Мислам дека тој суптилно се обидел да ти каже дека нема намера да се смени и нема да се смени. Точно е дека сите имаме различно либидо, но сомнителна ми е таа незаинтересираност за блискост со саканата личност. Зборувам за телесна блискост, која вкличува и секс. Не мора да значи секој ден или по неколку пати на ден, но природно е таа желба да постои.
Абе ни ние не сме како пред 10 години зајчиња, ама месеци? Не ми е баш толку наивно, посебно што ако разбрав и не се баш "стари".
Општо де врската каква ви е? Убаво ви е заедно? Фин е со тебе? Внимателен е? Се грижи ли за тебе? Ти за него? Како го поминувате времето заедно? Имате ли заеднички интереси, желби, планови за иднина? Обично кај повозрани е така, ама не мора да значи. Има луѓе кои се со ниско либидо цел живот. А и не знам колкави се? Ако се над 30, не би ме изненадило, ич.
До човекот е... годините немаат врска. Едит: Море и до периоди низ животот е... сите си имаме ups and downs.
И ова е можно. Имав таква врска со таков, дури и со погрдни имиња ме нарекуваше зашто сум сакала секс. Реално, нема да успее таква врска, искрено не гледам светла точка на таква врска. Ова повеќе од мој аспект го гледам се надевам ке се смени нешто кај вас. Ама запрашај се да не случајно се ладите еден од друг?
‘Ги поминал веќе тие работи’??? Молам?! Ја на твое место би го поминала засекогаш него. Пресебичен став, мизерна изјава.
Абе нема себично - несебично кога е секс во прашање. Себично е само да изнудуваш секс од некој што не сака. Колку само збориме по форумов дека не сме должни да имаме секс со никого, па ни со мажот, ако не сакаме? Тоа што не сака да има секс не е себично. Себично е што не сака да разговара во што е проблемот, што и да е, може да се реши. Макар и да се разделите нормално, и тоа е дел од животот. И да, и мене ми се случува да не сакам некогаш и 2 недели, нема сигурно да имам само затоа што партнерот сака. Секс се има кога двајцата сакаат, според мене барем. Исто се случува и тој да не сака и тоа е тоа, не сме се погодиле де дента. Ама ти кажуваш дека месеци се во прашање, а тоа искрено не знам колку е нормално.
Малку е индикативно што на почетокот на врската не бил со ниско либидо, значи нормално човекот немал ниско либидо претходно. Значи мора да има некоја причина за промената. Ако се исклучи физички проблем, тогаш треба да се бара проблемот на друга страна - психичката состојба или самата врска/релација. Тоа: - Не ми треба веќе, не ме интересира веќе, стар сум и сл. е чист одбрамбен механизам. Има некој проблем било емотивен/психолошки, било со врската, кој не го кажува и штом користи одбрамбени механизми, ништо чудно да е нешто што е поврзано со непријатни или негативни или силни емоции. Копањето кон внатре и доаѓањето до вистинската причина може да биде многу долготрајно, мачно па и непријатно и за двајцата. Може да одбива комуникација за проблемот од старт, може да зборува ама да користи одбрамбени механизми и пак да не ја дознаеш вистинската причина. И конечно вистината може да е болна... Убаво би било да имавме во земјава некој стручен за сексуална терапија кои е специјализиран за вакви проблеми, да може да се побара таму помош, ама за жал нема.
Ај пробај запрашај се себе си, ако беше обратна страна, т.е маж да "пекаше" по секс, пошо жената не му дава, дали овиој коментар би го пишала повторно?
Можи да има некаков проблем, ама може и едноставно не му е повеќе интересно и со тоа не е доволно возбудливо за да посакува секс.