Нема кај нас така. Маж мора да сака секс 24/7 , инаку 'нешто не е во ред со него'. Да зборуваме за стереотипи.
@Ladybug300 Истото го помислив. Кога немаат луѓето формални групи во општеството, се здружуваат самите за да си помогнат, па и преку форуми @WildMk стварно мразам и јас стереотипи. Никој не е ист како другиот, што више, ни еден човек не е во истата состојба цело време и не е истиот цело време. По природа сме променливи. Така да многу е тешко да се каже дали е нештото патолошко, развоен процес ли е, фаза ли е, или лична промена. Јас овде поаѓам од конкретните информации што ги кажа членката и претпоставуваш пак на крај. Најдобро самата ќе види низ комуникацијата во четири очи што е причината.
Да, би го пишала. И сеа ќе ти кажам зашо. Секс не е само физичка потреба, секс со партнер е и интимност, приврзаност и поинаква емоција. Девојката навела една реченица која звучи одвратно и пак ќе кажам, себично. ‘Сум ги поминал веќе тие работи’?, на што личи ова? Ај шо сигурно се осетила она лошо коа он го изговорил ова, како некој може да се дрзне да ‘лишува’ некој од нешто само затоа шо (прочитај ја пак главната реченица погоре!). Ако не сака секс, постојат и други начини за да се задоволи партнерот/ката. Ама и тука се желбата и трудот у прашање, разбираш? А тоа е уше поголем проблем од самото нивно немање секс
Па еве вчера разговарав со него на темава, според него сме немале проблем , ме сакал и се со течело најнормално, не му бил периодов до тоа ќе си дојдело само со тек на време ,воопшто не сметаше дека имаме проблем на тоа поле ...
Можеби не е врската проблем тогаш, можеби е во некоја безвезна психичка состојба. Дај му време тогаш штом го побарал. Сите се некако против тој што има пониско либидо на форумов, демек ги запоставува потребите на партнерот. Ама и двајцата имаат потреби, без разлика какви се. И тој со ниско либидо некогаш има потреба да одмори од секс ваљда. Врската за мене е пат во две насоки, во однос на давање и примање. Или ќе се прилагодите еден на друг, ќе внимавате на потребите на другиот обострано или нема да успее врската. Сам човек треба секој за себе, да реши до каде може да дава, толерира, да прави компромиси и за што е сето тоа правено, па потоа тоа јасно да го искаже на другиот.
Во секоја врска може да се случи да нема секс со недели, па и месец два, што заради обврски или напорен период, здравствени проблеми или било што друго. Ете мене ми се случило. Ама немање секс со месеци заради тоа што "тоа него му поминало" и не сметањето дека тебе тоа ти е проблем е и те како себично. Ако он нема потреба, ете ти имаш и не може партнерот да очекува ти едноставно да се помириш дека тоа е така и да си продужите нормално. Себично е што не кажува конкретна причина и што по муабетов не се ни труди да се подобри во тој аспект. Нели една врска се заснова на компромис, некоаш ќе ги задоволиш потребите на партнерот некогаш тој твоите, некогаш ќе талкате дур најдете златна средина на заедничко функционирање. Океј е да се има праг на толеранција на се, ама ова дефинитивно треба сериозно да се разговара или да се реши или да се разреши.
Нема врска маж или жена. Ако еден е незадоволен од врската, која е поентата? И да, различно либидо и те како е проблем. Тоа не значи дека тој што не сака, треба да трпи и со сила секс да има, ниту тој што сака треба да бара наоколу некој друг за секс, туку треба да се работи на проблемот и да се бара решение, ако може да се најде.
Редок секс во долга врска е "алармантен" ако на партнерите не му одговара и се случва наеднаш, а не е постепено редуцирање. Велам алармантно ако е наеднаш, најчесто има тригер. Али ако е постепено, то е само природен тек на настани. Најдолго без секс ... Не знам колку ми било. Мсм во врска. Надвор од врска сум born again virgin. Можда извесен период пред да почнам да имам секс. Во врска бар еднаш неделно, али обично поќе. Зависи од можности. Во смисла да беше до мене и тогашниот партнер - поќе. Али не секогаш се имало услови.
кој како сака. никој не ги тера да се заедно. само, има луѓе кои никогаш не се задовол(е)ни. има и друг момент, некогаш високото либидо кај жени е производ на хомосексуална и бисексуална настроеност, според оваа статија: https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/17380375/ не велам дека е тоа случајот тука, туку треба да се има во предвид во смисол на широка дискусија и проток на информации. не за џабе се велело донжуанизам е маска за хомосексуалност.
И шо ако е поради бисексуални тенденции? Каква разлика прави тоа? И не мора да значи дека @Ladybug300 ги има. Не е два дена, со месеци немале секс. Некому е тамам, некому е малку.
Можеби на партнерот му прави разлика? А дали некој воопшто помислува дека во прашање е нешто друго? Можеби типот сака ја оттараси или му станала одбивна? Некогаш не ни е до ѕвездите туку до нас самите. (Според Шекспир - Јулиј Цезар)
@Ladybug300 имам импресии дека си дошла оправдување да му бараш, наместо решение на проблемот што вистински те мачи. Не се надевај дека брак магично ќе ја реши ситуацијата, да не те читаме за некој месец во развод. А со порното како стои?
Имам импресии дека не ме разбра. Прашањето ми беше дали има можност бракот да е РЕШЕНИЕ за проблемов .
Да, бракот е златно решение за се. Кога ќе стапиш во брак исто ко да си стапила во рајот, магично се се менува, сите проблеми минуваат.