ми се има случено раскинување преку телефон.. значи правиме муабет се е во ред те сакам, ме сакаш.. и на момент му текнува да раскиниме, ми набројува причини, ми кажува дека ништо не му се допаѓа..и тоа не се случило еднаш .. 6-7 пати ми има така направено не можам да го сватам... не се ни трудам повеќе
Нема поглупо од тоа раскинување на фб или на телефон.. Ако бил маж и ако е добар дечко или ако се грижел воопшто за врската..ќе застании пред тебе и ќе ти кажи шо не му чини причината оти се карате..и слично за мене фб извинување или карање е кукавички..
Мене ваквите начини на раскинување ми се тотално без везе или да речам глупаво понашање. Доколку дотичниот нема ма*иња да ми раскине во лице,ќе се служи со вакви глупави постапки,кои воопшто не се за оправдување.
Јас со бившиот раскинав во живо. Преку фејсбук или преку телефон, тоа го прават само кукавици! (Со неко раскинав пред 6 години ама средношколска љубов беше )
А бе какви се овие правилници за раскинување, ако нешто дошло до точка на кршење, ќе си кажеш што ти лежи на душа со или без медиум (телефон, фејсбук, гулаб). Јас имам раскинато 4 годишна врска во неколку реда чат на скајп. И? Што сега, јас сум бездушник? Нервите ми ги соџвака со љубомора, посесивност и барање отчети + ме извара а јас ретард и простив и врв на се им пишува пораки на мои другарки што ми коментираат на Фејс, ги нарекува курви и не знам што веќе, да се тргале подалеку од мене, јас сум бил зафатен.... Или во кратки црти, не заслужува секој човечен, фер начин на раскинување. Некогаш стварно е потребно бришење по брза постапка.
Не е во ред крајот на една врска да се стави преку социјална мрежа или преку телефон.Сепак сте поминале одреден временски период со личноста,сте поминале заеднички моменти,згоди и незгоди,сте делеле нешто во тоа време и наеднаш да прекине преку една таква комуникација. Каков и да е проблемот,треба да се дискутира очи во очи,да се најде решение доколку е можно или едноставно да се стави крај.
Јас мислам дека тоа не е во ред. Треба очи в оли, а не како што повеќето прават преку порака и си мислат дека е готово. ТОА НЕ Е ТАКА! Повеќето машки сега раскинуваат преку телефон, фб и други направи, а всучност страв им е да им кажат в лице зошто раскинуваат, а некои се прават демек фраери. ЈАС МИСЛАМ ДЕКА ТОА НЕ Е ДОБРО И НЕФЕР, но секој има право на свое мислење
Ќе се согласам со Елементал дека не секој заслужува нормален раскин, како човек. Ако личноста не била човек спрема мене и ми одмилела, зошто да се измачуваме и двајцата? Кратко и јасно. Раскинав едномесечна врска преку фејсбук, а после преку телефон. Како прво, од друг град е и немаше потреба да троши гориво, да доаѓа дури дотука само за да му раскинам. Да беше оттука ќе му кажев во лице. А второ, така и си залужи штом знае да биде многу паметен. Ама, ова не беше сериозна врска, ипак е многу кратко трајна. За подолга врска не е баш згодно, ама ако сепак личноста претера...Секој според заслуженото. Еден бивши, со кого бев 9 месеци секој ден во период од 3 месеци ми раскинуваше преку телефон. Е, после му плеснав во лице и веќе не се вратив со него.
Е многу сум била старомодна стварно.И ова ли постои .Ова е доказ дека повеќе не ја живеме реалноста,туку виртуално сме опседнати цццц
Не е во ред. И три дена да траела „врската“, не е во ред. Бедно е, што знам... Што ако другата страна сака да ве разубеди, што ако другата страна има добри аргументи со кои ќе ја побие вашата решеност да и‘ ставите крај на врската? Ако ова се случи очи в очи, оној другиот може многу полесно да стапи во акција. Крај краева, сте биле со човекот колку толку време, заслужува бар достоинствено да го погледнете в очи, а не да се криете зад некои мизерни екранчиња. Ми се случи еднаш, одамна, го викнав дечкото демек да разговараме, зашто не сакав тоа да го направам по телефон. Кратко траевме, не бевме воопшто приврзани еден за друг, ама ми кажа дека навистина го ценел тоа што сум сакала да бидам фер. Додуша ми рече дека немало потреба да се малтретирам, ама сакав да ја завршам работата како што треба, коректно, каков што беше и тој со мене дури бевме заедно. Од друга страна, една моја познаничка заврши тригодишна врска по телефон. По телефон! Една седмица пред тоа се трескаше дека го сака најмногу на свет, одеше по одмори со него, добро ситуираниот дечко ја носеше на ручеци и вечери во елитни ресторани во кои таа уживаше.... и му раскина по телефон. Не би сакала да се најдам на негово место, не Каков и да им бил односот и која и да била причината за раскинување, според мене е неприфатливо три години споделување на интимни моменти да бидат „крунисани“ со телефонски разговор.
Раскинување на фб? Многу често се случува во денешно време,бидејки никој нема храброст да ти раскине во лице
Мислам дека нема нешто поглупо од ова. Ако некој делел со тебе месеци, години, убави моменти, лоши моменти, проблеми, радости без разлика на колкав период, БАРЕМ нека има храброст да ти објасни в лице зошто повеќе не сака да биде дел од твојот живот. Мислам дека тоа е најмалку што можеш да му понудиш на некој на кој си му трошел одредено време. Првиот дечко ми раскина на месинџер. Бев најнавредена! На фејсбук немам раскинато, ама имам еднаш на телефон ама оправдано бидејќи ми пукна филмот да го викам дотичниот да излезиме, а тој „зафатен“. Ама сепак му објаснав со убаво, надолго нашироко.. Долго разговаравме, и ден денес застануваме муабет шо прајш како си итн На кратко, ако си имал храброст да започнеш врска имај храброст да ја завршиш како што треба.
Го оправдувам овој вид на раскинување само ако двајцата неможат да најдат никаква прилика да зборуваат во живо . Има такви случаеви и јас баш со минатиот дечко игнорираше повици и постојано беше зафатен и едноставно морав да раскинам преку телефон, затоа што неможев да поднесам сите да ми кажуваат дека ме изневерува а јас така да си молчам .
Јас па имам поинаква ситуација. Со бившиот бевме во врска 9 месеци, ама последните 2 повеќе неможев да издржам. Не дека нешто ме изневери или слично туку неможев повеќе едноставно од него, од однесувањето, во друга личност се претворив, нема врска.. А несакав да раскинам. Збирав храброст цел месец да одам и да му кажам. Незнам колку пати излеговме со таква цел и ќе почне да плаче, да се лигави, да ми ветува, а јас кутрата заљубенко.. и ќе ме убеди. Ќе продолжиме и уште поголемо мачење. И на крај МОРАШЕ преку телефон.
Во тешка ситуација си била...Пред се не си можела за да не го повредиш,но си собрала храброст. си немала друг избор...
Сметам дека не е во ред да се стави крај на тој начин иако моите две врски така завршија, преку Фејсбук.