1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Расправии поради местото на живеење

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од dlink, 17 декември 2015.

  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Знам како изгледа, па ако немаш машини не можеш да работиш. Тоа ти е исто како да си програмер, а да немаш компјутер за работа. Секој земјоделец мора да има, а ако нема си се договараат да им работи некој што има, за одредена сума.
    Баш ми е жал ако во твоето семејство не успеал бизнисот, кај мене сосема е спротивно и не можам да се пожалам :)
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  2. smajlii

    smajlii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    @promeneta Знаеш зашто се градат толкави куќи во село? Немаат комунали најпроста причина, а да изградиш во град (зборувам кај мене во населба) фундамент-100€м2, 1и 2 спрат 80€м2, а поткровје 40€м2. Е на ова никогаш никој не гледа. Затоа и цената на продавање не може да биде иста, главна улога е локација и колку се плаќа комуналии за таа куќа.
    Читам тука и на други места еве во Америка богатите оделе на периферија и да одат, ама не можеш тоа со Волково да го споредиш (пример давам) или Драчево абе палата да ми дадат не одам, не знам како да ви кажам. Многу околни села канализација немаат а на 10км од Скопје се, септички јами копаат а да не праиме муабет за останати работи. Кај нас во Македонија селата се запоставени и не се инвестира во нивна инфраструктура да има добро поврзување со градот, да има ноќни автобуси да може и младите што живеат да излезат, не секој има да дава пари за такси. Мајка ти ти е блиску викаш на 15мин а летно време највише те фака криза што не си блиску до твоите, не значи дека ако бидете во град дека ќе сте на една минута ама има линии автобуски и со се ќе си поврзана а не вака на 15 мин а се осеќаш како да си одсечена од светот
     
    Последна измена: 18 декември 2015
    На okcenzi, kjukli, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    @smajlii
    Како прво се сложувам со тебе за тоа зошто не се гради во град (поголеми трошоци) и свесна сум за тоа, ама наместо толкава куќа во село може да се земе некој помал стан во град (зборувам за огромни куќи со најнови фасади најчесто изградени од луѓе во странство).

    Како второ, јас не се осеќам отсечена од светот, туку не сум блиску до моите, што нема да е различно и да сум била мажена во друг град, а не село (пак секојдневно нема да сум до нив, а превозот не ми е проблем).

    Трето, убаво реков дека е битно кола да се има (иако не оди на вода).

    Четврто, никаде не реков дека е подобро во село отколку во град, и самата потенцирав дека наша цел е и ние да живееме во град.

    И за крај, јас си зборував од мое искуство, што не значи дека е тоа и твое или на некој друг размислување.
    Едноставно ја избрав љубовта пред местото на живеење.
    Поздрав :)
     
    Последна измена: 18 декември 2015
  4. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Женски
    Jas bi se soglasila i vo kuka so edna soba i to na selo da ziveam samo da sum so sakaniot i da sme sami,toa odsekogas sum go sakala ne samo sega koga se omaziv,e sega malku e tesko koga nekoj,a ke rece ako te saka ili ako ja sakas ke prifatis se,no ne e taka ednostavno i dobro te svakam taa ne e naviknata na toj zivot i so sigurnost ke ti kazam deka toa i e dolnost,no sepak ova e moe mislenje vie najubavo si znaete kako vi e
     
    На ***nekoja*** му/ѝ се допаѓа ова.
  5. smajlii

    smajlii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    @promeneta Го почитувам твоето мислење, јас го кажав моето дека не би, можеби така зборам дека не сум во таа ситуација и не знам. Кажав и пред тоа има разлика од село до село, скопскиве се повеќе при градски населби отколку села. Мене не ми е од комлекс немам никаков проблем со тоа, туку со тоа дека нема никакво поврзување, нема ништо изградено во селата, ме разбираш? Да би се инвестирало верувам дека би ја имало се почесто таа миграција град-село.
    Во однос на градењето пак ќе кажам има огромна разлика да ја изградиш истата куќа во село и истата во градска населба.
    1. Земјиште
    Во село еве пример Миладиновци плац ќе најдеш за 5000евра од 600м2
    Додека во град истото ќе те кошта повеќе од 100.000€
    2. Комуналии
    Во село-немаш
    Додека до град има и тоа 100€ за м2.
    Материјалите и работната рака е иста дали куќата ке биде во Црниче или во Миладиновци, фасадата е иста цена, паркет е иста цена, но има пропратни работи кои што луѓето не ѓи гледаат и ќе речат исто е, ама не е.
    Една куќа од 200м2 ќе чини околу 59.000€ ( како што кажа се ново) а ти за тие пари не можеш да купиш двосовен стан во капиштец.
    Затоа градат таму каде што викаш и тие што градат верувај дека повеќето се од таму родени отидени во странство. Верувај дека 99% од тие да би имале да купат земјиште на Водно, Козле и да изградат таму куќа тоа ќе го направат.
    поздрав
     
