Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Расправии поради местото на живеење

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од dlink, 17 декември 2015.

  1. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Дечково не прецизира за какво село се работи. Има разлика од село до село. Има села кои се всушност цели населби со сите услови, на пет минути со кола до центарот на Скопје, ама ете останало од порано тоа "село" и сега тоа место го знаат така. А има села кои се баш села во вистинска смисла на зборот. Во такво ни јас не би живеела зашто не можам да се прилагодам. А пет километри оддалечени од градот е премногу малку, пеш тоа е еден саат, а со кола пет минути буквално. Така што претпоставувам дека се работи за оние модерни села. Треба да објасни за да видиме дали девојкава претерува или навистина има добра причина. Јас познавам една што не сакаше да живее во Лисиче зашто според неа било далеку од центарот на Скопје. Знаеме каде се наоѓа Лисиче и за мене е тоа претерување и удирање од земја со сила.

    Не знам, најдете заеднички јазик, поразговарај и види каде е коренот на проблемот. Ако има навистина причина за тоа, во ред, ама ако е комплекс во прашање, тогаш јас не би сакала да бидам со таква личност затоа што ќе се запрашам уште за што има комплекси и дали можеби ќе ме тера секоја година да одиме по два пати на одмор само зашто пријателките и' одат, а она мора да се покаже пред нив.
     
    На marama, kjukli, Giovanna и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Кога тој не сака да се пресели е љубов, а кога таа не сака да се пресели- не е љубов :D
     
    На Zeynep, Gosh, okcenzi и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    ^
    Тој има куќа, таа претпоставувам шипинки во градот. Што нуди таа и дали е способна стан во град да купува битно прашање е.
     
    На marama, Аliсe, stetoskop и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Bridget Кога веќе реплицираш, барем тагирај, затоа е и измислена опцијата.
    Инаку, како и во секој еден пост, само ја слушаме едната страна, тој кажа 2 куќи оти имал, а не наведе конкретна причина зошто девојката не сака да иде при тоа богатство.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Што си има врска имотот!? Кога не сакам да живеам на село, не сакам и точка. Ако сака нека има и пет куќи.
     
    На Ance-to, kjukli, anel и 6 други им се допаѓа ова.
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.831
    Пол:
    Женски
    Епа не сака.
    И јас не би сакала, сакам гужви, би полудела ако живеам на мирно место.

    @Bridget тој има куќа која што ја изградил татко му, таа можеби сака да изградат нешто свое и да се независни.
     
    На okcenzi, kjukli, anel и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    @Summerlover Тој не кажа дека има богатство, туку куќа која не е заедничка со родителите, значи само за нив, и проблем 5 километри од градот. Нема ништо лошо таа што сака да живее во град, само мене ме интересира колку е тоа изводливо за двајцата. Ако се финансиски стабилни зошто да не. Нека си отплаќаат стан па на крај и стан во град и куќа на село ќе си имаат.
    Затоа реков дека е битно колку се способни без таа куќа сами да ствараат.
    Ако не се, и ако постои љубов како што вели дечкото, тогаш нема простор за- сакам и точка.
     
    На SuperGirl24, MiloMalo и crimson им се допаѓа ова.
  8. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Bridget Како таа сега живее во град? Никаде не спомна, може живее сама девојката независно, а и да живее со родителите, значи тој не е ништо поразлично, бидејќи тој живее со нив, а и планира да живее во куќа која тие ја изградиле, а не тој. Оттука, што е и тој без таа куќа? Може, официјално таа и не е негова, може девојката не сака да биде близу до свекрот и свекрвата, може да има многу причини.
     
    На Nausicaa и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    @Summerlover Може и приказни има дека низ тоа село навечер околу 12 духови шетаат и плашат градски девојки, не знам, се е можно. Дури не каже тој кои се нејзините причини или сама таа да се регистрира, ние не можеме да знаеме. Коментираме само врз основа на дадени информации. Ако не каже ништо друго типов, толку може да биде од муабетот.
     
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.430
    Допаѓања:
    42.294
    Пол:
    Женски
    И јас не ве разбирам зошто велите дека девојката е разлигавена, ете може не сака да живее на село и јас не би сакала, целата атмосфера која ја има на село мене ми е загушувачка, имам јас баба и дедо на село и убаво ми е кога одам на ден два, ама уште мала не сакав ни да смислам да живеам за стално таму.Не мора да е разлигавеност, не мора да е неразбирање и некои комплекси, едноставно девојката не сака да живее на село и толку.
    А и точно е дека тој не кажа што има девојката, ете може таа има стан и живее сама, нејзин може е, па сака да живеат таму, ама може па нему гордоста не му дава да оди да живее кај девојката.Не ја кажа тој целата приказна само пиша дека таа нејќела ни да слушне за тоа, не кажа кои и се причините за тоа што таа нејќе да слушне.
     
    На Gosh, anel, Avery и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Bridget Наведувам причини, бидејќи на претходната страна гледам на сите неприфатлив им е еден прост обичен факт дека едноставно не сака. Као демек најлоша е таква, не може да не сака.
     
