Ништо не се има измешано во темата според мене ти тоа BEZ PRICINA си го имаш сватено премногу буквално значи нема збор во врските BEZ PRICINA секогаш постои некаква причина за нечие однесување, разликата е во тоа што или позната ни е причината или не ако не ни е за тоа велиме BEZ PRICINA... во вакви случаеви не треба напинање напротив овде времето кажува све...
Па ми се случи и мене еднаш. Врската беше на далечина па не знам зошто тој ми се налутил за нешто и наеднаш престанавме да се слушаме, да контактираме, не го барав бидејќи еднаш го прашав не сакаше да ми каже зошто, не ќе го молам... По некое време откако си фатив друг дечко тогаш му текна да ми пише да ме побара, проблеми да ми создава - кретен. Не беше нешто сериозна врската но ете поим немам и ден денес што сум згрешила или тој е згрешен во мозокот. Второто ќе да е!
Јас точно знам на што мислам како автор на темава , нема што да сфаќам буквално. Дообјаснив затоа што некои други тоа БЕЗ ПРИЧИНА го сфатија буквално, не јас. Затоа реков точно да се прочита и протолкува тоа што е ставено под наводници, а изгледа и ти не разбра добро . Баш поради тоа што нема ништо без причина причина, е ставено така. И кој успеа правилно да сфати за што станува збор, знае дека суштината не се врти толку околу причината. Суштината е чинот на ненадејно снемување на особа без да се стави крај на врската и само навидум без јасна причина. Некои дури и објаснија ситуации такви, што јасно укажува на тоа дека се случуваат. Исто и јас мислев дека само деца, тинејџери може да приредат вакви работи ама во тие случаи што мене ми се познати се инволвирани возрасни особи 20 и кусур години (па и накај 30тата). Но и тие ете како што велиш може да се ментално несозреани...
убаво си кажа сама NAVIDUM BEZ JASNA PRICINA значи сепак постои причина за такво понашање и сигурна сум дека ја има пак ќе пофторам во вакви случаеви само времето ќе покаж све неможеме никого да пронајдеме и да го натераме со сила да збора ако тој не сака да биде пронајден се разбира...
Имав таква врска, и знаев дека ќе успееме, ама се замеша трета личност и тој мене ме отфрли. Гледав дека контактираат, знаев дека таа го лажеше и на крај тој остана без двете. Му пишав да се видиме, да ми ја каже причината .. Но тој одбиваше, после неколку години само на родендени се поканувавме и тоа. Сега на Здраво сме.
Обично луѓето кои заминуваат без причина без трага без глас.. заминуваат поради тоа што несакаат да ги повредат партнерите, иако не се свесни дека со само тоа ги повредуваат многу повеќе. За се постои добра причина, па би било добро доколку таа причина се каже, колку и да е болна. Најкукавичен начин за да се ослободиш од некого е да заминеш без збор, без муабет..
Јас едноставно само се одалечив од дечко ми, односно се одалечивм двајцата меѓусебе без никаков разговор пред тоа.
Последната врска ми беше таква, на крајот јас се откажав од чекањето тој да се "смири",јас се повлеков и ставив крај.
Никогаш не сум ги сфаќала ваквите раскинувања. Мислам дека најдобар начин е искрено да си кажеш што те мачи дури не мора ни причината да ја кажеш ако е болна за тебе. Едноставно како што кажа една членка, едно Не го чувствувам истото повеќе, не те сакам, не не гледам веќе заедно, готово е и слично да не навлегуваме е многу подобро отколку бегањето. Со тоа нема ништо да решиш, единствено себе си ќе се лажеш дека си се спасил на некој начин од објаснувањата пред партнерот за својата одлука што е многу понижувачки за другата страна и ниско. И дека ако така заминеш мислејќи дека нема да го повредиш, така најмногу ќе го повредиш. Затоа што секој има право и сака да знае ЗОШТО. Што довело до таа одлука па после секој слободно може да продолжи по сопствениот пат.
Луѓе мои неможе некој така да се налути за малку или за некоја ситна работа и ви раскине без да образложи некоја конкретна причина. Ако за толку ситна грешка ви раскине значи дека тој само и таа грешка ја чекал. Значи дека сака/има друга најверојатно. Но јас сум повеќе за искреност. Најдобро е кажи си искрено и толку. Искреноста еднаш боли, лагата секој пат ко ќе се сетиш.
Bolno e custvoto da ostavis nekoj bez objasnuvanje ili da si zamine isto beZ objasnuvanje.sekogas boli vistinata no najdobro e sekoj da ja znae u odredeni granici.
Луѓе, машкиве се недораснати и го прават ова! Редовно. Наше е дали ќе ги трпиме или не и дали ќе им дозволуваме се.
Причина има и се дознава порано или подоцна (поточно кога ќе го видиш со друга до него) само што се нема храброст да не се изразам некој нема Spoiler муда да раскине и да изигра фер плеј ами одигрува баш кукавички!
