Очигледно правиш драма од сета оваа ситуација која се одвива во монолог а после сакаш да премине во дијалог, а со тоа замараш многу членки од форумов кои одвоиле малку од своето драгоцено време за да дадат некој совет.А ти као драма си пишуеш
Па според ова, ситничите и двајцата. Нема тука кој е во право. Глупо е да се лути зошто не си кажала таа една реченица- си заборавила едноставно, не си сакала да споделиш пред да бидне. И мм не ми кажува кај се праќа. Од друга страна, ептен е ситница за да се скрие намерно. Седнете разговарајте сериозно. Стварно не е некој нерешлив проблем.
Ти не можеш да очекуваш дека овој сегашниов или некој нареден ќе е ист ко бившиот. Се ставам на место на твојот дечко и би се осеќала грдо да не знам дека сакаш да конкурираш негде, а ти веќе си повикана на интервју. Као, шо сум јас, комшијата од трети, па не сакаш да споделиш кон што целиш? Тоа шо бившиот нејќел вакви информации да споделувате, ете, негов пропуст би рекла, зашто се изоставаат битни детали во врската. Друга работа, вие сте веќе оформени карактери и тешко дека ти допрва ќе почнеш да кажуваш се, а тешко и дека тој ќе пресране да бара да кажуваш. Компромис би бил еден да си се погази себеси и да ја промени својата карактеристика.
Нема потреба од остро напаѓање ако човек е со желба да изнајде решение, имено за таа цел ја отворив темата. Точно е дека јас преку ноќ не можам да се натерам да кажувам се, ниту да го натерам него да се затвори во себе, а е научен да споделува буквално се. Сакав да прочитам мислења околу тоа дали и како функционираат други врски и бракови. Благодарам за одвоеното време.
Од првиот пост мислев дека за сериозни работи не споделуваш информација, што не е во ред ама после кога го видов примерот за CV...Е не очекував дека за ваква ситница ке има и други членки што го делат мислењето дека морало да се сподели. Прво, не ми ни текнува на дечко ми да му кажувам работи од ваков тип оти се скроз небитни (до моментот кога ке те повикаат на разговор во овој случај). Баш ми е замарање и за мене и за него да морам да ја памтам секоја ситница што сум ја направила во текот на денот и да му репортирам. Исто не би сакала ни од негова страна да биде така. Ти немаш донесено некоја битна одлука па да го прерипнеш него. Дури и да отидеш на интервју а во моментот тој да е некаде на пат на пример и зафатен, и да не му кажеш не е ништо страшно. Не знам што дигате галама околу ваква небитна ствар. Мене па дури ми е нездраво до толку споделување. Плус членката кажа дека не се во брак сеуште што е дополнителна причина за поголема самостојност.
Секоја врска или брак си е различен. Зависи како ви одговара и како ќе се поставите. Еве на пример јас со дм си кажуваме за се не гледам причина да не споделам нешто со него дали е за работа или за нешто друго затоа што освен партнер он е и мој најдобар пријател ,секако дека сакам се да споделам со него исто исто и он ,па не ми е некој странец сакам да знам се а не да не знам ништо за него ,така не би можела да функционира врската.
Да разговараш -Да, ама одлука која се однесува за некоја работа за тебе -самата треба да си ја донесеш онака како што тебе те учи памет .
Треба заеднички да се прилагодите во врската. Секоја врска за себе е индивидуална. И ние на почетокот односно првите месеци па и години имавме различни погледи кон светот и тоа доведуваше кон кавги. Како што минуваше времето така си ги учевме карактерите и се адаптиравме еден кон друг. Ако има љубов, разбирање, извинување и слично таа врска ќе опстои. Пробај да го сватиш овој пат и потруди се да бидеш поискрена кон него нормално ако се работи за непосесивна љубомора и сл. СРЕЌНО!
На темава би можела да напишам реферати. Јас сум типот на дечко ти, маж ми е како тебе. Да не навлегуваме кој и зошто има некаков став, едноставно сме такви какви што сме, и ретко кој сака и може да се прилагоди. На почетокот додека бевме во врска беше по отворен и имавме подобра комуникација. Со тек на време кога влеговме во comfort zone едноставно си прекина со разговор и почна да ми соопштува само одлуки, и искрено ми пречеше што бев исклучена од фазата на размислување и ме ставаше пред свршен чин. Да разграничиме, не барам да ме праша за мислење или да побара одобрување за работи што не ме засегаат, едноставно сакам отворена комуникација што вклучува и фаза на гласно размислување. Fast forward, сеуште го имаме истиот проблем, неколку пати на шала ми дошло да кажам "жени фаќаат швалери за секс, нас тоа ни е супер само јас ќе треба да фатам некој за муабет." Единствено разговараме за работа, бидејќи сме иста струка и тоа ни е баш погодено. Сеуште пробуваме да се прилагодиме еден на друг и после години заедно. Некогаш тој се труди повеќе да зборува, некогаш јас се трудам помалку да очекувам, некогаш не успеваме па има кавга и нервозата трае со денови.. Искрено, може на почеток да знаевме дека ќе имаме ваков проблем може ќе размислувавме поинаку, сега некако се навикнавме, има голема хемија и љубов па ова некако пробуваме да го влечеме со нас..