    На promeneta му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.047
    Јас на пример знам од прва рака.
    Со правилна организација, со правилна инвестиција (не многу голема) и пред се широка душа да платиш и да ти работат, а не да се стиснеш и сам да копаш, се заработува и тоа многу. Ако те бива, ако знаеш како и ако го сфаќаш како производна фабрика. Даваш и зимаш.
    И тоа МНОГУ даваш, но многу и зимаш.
    Колку?
    Годишно да градиш по една куќа.
    И тоа човек што никогаш во животот не фатил мотика и одеднаш учи и прави чуда.
    Сте се научиле само на кукање. Се е до главата и личната перцепција.
    Зошто на форумов има бааги вернички, еднаш имам и пишано за ова, библијското - Тој што има и пак ќе има, тој што нема, нема ни да има, многу убаво кажува.
    Од главите си патиме, а не од немање можности.
     
    На jacqueline.s, theowndemon, MiloMalo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    ве замолувам да ми се објасне: КОИ СЕ ТИЕ КОМПЛЕКСИ што ги има девојката и сите тие (ние) што не прифаќаат да одат во село?
    Да била од село и да сакала во град по секоја цена ќе разберам дека е комплекс на нижа вредност, ама вака? Девојката си е од град и не сака или не може да менува средина.

    И јас никогаш не би можела да живеам во село. Комплекси, некомплекси, кажете како милувате ама јас сакам да си се сакам со сопругот и на кафе, и во и во кино, и во театар... селото мене нема да ми ја даде таа динамика и нема да сум исполнета. Пре би во 70 квадрати во град него ли во 700 на село.
    Дополнително прашање: овие што сакаат да живеат во големи куки на село, се комплексаши или како?

    У однос прашањето на момакот:
    друже, мој совет е да пробате во град. Штом ти и нудиш all inclusive , она нека дава за кирија во град, а сметките делете си ги зашо нели заедно трошете се тоа. Јас да ти сум девојка во таква ситуација, тоа ќе го понудев како решение. Па ако не иде боже мој, ќе се проба и на село додека не се собере пари... ама нема да ме убедиш за во село.
    Реално, овој проблем е и те како битен и не е ситница - крајна варијанта е секој по свој пат.

    Исто многу е битно да смислиш ти сам што сакаш.
    Зашо уопште не е фер само ради што твоите без твоја желба ти наметнале куќа до нивната, да мораш ти да прифатиш.
     
    На kjukli, Elena69221, honest girl и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Македонците се тешкаши кога се во прашање комплекси. Сите ќе се потепате да живеете во Лондон, Париз, Њујорк, Амстердам, т.е. градови со по неколку милиони жители каде што се патува и по 2-3 часа до работно место, ама во Македонија 5 км се проблем, затоа што нели Кочани, Македонски Брод, Струмица, Штип, Свети Николе изгледаат како Сен Тропе, али после 5 км од тие градови се изгледа како Чернобил.

    Немам никаков проблем со нечиј став во животот, ама апсолутно никаков. Едноставно многу луѓе не сакаат да живеат на село, не им е убаво, но проблем е кога некоја црпната ќе те влече за нос 7 години, а ти од село, свесна е што очекува и одеднаш ти го загрозува животот. Зашто да му трошиш на некој 7 години од животот? Или да прашам на англиски за да можат салонските хипстерки да ме разберат. Why?
     
    Последна измена: 18 декември 2015
    На Daydream, vitamina, Rainman и 2 други им се допаѓа ова.
  9. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    @smajlii Малку забегавме од темата, само да кажам дека не сум од Скопје и од таму каде сум не се толкави драстични разликите град - село.
    Пак ќе кажам, ни мојот избор не е живот на село, туку тоа е еден вид жртва во име на љубовта за која не се каам затоа што мм заслужува.
    Да не бидеме офф - топик, почитувам сечие мислење.
    Поздрав :).
     
