не е фер дечко ти да биде во оваа ситуација. Велиш дека те почитува и сака, замисли како ќе му биде да се разочара во личноста на која потполно и верува... од една страна мисли на него, а од друга страна помисли и на себе..Нели сакаш да бидеш среќна, сакана, слободна, да немаш тајни кои со текот на времето ќе те стегаат толку што нема да знаеш што треба да направиш ... и така велиш два дена поминале (не оправдувам што си тргнала со некој, без да расчистиш зад себе) но мислам дека во најбрзо време треба да бидеш силна и да решиш... ја знаеш онаа старана: оној кој седи на две столчиња паѓа на подот... А и размисли да почне новиов да те притиска да го оставиш стариов, или да се осуди да му каже, луѓево на се се спремни...нели е подобро ти да бидеш таа која управува сос војот живот и нема да се плашиш да излезеш слободно да не те види некој, да не те каже, да легнваш со грижа на совест? мн работи влече оваа игра ... размисли зрело и донеси одлука...
@emilijakremilija Ох, ох. Сакам да кажам, греота е ако ти не го сакаш да бидиш со него. Само го повредуваш. И да не беше тука твојот бивш ти би требало да повлечиш линија меѓу тебе и твојот сегашен партнер ако нема љубов. Нема смисла да го лажиш, на еден начин. Конкретно на проблемот, ти знајш кој го сакаш. Не ти велам - скокни му во прегратка, туку размисли. Размисли за опциите, како би било доколку би било. Кога ќе почниш врска со некој кој не го сакаш, можеби ќе се навикниш на него, ама можеби ќе бидиш фрустрирана за необостраната врска па ќе заврши многу полошо за двете страни. Од друга страна го имаш човекот кој го сакаш и човекот кој те сака. Уште те возбудува, уште те прави да се осеќаш предобро, но дали и таа врска би опстанала? Се има добри и лоши страни, можеби се сакате, ќе бидите пресреќни заедно, ќе бидиш исполнета доколку би одела со него, но што ако почниш да плачиш пак секој ден? Што ако неговата љубомора е интензивинирана сега? Накратко ова што ти го кажав те доведува до една раскрсница. Да речиме добра и лоша. Зависи. Се е релативно така да, подоброто за тебе. Дали ти сакаш врска со почит или сакаш врска со љубов? Кој пат и да го одбериш е одредено ризичен. Ако го избериш сегашниот, можеби ќе бидиш спокојна извесен период, но можеби ќе бидиш тажна и ќе се каиш подоцна. Исто можи да се случи ако го одбериш бившиот. Сепак, краток заклучок од моја страна - не вреди да бидиш со некој кој не го сакаш. Само толку. Се повредуваш и себеси, а и него.
@emilijakremilija сакам само да ти се надоврзам на мојот претходен пост, не е убаво и чесно од твоја страна да тераш двојни аршини, верувај не е човечки а и ти самата се јадеш во себе. Не се залажувај ни себе си ни дечкиве, стави крај на едно од двете или пак на двете, и размисли со чиста глава.
Е вака сега, @emilijakremilija – на сегашниов дечко секако треба да му раскинеш, без разлика на тоа што ќе одлучиш да правиш со бившиот, поради многу јасна и очигледна причина – тоа што не го сакаш. Само не разбрав, дали си сфатила дека не го сакаш откако си стапила во контакт со бившиот или па, отсекогаш не си го сакала, а врскава си ја терала година дена, онака ради-реда, пошто дечкото е фин и те почитува? Првово до некаде можам да го разберам, ама вторава варијанта никогаш не сум ја разбирал – како некој може да биде во долга врска со некого, а притоа да не го сака. Дали е ради тоа што се смета за некаква норма да секој мора да биде во врска со некого постојано, за да не е сам, што е у прашање, стварно не ми е јасно. Ама, у секој случај, не е фер кон другиот, кој повеќе од веројатно, има некакви чувства у врскава. Во однос на овие ствари: Значи, ако добро разбрав, на првиов си му раскинала зашто не си можела да се носиш со неговата љубомора, а за вториов викаш дека тоа што не е љубоморен и за ништо не ти пререкува не е нормално за машко? Или второво ти е само некаков безвезален изговор кој си го кажуваш за да го откачиш без грижа на совест или па, стварно не знаеш што сакаш. Која ли е таа „таман“ доза на љубоморност и пререкување која е нормална за машко и тебе би ти правела кеиф кај твојот партнер? Те советувам да го оставиш сегашниот дечко, затоа што продолжување на врскава иако си свесна дека не го сакаш би било прилично нефер кон него. И те советувам добро да размислиш пред да му се вратиш на бившиот, за да не почнеш набрзо потоа да се жалиш како сега овој е ненормално љубоморен и посесивен. *** На темава, пошто мислењево ми дојде малце офтопик, мислам дека раскинувањето без објаснување пред се зависи од должината на врската. Ако со некој сте биле во врска од неколку денови, недели, па нека се и месеци, ОК е да ја прекинете без да давате образложение. Очигледно е дека нешто не ви штимало, па затоа сте се одлучиле да прекинете. Додуша, можам да ги разберам донекаде и оние кои бараат објаснување – можеби е со цел да подобрат нешто кај себе во позитивна насока. Ако на пример ви засметало што некој мљацка и џвака со отворена уста, или срка као вакуум-пумпа кога пие кафе, или му смрди здивот – оваа вистина, иако е непријатна за кажување при раскинувањето, може ќе му помогне на човекот да се оправи у иднина. Ама, како и да е – за вакви кратки врски, според мене, оправдување и објаснување не е обавезно. Е сега, ако се работи за долгогодишна врска, некако ми е безвезе едниот одеднаш да си ги спакува куферите и да го снема, без збор или објаснување. Ако врската подолг период е у лоша фаза, со расправии, караници и тензии, тогаш можеби и при раскинувањето не е потребно некое дополнително објаснување - причината си ја знаат и двајцата. Ама, ако едниот е убеден дека све си е ОК и супер, а другиот однеднаш се реши на раскинување, мислам дека му должи барем некакво објаснување. Сепак, повеќето долгогодишни врски се еквивалентни на бракови – раскинувањето без објаснување некако ми доаѓа како мажот или жената еден ден да дојдат дома и да му кажат на партнерот „Пакуј куферите, сакам развод“ или да се спакуваат и да заминат без збор. Штознам, некако ми е незрело и без врска.
