1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Раскрсница - Што е подобро?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од SandStorm, 26 јануари 2020.

  1. SandStorm

    SandStorm Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2020
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Ве молам за мислење и помош.
    Се наоѓам пред голема животна раскрсница и одлука.
    Имено, проблемот се состои во тоа дали можам да жртвувам дел од себе си (и дали треба) за да воспоставам меѓучовечки баланс.
    За да се разјасни целата работа, на почеток би напишала мало интро. Веќе сум во својата 30та година, растена со самохрана мајка од својата 3 -та година. Во текот на сите изминати години без помош на мајка ми се снаоѓав и пронаоѓав сама низ животот. Дали за проблеми на работа, дали за факултет, дали за врски или другарки некако учев сама и тоа создаде една индивидуална слободна која ми дава храброст да сама носам одлуки без при тоа да се консултирам со никого освен ако самата не осеќам потреба тоа да го сторам.

    Зад себе имав долга врска од 8 години во која мојата индивидуална слобода беше почитувана, всушност со тогашниот дечко немав никаков проблем во однос на тоа за личните работи да си носам сама одлуки (менување работа, интервју, подигање кредит итн). Врската се распадна од сосем други причини, но меѓу сите добри работи, ваквата почит кон мојата слобода за одлуки ми годеше многу.

    После таа врска започнав друга врска, во која за разликата од првата имам феноменална сексуална хемија, интелектуално разбирање, муабет на многу теми но и еден голем проблем, а тоа е дека за разлика од првиот дечко, вториот дечко верува исклучиво во модел на живеење, а тоа е дека партнерите треба се да си кажуваат меѓусебе, за којшто и јас се слагам дека е добар само што како личност тешко ќе се навикнам да артикулирам на таков начин, односно - секоја одлука што ќе ја донесам, а се однесува лично за мене (на пример кариерна) претходно морам да ја елаборирам, детализирам и при тоа ако не наидам на одобрување, ќе наидам на пречка затоа што верувам дека партнерите секогаш и за се, не можат да имаат исто мислење.Според мене, партнерот во оние полиња за кои е подобар, носи одлуки и обратно. Имам размислувано и за тоа дали таквото меѓусебно кажување и барање совет за се (за што јас лично не осеќам често потреба за разлика од него што он мора за се да се консултира со мене и се лути што јас не ја имам таа потреба) дали е всушност воспоставување контрола и давање сигурност на другата личност дека знаејќи се, ја има во целост?

    Јас секако направив муабет со него и му имав објаснето и детализирано зашто јас не осеќам потреба за СЕ да се консултирам со партнер и побарав време да размислам дали сакам маж со кој ќе морам да се консултирам за се или маж што ќе ми ја остави и почитува таквата индивидуална слобода создадена благодарение на животното искуство.

    Прашањето е следно:
    Што вие мислите? Дали сметате дека со Вашиот маж треба да разговарате за се или сметате дека во бракот еден од партнерите треба да има слобода да сам без консултација (под услов да носи зрели одлуки) истите тие да ги носи?
     
    Последна измена: 26 јануари 2020
    На WildMk, stetoskop, Nigredo Odor и 2 други им се допаѓа ова.
  2. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    26.540
    Па ако си во брак не значи дека ќе станете едно тело со две глави.
    Многу е убаво да имате сопствени финансии и да се почитува независноста.
    Ако имате некој заеднички проблем заедно ќе разговарате и ќе го решите.
    Но, пример ако имаш нешто план да смениш работно место и ако ти треба второ мислење и се двоумиш може да го прашаш него како поблизок, а не заедно да одлучувате конкретно за твој личен проблем.
    Друг пример, тој има проблем со мајка му и сега не сака да ти каже, не мора да ти каже. Мислам, не да се кријат големи работи, ама некои приватни и ситни работи може ама и не мора да му кажеш, а не заедно да одлучувате за твој проблем ако си независна. Нема што да се менуваш поради него.
     
    На Nigredo Odor, RosettaStone, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  3. SandStorm

    SandStorm Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2020
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Па тука е целиот проблем што морам и СИТНИЦИ да ги кажувам, некои мали ситни работи за кои искрено немам желба а и со обврски и време да ги зборам. И на крајот испаѓа дека намерно кријам, зашто не сум кажала итн.
    Пред неколку дена ми пукна филмот зашто не сум кажала дека испраќам CV туку директно сум кажала дека ме повикале на интервју (еве една банална работа). Се повеќе се мислам дека тука станува збор за контрола отколку за некаков си модел, затоа и сакам да слушнам мислења.
     
