Искрено мислам дека не ти треба таков идиот! Ти си најнормална, изгледа тој не е. Со тоа што те тера да го прифатиш тоа покажува дека нема почит спрема тебе. И не, не е НОРМАЛНА само врска во која се свршува во уста. Немаш доверба? Жити се каквва доверба треба да се има за тоа, некој едноставно не го поднесува тоа, и крај.
Требало да го наплукаш кога ти го рекол тоа , па да видиме дали ќе му се бендиса чувството на гнасниот. Па уште си го почастила и со јавување. ц.ц.ц. за таквите мрсул не се фрла на патот.
@jasmina00 раскинавте зашто не сакаш да голташ? WTF? ако стварно тој ти раскинал заради ова, размисли дали е тоа вистинската причина за раскинувањето. мене некако ми е сомнително, што не значи дека сум во право.
нашите караници беа само за оралниот секс, верувала или не...Не сме се скарале за ништо друго. Но искрено трпи трпи не се трпи веќе Е сега ако тој нашол некоја друга, а јас да не сум открила - секоја му чест...ке дознаам набрзо ако го видам со друга како и да е, нека си најде што си сака....јас знам што не сакам
Причина мора секогаш да има, но не и образложение. Лично го одобрувам овој начин на прекинување. Особено ако еден од партнерите види дека работите не функционираат како порано.
Кога се раскинува нормално дека има причина,ниедна врска не завршила без причина. А образложение не даваат сите,најболно е кога е без збор,во стилот така треба. ШТО БРЕ ТАКА ТРЕБА??? Објасни,нацртај,обој ако треба само биди маж и кажи зошто не сакаш да си во врска со дотичната. Исто важи и за дамите.
Свесни сме дека на партнерот на кој му е раскинато сака објаснување безразлика дали тоа објаснување е добро за нив или не. Биди вистински човек со чувства, стави се на негово/ нејзино место и објасни зошто не сакаш повеќе да си во врска со партнерот. Покрај се најмалце што заслужува е објаснување зошто реално, врската не е играчка, кога ќе здосади да ја ставиш во пакетот со стари работи.
си го разгалила многу драга , изгледа му имаш одено по кејф и сега ти се имат налутено за глупост како мало дете цццц
Прво секогаш има причина. Второ СЕКОЈ заслужува објаснување зошто е крај на врската за да може да си продолжи со животот и да не се прашува што направил погрешно, каде згрешил итн. Посебно во врските кои се долги, и каде што се вложил труд, време, надеж, љубов. Ако имате храброст да си фаќате женска/дечко имајте храброст да му се скарате в лице и достоинствено.
Абе какви причини, какви образложенија и објаснувања барате??? Се знае зашто се раскинува врска, затоа што нема љубов и тоа е тоа, се друго е изговор, кој што сака нека каже... Не бидете мали деца па да барате објаснувања, се знае тоа, ве напуштил/а затоа што не ве сака тоа е тоа. Што да се објаснува што да се образложува, што да се бара кој е крив, а кој е прав, исчезнала љубовта move on.
Не си во право @mims-89, некогаш љубовта уште е тука ама има многу други причини заради кои се раскинува. Еве, јас раскинав бидејќи колку и да се сакавме, работите од почетокот до последните месеци многу се променија, тој се промени, јас се променив, и џабе колку и да се трудев и вложував се, и сакав да успееме, не функционираше, бидејќи него му беше океј, он беше среќен, а јас не, мене ми требаше повеќе. И не бев задоволна и раскинав. Тука е љубовта нигде не отишла, не е ни намалена, со истиот интензитет го сакам, ама не бев среќна во врската и решив дека е подобро да раскинам.
Причина за раскинување на една врска каде што постои љубов може да биде само притисок од други фактори,пр.строги родители.....не можам да те разберам, велиш дека уште го сакаш ама не си била среќна во врската!? Тука нешто не ми се вклопува,мислам дека има некоја друга причина!?
Сум раскинала врска во која сум рекла дека така треба, така се чувствувам во моментот и тоа само поради жал да не го повредам и како би му рекла дека не ме задоволува во сексот а не сум имала желба да му кажувам или објаснувам што да прави. Подобро е мислам некогаш да се раскине пријателски без многу образложувања зашто -како,е што сега неголи да си направиш непријател од некој во кого си била вљубена но не за долго поради неисполнетите очекувања.
Јас одам на тоа дека ако сакаш некого го сакаш со сите маани и недостатоци и се што доаѓа со него во пакет. Кога сакаш некого се ти е убаво со него, кога сакаш некого те прави среќна и само да го гледаш и за рака да го држиш. Ако нешто не одело во врската значи љубовта не била обострана, не вложувале двајцата исто и љубовта не била тоа тоа да може да помине преку се, значи пак доаѓаме до истото дека врските се раскинуваат како резултат на недостаток на љубов, според мене неможе да има друга причина, оти ако има силна обострана љубов сите пречки може да се надминат. И ако планира да ми раскине подобро ми е да си отиде така без збор одколку да ми се објаснува и да ме понижува со правење филмови као не е до мене до тебе е... Или не дај Боже у фаца да ти каже „Не те сакам веќе МОРИ„ Боље бегај без збор.
Во право е @mims-89 Не раскинуваш врска што е океј и во која има љубов, тоа е тоа. Ако мислиш дека не вреди да се бориш за тој човек, не било вистинска љубов.
Ne se poklopile kockite. Da mozno e, se sakame, se bi napravila za nego, ama ete, nekoi sitnici koi mi bea potrebni gi nemav. Jas davav se od sebe ama na kraj odluciv deka e podobro da se boram za sebe, za licno jas da bidam srekjna a ne nekoj drug.
Ова е изгледа индивидуално. Јас, пак, би сакала да ми каже некој зошто не сака повеќе да биде со мене. Толку пати ме оставале без никакво образложение или со лажно образложение (некоја банална причина колку да ме тргне од врат што се вели), што дури на моменти сум се прашувала дали ЈАС нешто погрешив за се‘ да тргне наопаку. Нема ништо погрдо од чувството да се прашуваш дали можеби во тебе е проблемот, дали не те сака повеќе, дали не го привлекуваш, дали го притискаш, дали не му е забавно веќе со тебе..... и упорно во себе го бараш проблемот. Не е фер од нечија страна да стави крај на нешто само затоа што тој/таа така одлучил(а), без да му каже на оној другиот во што е проблемот, па и тој другиот да може да ги изнесе сопствените аргументи и сопственото мислење за целата работа. Испаѓа како тој што остава да не го смета оној оставениот за доволно вреден за да му даде објаснување, а тоа боли. Бар мене ме болело. Ама, пак ќе речам, најверојатно тоа е индивидуално и зависи од личноста. Доволно сум цврста да се справам со сечиј став спрема мојата личност и моето однесување, колку е да е негативно. Но не сакам да се самообвинувам за крајот на нешто што можеби не ни било моја вина. Премногу си се сакам за да дозволам такво нешто. За таквите што ме оставиле без конкретно објаснување јас немам никаква почит, неќам ни да им се опулам, а не пак муабет да им направам. Кога веќе си поминал одредено време со некој, можеш да го удостоиш со културно достоинствено објаснување зошто не сакаш да продолжите понатаму. Ова важи и за партнери и за пријатели, но тоа е веќе друга тема на дискусија.