1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Расправии поради местото на живеење

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од dlink, 17 декември 2015.

  1. dlink

    dlink Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    11
    Многу мислења прочитав и прашања, па да разјаснеме малце.Вака луѓе, живеам во големо село, не се занимаваме со земјоделие ништо, значи татко ми цел живот во туѓина изградил куќи во селото, јас до дека сум бил 15 год и сум бил дете не сум размислувал каде ќе живеам и каде сака да живее мојата девојка, кога веќе се е е изградено. Таа живее во приградска населба со родителите,. Ме интересираат мислења од постари поискусни, мажени, зенети личности. Значи кај мене во куќа ќе бидеме сами во двор секако со родителите, ако се земеме. Куќата е екстра се најново, модерно, 200 м2, двор прекрасен 500 м2, целиот труд на мојот татко 20 години. Во селото сите услови за живот, 5 6 продавници, кафич, болница, основно образование, работа ми е 5 мин од дома, граднинка до мојата работа , на 30 метри. И сега јас не сум против живееањето во град, и велам кога ќе спечалиме , бизнис некој ке купеме стан, а мора да почнеме од негде, а таа сака да идеме одмор , најнова гардероба, кафичи, зимување, е нема брате и шетање и стан. Значи тогаш ке земам кредит од 50 000 евра на 20 години отплата, и сите задоволства треба да заминат. Јас сум за компромис, а ја сакам премногу, врската е 7 години, не е туку така. Како да ја продадам куќата кога не е моја. На сила не терам никој , не сакам, ни можам. Само знам дека кога и да разговараме се караме, ја прашам за причината, едноставно не сакам на село да живеам. Пред луѓе што не ме познаваат ме претставува дека сум од град. Депресијата да кажам уште се борам со неа, со доктор секако и ќе ја надминам, сигорен сум во тоа.
     
    На Divinebutterfly, vitamina, lunicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @dlink, јас да ти кажам вака најискрено, мислам дека девојката нема проблем со живеење во село (освен ако не станува збор за „традиционално“ село каде се чува стока) туку едноставно не сака да живее во ист двор со свекор и свекрва па муабетот „Јас сум градска девојка блаблабла“ и е дипломатски изговор да го избегне живеењето во заедница. Претпоставувам дека си единец и девојката е итекако свесна што ја чека ако прифати да живее во таа куќа.

    Штом нејзиното доаѓање во село (сега -засега) не е опција, на тебе е да решиш дали ќе раскинеш со неа или ќе одите заедно под кирија. И двајцата работите, верувам дека финансиски ќе можете тоа да го издржите а иднината не знаеш што носи, можеби за некое време девојка ти ќе се согласи да живеете во село.

    едит:
    Не сте верени, не сте во брак, нормално дека уште ќе мисли на шетање и гардероба. Ако си сигурен дека таа е вистинската, седнете заедно и сериозно разговарајте за вашата заедничка иднина (финансии, кредити, рати, штедење итн) . Е сега, ако девојката очекува ти се да плаќаш а таа да си ја троши платата на шминки и парфеми, да знаеш дека имаш многу поголем проблем од тоа дали ќе живеете на село или во град
     
    Последна измена: 18 декември 2015
    На Elaria, cresa-jagoda, kjukli и 3 други им се допаѓа ова.
  3. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.517
    Допаѓања:
    27.768
    Пол:
    Женски
    @dlink
    Твојата девојка изгледа не знае што сака дефинитивно. Сакала кафичи,зимувања,најнова гардероба и не знам што.... со тоа докажува дека само тоа и ја интересира :)
    И плус кажа дека те претставува пред другите дека живееш во град мое мислење девојката се срами од тоа што живееш во село.
    Треба да размислиш дали треба да останеш со неа мора да најдете компромис.
     
    На VladeMila му/ѝ се допаѓа ова.
  4. dlink

    dlink Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    11
    Луѓе без работа можат и 24 часа на ден да седат на нет и фб. но некој го нема сето тоа време кое го имате вие , па носеш заклучоци мн лесно
     
    На jacqueline.s и VladeMila им се допаѓа ова.
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Извини вака ама што има лошо во тоа една млада девојка која сама си заработува да си го живее животот? Што треба да прави здрава права девојка во цутот на младоста (ама поетски се изразив)- да седи дома, да листа кувар и да везе гоблени? Па фала богу дека ќе сака да патува и да се дружи :) Напротив, чудно ќе ми беше да беше обратна ситуацијата.
     