    На cresa-jagoda и smajlii им се допаѓа ова.
  10. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    И јас знам како изгледа, затоа не мора да ми објаснуваш и да си иронична. Машини има, ама не можи таква механизација сите да имаат ко ти шо ја спомна. А и не е доволна заработката ко порано, кога се ценеле производите. На секој му успева ако работи, само веќе не се исплаќа. И зависи шо ќе одгледуваш.
    И мора да се посветиш и отепаш од работа, иначе не успева во нашава државичка, кај шо не е среден ни извозот, ни цената на производите.
    Многу знаете за памет солење и подбивање значи.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.047
    А тие од село не одат на кафе и театар?
    Големи куќи на село е од практична причина. Ако ти планираш да имаш 2 деца, планираш да живееш во 70 квадрати? Извини, не е доволно. Може сега си фантазираш, ама кога ќе ги имаш еден ден ќе сфатиш колку е важен личниот простор.
    Од многу туѓи искуства сум го гледала ова, тогаш со сопругот ќе спиете на кауч во дневна и нема да ја имате таа ДИНАМИКА на ТВ, не па во кревет.

    И тоа јас имам опции и да бирам и бирам не толку далечна периферија кога ќе имам деца, отколку стан и од 100 квадрати.
    Во развиени населби читам глупи мислења од типот не би живеела онаму, не би живеела онаму, а сите знаеме дека ги имаат сите услови за живот, дури и подобри, ако го гледаме квалитетот на воздух, а ве делат само 10 минути со кола. Значи не е до условите за живот, туку до комплексите е.
    Некој не сакал во Драчево да живее или Ѓорче. Јас колку што знам овие населби имаат канализација, струја, асфалтиран пат итн... Значи? До што е? До чувството да се осеќате како граѓанки, ама да не навлагам колку почесто не е така.
    Немојте ве молам... оваа тема вака. На друга тема гледаме баш реалност...

    Истите овие тука се оние што од другите градови ги нарекуваат провинцијалци.
    Да не глумиме метрополити кога по душа малку ... послабо.

    А кој е комплексот? Па таа сто посто се срами што тој е од село, не па да живее во село. Како сега она од град во село да се мажи? Простата македонска малограѓанштина.

    Кој си има некаков стил на живот ќе си го тера и на месечината. Нема да го дефинира средината. Тоа е разликата во глумење и вистинско живеење, не знам како поинаку да се објаснам.

    И никој не ви рече да се фатите за ашовот, поголемиот дел од луѓето работат во ВЕЛЕ ГРАДОТ и секој ден патуваат до таму. И да, се мешаат со ГРАДСКИТЕ луѓе. Пијат кафе, јадат ЦЕЗАР салата, јадат топло-ладно, седат во Твинс, децата им одат на спорт, на јазик, во БрејнОбрејн. Само за разлика од вас имаат и екстра приход од ашовот де. И додека поголемиот дел се стискаат за едно кафе, тие баш живеат како луѓе.
    Чисто да сме на чисто со комплексите, затоа што прашувате што се комплексите, а самите низ показни пример многу убаво си ги објасните. Може па и стравови се, не комплекси...што знам.

    Само да ве прашам од кои села ви се дедовците и бабите пред да ви ставиме лута пиперка во уста?
     
    Последна измена: 18 декември 2015
    На papillonP, Annath, jacqueline.s и 9 други им се допаѓа ова.
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Не солам памет јас ти кажувам како што е и од мое лично искуство, ете и Лилит дели исто мислење со мене. Нема за што да се лутиш :)
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.047
    Ма со толку негативност кактус нема да и успее, не па нешто повеќе.

    Се успева. Има 1000 начини и на обезбедување на механизација. А ако ја немаш секогаш можеш да платиш некој да го направи тоа за тебе. Има начини, нема ум, нема мотивација, има само мрзоволност.
    Извоз?
    Па ете зошто не ви успеало. Ќе заработиш и помалку (а тоа помалку е и многу, но добро), ама има и за тоа некој друг да се грижи, ама најважно е што си далеку од ич, а ти не се замараш.
    Ама поголемиот дел ќе го остават да им скапува ако треба, ама не го даваат на друг или по друга цена.

