1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Расправии поради местото на живеење

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од dlink, 17 декември 2015.

  1. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    И, ти се омажи во Скопје?:P
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    @dlink а зошто не и кажеш на девојката штом толку е успешна таа, гратска, модерна, со приципи, со критериуми, самобендисана и не знам што понатаму и како да се изразам епа нека земе таа нека спечали за куќа/стан во градот и ти со мило срце исели се кај нејзе.

    Ти толку имаш, толку сте постигнале и си благодарен на сето тоа што го имаш а на неа ако не и се допаѓа нека земе нека направи и таа нешто за вас а не само да прибира при куќи и при се што си и ставил на тапет, или нека те остави и нека си живее "гратско" што има да се мажи со "сељак" ако не и чини, ако ништо не и чини што има со тебе да бара понатаму?!
    Кога и самата нит те почитува нит па салам муабет ти направила ..
    Размисли за оваа опција;).. и никако немој да се испоценуваш себеси..
     
    На anakonda88 и VladeMila им се допаѓа ова.
  3. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.455
    Пол:
    Женски
    Од сите што се пукаат во гради дека и во Пуста Брезница ке идат за љубов темата со Снаи и свекрви е препуна со маки и мудрости. Да за љубов ке дадам цело срце ама ке размислувам и со разум,а не само битно е што се сакаме а дали ке живееме со 10 души во двособен стан,дали ке живеме во Пуста Брезница,дали ке живееме со една плата од 200 евра не е битно.Битно се сакаме ! Која е оваа утопија што ја презентирате тука стварно не ми е јасно,лесно е на форум да се залажуваме со розови муабети.

    Мене дечково искрено ми е симтоматичен лик.Да не се лажеме,колку и да е голема љубовта ако партнерот се срами од мене и моето потекло ке му дадам клоца во гз без око да ми трепне како и повекето од вас,ама не тој е Ромео и си ја сака без оглед на се. Настрана тоа што е комплетно опседнат со девојката ,наместо да биде среќен што во ова тешко време има работа и работи наместо на негов грб да се квакне тој незадоволен зошто не му посветувала време и останувала на работа подолго.Браво шта речи.

    Всушност тој по постовите не ја ни сака,навикнат е нејзе и нејке да му пропаднат 7те години поминати со нејзе па сеа ке води инает како да ја убеди да живее кај него во село.Да се уозбилиме,ако таа него го влече за нос тој нејзе зарем не ја влече со тоа што верувам од секогаш бил дециден дека нејке да се мрдне од дома ? Или што си мислел ке ја убедувам жена е ке попушти ке дојде кај мене,пошто ЖЕНА е и мора да попушти и да живее мажот кај ке каже.

    Не е работата ни во селото,ни во градот,ни во куќата него во нив двајца кои што од пусти страв да не останат сами и да не им отидат во вода 7те години врска ке се нервираат и ке се тегават . Да напише уште некој деградирачки пост за девојката кој знае каква ке испадне дека е. Исфрустрирана, малоумна, размазена ....
     
    На Ance-to, artemidis, AnGeL4e009 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Се е на место што напиша, ама делот каде што пред други крие дека бил од село и го претставува дека е од град, ова не ти звучи чудно? Значи на крај пак се сведува дека е комплекс, и тоа тежок комплекс. Е сеа типов како се справува со тоа, негова работа. Крај краева ни таа не живеела во градот туку во периферија која (барем во источна се такви) горе доле се исти како и селата.
     
    На kim.k и VladeMila им се допаѓа ова.
  5. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.455
    Пол:
    Женски
    Точно не викам дека е во ред тоа, како што кажав ако некој се срами од мене во било кој поглед тогаш јас немам што мајка да барам со таква личност .Но тој кука како му смета што таа го деградира на таков начин и наводно се срами од него а од друга страна не превзема ништо во врска со тоа.Ке се лажеме дека толку ја сака па ете наведнува глава зад таква навреда? Да навреда е тоа сите ке се сложиме.Ако сакам и од Марс ке сум ,твој проблем е ако не можеш тоа да го прифатиш.А ако не го прифаќаш фактот дека сум од Марс аналогно не ме прифаќаш ни мене.

    И да девојката е од периферија и можеби затоа сака да се пресели во град а не да отиде во уште поголема периферија па не прифаќа живот на село. Тоа не е искомплексираност него желба за нешто поубаво. Е сеа градот колку е поубав од животот за село е веке субјективна и дискутабилна тема на разговор. Некој ке каже дека животот на село не би го сменил ни за 10 градови,некој ке каже дека градот не би го сменил ни за најубавото планинско село. Секој си знае за себе што сака и што му одговара најмногу.
     
