Не Дали можеби нешто се случило претходнава година, додека трае коронава? Тешка година поминавме, можеби му влијае тоа намалено социјализирање, повеќе време дома... или пак нешто друго психички го тишти. Инаку за да те разбере ќе мора да му кажеш најдиректно, колку и да ти е незгодно тебе.
@Ladybug300, Однапред ќе ти се извинам, ова ќе биде брутален пост. Затоа ќе го почнам со практичен совет- нека оди да провери хормони. Намалување на тестостеронот кај мажите превизвикува губење на либидо. И општо, нека отиде на лекар, нека каже што е проблемот, може и да е нешто медицински. Зошто здрав, прав маж не губи желба за секс туку така. Претпоставувам дека не живеете заедно. Што правите кога се гледате? Шест години се многу време (been there, done that) и затоа мораш да бидеш сигурна дека не е се сведено на навика. Да, ги поминал тие работи со тебе (и сега може му е досадно), што не значи дека нема да ги прави понатаму со некоја друга. На 36 години никој не е стар за секс. Преиспитај се за врската, зошто неговата незаинтересираност за секс може да е незаинтересираност за тебе. Монотонија, досада, навика. И не го слушај кога ти вика дека се е во ред, пристапи критички кон вашиот однос и извагај дали навистина се е во ред. Имате ли вие воопшто телесна близина? Се гушкате, галкате, бакнувате? Или се се сведува на брз бакнеж за здраво и чао? Исто, доооолго време сте во врска. И да го мачи нешто и поради тоа не е во mood за секс, не е во ред да го крие тоа од тебе и да те убедува дека се е во ред. Ако после шест години не е комотен да се отвори пред тебе и да ти каже што го мачи, налет годините поминати заедно. Следно. Има мажи кои се тешки говеда и ако девојката им се „запушти“, знаат да изгубат интерес. Дали си сменила нешто во надворешиот изглед, можеби си се поправила, си престанала да се шминкаш, си ја скратила косата, не носиш веќе секси облека како на почетокот на врската? Ова не ти го кажувам за да почнеш да се дотеруваш за него, баш напротив- ако типот е еден од „тие“ волови, ти спотребал таков и подобро сега да го увидиш тоа, отколку кога ќе бидеш во брак. И за крај, најцрните сценарија. Има друга со која се плеска на страна, и таму се празни. Мастурбира по неколку пати на порно и „нормален“ секс не го пали и му е досаден. Ти не го палиш повеќе. Те сака ама не си му секси повеќе. И јас завршив лани шестгодишна врска. Многу добро знам што значи да нема повеќе страст и да го гледаш партнерот и да се чудиш каде отиде се што беше некогаш добро во врската. Затоа и сум „лоша“ во постов, зошто најлесно е да се тешиме со „абе период е ова, ќе помине“. Кога е време за крај, тоа е тоа. Затоа размисли каква е врската во целост, дали е квалитетно времето кое го поминувате заедно, има ли нешто друго што ве поврзува освен годините поминати заедно.
Фала. За советот да провери хормони ќе инсистирам да оди ама нема да сака , бидејќи му спомнав да не е здравстено не ми рече нема врска Друго за запуштањето не сум баш ослабев многу си помислив дека е тоа причината ама ете испадна не ...Трето за монотонијата што спомна апсолутно е така дека е монотоно како и секоја врска со време , ама јас сакам да го решиме проблемот за разлика од него што е незаинтересиран и ете се му било супер врската си течела најнормално, многу сум го форсирала често сум спомнувала и сум правела тензија,напнат бил ...Според него најдобро да избегнуваме да разговараме колку што сватив место да го решиме проблемот
Се надевам сфаќаш дека е ова огромно црвено знаме во ситуацијава. Јас разбирам дека е деликатна тема, зашто општеството ги притиска мажите да мислат дека мора 24/7 да сакаат секс, па се чувствуваат недоволни во ваква ситуација и многу често прва реакција е негирање на проблемот, АМА... времето нема ништо да среди, ако тоа време не го искористите за активно решавање на проблемот, што пред се почнува со отворена комуникација и прифаќање дека проблемот постои. Ако ти кажува дека него му е океј, а тебе разбирливо не ти е, најдобронамерен совет, не се труди ТИ да откриеш и решиш што НЕГО не му е во ред. Нема да успееш, и ќе изгубиш време, живци, можеби и самодоверба, а врската многу веројатно од почеток била изгубена, зашто за врска се потребни двајца.