1. не знам зошто луѓево нагласуваат-ЗДРАВО НОВА СУМ НА ФОРУМОВ. -Ок душичке биди нова баш и не не интересира тоа. 2. Никад не е без причина и секогаш е од истата причина-НЕ ТЕ САКАЛ/А. Не си се јавил? те откачила?-не била доволно трпелива превод-не те сакала. Си згрешил нешо? Не ти простува?- Не те сакала доволно. Секогаш на крај е-не те сакал/а доволно.
Пoчнaa другaрите дa се мешaaт,тие слoбoдни бaрaaт женски, и тaкa дечкoтo гледaше пo нив, и oдеднaш сфaтил декa не се еден зa друг,aкo сaкa сaмo пријaтели дa се. Тoa ти е..другaркaвa се јaде.. не и јa кaжaл причинaтa, a мене кaкo мезезнaa oд никaде се вери цц И јaс не знaев...
SunnyGirl те читам подолго време, навистина ми се жал за твојата ситуација ама верувај си се спасила што не те одбрал тебе (за мажење). Само ме интерсира дали и пиша нешто на вереницата? Можеби овде на форумот ќе ме осудите затоа што се мешам во туѓа среќа (односно несреќа според мене ) но јас би и пишала на девојката. И тоа со овие зборови: -Навистина ми е мило што те одбра тебе, а не мене. Ти благодарам што на некој начин ме спаси од врска и брак кој е претходно осуден на пропаст. Ти благодарам што ме спаси од дечко кој во исто време е способен да лаже и изневерува две девојки. Да драга, додека беше со тебе беше и со мене. Додека мене ме вртеше на малиот прст, со тебе се вери. Не сум ти љубоморна. Ти посакувам се најдобро, ти посакувам да бидеш силна. Но пред се како жена сакав да ти помогнам да ги отвориш очите. Твое е што понатаму. Но мое е да имам чиста совест.
Нема ти што да се плашиш, излези гордо и самоуверено, да гледа дека блескаш и дека постои живот и после него, тој е тој што треба да се плаши и срами да излезе, а не ти.
Се најдов во ваква ситуација кога дечко ми сосем се изгуби без причина и без збор, немам коментар за вакви особи едноставно еден збор ги опишува само.. НЕДОРАСНАТИ !
Фала богу да. Сеуште се немам слушнато со него од тогаш кога се изгуби, ниту го имам видено. После 3,4 месеци сега баш си помислувам на него што знам така ми текнува на моменти. Никогаш не би му го заборавила тоа но едноставно многу сакам да зборувам со него, сакам да знам зошто така го снема за ич ништо, а сигурно има причина. Секој знае што прави
Нема причина едноставно бил пи*ка и не знаел како да ти каже да раскинете.Подобро што се мана од таков сега ќе си најдеш подобар и позрел
И пoсле прекин нa врскa,без причинa, дa ти кaже сaкaм дa сме кaкo филмoн Friends with benefits. Wtf. Кaтaстрoфa.
здраво имам 17 години имав дечко од 19 години одевме 1 година и 9 месеци пред една недела почна да ме одбегнува ретко се слушавме другарите негови и мои ми зборуваа да го оставам да одмори малце го оставив не го барав но вчера дознав дека веќе почнал да излегува со друга што да правам бидејќи мн го сакам а и прв мие
И да го сакаш и да не го сакаш тоа е тоа, мораш да се помириш со фактот дека едноставно тој нема чуства и не сака да има ништо со тебе, самата постапка се ти кажува, да така зачувај си ја гордоста и помири се со ситуацијата дека и да е прв и да го сакаш најмногу на свет и да ти е најтешко треба да се тргнеш. Со сила убавина не бидува. Затоа и псотојат тие врски за да човек оспознае вистинска љубов и права хемија. Не сте еден за друг, млада си .. ќе имаш многу љубови и ќе се развиваш како личност, ништо не е загубено можеш само да добиеш плус искуство и повеќе зрелост.
сепак е тешко бидејќи тој беше првиот со кој имав интимни односи а си замина без причина и без ништо да каже
Му поминал меракот со тебе, и такви си се машкиве повеќето, пффф да заумрат! Па и како што гледаш нему ич не му е гајле за тебе. Живот оди даље и малу е тешко знам, ама ретки се тие што се први и последни едни спрема други. Ќе си најдеш подобар верувај.