    На lovestoneddd, 1209, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Јас мислам да си го следиш инстинктот. Ако ти личи дека вака се обидува да наметне контрола, тогаш веројатно е точно. Добро е што размислуваш и ја анализираш ситуацијата, продолжи така, не мора веднаш да ставиш крај, но ако продолжи вака веројатно и ќе ти се потврди мислењето.
     
    На Doozy, 1209, Gosh и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.063
    Допаѓања:
    4.125
    Пол:
    Женски
    Тоа е негов став и карактер и тешко дека ќе се промени нешто во врска со ова.
    Тешко и дека ти можеш да се смениш, не дека сакаш да скриеш нешто од него туку не си навикната на таков начин на функционирање.
    Пример мајка ми и татко ми се истиот случај, само во обратни улоги. Мајка ми дома се до ситница кажува и разговара со него, тој не. Дури она може да дознае од сосема трета личност за некој негов план или постапка, не дека татко ми прави "недозволени" работи и не смее да ги каже пред неа, туку не е таков човек.
    Од една страна ја разбирам зошто се лути оти се има најдено безброј пати во незгодна ситуација кога дознава од трети луѓе, а не од маж и. Испаѓа како они дома воопшто да не разговараат за ништо, а всушност он смета дека некои работи не се толку важни за да ги каже.
    Јас од првиот ден со мм разговарам за се, немаме никогаш разговарано на оваа тема и "договорено", ама некако како навика ни стана. Навечер кога ќе се прибереме по дома си раскажуваме цел ден што и како ни се десило. Мене воопшто не ми смета, напротив ми годи.
    Мислам дека сме ист карактер со мајка ми и не би ми било убаво кога уз муабет некој ќе ми рече Еј, го видов маж ти отиде на разговор таму или ми рече дека конкурирал за тоа работно место, а јас да го гледам овака :| .
     
    На Мамичка и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.104
    Допаѓања:
    32.918
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да се замислам покрај себе со партнер со кој ќе живееме независно еден од друг, секој со своите интереси, проблеми, успеси во својата глава, без разлика на сексот и интелектуалноста. Не велам споделување буквално на секој миг поминат одделен еден од друг, но за лични работи секако дека да.
    Тоа што не си му кажала за cv-то за тебе е ситница, но ете, јас во таа ситуација би била навредена.
    Имам чувство дека со твојата независност, ти си многу дистанцирана и не му даваш можност да е дел од твојот живот. Не велам дека треба да носи одлуки во твое име, ама претпоставувам дека би сакал да е вклучен во сѐ што ти се случува. Понекогаш е доволно само да те ислуша, некогаш да ти даде поддршка, некогаш мислење и совет, што не значи дека мораш да го примениш.
     
    На najjacha, sierra, Kate Rina 93 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Слободата е најбитна.
    Не мораш воопшто да го консултираш, а уште помалку да му елаборираш некоја одлука која не го засега него.
     
    На SandStorm, hermosa, RosettaStone и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. SandStorm

    SandStorm Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2020
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Ете тоа го земав како пластичен пример за подобро да ја доловам ситуацијата. Пример јас го изоставувам делот каде велам: Испратив CV чекам да се јават итн, туку кога сум добила одговор на апликацијата веднаш сум се јавила да го известам дека сум повикана на интервју (каде, како, зашто, му давам детално инфо), што кај него веројатно е проблем кога го кратам баш оној дел: Еве седам дома, сеа ќе пратам CV итн. И така е за некои други работи, секако не за се, но осеќам дека има потреба да споделува се и се лути кога пример јас ја немам таа потреба.
    Јас секако седнав и разговарав, се објаснив зошто сум таква (дека не е намерно) и дека треба и он да размисли дали може за одредени работи да остави простор да бидам таква како и јас да размислам дали можам да се обидам да почнам да кажувам работи што според мене може да се прескокнат.
     
  9. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.104
    Допаѓања:
    32.918
    Пол:
    Женски
    @SandStorm тоа е моето мислење и мојот карактер. Ете, јас повеќе ја разбирам неговата потреба за споделување, отколку твојата за ограничено споделување.
    Сфатив за примерот, но мене во таа хипотетичка ситуација не би ми било битно зошто не си ми кажала "седам дома, ќе праќам cv" туку би се прашувала: зошто јас не знам дека бара друга работа?; зошто бара друга работа кога досега не ми спомнала дека има некој проблем на работа/не е задоволна од напредок, плата, колеги, не ги исполнува нејзините очекувања и амбиции...?; зошто не ми спомнала ништо од ова досега?; зошто не споделува со мене работи што и се важни нејзе?
    Не знам, за мене лично е важно тоа, се разбира доколку долгорочно се гледам со тој партнер.

    Не мислам дека треба да се смениш ти или тој, на крајот секако различностите се сведуваат во донесување на компромис, кој можат да го почитуваат двете страни.
     