    На AnGeL4e009, kjukli, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Дали е повеќе разумно да живееш во веќе изградена куќа дадена на поклон и да си 5 километри од град (мене страшно смешно ми звучат овие 5 километри, не знам за вас), или заради тие 5 километри ти 20 и повеќе години да отплаќаш кредит. Мене за разлика од тебе ова ми е утопија, со скромни плати (претпоставка) да сонуваш дека ќе отплаќаш кредит, ќе шеташ, трошиш, уживаш во "типичен" градски живот. Реков веќе, ако можат да си дозволат во ред, но ако се работи за обична размазеност и комплекси, тогаш уште при првиот издаток за кредит ќе има плачки и незадоволства и уште комплекси како тоа таа не може да си го дозволи животот што го замислувала оти пари нема да стигаат. И пак тој ќе биде крив, оти не е доволно маж, оти не ја продадат куќата на која сега гледа со потценување а некој работел за неа и којзнае уште што не.
    Нема ништо лошо во нејзините желби, остварливи или не, нејзино си е да проба да ги оствари (пак ќе кажам смешни ми се 5-те километри, муабетот ќе имаше повеќе смисла да е некое село оттаде планина па да се подразмислиш и за работа, превоз, патишта, школо за деца) ама 5 минути со кола да ти прават толкава разлика во животот, не знам, јас повеќе патувам до работа секој ден па ич мака не ми. Да ми даде сега некој куќа гратис во шума ќе живеам и пак ќе си терам мој начин на живот ако е на 5 минути од град. Ама тоа сум јас, ете секакви не има.
     
    На jacqueline.s, kim.k, Wahnsinn и 5 други им се допаѓа ова.
  7. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.575
    Полека навикни ги дома твоите на фактот дека ќе ја продадеш куќата, ако не ти поради жена ти тогаш утре твоите деца сигурно ќе ја продадат. Знам каков е ставот на повозрасните, но сепак светот останува на младите..
     
    На cresa-jagoda и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  8. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.095
    Пол:
    Женски
    Е, што не ќе прочиташ ... реално и приземјено пишува дечково ама некако нема слух за тоа девојката ... секој со своите избори во животот.
     
    На VladeMila му/ѝ се допаѓа ова.
  9. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Во ОВОЈ СЛУЧАЈ не е проблемот во 5те километри, ни во условите на живот, ни пак близината со свекорот и свекрвата. Проблемот е во зборот СЕЛО!! Јас се обложувам дека се' да биде исто, само зборот село да се смени со населба, се' ќе добие поинакво значење.

    Таа не се срами од него, не го крие него од другите, не се срами од неговиот изглед или карактер. Таа се срами што ќе треба да каже дека е од тоа и тоа село. Се плаши од реакцијата на другите, односно сожалувањето од другите, бидејќи нашиот менталитет е таков, колку и да не признаваме да одиш од град во село за повеќето е како да паднеш од коњ на магаре. И колку и да не сакаш, понекогаш те заболуваат таквите коментари. Настрана тоа што тој што коментира можеби живее три генерации заедно во 50 квадрати, а ти во 200 сама со сопругот. Важно тој е од град. И така ќе си набиеш комплекс.
    Друг е моментот кога некој ќе каже дека е од странство, си формираме друга слика за него иако можеби таму јаде леб и сол и живее во уште позабутано село. Тоа ти е Македончето.
    Тоа е уште поизразено во помалите градови, каде сеуште се мисли дека селата се од времето на дедо Ное.

    Дечкото сам си кажа дека е до асфалтиран пат, куќата нова со сите услови, има две коли, убава работа, не се работи земјоделие, не се во иста куќа со неговите родители (иако се блиску, има разлика).
    Епа ретки се тие низ градовите што ги имаат овие услови, барем во мојот де.
    Не знам дали ќе ви се верува, ама сите мои комшии во градот живеат по најмалку 2 генерации (некаде со бебе и 3) на ист спрат. Кавги и нетрпеливост секој ден.

