Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Раскинување "без причина" и без збор

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од sunfemina, 24 октомври 2012.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.296
    Допаѓања:
    285.142
    Причина има секогаш, само оној збор изостанува во некои случаеви.

    И не , јас не сакам некој да ми објасни, да ми нацрта или да ми расправа на долго на широко причина за крај.
    Кога некој ќе ми се испонаша несоодветно за односот кои го имаме (читај врска, сериозна, долга..а него го снемало на икс време или ме игнорира), или ќе дознаам дека сторил нешто позади мој грб не ми треба неговиот телефонски повик или опроштајен разговор.

    Тој веќе избрал еден начин на кој мене ќе ме третира, како да сум нула. Колку побргу се свати тоа, побргу ќе се свати дека тие луѓе не заслужуваат ниту збор. Ниту они да кажат ниту да чујат од моја страна.
    Таа негативна енергија само мене би ми штетела.
    Јас него дупли игнор и готово.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Realni da sme vo vakvi slucaevi 90 % e vo prasanje 3ta licnost,kako bi se postavile togas vo takov moment?
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    @Bah проблемите во врската можат да бидат од секаков вид, не е секогаш неверство и малтретирање во прашање, не мора да одиме толку во крајности. Често се случува некои други животни проблеми да замешаат прсти и во врската, но тоа да биде моментално и да се надмине. Значи не зборуваме овде за физичко малтретирање, непочитување и слични работи, па девојкава слепа и полудена упорно останува во врската. Овде зборуваме за она кога ете навидум сé било во ред, ама преку ноќ дечкото ќе реши да ѝ раскине на девојката. Знаеш колку случаи има такви? Еден куп! Последен пример имам со колешка. Причина? - Се заљубил во друга на прв поглед... Ама замисли дечково наместо да ѝ удри игнор, ја седна и ѝ кажа како стојат работите.
    Поентата ми беше дека нема потреба да се избегнува разговорот, без разлика дали станува збор за раскинување или обид да се спаси врската.
    А кога веќе толку генерализираме на полова основа, вие мажите изгледа стварно се плашите од разговор, па ви е страв да седнете и да кажете тоа, тоа и тоа е работата :D Патем, кога веќе ми зборуваш за дами, зошто да не ја удостоиш твојата дама со причината за раскин на врската? Зошто да ја оставиш со прашалници врз глава, па да размислува каде погрешила и што лошо направила?
     
    На makedonkamak, Daydream и tessie им се допаѓа ова.
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    Јас мислам дека дечкото си барал глупава причина да ти се скара. Нормален човек не се лути ако зборуваш на телефон со колега или колешка. Тоа однесување не е во ред. Се надевам дека нема да те побара и се надевам дека ти нема да продолжиш да бидеш со некој таков љубоморко. Денес ќе ти пререче за на телефон, утре ќе ти рече ако излезеш од дома ќе ти се скарам... подобро прекини со време :)
     