    На cresa-jagoda, kjukli, Divinebutterfly и 10 други им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    @dlink ти верувам дека состојбата ти е таква, и мој совет ти е да си ја решиш ситуацијава со време, да не чекаш да дојде до брак па после само од себе да се решава.

    Стихијно нема да се реши и ако рекла дека несака да живее во село, нема да се предомисли.
    Од женски аспект гледано причина е и СЕЛОТО а и близината со свекор и свекрва.

    Преоблемот не е ни малку наивен.
    Не оставај времето да реши.

    Разговарај и со неа и со твоите родители и отворено кажи дека несака таа да живеете таму па можеби ќе најдете заедничко решение (можеби привремено...)
    Вклучи ги и родителите во решавање на проблемов.

    Решение никој неможе да ти каже овде.
     
    На VladeMila му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    Ова е сериозно и да, комплекс е. Не верувам дека ќе ја натераш да се сложи да живее во село ако е до толку работата. Мислам, секој си има свои желби и во ред е ако не се гледа себеси во таа средина, меѓутоа не е во ред да не те прифаќа таков каков што си.

    Во врска со депресијата - се’ уште ли ти пречи нејзината работа и зафатеност? Зашто и тоа е проблем и во тој случај и ти не ја прифаќаш неа и нејзините желби. Имате многу нешта што треба да се доведат до некој компромис, и од твоја и од нејзина страна. Иако не сте стигнале до моментот брак, најдобро е да ги решавате овие работи што побрзо.

    Нити ти можеш неа да ја натераш да прави нешто што не сака, нити таа тебе.
     
    На Elaria, cresa-jagoda, marama и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Со оваа реченица се ми стана јасно.
    Девојката сепак е искомплексирана.
    Ти ја сакаш, ама нема да бидеш среќен со неа.
     
    На senza.parole и VladeMila им се допаѓа ова.
  9. Rainman

    Rainman Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Машки
    Еве што ти прави гледање на сите сезони на “Сексот и градот“, демек градот бил ин. А на “Очајни домаќинки“ шо живееја у предградие шо им фалеше бе? :D И сеа гарант ќе се најде некоја да рече:“Па ете, они затоа беа очајни..“.
    Цел живот живеам во град, додека и двата мои родитела потелнуваат од село. Како мал живеев во предградие, а подоцна се преселивме на 2км од строг центар и никако не се привикнав(И тогаш и сега во стан).
    За мене животна желба било и ќе остане кога ќе бидам осамостоен и финансиски постабилен, да си купам или изградам куќа.

    За мене секогаш било уживање кога сум одел на село кај роднини. Летно време шеташ низ двор, си кинеш јаболка директно од дрво, или пак патлиџан и краставица и си правиш шопска. Зимно време седиш покрај шпорет на дрва на топло додека се вари кафето, или пак со дедо ми ќе се напиеме по една греана ракија. Распустот во глобала го минував на село, сум работел и селски работи и воопшто не ми е срам. И да, во денешно време може да се живее од земјоделство, само треба да си добро едуциран и дисциплиниран, луѓето стануваат во 6 за да одат на копање или орање,а секој труд се цени и вреднува,башка реално сега има субвенции, поволни кредити и грантови, меѓутоа ретко кој од младите веќе се зафаќа со земјоделство, понижување им е.

    Меѓутоа, еве бавчите на страна. Дечкото вели дека нема да се бават со земјоделие. Условите му се одлични, а таква куќа да продаваш која татко ти со пот ја градел е тешко, и од сентиментален и од финансиски аспект, кажаа и претходно, бидејќи цената што би ја добил би била мала и би купил веројатно некое мало станче. Нема да бидат во иста куќа со неговите, само во исти двор, што може да биде од корист, свекрвата да направи јадење кога снаата нема да може или пак да ги чува децата. За шопинг нема да е проблем, сигурно нема секој ден да пазарува, оди накупи напуни гепекот и готово. Здравствените придобивки од еколошки чистата средина не мора ни да ги спомнувам.
    А тоа со ансиозноста и депресијата не му го калемете како проблем, во денешно време секој трет пати од некој вид на депресија, а он што имаше храброст да го каже тоа не го прави полош, баш напротив.