    На jasbi, lilo, emiliana и 7 други им се допаѓа ова.
  10. SandStorm

    SandStorm Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2020
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Јас го разбирам и него и тебе, само се обидувам да најдам функционално решение бидејќи знам дека сме различни во тој поглед.
    Кое според тебе е добро решение доколки се најдеш во ситуација со партнер како што сум јас, а ти е вистински грижа за него и го сакаш?
     
  11. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.104
    Допаѓања:
    32.918
    Пол:
    Женски
    Би разговарала што е добар компромис според него, а што според мене и после донесена заедничка, потенцирам заедничка одлука би се трудела и двајцата да се адаптираме на неа.
    Постојат само две можности - да се најдиме некаде на средина или да тргниме секој по свој пат.
     
    На lilo, RosettaStone, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  12. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    2.036
    И јас сум во таа група како дечко ти.

    Не би ти советувала да го перцепираш тоа како обид за контрола, единствено сака да биде дел од твоето секојдневие. Доколку има склоност кон контрола, доколку е посесивен, ќе го приметиш тоа лесно. И тоа би било проблем.
    Според мене ситниците се оние кои ги зближуваат луѓето, за да споделиш само главни новости, можеш со секој познаник кога ќе те праша- Што има ново?
    Додека за врска, за блискост мислам дека е најнормално човек да биде по заинтересиран.

    Добро е што си му објаснила зошто немаш таква навика и ти, искрен разговор е клучен за добра врска, но исто така и компромисот. Тој нека се потруди да не се лути за нешто што е небитно, а ти пробај сподели со него нешто што знаеш дека би му значело, побарај му мислење, сослушај го.
     
    На Nithya, eliesaab, Stressed Out и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. makedon81

    makedon81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2019
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Машки
    Ако има љубов ќе има и разбирање за се па и за тоа дали се работи за избор на професија или било каква друга одлука.Секако и партнерот мисли за твое добро , зависи дали тоа ќе се почитува или не ?
     
  14. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.677
    Допаѓања:
    14.260
    Пол:
    Женски
    Сметам дека треба и разговарам,тој ми е најголема поддршка откако го изгубив татко ми,за се буквално разговарам со мм,се консултираме,бараме совети и мислења еден од друг,јас поинаку и не би можела да се замислам,и моите родители функционираа така. Се зависи од карактерот и перцепцијата на нештата,дечко ти не дека сака да те контролира или тој да носи одлуки за тебе туку едноставно претпоставувам сака да е вклучен и информиран а многу е битно да се има таков бонд за успех на брак/врска...ова според мене. Ако мислиш дека не би можела тоа да го промениш а него му смета тогаш можеби и не сте еден за друг.
     
    На eliesaab, makedon81 и IRBBB им се допаѓа ова.
  15. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    21.028
    Пол:
    Женски
    Не гледам проблем да се споделелува скоро се, секако има работи кои нема потреба да се кажат.
    Проблем е кога тој нема да се согласи со тоа што го споделуваш.
    За примерот...
    Ако не ти одговара некоја работа, сакаш друга, бараш, лошо е ако ти каже не може... лошо е ако оди против тебе.
    Е сега, друго е врска, друго е брак.
    Во врска, не ми било битно кај работи... дали бара друга и каква.
    Ама во брак со дете, и тоа како ми е битно.
    Сакам да имаме време за себе, и тој и јас, време за детето, за нас... да не набројувам.
    Но, ако ми каже дека сака друга работа, секако ќе го поддржам... нема да барам да ми објаснува зошто.
    Може ќе сака да оди во странство, а мене тоа не ми одговара, зар да не ми каже и само да си отиде?
    Ако правите муабет и споделувате не значи дека барате дозвола или се правдате.
    Едноставно кажи, споделувам да си информиран, а не барам дозвола.
    Еве на пример кај мене, мм сакаше да пушти cv во фирма на мојот бивши...
    Ако тој дознаеше кој е, мм ќе беше малтретиран од него, дека намерно сум го пратила таму, за да бидам поблиску до него...
    Ама пак му реков, ако сакаш ако си спремен да трпиш тортура од таков човек, мене ми е ок.
    Јас лично не почитувам кога не се кажуваат вакви битни работи.
    Но, почитувам сопатвена приватност.
    Поголем проблем би ми било ако има љубомора и забрани.
    Или пример како во еден случај со пријатели, она неќела да пегла, купувала само што не се пегла..
    Па за нејзини пари што сака ќе купи.
    Јас гледам огласи, му имам првочно кажано, не гледам потреба да кажувам секој ден што сум видела. Толку....
    Но, ако за се нешто мора да се почитува само неговото мислење, тоа е друго, тоа е она што велам забрани.
    Пример друг, музичарите се често доста ангажирани.
    Со таков јас не би можела.
    Не ради љубомора, туку сакам да е дома.
    Зошто да бидам со таков, па на секое едно излагање да ми се објаснува што зошто и како прави. Ќе се најде некоја што само ќе рече чао, убаво да поминеш.
    Мм беше на интервју, ок е се, ама 2 смени...
    Двајцата сакаме само една смена..
    Му го кажав своето мислење...
    Слушај, ти си бил на тоа интервју, ти знаеш што ти кажале..
    Ако мислиш дека тоа ќе те усреќи, како јас да ти кажам што да правиш.
    Ама ако не збориме, никогаш нема да ни биде подобро, а нели тоа се трудиме.
    И на крај, сепак останува она како сакаме да ни биде животот.
    Ако сакаш целосна слобода, барај партнер со исто мислење.
    У секој случај, колку и да споделуваш со него, таквите одлуко секогаш треба да бидат лично само твои.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Нема потреба да му кажуваш.
     
