама ако некој реши да ти продаде приказна и ако е добар глумец ќе ти ја продаде па ти сликај се :D.

    Познат е и случајот на еден хохштаплер кој им крадеше пари на богати жени си срцепарателна приказна дека има болна ќерка од рак и им собра милионски суми евра, лесно е да окривиш некој што бил добар и наивен дека не пазел ама кривецот е на другата страна зашто не секој е роден да биде самурај, амазонка лав или тигар.

    Не секогаш може сѐ да се познае а и да може кога ќе се заљубиш и онака 90% очигледни работи не приметуваш :D

    Пс. Во право си дека не треба да си ја чукаат главата, не се јавува а здрав/а е, чао пријатно :D
     
    На sweet25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Никој нормален, убав човек нема да ве остави така без збор !!!

    Мора да има причина. Се си има своја причина. Само вие не ја знаете. И си ја чукате главата од ѕид, се нервирате, сакате да дознаете која била причината.

    И се прашувате, зошто не бил човек, и човечки да ви раскини како маж во очи.

    За мене овие личности се најголеми кукавици и супер што си заминале, зошто не ви се ни потребни. Заслужувате повеќе. ;)
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.829
    Пол:
    Женски
    Вакво раскинување според мене е одлика на ментално незрела личност. Само тинејџери и мали деца вака се однесуваат. Најлесно е кукавички да оставиш сè зад себе, мислејќи дека личноста ќе сфати самата.

    Храброст е да се соочиш со вистината и да ги расчистиш работите. Бегањето без збор е само уште еден начин на бегање од проблемите, без да се решат. Во секоја врска има проблеми и несогласувања, па затоа е нужна комуникацијата. Со добар разговор се одлучува дали ќе се продолжи натаму или ќе се раскине.

    Многумина го избегнуваат ова поради стравот дека партнерот ќе ги убеди да не раскинуваат поради љубов или не знам што. Тука грешат. Ако јас имам намера да раскинам, и притоа сум го кажала тоа, не очекувам дека аргументите на партнерот би ме премислиле, едноставно, не се наоѓам себеси во таа врска, не одат работите како што треба, зошто да се мачам и себеси и него?

    Едноставно не е во ред без објаснување (не мора објаснување, еве нека биде само „готово е“) да прекинеш врска со партнерот од било која причина. Без разлика за каков тип на човек се работи, никој не чита мисли, ниту пак може да претпостави според однесувањето што навистина му се мота во главата на другиот.
     
    На kravce и Moira им се допаѓа ова.
  16. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.630
    Пол:
    Женски
  17. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Ова ми се случи пред 4 години , морам да признаам поминав низ тежок без везе период после ова , самодовербата ми беше нарушена , се чувствував како најголем лузер и тоа заради една КУКАВИЦА .
    Во врска бевме година и пол се ок , одмори шетканја , запознавање родители бла бла глупости
    Идилична слика , е што се случи не знам , само знам дека наеднаш преку нок го снема , едноставно навистина го снема .
    И самата си се чудев како може човек што денес ве гушка и сака , пие кафе дома со твоите и се е ок нема кавги и глупости нема причина за крај , едноставно наеднаш да го снема !
    Престана да се јавува , јас нормално барав објаснување , едноставно сакав да знам што е причината .
    Само толку па секој по свој пат . Ова никогаш не го добив .
    Само јас си знам низ што поминав , но фала му на бог имав сила издржав ,се помирив и продолжив понатаму.
    Потоа сватив дека тоа е до личноста , тој едноставно таков си бил . После тоа што ми се случи дознав дека истото и го направил и на бившата девојка со која бил 7 години во врска :o
    Е ова од кога го дознав јасно ми беше се . Си имав работа со нестабилен и недораснат идиот!
    Жалам за времето и нервите што ги изгубив ама многу сум срекна што не сум со таа личност.
    Интересна работа е што истата личност од нигде никаде ми честита роденден со нај добри желби ооваа година после толку време , како ништо да небило :^) Значи ништо нека не ве изненадува со вакви луѓе хахахах
    Немам коментар за вакви лузери и идиои !!!
    Значи бидете од збор луге , ова се врски во прашање не е врска за една ноќ па ке си прајме шо сакаме :devil:
    Секој заслушува обајснување и ЗБОГУМ . Им се восхитувам на луѓе кои успеале да останат и пријатели после врска или барем со достоинство да си заминат од истата .
    Уф ми олесна :puke:
     
    На EleMental, sunfemina, Moira и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.214
    Јас сум раскинала без причина бидејќи причините веќе биле познати. Сум кажала дека е крај, а партнерот ми бараше објаснување. Сакаше само да ме предомисли, мислеше дека сум слабак и енго изговор му беше дека сака да ја знае причината зошто е оставен. Си знаеше тој ама така му одговараше да зборува. Сакаше да ми наметне грижа на совест.
     
  19. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Значи сепак си раскинала со причина, велиш била позната (без оглед што не била можеби кажана) и плус си кажала дека е крај. :!: Понатаму е веќе друго..не е случај на - исчезнување без збор -.
     
  20. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Имав другар, кој идеше со една типка 2години, една вечер, ко сеа се сеќавам Петок навечер имаше журка , од страна на девојка му. Сите поканети се супер ...
    Утре дента, другар ми не ја најде дома, ни неа ни фамилијата... Дури по една недела од другарите дозна дека девојка му се преселила у друг град . Ама не сакала да го повреди ха, затоа не му кажала ...

    Ова е заминување а.к.а раскинување без збор, односно у превод кукавички начин на раскинување.