    Е сега, во село не можеш да се дотераш, нема кој да те види, а и да те види или нема да се замара или ќе дофрли некој коментар(шо и у градот се праи на велико, ама па у село сите се знаат). Башка кај ќе праиш селфи со трактори или добиток у позадина? И на шо ќе личи да се чекираш од село, мислам ало? Не е тоа кул и секси, дефинитивно.
    Мое мислење за дечкото: Како што она(претпоставувам) не сака да живее со неговите, верува дека и он како (добро ситуиран) маж не сака да биде домазет. Ти како машко си обезбедил одлично услови-она несака, епа нека ви купи татко и едно станче, па кај вас одете за викенд. Сепак, што и да направиш, прво размисли и заземи став за некои работи како сакаш да бидат во иднина и како сакаш да живееш и направи убав муабет со девојчето, ако е тврд орев, можеби си и ти таков, ама кај што има љубов и разбирање, ќе се најде компромис каде што ќе можат да попуштат и двете страни, не значи дека цел живот ќе мора да и одиш па г.. и да ја трпиш.

    Поздрав и секое добро
     
    На Dream-Girl, Elaria, papillonP и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.883
    Допаѓања:
    132.485
    Не можам да се начудам. Јас за мојот маж ке отидам на крајот на светот. Ќе живеам каде што има за живеење, ќе јадам што има за јадење.
    5 километри биле проблем? Па ако живееш во Аеродром, до Сити мол колку километри имаш? Ако живееш во Кисела вода до Центар пешки ти се 25 мин, ако не сакаш, ќе одиш пак со кола. Кафиња со другарки? Јас сум у Центар, другарка ми исто. Не се гледаме цел месец, работиме. Нема евреме за кафиња, со работа, со смени, со дополнителни работи... Животот не е само кафиња. Нека се омажи, нека земе кредит од 50 000 евра, да ја видам колку кафиња ќе пие. Кога ќе нема за парталчиња облека од фирма, да видам дали ќе се нервира оти на први банката и ја собрала платата. Ама, тоа откако ќе се омажи не се нејзини пари. Нивни се. И дечкото, ќе мора да патува до работа со кола, ако ние 2ца трошиме 6000 за бензин, а живееме у Центар, и он ќе троши толку.

    Тука едниот ќе мора да попушти - ти, да немаш луксус, и да плаќате кредит, таа, да живее 5 км од град, и да нема луксуз.

    Комплекс има девојката. Ако маж ми некаде лаже и се срами оти сум била провинцијалка, не верувам дека би била среќна. Ако му е срам од мене, си одам. Не знам како ти преминуваш преку тоа. Навредливо е. Не те гледа ко човек, туку ко селанец во тој момент.

    Лудо е во денешно време кога се нема пари, да се отфли готова куќа и да се бара стан за да се плаќаат кредити. Ама веројатно нејзе и е битно што мислат луѓето.
     
    На papillonP, jacqueline.s, artemidis и 23 други им се допаѓа ова.
  11. Columbianna

    Columbianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    За жал во денешно време приоритетите се испомешани.Порано било друго време поинаку се живеело , денес во ова ''модерно време '' светот иде напред,луѓето се претворија во машини , сите трчаат по пари и 90% од младите сакаат да живеат во град, да имаат пари,станови, коли итн. Не ја оправдувам девојка ти, но сепак донекаде ја разбирам. Како што кажа и самиот се сакате, одлично функционирате заедно и навистина сметам каде што има љубов несомнено има место и за компромис и решение, и со разговор тоа ќе го решите.:D
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    @dlink а тебе не ти пречи тоа што она цело време те претставува како да живееш во град? :?: Не знам, мене би ми било непријатно да знам дека дечко ми се срами од местото каде што живеам. Утре може ќе се срами од твојата работа, професија, или од колата што ја возиш.