    Девојката треба убаво да си размисли дали треба да си ја жртвува врската или да се помири со фактот дека привремено ќе живее во село. И така работи во град, во селото ќе биде само за спиење.
    А за менталитетот на луѓето, верувајте барем во помалите градови, исто ти е дали си во град или во село, надзорните камери (комшиите), работат 24/7 :rofl:.
    Штом имаат кола, не се ограничени ни да тераат богат социјален живот каков сакаат (и така се на 3 минути од градот), само ќе имаат повеќе патни трошоци (ама во селото ако не плаќаат комуналии исто ќе им дојде :D).
    Исто ратите што би ги плаќале за кредит или киријата за живот во град, може да си ја користат за шетање, облека како што сака девојката.

    Сепак тоа си е до карактерот на човекот. Хилјаду људи, хилјаду чуди.
    Еве еден пример од комшии во селото. Старите имаа пари да му купат куќа или стан на синот во градот и му го предложија тоа, а одговорот на синот (27 години, шофер, не е врзан со работа во селото, не е некој прост) беше: Е, што, нели ме сакате до вас? ?!?! И сега му изградија толкава куќа и си живее среќно во селото со жена му.

    И за крај, @dlink , еве една поговорка од мене до девојка ти:
    Подобро прв во село, отколку последен во град (се шалам).
    Поздрав :).
     
    Последна измена: 19 декември 2015
    На papillonP, Daydream, elisabeta и 2 други им се допаѓа ова.
  10. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    More poarno prv vo selo nego posleden vo grad , sepak mislam dekazivotot ne e lokacija na mestoto kade sto zivees,poznavam luge od selo sto sekoj den se na kafe vcarsija a poznavam od istiot grad luge sto nemaat sednato na kafe, e pa vidi sega koj si go zivee zivotot,nekako cuden narod sme sakame sve do kazot da ni bide na primer vo Avstralija poznavam luge koi sekoj den patuvaat po 1 cas za da stignat do rabotnoto mesto I vo market isto , neznam lugeto koga ke svatat deka vo makedonija nema golema razlika kade ke zivees mentalitetot e toj drzavata e taa .
     
    Последна измена: 19 декември 2015
    На MilaP, VladeMila и promeneta им се допаѓа ова.
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Фали село, живеј в'град!
     
    На Divinebutterfly, ennaz, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Eden moj bratuced vikase: selo veselo, grad glad:D
     
  13. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Хаха, а бе реално никој не отишол ДОБРОВОЛНО од град во село, никој не го фали селото, град си е град, ама факт е дека некои луѓе во село имаат многу подобри услови за живот отколку други во град.

    Местото на живеење е битно, ама не најбитно. Во овој случај не е баш најбитно, земајќи во предвид дека девојката ќе си води градски живот во село. Е сега, уште психички да се помири дека да си од село и не е најлошото што може да ти се случи во животот, и се' ќе биде во ред.
    Плус, и дечкото рече дека и тој сака еден ден да живее во град, па живеењето во село е привремено.

    Друг е случајот со планински села, работење сточарство (а ти не знаеш овца од коза да разликуваш), дечкото да е сељак во душа и други екстремни случаи. Во тој случај и прилагодувањето ќе е многу потешко.
     
  14. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    @dlink јас сум згрозена од повеке одговори за твојот проблем , таткоти кука ти направил во целава сиромаштија во државава, настрна да си али во близина нивна да си , за да нема судир на генерации, и некоја ископлексирана ке ти кажи да ја продадеш за едно коше стан каде што не ке можеш да писнеш додека имаш секс ? Дај ви се молам , какво продавање , НЕКА ЈА ПРОДАДАТ КУКАТА НА НЕЈЗИНИТЕ РОДИТЕЛИ И НЕКА ВИ КУПАТ СТАН , бидејки тоа е желбата на нивната керка .Ако земаш ти кредит , ке го отплакаш 30години , и прашање е дали имаш сигурна работа , па кога ископлексираната ке и се иди на море , наместо на море парите ке ти одат за кредитот е ТОГАШ ти ке станеш неспособен маж што не може да и овозможи летовање . Мојата кука на село е 3км од центар на градот , си ја палам колата и си фурам , имам автобуси и за 10 мин сум вцентар , ако има некоја на форумов што живее во странство нека ти каже колку се одалечени од центар? и колку време им треба да одат до работа? овде се работи за една македонска заостаната работа со многу комплексии , дека граганите во село се грагани од втор ред (facepalm)
     