    Солење памет?
    Па да, сфати го така, ама биди барем доблесна да прашаш - како им успеало на луѓево дај да научам нешто, а не да се тепаш тука. Никој не е крив што вам не ви успеало, а на други им успева.

    Лубеници - заработувачка 3000 евра од сезона.
    Дињи - 4000 евра
    Карфиол - 5000 евра
    Броукула - 3000 евра
    Тиква - 4000 евра
    Боранија - 2000 евра
    Итн итн итн производи и тоа заработувачката пишана погоре е чиста (а неретко и поголема од ова...далеку поголема).

    Направи ја математиката, па дојди да се досолиме.
    Труд?
    Плаќаш луѓе ама како човек од душа, им го вреднуваш трудот и им даваш храна. Го работат како свое и се осеќа како човек!
    Немаш механизација? Ќе ангажираш друг за тебе што има, а такви има еден куп.
    Ќе инвестираш само во систем капка по капка.
    Немаш земја?
    Има за 100 евра годишно што ја изнајмуваат.
    Што не е јасно?
    На почетокот и ти ќе трпиш за они да имааат, ама после убаво ти е.
    И ти ќе фатиш мотика со нив ако треба.

    Има работа, нема работници.
     
    На Annath, theowndemon и pupi.girl им се допаѓа ова.
  14. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Па шо ако дели исто мислење, не мора да значи дека само вашето е точно.
    Јас кажав, сега е потешко да се работи со земјоделие и не е само да се земат пари, како шо велат и мислат во предходните мислења, не дека не може да се успее (ете за тие што живееле таму и решиле да останат и тоа да си работат или да го работат плус), точно тоа дека треба многу и да се вложи, а и тешко е за живеење да одбериш да работиш тоа и да живееш од тоа. Порано се исплаќало, сега не толку.Има и многу трошоци за одгледувањето, особено ако не живееш на истото место кај шо ти е површината.
    Знам јас колку успева и колку не успева и не е секогаш толку чиста заработка.
    А тоа дали здравјето вреди да го фрлаш, е друга работа.

    Добро е ако имаат друга работа и зависи какви услови има во селото, пошто не се сите села такви средени, ако изгледа како градска населба ок, ама ако не, тешко е да се одлучи за да се живее таму.
     
    На okcenzi и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Таа да патела од комплексот: град-село , немало да иде со дечко од село 7 години.

    И не е точно дека можеш да си тераш свој стил секаде. Јас тешко дека ќе одам после работен ден во зима на заледен пат и -200 во најблискиот град на театар или кино повеќе од еднаш месечно. На театар не дека сум некој си фан, ама кино и те како ќе ми фали.
    Јас сакам децата да си ги упишам на базен, кошарка, англиски... тоа во село мислам дека потешко би било возможно.
    Сакам кога ќе ми текне да тркнам до трговски, сакам да ти имам опција да избирам во повеќе продавници...

    Еве лично не знам како одат работите во помалите места, ама сум правела муабет со луѓе кои велат дека ги загушувале, и верувам дека е така. Менталитетот е поинаков.

    И далеку од тоа дека мислам дека тие на село се посиромашни или дека не знаат што е цезар салата. (Јас еве градската знам што е, ама не ја јадам зашо не јадам марула и сето тоа ми изгледа како тањир полн со трева). Едноставно јас не се пронаоѓам во таа средина.

    Што е битно кој од кое село е (ако е уопште по потекло од некое село) ? Еве да речеме 4цата мои се од: Алданци, Алинци, Ангелци и Арангел (рандом ги одбрав првите по азбучен). Како тоа би било поврзано со мојата желба за живеење во град? Тука сум порасната, навикната, убаво ми било... нормално дека ќе преферирам град. Нема врска дали на некој неговите биле од село кога тој некој се привикнал на градски живот?
    Има многу кои живееле во град, па се пронашле во село и обратно. Не е се за секого. Ете девојката од приказнава не се гледа себеси во село и тоа е тоа. Причините, макар тоа биле и комплекси, она си ги знае, нејзини си се. Сметам дека ствар на избор е кој кај би сакал да живее и нема врска со препич.
     