    Пет километри од градот не е ништо страшно, јас дневно пешачам многу повеќе низ Скопје, ако не сакам да се туткам во автобуси и да губам време на семафори. Имате нова куќа на располагање само за вас, ниту чувате добиток, ниту се занимавате со земјоделие. Ама џабе е сето ова, ако девојка ти е решена дека не сака да живее таму. Што е почудно, рече дека таа сака да живее во „град“, не е важно кој :^) И Берово е град ако е за тоа, ама мојава населба е 5 пати поголема и поурбанизирана, иако не е на 2 минути од центар.

    Во секој случај, проблемов треба да го решите навреме, не дозволувај да си поминува времето без да знаеш на што си. Седум години не се малку, сериозна врска имате, треба да се мисли и на тоа. Ако веќе нема компромис, подобро е секој по свој пат.
     
    На papillonP, cresa-jagoda, marama и 10 други им се допаѓа ова.
  13. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.517
    Допаѓања:
    27.768
    Пол:
    Женски
    @Nausicaa
    Јас не реков дека треба девојкава дома да се затвори и да везе гоблени:) Но изгледа дека таа тоа сака да го прави постојано само да шета и да излегува :) Таа мисли дека ако седи во село тој луксуз дека ке и биде скратен баш напротив чим заработуваат и двајцата тоа нема да му биде проблем да излегуваат, да патуваат и да си купуваат нова гардероба.
     
    На VladeMila и Nausicaa им се допаѓа ова.
  14. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Мене едно нешто не ми е јасно. Зошто родителите вложуваат пари во куќа за синот во истиот двор. Зошто не ги тргнат парите настрана па да има детето можност да избере само.
    Еве дечково може не сака и тој во село да живее, па вака ќе има можност да избере. Еве девојкава, поалена каприциозна каква и да е, абе тој баш неа ја сака, баш таква. Па да им тргнале неговите пари настрана ќе си купеа станче каде си сакаат.
    Од лично искуство ви кажувам живеење во село нее лошо ама не е ни розово. Посебно во зима со калови, со нередовен превоз. Школите се катастрофа, една продавничка, еден лекар и еден куп зајадливи комшии. И кога на тоа ќе се додаде свекрва и свекор во ист двор и јас би се замислила.
    Друга работа е ако дечково се занимава со земјоделие со сточарство, ако од тоа го вади лебот. Тогаш живеење во село е разбирливо, и тогаш мора да си најде девојка која ќе ги дели истите интереси, инаку не бива. Ама ако и двајцата се запослени и работат во град која е поентата да се патува секој ден.
     
    На Divinebutterfly, honest girl, SuperGirl24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Оф топик ама морам да искоментирам
    Дечко ми има познаник кој исто така живее во село, има две мали машки деца (едното уште не тргнало ни во училиште) ама човекот веќе гради два дополнителни спрата врз семејната куќа, наменети за синовите кога ќе се оженат. Сите пари на семејството одат за градежните работи (само таткото работи а платата е сосема просечна македонска плата), се нема ни за спорт за децата, ни за курс по јазик-пари им остануваат само колку да купат храна и да ги подмират комуналиите ама битно тие два спрата МОРА сега да се изградат (за синовите кои нема да се женат уште 20 години) И што ќе биде утре ако синовите не сакаат да живеат во село ? Или некој ваков случај, невестата не сака од град да оди да живее во село/ не сака да живее со целото семејство на сопругот собрано под еден покрив?
     
    Последна измена: 18 декември 2015
    На cresa-jagoda, okcenzi, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  16. smajlii