  17. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Ако му кажувам се што мислам на мм ќе го полудам, зошто почесто и јас самата не знам што мислам, кај мене мислите се 300на саат, а не па друг да замарам. Откако добро ќе се преслушам и се уште не сум сигурна можам да побарам совет од него, зошто е многу порационален и попретпазлив од мене а и сум приметила колку и да се лутам на даден совет ако е спротивно кажано од она што очекувам, секогаш испаѓа неговото дека е исправно па имам доверба во него и неговите совети. Ама некој постојано за се да ме испрашува и да му се правдам ми е лично многу напорно. А познавајќи го мм да почнам тоа да му го правам ќе ми залепи фластер:xJust kidding.
     
    Последна измена: 28 јануари 2020
  18. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.500
    Допаѓања:
    33.307
    Искрено, проблемот е ако ти наметнува што да правиш, т.е. која одлука да ја донесеш, и те уценува да биде по негово.

    А ако бара да му кажуваш шо како, не е баш и толкав проблем. Јас сметам дека у заеднички живот, се игра со отворени карти, и дека треба да се разговара за се што е битен чекор во животот и да се кажат мислењата, затоа што се тоа влијае на заедничкиот живот, и треба да се сослушаат и двете страни. Што во никој случај не значи дека ти треба да го послушаш советот и да го сториш тоа.
    Еве, си му кажала дека те викнале на интервју, али не си му кажала дека си испратила пријава. Зашто да не му кажеш на дечко ти дека си поднела пријава? Па не кажуваш на комшија. Што е тоа толку скришно, срамотно или па не знам како да се изразам, за да не го спомнеш онака уз муабет, демек како ти поминал денот?

    Али ако тебе тоа ти смета, тоа е, твој карактер, и ако сметаш дека е толкав проблем, тогаш раздели се.
     
    На Nithya, sierra, Alisa22 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. parrot

    parrot Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    483
    Уф, прво има разлика меѓу врска и брак, второ и разлика меѓу контрола и заедничко носење на одлуки. Еве за брак да земеме, сметам дека сите оние крупни одлуки кои имаат влијание врз вас како заедница треба заеднички да се носат, пред се со разговор и размена на мислења. Тука не би спаѓало не информирање на партнерот за праќање СV, но да, би било добро да се сподели дека планираш промена на работа од х причини. И сметам дека он не треба да ти влијае тука, дека на крај одлуката е твоја, но секако бар да биде информиран. Е сега, купување на имот, одлука за незнам подолг ангажман навор од земјата, земање голем кредит (особено што долговите ги наследува партнерот во не дај боже ситуации, а и финансиски влијае на семејниот буџет) и ред други работи, треба да бидат предмет на заедничка одлука. Што се однесува до врска, сметам дека нема потреба од мислења од партнерот за одлука која сакаш да ја донесеш, туку само информирање. :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SandStorm

    SandStorm Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2020
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Можеби јас дадов премалку информации. Околу менување на работното место, он е известен дека сакам да го сменам заради причини кои му биле елаборирани. Околу местото и времето за интервју исто така бил известен. Проблемот настана за тоа дека не знаел дека испраќам што мене ми падна чудно (логика?!) зашто човек ако не е задоволен ќе испраќа CV па од таму каде што ќе се јават, ќе извести.

    Кај мене изостанува делот - "леле пратив, се надевам ќе ме викнат итн". Таквиот муабет го водам како монолог и се размислувам дали можам да го преформулирам во дијалог (споделување на чувства како еуфорија, исчекување итн). Тоа си го чувам за себе, но секогаш кажувам кога ќе бидне работата.
    И ова не е само за CV за многу други работи е.
     
    Последна измена: 28 јануари 2020
    На ForeverYoung му/ѝ се допаѓа ова.