    На Ance-to, Dream-Girl, okcenzi и 10 други им се допаѓа ова.
  16. SelinaKyle

    SelinaKyle Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    2.149
    Пол:
    Женски
    Знaчи oнa живее нa 10км oд тебе,a ти си 5км oд грaдoт. Штo рaзликa ќе и нaпрaвaт тие 5км не ми е јaснo.
    Местo дa иде 20мин ќе иде пoлa сaт сo превoз. А тoa и не е ништo знaчaјнo.
    Пa јaс кoгa се oмaжив еднa гoдинa живеев вo еднa сoбa и тoaлет нa друг спрaт дoдекa присoбереме некoј денaр дa нaпрaвиме цел спрaт зa нaс. Пa и бременa спиев нa единечен кревет зaеднo сo мaж ми дo 7миoт месец, и пaтувaв 30км дo пoследниoт ден нa рaбoтa сaмo дa имaм oд кaј дa ни дoјдaт пaрички зa дa принaпрaвиме нештo. А oнa при гoтoвa целa куќa и све не сaкaa.
    Јa oд мене пoaѓaм, у шупa би живеелa нa крaј нa свет зa дa бидеме зaеднo и среќни.
    Не јa нaпaѓaм или сличнo, верoјaтнo девoјкaтa си имa причинa пoрaди кoјa ти се прoтиви, нo сигурен ли си ти декa тoa е бидејќи си oд селo?
     
  17. Olgitsa

    Olgitsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    797
    Почнувам да мислам дека иницијаторот на темава и не е баш сериозен..
    Не дека не е вистина, ама така штуро нафрлени информации, а бара совет, па и го нема цел ден отпосле...
    Јас да поставам тема со проблем, 24/7 ќе висам тука... :D

    Во недостиг од информации сите земавме да наоѓаме решение за проблемот под претпоставка дека се работи за Скопје.. А тоа не може да го знаеме со сигурност, што има и те како влијание на целиот проблем.
    Ако се работи за град од внатрешноста проблемот е и поголем, соодветно поаѓајќи од тоа дека тамошните села се села во вистинска смисла на зборот, со овоштарници, свињи и сл., додека Скопските села или посоодветно кажано приградски населби, со огромните куќи, базени, па и не би рекла баш дека личат на села..
    Во таквите има кафичи, дискотеки, ресторани во кои што идат луѓе и од градските средини..

    Свашта може да биде,, Може нејќе децата утре да и учат со `селски деца`..
    Али не би рекла дека станува збор за комплекс чим идела со дечкото од село толку долго време и планираат заедничка иднина.
     
  18. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Bratucetka moja zivee vo seloto lisice a prethodno ziveela vo grad:D
    Ziveat posebno od svekor svekrva, si ja napraija kukjata top, preubava.starive normalno si se zanimavaat so bavca, ona i maz si si rabotat i ne se mesaat so taa rabota.ama zatoa op mevce taze zaklano, kompirce vo sekie vreme, marulce patlidjance kromidce ne frla pari ..znaete koja prednost e toa?? A ene kaj i e centar.znaci deckoto kaza 5 km e do grad.
    So tek na vreme ke se navikne, ako e selo ne znaci deka svinji ke i setaat vo dvor..
     
  19. dlink

    dlink Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    11
    Вака да ви дообјаснам се работи за село од 1200 жители, асфалт до пред врата, сите услови, основно училиште ново, амбуланта, кафич, продавници 5, 6 не една. Природа во изобилство. Источна МК

    .
    Девојката живее со родителите.
    До градот од 5 км , користам два автомобила.
    Оние што мислат дека можат, да ја продадат куќата која татко им им ја изградил толку лесно, да не се лажат.
    Девојката едноставно сака само во град да живее, не е битен градот.
    Не е итно да се земеме, но проблемот е одамна и се одолговлекува.
     
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    @dlink
    Слушај,ако веќе неземени не можете да најдете договор,што останува за после.
    Ниту ти не можеш да ја продадеш куќата лесно,а се сомневам и дека татко ти ќе дозволи,нели се вложил во неа целосно.А ниту таа може да замисли да живее таму.Значи имате сериозен и комплексен проблем.
    Решение-
    1.Да живеете под кирија во град ,доколку не можете да си купите свој
    2.Да раскинете
    Таа и да прифати да живее кај тебе,цело време ќе биде незадоволна и нервозна.Значи како и да вртиш некој ќе биде незадоволен.
     
    На marama, kjukli, vitamina и 2 други им се допаѓа ова.