Не знам дали ќе видиш, но оставањето никогаш не е без причина. Имал причина, но не сакал да ти ја каже. Времето ќе го направи своето, уште ти е тазе, но биди повеќе со другарките, излегувај, најди си ново хоби - ќе го убрзаш процесот на преболување.
На почетокот ке ти биде тешко, сепак година и 9 месеци е сериозна врска. Како што кажа Камелиа, сигурно имал причина, не е туку-така. Е сега, причината можеби ке ја дознаеш наскоро, можеби не. Не се знае.Не знам како ви се одвивала врската за да можам да претпоставувам која е причината што те оставил, но сигурна сум дека не е затоа што не те сака, бидејќи скоро 2 години сте биле во врска.Многу честа причина што оставаат,иако според мене многу глупава. е доколку сеуште немате односи.Ако е тоа причината, не би те советувала да го направиш тоа само за да го вратиш.Не сакам да те плашам но јас првиот го преболев после 2 години од раскинување, и сеуште имам слаба точка на него .Ама како и да е , ке помине. Посвети повеќе време на себе, почесто искачај , вежбај нешто, организирај го целиот ден така што нема да имаш време да мислиш на него,еве барем сега е лето можеш Иако мислам дека му е приодично, и ке ти се врати, сепак навикни се без него Позз, и пиши што си направила
Што да правиш? Да го оставиш на мира, очигледно не сака повеќе да биде со тебе, веројатно ја надраснал таа врска и сега му треба нешто ново, нешто поинакво.
Па дечкото има само 19 години, сте имале не така кратка врска и дечкото сакал да си ја проживее младоста. Звучи сурово, но таа е реалноста. Затоа сум многу против сериозни и долги врски на ептен млади години. Врски да, ама сериозни не. Не туку губи време да го преболиш, живеј си ја младоста, таа не се враќа, а дечко не е ни прв ни последен. Еве јас имам 18 години. Повеќето мои врсници се во така некоја сериозна врска, барем тие така си мислат дека е сериозна. Ретко кој останува со првиот дечко/девојка. Има и такви, ама помалку. Јас ги сакам врските, љубовта. И сакам еден ден да имам сериозна врска. Ама не можам да се замислам сега на 18 да фатам дечко и да терам цел живот со него. Ко прво јас не сум сериозна толку па за да бидам во сериозна врска. А и колку може да се биде срриозен на 18? Сигурно не колку на 28. Некое време не се впуштај во сериоозна врска, излегувај, дружи се, флертувај, мувај се, а дечкото ќе си дојде кога треба.
Глупаааааак, мразам таквии машки, нема храброст да се соочи со тебе и ајде со избегнување па и други девојки меша и прави љубовен триаголник. Ако ти бил прв, ова ќе ти е една фаза во животот каде што ќе сфатиш дека поголем дел од машките се глупави и не знаат да го ценат тоа што го имаат. Изгледа му се смачило со тебе или си помислил дека треба со нова некоја да оди зошто пред него е животот. Мој совет е да си излегуваш со другарки и да не го бараш. За некој нов и ти да најдеш рано е зошто сега си ранлива и може само да проба да те искористи.
Тој продолжил понатаму до друга. И ти направи си го истото. Искачај, забавувај се и уживај си ја младоста. Дечкото штом нема комуникациски вештини со својата скоро 2 годишна девојка, не го бидува. Размисли за можна причина, ако нема апсолутно никаква веројатно му фали нешто. Можеби влијае друштвото штом одоколу а и директно ти кажале на таков начин. Дури и да те моли да ти се врати, не го примај назад. Ако ти е прв не значи дека треба да ти е последен. Игнорирај го и прави се како да не се замараш со него. Нека пати копилето, таквите машки не заслужуваат да имаат девојка.
Вистина е дека некои љубови тешко се оставаат позади себе но, животот тече понатаму. Секој ќе знае како да се справи со својата болка и да научи да живее. Животот е на почеток. Ајде, не демотивирај се и продолжи си понатаму исто како ништо да не се случило. Ако животот ти одземал една шанса, сигурно ќе ти ја врати на поубав начин. И јас да сум на твое место исто би се чувствувала, а да сум на твоите години, ќе се дотерам, ќе се нашминкам, ќе и ѕвонам на најдобрата пријателка и ќе излезам во кафиќ каде што ќе си најдам подобра шанса.
Se zavisi od karakterot na partnerot, i ako mislime deka partnerot si go znaeme vo celost e toa se lazeme..
Мене ми се случи токму ова. Ме остави ненадејно дечкото кој го сакав со цело срце, така без трага и глас. Болката што ја чувствував не може да се опише со зборови, преголема беше. Денес уште ме боли,ама среќа срцето полека почнува да заздравува. Јас му простив и од моја страна сум на чисто. Тој испадна кукавица,негов проблем. Негова загуба е тоа што отфрли личност која го сакаше и почитуваше само поради комплекси кои си ги имаше сам со себе.
Не дека нема збор,не дека нема што да каже тој што раскинува туку на некои полесно им е така да се кријат или преку порака да раскинат или да бегаат
Многу непристоен потег својствен или за некој без осет и култура или пак за некој недораснат. Ова не е во ред ниту од машка ниту пак од женска страна. Никој никого не држи со сила, најубаво лично да се соопшти ваквата одлука и потоа секој да си тера по свој пат. Криењето не е решение, многу бедно делува.
Според мене бедното и кукавично напуштање и раскинување без збор е само доказ дека и ништо не си му значела, само успешно манипулирал со тебе и се криел зад маската на неговото лице. Малку и јас се пронајдов во темава и се потсетив. Лошо чуство
И јас се пронајдов во ова, многу лошо чувство Овие без збор што си одат и оние што кога ќе кажат не е до тебе ... у ист кош одат.
Здр па вака..Бев во врска месец и неколку дена...Што за тоа време ми симнуваше ѕвезди...Се осеќав најсреќна личност...Толку многу спомени...А Инаку не живее Мк..И доаѓа ден да замине од Мк, и ми враќа дечкото на пораки после 1 саат, 2 некад 3...Не ми ѕвони да се слушаме, да се гледаме на камера...Едно ми фалиш ми пиша после 2 недели и така...Му викам зошто слабо враќа, ми ја прави немам време.☹ И сфатив нешто не е во ред..И дојде една тема му викам нејќам да пишуе со многу женски, и почна јас го контролирам не знам што, сакал да ужива у животот, не можело вака..Иии сега вика ги изгубил емоциите за мене и не ме сака...Значи он само од корист си идел со менеМногу сум повредена...Колку ниско паднав само..Се каам што така си дозволив
За еден месец не можеш да го запознаеш како што треба а не па да очекуваш дека кога ќе замине ќе ви продолжи бајката..
Он сам ми даваше лажна надеш, дека ќе се слушаме а никогаш не ми се ѕвонеше, и на крај се топ ме сака ми пишува секој ден, и сега одеднаш немам чуства, јбг заборави ме...
Грешка е што си поверувала дека некој те сака за еден месец и неколку дена . Не , не си паднала ниско , само си добила животна лекција - да не веруваш толку лесно на луѓето . Глава горе и посилно и посамоуверено напред !