Што мислите? Дали е во ред крајот на врската да се случи преку телефон, фејсбук или сл.? Јас мислам дека не е во ред. Врската треба да се заврши очи в очи колку и да е тешко тоа. Сакав да прочитам туѓи мислење/искуства. Ако е дупла темава-клуч.
Мислам дека не е дупла.... Како и да е...таква работа може да направи само кукавица,човек без лице,образ и чест...нечовек...искрено помило би ми било да ми удри една шлаканица..него да ми раскине така,тоа е толку понижувачки и не чесно...особено ако тој што раскинува знае дека другата особа има силни чувства кон него...едноставно ми е многу кретенски...не ги почитувам таквите луѓе воопшто...би им плукнала во лице...али сериозно
Ами ако се чувствувам како некоја недорасната личност,може и на скајп да му раскинам на некој .Мислам Бог да чува и да брани,како бе може такви глупости,преку еден комјутер да почнувам врски или да раскинувам,трагедија толку неозбилна работа.Или порака да напишеш за крај .Поарно да се јавам на таа личност,бар гласот да ми го чуе . Абре и да изневери дечкото,пак ке одам у лице да му раскинам
Против сум... Не е човечно, никако. Тоа ми е знак на непочитување, и покрај се сме биле заедно, што и да се случило, не е таква работа што се соопштува преку телефон, смс, или уште полошо-преку фејсбук.
Глупости. Па ако му се скараш на некој преку фб или телефон е кукавичлок. Не сте оделе преку фб или преку телефон само, мислам дека треба колку толку почит да се има, да се раскини во живо, и да се разминете пријателски или мирно како двајца странци ако не нешто друго
Јас на бившиот му раскинав преку телефон. Не затоа што јас сум кукавица, туку затоа што е он. Дознав дека и’ рекол на една моја другарка ( тогаш не бевме блиски со неа како сега што сме) како ние двајца не одеме, дека не сме заедно. Се изнервирав моментално. Не ли одеме? Добро. Не му се јавив тој ден, ни наредниот, ни никогаш повторно. Штом не одеме, што има јас да му се јавувам, нели. Ми се јави тој, додека бев со друг. Му раскинав преку телефон и тоа пред оној со кој се смував тогаш. Го изневерив, со еден со кој си пишував цело лето и кој ми се допаѓаше. Заслужи. Не дозна, а и да дознаеше, мене ќе ми беше чиста совеста, оти не одевме ние нели, според него.
Jaс долга врска раскинав по телефон... Додуша... требаше да се видиме утредента... Ама немаше потреба... Се` ни беше јасно... Се крчкаше работата одамна. Можда бевме кукавици и двајцата... Јас не сакав да се соочам реално со ситуацијата, тој не сакаше да ме повреди повеќе од тоа што ме повреди ... Па да вратам времето ништо и не би сменила... Да се видевме, ништо немаше да се смени... Ниту тој ќе посакаше да биде сеуште со мене, ниту па мене многу ќе ми сменеше...
Како прво раскинување преку фб или телефон ми звучи премногу ниско и малоумно...Добро за кого како ..Ок опрадувам да е некоја врска од месец два...Али со некој подолг период раздебаата не би одела вака барем не по мое искрено..Добро 60% после некој разговор договорен за прекинување не раскинуваат но сепак е исправно според мое гледише си поминал толку време со некого мислам не е битно од која страна ке дојде барем е да се даде објаснување колку и да е болно во очи
Јас немам фобија од раскинување, едноставно ако видам дека нешто не иде го кажувам тоа и точка. Но мислам дека секој заслужува да знае зошто му раскинуваш, и воопшто не го оправдувам раскинувањето преку телефон. Најфер е во очи да кажеш што било проблемот и дека више не иде и дека не сакаш да се мачиш. Сите знаеме дека нема безболно раскинување но верувајте понатаму таа личност ке ја цени барем искреноста..
Јас на мојот бифши дечко му раскинав преку фб затоа што тоа го заслужи,почна да ме лаже,и кога му раскинав преку фб ми се јави и ме молеше да разговараме,но јас не сакав затоа што не заслужи да му дадам втора шанса, знаев дека пак ќе почне да ме лаже !!! Тоа ми беше прв и последен пат да раскинам на децко по фб.
Раскинав на фб и не се каам. КОга тој знаеше да манипулира, јас можам на фб да му раскинам. И да се видевме јас исто ќе му кажев, а за него ќе беше потешко. Кога некој ќе ме повреди не му мислам, за ситници, ама сепак ме натерал два пати да плачам, да се размислам што правам, со кого си имам работа, вреди ли да му верувам?За такви нема милост, па уште и ми вика - ама не трбеба вака, не знам зошто ми аскинуваш. Знае, ама поубаво му е да се прави чукнат. Зошто да се гледам уште еднашсо него кога веќе ми докажал дека не вреди.
Да, сум прекинала врска преку телефон, кукавички од моја страна но сепак морав, незнаев како ќе реагира, беше тежок карактер, за ситници викаше и се лутеше, а ми беше страв дека може и да ме удри. Му пишав порака дека е готово, ѕвонеше некое време, пишуваше заканувачки пораки, го игнорирав сето тоа и на крај се откажа.
Никогаш не сум некому раскинала на мобилен,фејсбук....а не би го сторила тоа никогаш,подобро е во лице да се каже,но кога постојат неки причини како на умбрелла22 тогаш ок е да се раскине на фб или мобилен
Да зошто да не ... Сум раскинувала по моб. Па не бил вреден да потрошам пат,пари и време да одам и да му кажам дека е крај.Вака за 2 мин. разговор си решив многу години. УФ ФАЛА БОГУ
мене ми се има случено да ми раскинат преку фб. Еден лигав тип ми го направи тоа и од овој временски период се е ок но тогаш побеснав од кукавичлукот што го покажа. Излеговме тој ден, си поминавме прекрасна вечер и се разделивме најубаво што можеше. Среќна си заминав накај дома. Кога си дојдов дома , он дошол пред мене дома се уклучил на фб и ме блокирал ме делитнал.. без збор.. се уклучувам на фб и што да видам-шлог ме удри. Блокирана сум. Му вртев на тел да прашам што се случува не ми крена. Глупак !!!
На телефон, домашен. -Ало, ми трепа Трпе, ало Трпе, крај е меѓу нас. Спуташ слушалка. Е тоа е раскинување. Сериозно, некогаш во прашање е избрзување, некогаш кукавичност, некогаш е тешко да се кажат такви зборови во лице, се си има причина и возраст. Не знам, веројатно многу е полесно за страната што раскинува. Не го оправдувам и не би раскинала така. Не ми личи мене Spoiler магарица толкава да направам такво нешто, ниту да ми направат.