Здраво девојки, во врска сме 6 години, на почетокот се беше супер,а сега немаме секс со месеци. Имам разговарано со него ама нема промена.Ми вика дека тој веќе ги поминал тие работи и сега не бил толку заинтересиран(постар е 10 год).Сакам да сум со него ама од друга страна немањето секс ми е проблем. Совет плс
Абе и 20 години да е постар,сексот е потреба.сигурно не е толку стар па да нема желба за секс. Една од најбитните работи шо ги држи луѓето во врска или брак е сексот. Без секс и вие ќе се оддалечите. Оправдување не е ги поминав тие работи тука нешто не е јасно. Има некоја друга причина сигурно. Отворено разговарај зошто, дали можеби е изладен од некоја причина, нејкам да трескам глупости од типот можеби има друга сигурно тоа ти би го осетила ако има нешто на страна. и прашање е во каков период врви тој, дали можеби има некој стрес или проблем во животот. Само отворен разговор инаку се е претпоставка а изразот ги поминав тие работи не држи вода оти сексот е потреба цел живот реално и мажи на 60 год имат секс. Ти си млада објасни му дека ти треба и имаш потреба од секс. Ако тој толку не може да има секс а ти без тоа не можеш што и реално е така, тогаш за жал доаѓа до разделба.Ама разговарај за психичкиот момент, недај боже да не има и некој здравствен проблем врзан со тоа па да му е незгодно да ти кажи.
Чим ти вика дека му е доволно, рачунај дека нема да се смени. Прашање е дали сакаш така да живееш, или не? Или пак, алтернатива, речи му: Јас вечер во 10 имам секс. Ти дали си бил тука, или не, небитно.
Фала , да размислував за тоа да не е здравствен проблем , ама не сакам и да спомнам да не навредам дека можеби е психички не знам стварно
Не е многу за верување тоа дека "поминато му било". Сексот е потреба, дури и да не е честа мислам дека со месеци да немате е многу растојание. А можно е и задоволството кај друга да го наоѓа. Сепак разговарај и биди упорна. И јас сум со поголем партнер (9 год.) и немаме многу често односи, но еднаш неделно имаме потреба.
Секако дека имаме различно либидо, но со месеци да нема некој потреба, не знам. Нека кажи членката дали отсекогаш е вака или само сега. Скоро 4 години.
Еве јас ќе ти кажам. Да е до маж ми, никогаш повеќе не мора да имаме секс. Со време и јас се направив како него... не скроз, ама... месеци не ми се проблем. На други начини исполуваме интимност.
Фала , затоа побарав совет бидејќи во врска се согласуваме имаме разбирање, кавги преретко . Ама ова со сексот ...
Либидото не е фиксно, секако може да се смени а причини има еден куп, и физички и психолошки. Важно е партнерот да е отворен и сака да работи на тоа. Ако му е океј вака, на што секако има право и немаш впечаток дека нешто ќе се смени (а шансите дека ќе се среди само од себе се минимални), мислам дека и сама знаеш што е решението. Што побрзо, тоа подобро, ваква ситуација само создава фрустрации.
Има пасивни луѓе во сексот и не му е проблем да немааат секс со месеци. Има парови кои така функционираат и не е ништо чудно. Но, доколу на двајцата тоа му е океј. Доколку тебе ти е проблем да немате секс со месеци, а него му е океј, можи кај тебе да доведе до фрустрација. Размисли си како би постапила.
Како 'на кој начин'? Супстанции што ја комромитираат когнитивната способност, доведуваат до ситуација да не може да се даде согласност. Без согласност е силување.
До толку немаш доверба во партнерот да не можеш со него да збориш за тоа што го мачи? Прашај го директно дали е навистина до желбата за секс, дали има проблем или не сака да има секс со тебе. Со човек со кој си толку време не би требало да имаш страв да отвориш било каква тема. Сите имаме фази во животот кога либидото не ни е на завидно ниво, ама фази се, поминуваат повеќето. Партнерот треба да има разбирање и да биде поддршка во ситуацијата. Друго, она што ти го рече Вајлд. Ако нему му одговара да немате секс со месеци, а тебе не, размисли за иднината на вашата врска, односно дали би сакала да бидеш и понатака со ваков човек. Ако не си исполнета во врската на секое поле и не уживаш во неа, ќе се наполниш со фрустрации. А таков живот не сакаш.