  5. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.188
    @ana karenina Јас признавам дека не сум типичен преставник на мажите, ако под тоа се подразбира игнорирање, бегање од одговорност, барање секогаш вина во девојката....
    Во право си дека мажите се кукавици, посебно ако немаат силен аргумент од типот на неверство. Додуша јас не сум сретнал ниту жена, која ќе каже се заљубив во друг и сакам да прекинеме, секогаш се бараат изговори и префрлање на вината. Мажите, барем поголемиот дел се јаки само кога ќе имаат силен аргумент и кога девојката ќе е „виновна“ но кога немаат аргумент се пипппппп
    Секако дека Мими, и било која девојка заслужуваат објаснување, но не заслужуваат упорно да се обидуваат по секоја цена да дојдат до тоа објаснување. Мојата забелешка кон тебе беше само во тој дел кога рече треба девојките да се обидат да ја спасат врската. Не само девојките туку и мажите треба да се трудат да ја спасат врската, но само доколку има реален проблем, и доколку партнерот сака да разговара за тоа, во спротивно нема тука што да се спасува ако тој раскине или го снема без никакво објаснување, ниту да побара, ниту да понуди објаснување. Што треба да му клекне на колена, или нон стоп да го смара кажи ми зошто ми раскинуваш? Треба да ја гледа како плаче за да му се полни егото? Ред е да праша зошто го прави тоа, ако несака да каже тогаш тоа е негов проблем.
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.083
    Пол:
    Женски
    Не мора да е трета личност мила. Едноставно „магијата“ отишла. Ако ништо друго, ова ќе ти биде лекција да се врзуваш со луѓе коишто ќе бидат поагилни во постојано градење на врската, нејзино хранење со нови искуства и спомени. Коишто ќе бидат отворени со тебе и со коишто ќе можеш да бидеш отворена, па така и шансите за ваков крај би биле значително редуцирани. Градењето треба да е заложба на двајцата партнери, за ова си апсолутно во право. Жената и те како има тенденција да си става поголемо бреме од она коешто може да го носи. И исходот е јасен. Исфрустрирана жена и пасивизиран размазен маж. Стисни заби, јас секогаш велам додека се каже тоа „крај“ е најтешко, потоа за опоравувањето е потребна само воља. И ќе биде опоравување. Затоа што, немаш друг избор освен да преболиш. Навиката е тешка за одвикнување, а љубовта секако ќе избледи. И мислам дека порано да се пресечеше ќе беше и помалку тешко. Одложувањето верувај ми, ја направило работата многу поболна. Иаме одамна праено муабет за ова, мила.

    Те гушкам и ти ја пуштам цела среќа на светов да издржиш. :hug:
    Ќе се смееш после на ова, ќе видиш. :)
     
    На mime87 и Miss.M5 им се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Тоа се однесуваше на твојот коментар дека има упорни и слепи девојки кои остануваат во врска. Затоа ти посочив пример дека постојат случаи кога дечкото не покажува никакви индикации дека нешто не е во ред, па се случува преку ноќ да реши да ѝ раскине на девојката, како нешто да го просветлило во меѓувреме. Да не бидам погрешно разбрана, тоа се случува и од страна на девојките.

    (инаку друг пат означувај ме со големи букви, вака не ми стигаат мене нотификации, туку на другата Ана Каренина :) )
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.188
    @AnaKarenina Ок, веќе за поголемиот дел се согласивме и не би да ја шириме дискусијава до недоглед. Околу забелешката, да ти се извинам за погрешната нотификација, не забележав дека треба споено да се напише AnaKarenina, и баш се чудев зошто не излегува твојот аватар туку некој без слика.
     
  9. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Зошто пак ние да се трудиме ЖЕНСКИТЕ.
    Еве и мене може утре да ми здосади па да раскинам.
    проста работа :)
     
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Ништо не се случува без причина, за се има причина.
    Отишол/ла ајт создравје животот оди понтаму.
    Сите навидум „супер“ врски не се баш такви. Ние можеме да зборуаме до 101-на и назад дека се е супер дали во врска или во брак , ама само засегнатите страни ја знаат причината.

    Едноставно како што напомена некој погоре дека врските се распаѓаат поради трета личност НЕ Е вистина.
    Не велам дека нема и такви случаеви, ама кога врската е повуци-потегни ќе и дојде крајот.
    Тука нема што да се полемизира. Ние сите мислиме дека другата страна немала причина да замине, сепак секој си знае за себе.Тоа не се случува одеднаш.
    Пример како што спомна некоја феминка дека таа секогаш вложувала таа врска да успее. не мили мои вложувањето треба да биде обострано, а не само еднострано.
    Во тој случај еден од партнероте заминува без збор со сето незадоволство.
     