    smajlii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Се согласум во скоро се со девојка ти освен со фактот дека те претставува дека живееш во град, низ тоа не би поминала тутку така, фактот дека се срами од тебе од тоа каде живееш и после 7 години врска е засрамувачки за нејзе.
    Тоа дека сака да шета, зимувања и да купува облека нека не те чуди, тука на форумов може да ти кажат се и сешто ама секој сака е сега дали ја има таа можност тоа е друго. И јас сакам и секоја млада девојка особено ако заработува солидно, сега ако не шета кога?
    За живеењето во село го кажав мислењето и пак ке кажам не е лесно и не е само имам средена куќа, не секој се замислува да живее во село па макар и тоа било на 5км од градот. Особено ако и мајка ти и татко ти се во исти двор. Живеењето во градовите во внатрешноста во Македонија не е лесен а камоли во селата. Не ме сфаќај погрешно ама менталитетот е друг и во околните села околу Скопје е така. Девојка ти 3 дена по ред да излегува, четвртиот ден ќе дојде комшиката кај мајка ти на кафе и е рече: Што напраи снаава? Се утепа од шетање, фаќа ли нешто по дома?
    Куќата да се продаде мислам дека не е решение, прво нема да добиеш добра цена и второ не оди во исти двор на твоите (кои со мака ја направиле таа куќа) да им тупнеш некои странци и да делат заеднички двор. И јас да сум ти родител тоа не би го дозволила.
    За да се купи стан, пред се ти треба убаво да размислиш дали ти сакаш 10,20 или колку и да се години да се исплаќа кредит за стан/куќа а веќе имаш свое. Сепак бидејќи се работи за источна Македонија становите се многу поефтини, па се наоѓа и стан од 30.000 евра од 50-60м2. Исто така не мора да се купи стан, може да се купи и куќа во центарот на градот која во источна македонија не би коштала многу.
    Имате повеќе опции, што и да решите некој ќе мора да попушти. Мора да разговарате на темава, ние тука можеме совет да ти дадеме ама не и да го решиме проблемот.
     
    На cresa-jagoda, okcenzi, kjukli и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Премногу комплицирате и одите во екстремни случаи. Познавам многу девојки кои ете така не сакаат да имаат ништо со момци од провинција и коса им се крева на нив. Сигурно нема два дена да ги убедувате дали се во право или не. Едноставно не сакаат да излегуваат со нив и крај на приказната. Проблемот е кога некоја црпната ќе те лаже 7-8 години, ќе те влече за уво, ти мислиш дека си среќен ако и го чукаш секоја вечер, а она оп на крајот те сјебува и ишамара со нелогичности. Зарем за 7-8 години не сфати дека голема е веројатноста да живее на село/провинција? Зашто му потрошила толку години од животот?
     
    На Zeynep, cresa-jagoda, Priroden и 3 други им се допаѓа ова.
  18. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.503
    Допаѓања:
    173.568
    Abe ,koga sakas nekoj,onaka iskreno,bez skrieni nameri,spremen si da otides da zivees so nego I na kraj na svetot ako treba .Ne gledas nitu selo li e,ne gledas kvadratura,ne gledas plockite vo banjata italijanski li se ili spanski.
    Ne gledav jas nisto,prifativ I zaednica so starite,prifativ sluginka da bidam,se za ljubov.
    Jas bezuslovno ,,trgnav,, po soprugot.A potoa ,so tek na vreme,site maani gi sogleda I mm I donesovme odluka- zaednicka.
    A I da vi kazam koga ke vidam ogromni kuki,creva mi se obrnuvaat- krotkoebacki starite gledaat da go vrzat sinot do niv za da ne se sami po starost.
     
    На Daydream и ennaz им се допаѓа ова.
  19. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Е и јас еднаш верував во такво сакање па до крај на свет да се отиде за некого, ама сега како да кажам - ми помина. Вљубеност е тоа а поминува бргу. После или ќе остане љубовта, базирана пред се на меѓусебна почит и разбирање, или двајцата ќе израснат во сосема различни личности па ќе живеат несреќно, ако веќе се врзале, или ќе се разделат и ќе продолжат секој по својот пат.
    Човек мора да прави компромиси за да се одржи љубовта, но и мора да остане искрен и доследен и на своите убедувања и на своето јас. Правејќи компромиси можеш и да се изгубиш себе си а ти животот заради себе го живееш пред се.
     
    На Elaria, kjukli, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  20. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Абе какви комплекси бидете реални, девојката паметна е и размислува рационално, во сериозна врска се, таа е од град и нормално размислува за во иднина каде е попривилегирана да живее нашиве села не се ко тие од Швајцарија да бидеме реални, нема врска со комплекси, девојката да се срамела од неговото потекло нема да биде сеуште со него.
    А тие филмски муабети "ја и на крај на светот би идела за дечко ми" и слични драми оставете ги за во некој паралелен универзум кај што цветаат рози.
     
    На Ance-to, kika.dragan, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.