Знам дека прашањето не е за во темава ама на друго место тешко некој да прочита. Треба да сменам податоци во документите после регистрација. Да ми каже некоја што сменила дали директно одам да се сликам за нови документи или прво некаде мењам адреса и презиме, па тогаш да закажам термин за документи? И што ми е потребно, дали маж ми треба да дојде со мене?
Ако се префрлаш на иста адреса со сопругот, нема потреба од процедурата за промена на живеалиште, доволна ти е само неговата лична карта. За презимето ти треба извод од матична книга на венчани и извод од матична книга на родени, но со новото презиме.
Да, негово презиме и негова адреса. Значи ако те разбрав добро закажувам термин во мвр и со изводите и со маж ми одам на сликање директно.
Дали некој се има венчано во матично во ситуацијава моментална? Да сподели искуство дали смее да влезат родителите или само сведоците? Фотограф знам дека не смее и дали треба да сме со маски сите?
Како што слушнав,неофицијално,само ако Девојката/Жената е Бремена ги регистрираат,другите додека не се стабилизира состојбата,не ги пуштале.Вака слушнав од другарка,колку е вистина незнам.
нема воопшто да регистрираат додека не се стабилизира состојбата или нема да пуштаат други во матично освен младите и сведоците?
Колку што разбрав,само Бремените во состојба на Коронава ке ги регистрираат(ги водат како итни случаеви),оние другите не,се додека не се стабилизира состојбата.Ова е пак ке кажам неофицијално,само ми е вака пренесено,колку е вистина незнам искрено,а немам ни кого да прашам.
Да, регистрираат, ама не во Порта, туку во канцелариите нивни, 4-5 луѓе најмногу можат да влезат, кажаа од јули може ќе има и нови правила, не знаеле. И не е точно дека само бремени можат, јас не сум бремена, па сепак не ми направија проблем.