    На crazylady, Dvolicen и SnowWhite8 им се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.083
    Пол:
    Женски
    Блазе си им на таквите. Додека некои гризат нокти, смислуваат начин, атмосфера, зборови, начин како да се справат со грижата на совест и тагата, го молат Универзумот да ја имаат ситуацијата во којашто тоа ќе биде најбезболно и цивилизирано, во којашто најубаво ќе објаснат, некои коишто мислат дека светов е нивен а другите луѓе се створени да им служат ним и на нивните себични желби и потреби, елегантно си го тргаат г**от со опроштење.
    Е, кај такви, на часови по шо ми е гајле треба да се оди.
     
    На mime87, Hipica и Daleron им се допаѓа ова.
  12. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    биг биг биг проблем... па вака така ми раскина дечко ми пред година дена мислам делумно бев крива пошо се начукав али знам дека тој и пред тоа не ми лафеше па после моето пијанство тој почна да зборува нешто за мене јас му се напнав и се испокаравме сепак го немав овој ум тогаш. И сега се срејкаваме вака ус пат и другарка ми ми вика те гледа вака нака и мене ми се враќаат старите чуства а ако му презборам се мислам дека ќе ме изруга и незнам што да правам незнам дали ме сака а и тој е таков инат а и затворен е и сега незнам што да правам и што да мислам мала помош?
     
  13. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    Раскинување "без причина" и без збор = frustracii i nesposobnost za komunikacija

    so dr zborovi tolku bil napnat zaradi neso a nemozel da se iskaze so moral da izbega
     
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.477
    Допаѓања:
    55.024
    Пол:
    Женски
    Само кукавиците се тргаат на страна без никакво објаснување . Ми се има случено да ми раскинат без никакво објаснување, во тој момент бев скршена ќе признаам, си имам своја гордост да , но сепак го побарав ѓубрето да ми објасни, му пишав смс и тој ми врати многу сум зафатен ќе се видиме кога ќе можам и од тој ден ни тој ме побара ни јас :D сватив на време дека се било фарса, мој совет до тие што сте искусиле ваква ситуација, не му се фрлајте под нозе , да го молите а тој да ве врти како знае !!! на светот има многу слободни и искрени кои не чекаат некаде, да до пред некое време сум се лигавела сум плачела, ама на крај успеав и се пребродив и преболив .... така направете и вие :)
     
    На angeloflove му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Како тоа без причина? Секогаш има причина, а таа е - „Не те сакам веќе, не ме интересираш повеќе„.
    Што не е јасно? Секоја друга причина може да се реши и со разговор и со се, секако ако веќе причината не е горенаведената па се бараат други изговори.
    Кога некој едноставно ќе исчезне и ќе ве остави без збор причината е таа, немојте да барате други причини или да се обвинувате себе си. Можеби му било и на него полесно така да ве остави без никакво објаснување, а можеби и така е подобро. Никој несака да му се плесне во лице „НЕ ТЕ САКАМ„.
    И зошто чувствувате потреба некој да ви се објаснува? Зошто сметате дека мора да ви се објасни се?
    Да било тоа се супер немало да дојде до такво нешто, покрај тоа што веќе никакво објаснување после прекинот не вреди, се е само заобиколување на вистината дека чувствата се оладиле.
     
    На srcence1607, makedonkamak, Daleron и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Momsen