    На christinnn, Rose96, jacqueline.s и 6 други им се допаѓа ова.
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.421
    Допаѓања:
    91.477
    Пол:
    Женски
    И градот и селото си имаат свои позитивни и негативни страни. Одлуката каде ќе се живее не може да се донесе само од желбите и потребите него и од условите кои ги имаат партнерите.
    Јас прекинав речиси 4 годишна врска поради несогласување што со иднината и каде ќе живееме. Тој од град 100 км. од Скопје, плус од село уште 10 км. од градот со никаква желба и амбиција за ништо. Јас од населба во која можеби не ми е се многу близу ама па и не ми е далеку. Размислував да отидам да живеам со него во селото во кое имам и пораснато, ги знам сите, имам роднини таму ама па нема кој знае какви услови. Не сме само ние во прашање, тука се утре и деца, треба да се размислува малку пошироко. На крајот се запрашав кога тој не успеа да се прилагоди тука од мрза каде има можност за било што, зошто јас да се прилагодам за него и да "умирам" во село?
    Има разлика од село до село ама има и разлика од партнер до партнер.
    Сепак девојкава нема проблем само со живеењето во село во иднина, туку и со тоа што ти живееш во село. Јас никогаш не криев од каде потекнува мојот дечко, многу често двајцата се шегувавме на сметка на живеењето во село и нашето детство.

    Да сумирам, не сум против живеење во село доколку се има услови за нормален живот, но не сум и по секоја цена за љубовта да отидеш било каде. Треба да се направат компромиси и барем делумно да бидат задоволни двете страни кога не може целосно.
     
    На Divinebutterfly, Dream-Girl, papillonP и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Elaria

    Elaria Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2015
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Ова е едно од клучните прашања пред стапување во брак, ако сакате да ја биде работава мора да најдете компромис. Едниот мора да попушти, без разлика кој.
     
    На VladeMila му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Црвче

    Црвче Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    563
    Пол:
    Женски
    Ако е местото во село убаво и ако ништо ме фали во куќата, тогаш мислам дека нема потреба девојка ти да се противи. :^) А можеби не сака да биде блиска со твоите родители, какви им се односите? А некој погоре спомена дека можеби не сака да биде далеку од своите родители? Или пак е од оние девојки кои се срамат да кажат дека живеат на село? Можеби не е доволно запознаена дека животот на село е поздрав. :f:Таму сигурно воздухот и водата е почисти, а веројатно имате и услови за одгледување растенија. Не велам да и дадеш мотика и да ја пратиш в поле, туку велам да засади јагоди во вашиот двор. :sun:
    Секако ова нашево се претпоставки, ти најдобро знаеш во што е проблемот. :?:Поздрав. :)
     
    На VladeMila му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Наместо да биди задоволна дека нема да се влечка под кирии и да ја бркаат на секое госпожата таа пребира.Муабетот е најде зајде.Толку.А за дали е село или град ке и текни за некоја година ако останат недај боже на улица.
     
    На VladeMila, anakonda88 и Cka им се допаѓа ова.
  19. amore_mio1

    amore_mio1 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2015
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Ne gledam problem da se zivee vo seli t.e toa veke ne se smeta za selo tuku naselba ako moze taka da se kaze...na tolkava mala odalecenost od gradot veke e naselba....eve i sestra mi se omazi od selo vo grad na ista odalecenos no za nas toa ne e selo tuku naselba...zs za pet-deset min nie sme kaj nejze...duri i kolku ubav zivot si vodi dvorce...cvekinja...milina...no nejze ne i e problemot spored mene vo toa taa e ni oj ni drz....a ako veke i e toa pa ne saka da zivee na selo naj arno ke i bide da te zeme domazed taka nitu ti kredit ke podigas za sa kupis stan..nitu taa ke zivee na selo pa da vidi i taa samata kolku ke i bide ubavo i kolku ke dosedi vo grad...spored mene taa mozebi i neiskreno te saka..
    Dokolku iskreno te saka..ke go prifati toa za se ima i navika i odvika...od mene tolku...pozzz i ti posakuvam hapy end
     
  20. AnGeL4e009

    AnGeL4e009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    Ако сакат толку многу да живејт во град оди и домазет ...и двајцата во град и нема да имате кредити за стан нов ни ништо и двајцата задоволни...Ако се сака све се можи не се рекло за џабе! А ако нејке ни така таја нека купи стан во град при што има куќа на село готова плус во природа свеж ваздух..не ко овде во градов човек на 2м неможе ништо да види од чад.....а ако е финтата што ќе и биде страм да речи дека отишла од град во село ..стварно таа личност и не е за тебе по мое мислење ..со други зборови се страми од тебе ! толку...ако немојте да најте компромис ништо не прајте за понатака ...