^ Се согласувам. Не верувам дека некој би те оставил без причина. Тоа е така во моментот на раскинување, за да не се влошува додатно ситуацијата, па мислиме дека е без причина. Но, секако после одреден период причината излегува на виделина. Инаку, според мене, ова е еден од нај лошите и нај подлите начини на раскинување, кој го практикуваат само кукавици кои немаат храброст да се соочат со вистината па те оставаат без збор и прекинуваат секаков контакт со тебе, бидејќи немаат зборови со кои би ви ја објасниле причината за раскинување. А не знаат ни како. И откако ќе ти раскинат ти оставаат уште надеж дека можеби некогаш ќе биде подобро, а не го мислат тоа. Сакајќи помалку да те повредат, не свесно те повредуваат повеќе со криењето на вистината. Не ги сакаме искрените луѓе и се лутиме ако ни ја плеснат вистината во лице, но верувајте ваквите лажговци и манипулатори кои цело време си играат со тебе и на крај заминуваат без еден единствен збор и без никакво објаснување, се сто пати полоши. Со искрен човек барем знаеш на што си и не очекуваш ништо ако тој самиот не ти дава до знаење дека сака нешто повеќе. Со овие другиве е хаос...
Јас мислам дека е малце себично. Додуша зависи од должината и длабочината на врската. И секако исклучок ако е веќе општо позната причината пр. ако вара, пие многу, насилен е.... Сепак има причина! Ама да одам со некој 3-4 години, да трошам време, сила, љубов, емоции и да давам се од себе толку време за на крај да го снема од лицето на Земјата е малце смешно. Ни јас не би си го дозволила. Хипотетички и да се оддалечвам подолго време, и да немам посебна некоја причина освен тоа дека ете повеќе не сум толку заљубена сепак би го објаснила тоа од почит кон него и кон себе и кон нашето потрошено време заедно. Сепак некогаш сум го сакала и сум била со него!
Морам да напишам овде,неможам повеќе девојки,неможам Бев во врска година и пол со дечко кој е постар од мене 6год. (имам пишувано и порано но поради др. причини),не беше идеална врска,имавме проблеми со моите,не дозволуваа да бидам со него,бил постар,па вака,па така,милион причини измислуваа ама се поминавме беше љубоморен,прилично се каравме за тоа кој ми звонел,па зошто,па како,се каравме за ситници,ама стискав заби само за да бидеме заедно викендот го поминавме заедно,мегутоа додека сум спиела сум зборувала нешто во стилот-немој да зборуваш на никој,нека биде тајна ми вели дека тоа многу го изнервирало,се расправавме и во недела и во понеделник за тоа во вторник се видовме и ми звонеше еден колега од факултет додека бевме заедно,јас не кренав,и мислејки дека ке направам подобро,го излажав дека ми звони цимерката ми го зеде телефонот и виде дека го лажам и ми рече јави му се на спикер,му реков дека нема шанси,се налути и си тргна,ми рече дека е крај помегу нас,дека никогаш повеке нема да сме заедно трчав како луда по него,плачев,викам,ама не ме слушаше потоа ми ја отворил онлајн сметката и видел дека имам звонето на тој број повеке пати и мисли дека сум го изневерувала ама не сум го девојки,не сум премногу го сакам за тоа да го направам,ама тој не ми верувам колегата само ми помогна околу некои материјали и толку беше ама тој не верува ми пиша дека не сака никогаш повеќе да ме види,не сака никогаш повеке да му пишам,ми стави блок и на фејсбук и на тел.,ми вика кога ке сакам јас тогаш ке ти се јавам што сум јас?играчка?? му пишав од се можно ама не попушта,што да правам се уништив оваа недела,нити јадам,нити спијам а тој си тера по свое,неможам повеке
Ова го нарекуваш врска?!?!?не ти верува на збор туку листата кај си се јавувала ти ја проверил и уште те обвинува Страшно. Како ли имате трпение И нерви за вакви типови. Фала богу(!) си се спасила од него и немој да му се јавуваш, продолжи си со животот.
Можеби малку ќе ви биде чуден мојот одговор затоа што ќе измешам малку жаби и баби за да одговорам. Ќе тргнам од себе, иако до сега не сум оставила некого, зборувам за дечко, без да се објаснам. Но сум оставила другарка. Поточно сум престанала да и се јавувам - буквално ме снемало од нејзиниот живот. И верувајте за се постои причина, само е потребно добро да се преиспитаме што сме кажале или во даден момент што сме направиле. Нема да навлегувам во причината што се случило помеѓу нас само ќе кажам дека како личност во која сум верувала 100% таа ме изневери односно ме навреди на најболниот можен начин. Кога некој човек ти го знае целиот живот очекуваш тој да биде првиот што ќе те разбере а не на твоја сметка ненамерно, на шала да те навреди. Затоа што зборовите понекогаш знаат премногу да болат. На некои од нив можеш да поминеш како ништо да не било. Но постојат и зборови едноставно кои незасужуваат објаснување. Така да убаво кажа @mime87 времето ќе покаже што всушност се случило. Твое е да продолжиш понатаму. Сакам да кажам ништо не е без причина ... ова е за подолга врска. Кога врската е кратка мислам дека е јасна причината. Подобро да го спречиш отколку да го лечиш.
Девојче не си го троши времето на вакви личности,знам дека не е лесно,ама ако од некој треба да бегаш тоа е од баш ваквите.Какво плачење,молење,нејадење и слично,не се уништувај не вреди.А не вреди затоа што не вреди да си со таков,врска без доверба не е врска,а пак замисли брак без доверба...на тоа додај ја неговата преголема љубомора па ти ќе немаш никаков живот,ќе немаш ни пријателки ниту пријатели,таквите личности не се менуваат за жал...