    На IloveScience и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. Olgitsa

    Olgitsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    797
    Во странство тоа одамна е така, а гледам и кај нас почна во последно време, сите поситуирани бегаат на страна, никој нејќе да се гуши во градот.. И само кај нас го има тој синдром , живее во центар = граѓанин, на страна = селанец... Ама и кај нас се буди свеста полека, и сите елитни населби што се прават, се прават на страна, Сончев Град, Бардовци, Злокуќани, Волково... Се се тоа места со амбуланти, пошти, ординации, училишта... Така што за ситуацијава би рекла зависи од `селото`...
    Идеално е да си на страна, но сепак релативно блиску до град, пола саат со автобус, и да имаш пристапност..
    Ако имаш автобус на 5 минути, имаш и ноќни линии, тогаш стварно немаш проблем..
    А ако се работи за Илинден, Кадино, Миладиновци и сл. места натака, таму ни јас не би живеела искрено, зашто си ограничен едноставно. Еден автобус на саат време, последен во 23:00 , за такси не можеш да помислиш, со кола ако си сите пари на бензин ќе ти идат... Не знам ама мене лично, ме убива тоа да сум ограничена, да седам на кафе и да гледам на секои 5 мин. на саат да морам да рачунам кога ќе станам, колку време ми треба до автобуска, да не случајно ми отиде последниот, па после што ќе правам...
    Не ми е тешко да разберам некој растен на асфалт да не сака да чува кокошки и да сади патлиџани.

    И не знам што толку одма повеќето против девојката, иако немаме доволно информации, и го нема дечкото да пише, тука мислам дека поголем проблем од местото на живеење се неговите родители.
    Иако посебни влеза, посебни куќи, пак ќе треба да живее со нив..
    Нема да може да искочи со другарки, колешки и да се врати покасно навечер без неговите да му искоментираат `Каде луташе онаа твојата до 2 саат ноќеска` , после ако иде на кафе ќе коментираат што е ова секој ден искочена... За другарки, друштво да може да собира дома малце потешко.. и пак нема да остане неискоментирано.... И јас лично се ужаснувам од помислата да треба да живеам со родители на дечко, иден сопруг... Најдобри на свет да се, не сакам да живеам со нив. Во иста машина гаќи ли ќе переме... И не може да помине без да се мешаат пошто таква е средината кај што живееме.. Јас со моите си имам многу лабав, другарски однос, и не можам сега на туѓинци да им се притресувам, и да пазам што кога и како ќе кажам во своја куќа.... Нити сакам таков вид на блискост.

    Така што според мене, најубава варијанта и за двајцата. Продајте ја куќата наменета за тебе ( ако е твоја ко што кажуваш, односно наменета за тебе, тогаш твоите не би имале ништо против зашто ако е твоја со неа можеш да правиш што сакаш, и нема да биде залуден сиот труд на татко ти, ја продаваш за да купиш нешто друго) , и купете нешто во градот... Ако има и од нејзина страна да ви помогнат тогаш нема да има потреба ни од кредити ни ништо, со продадената куќа и помош од страната на нејзините.
    А утре ден, кога ќе починат твоите ќе ви остане пак и таа куќа, така што ќе имате имот и во град и на село, за викенди, пикници, зимници праење, и се друго по потреба.
    Ако не може да се најде компромис, подобро е да се прекине што побрзо да не се губи време залудно..
     
    На okcenzi, kjukli, Mishela и 5 други им се допаѓа ова.
  13. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    ако вистински те сака и сака да сте заедно нема да и пречи кај ке живеете...мене не би ми било важно дали на село или во штала ке живејам само да сум со саканиот..бар јас така мислам
     
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.831
    Пол:
    Женски
    ^ Ако до толку не се почитуваш себе и во депонија живеј, ама не е тоа поентата. Во врската желбите на двајцата партнери треба да се подеднакво важни.
     
    На kjukli, Mishela, anel и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @***nekoja*** А види, на него му пречи да живеат во градот, ама не е тоа поентата на дискусијата, нели. Важно е дека она вистински не го сака, оти не сака да исполни желба што треба да се однесува и за двајцата :D
    Смешки :D
     
    На kjukli, anel, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Зашто кредит да земаш? Продај ја куќата, купи си стан у град...а дека животот у град е полесен оти се ти е под нос, така е.
     
    На IloveScience, Elena69221, Dennings и 2 други им се допаѓа ова.
  17. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    јас мислам дека не е важно град село мислам секако има разлика тие од село лесно ке се навикнат на град но тие од град тешко на село еве јас да сум на нејзино место би се согласила да живејам на село па ке дојде ден порано или покасно ке го убедам да живееме пак во град НО исто да напоменам дека дечкото спомна дека селото е далеко само 5 км од градот зар за 5 км да прави проблеми...
     
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.831
    Пол:
    Женски
    А уште еден важен момент е што тој не спомна каква е куќата.
    Колку и е оддалечена од работа?
    Дали има соодветен превоз до градот?
    Дали девојката има стан?
    Дали воопшто има некоја идеја каде би живееле?
    Дали е толку итно да се земат ако се уште не им е решено станбеното прашање?
    Колку години имаат?
     
    На okcenzi, kjukli, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @***nekoja*** Апсолутно не е така дека тие од село полесно ќе се навикнат на град, а од град тешко на село. Тоа си зависи од човекот. А зошто ќе го убедуваш после да живеете во град? Зар тој ден порано или покасно нема веќе да го сакаш? :D
     
  20. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    не дека нема да гп сакам јас напоменав дека да сум со саканоит не на село и во штала би живеела така кажав бидејки сме жени а кога жената нешто науме и го остваре(секако зависииод мажот каков е)сепак јас мислам дека местото на живеење не е кој знае каков проблем и како што вели @crimson има мн прашања околу тоа..