    Momsen Нов член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Еден ден седев во пабот каде што работи другарка ми и видов едно момче што седеше таму и ми изгледаше баш симпатичен. Ја распрашав другарка ми за него и она ми кажа дека тој седел секој ден таму. Одтогаш кога и да отидев во пабот го гледав и си започнавме муабет, и како минеа деновите се запознавме поубаво и приметив дека почна да ми се пушта. Но јас до пред некое време бев во врска 2 години и само што раскинавме и не можев одма да започнам нешто со некој друг, а тоа му го кажав и него. Но од него го добивав вниманието што никогаш не го добивав од дечко ми, си разменивме броеви, ми се јавуваше секој ден, ми пишуваше пораки за добра ноќ, ми викаше срце мое, бевме заедно во дискотека со негови и мои другарки, ме викаше да излезам со него и неговите другари (но јас не сакав бидејќи ми беше срам), ме држеше за рака, цело време ме гушкаше, еден ден не можев да излезам и беше тажен што немало да ме види, правеше планови за летово кај да сме оделе, и на крај му дозволив и да ме бакне... Но јас сето тоа време се понашав малку ладно, малку на дистанца бидејки сепак само што излегов од 2 годишна врска и не ми беше сеедно. Е сега, јас и он немавме излезено сами никаде освен во пабот, тоа ни беше единствено место на средба и цело време додека седевме го бараа на телефон и цело време стануваше одеше до некаде и се враќаше назад и глупо ми беше да го прашувам каде оди цело време. Неколку дена откако се бакнавме прв пат полека, полека се оддалечуваше. Се помалку ми се јавуваше, престана пораки да ми пишува, веќе не се ни договаравме да седиме во пабот туку неочекувано се среќававме таму и седнувавме заедно и не беше таков каков што беше да ме задева цело време туку само ќе ме бацеше неколку пати и за пола саат си одеше. Пред 2 дена цел ден не ми се јави и вечерта јас му ѕвонев и ми исклучи. Следниот ден, вчера, седев кај друарка ми во пабот и му бев лута и бев спремна да го прашам што е работата но тој дојде со негов другар , само се поздрави со нас, ми кажа дека бил претходната вечер во гужва и не можел да ми се јави, поседе со другар му пола саат и си заминаа. И еве до денес ми се нема воопшто јавено. А седел таму и ја прашал другарка ми кај сум и што правам. Сега сум многу збунета и разочарана, не знам што се случи, баш изгледаше како да е сериозен во врска со мене. Сакам да го прашам но немам кога, а глупо ми е да му ѕвонам не сакам да бидам нападна. Изгледа работава била да е придобие, за на крај да ме заебе... Ме интересира вашето мислење, и некој совет...
     
  17. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    во слична ситуација и јас се имам најдено , и одговорот не го барај од него и да му дадеш знаеење дека ти е галје за него , туку замини си и заборавиго или има друга или сега тој е оладен , јбг животот продолжува ;)
     
  18. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    @Momsen По прекинување на една љубовна врска личноста со која сме се разделиле не ни остава сеќавања во светло издание. Кога ќе запознаеме друг за релативно кратко време моментот го доживуваме како неповторлив, а личноста неспоредливо подобра од оној кој по некое непишано правило би требало добро да го познаваме. Претпочитаме тоа да биде така затоа што секој се обидува да ја пронајде другата сродна половина, но во твојата ситуација еуфоричноста те совладала при првата средба до степен што си ги префорсирала манирите на некој што не го познаваш. Допушти си повеќе време за себе и не избрзувај со идеални описи какви што не постојат, а и не ти се ни потребни никакви споредби за да продолжиш понатаму. Секој е посебен на свој начин. Не би рекла дека си збунета. Повеќе реагираш исплашено од причина што си изгубила некој кој во твојот поглед и мисли бил се што не успеал да биде претходниот дечко. Не очајувај затоа што ништо не си освоила за да изгубиш. Биди повеќе претпазлива во контактите со нови личности за да можеш подобро да ги запознаеш. Избегнувај избрзани одлуки кои водат кон грешки и последици.
    За се е потребно време, а особено за стабилна љубовна врска.
     
    Последна измена: 21 јуни 2015
    На SV1911, marama, j......s и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Се трудев да му угодам на секој начин. Мислам дека бев одлична партнерка но не....немам доверба јас во него, не го сакам јас него ....а знаете зошто. Затоа што не сум дозволила нити еднаш - како во секоја нромална врска- тој мене да ми сврши во уста.
    Нормална врска????? Добро, јас сум овде ненормалната ??????

    И замина, не се јавува, не пишува.....бев будала еднаш го побарав.....но вторпат и да му се исуши не го барам :((((
     
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Ти си му била добра партнерка за секс. Тоа за врска било само маска.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.