Де бе па вие, одма со оставање. Мал му бил- остави го. Не го занимала-остави го. Па сите проблеми ќе ги решите така, што ќе решаваме после во брачни проблеми, развод и останати теми. @Ladybug300 и за врска, и за решавање проблем треба двајца. Ако него му е ок, а тебе не ти е, едно е решението.
Брак и деца не се решение за ниеден проблем, туку само ги продлабочуваат веќе постоечките проблеми и се накалемуваат нови. Факт. Друго, ако нему му одговара да молчи, кажи му дека не е срамота да ти каже ако има проблем (оти можеби го има и се срами, поради стереотипите кои владеат кај нас), да најдете решение, сигурно има чаре. Ама, како што спомна некој погоре, за решавање на проблем треба да се вклучат сите инволвирани страни. Според твојот дечко, испаѓа дека само ти имаш проблем, тој нема. Дали е свесен дека од тебе бара да се прилагодиш на него, без да даде нешто за возврат? Трето - може сака да молчи за да не се излае не сакајќи дека има некоја на страна? Само претпоставки се ова, не значи дека е точно. Оти 36 години не се возраст на која здрави мажи не сакаат секс. Ако исклучиме ниско либидо, асексуалност, склоност кон ист пол - не гледам зошто не би сакал дечкото да има секс со тебе и тоа да му е сосема нормално.
Не мора да е зависник од порно, ама општо познато е како порното влијае на машкото либидо (дури и кај мажи кои "не се зависници"). Штета што премалку се зборува за проблемот, а дека секои 2-3 месеца доаѓа некоја на фемина со истиот проблем (маж одбива секс, а редовно гледа порно) е факт кој не мора ни да се трудиме да го докажеме. Памти датум и брои 3 месеци од денес, се кладам дека сигурно ќе ја чуеш истата приказна. Или барај 3 месеци назад, веќе видено.
Него не му е проблем, тебе ти е. Вика дека 'го напнуваш', оти му е тамам. Ти реков уште во првиот пост: Или навикни се, или разделете се - нема друго решение.
Сексот во долга врска треба да станува подобар, со тек на време станувате поопуштени еден пред друг да си ги споделите работите кои (не) ви одговараат, а со тоа станува поквалитетен, особено на и по 30тите години. Ако се чувствува монотоност се внесуваат адреналински моменти, играчки што и да е. Тезата: јас сум ги минал тие работи изживеани ми се е толку глуп изговор што не знам кој би го поверувал. Згаснувањето на сексот е згаснување на блискоста и отвореноста меѓу партнерите и рефлексија на незадоволство од врската. Ако партнерот не сака да разговара зошто не сака да имаме односи и не гледа проблем во тоа и ми дава смешни изговори, тука не гледам иднина во врската. Жално да, ама е далеку од површно, сексот е круцијален дел во една нормална врска/брак. Истото важи за двата пола. Имав врска од 4 години што заврши со еднаш неделно секс поради нефункционалност. Имам врска од 5 години во која сексот сега ми е повозбудлив од почетокот. Не паѓај на глупи изговори и барај го коренот на проблемот.
тоа е под предуслов да мажите секогаш ја зборуваат вистината. стравувам од лошо тука -- тој да е прикриен хомосексуалец и сака да остани таков од икс причини па таа да му е потребна само за „брада“ пред општеството.
А да престанеш да читаш квази научни статии за хомосексуални тенденции? Различни либида и различни кинкови постојат. И мажите можат да имаат помали либида. Може на тепавет да одат заедно и да разговараат за проблемот-доколку не сака да го реши и не може да се помири со фактот дека е незаинтересиран за секс-раскин.
Што те тера да мислиш дека цитираните студии не се веродостојни? Зошто советување кога мислењето дека има проблем се еднострани. Се сведува на понуда и побарувачка, треба едното да се зголеми а другото да се намали и решен проблем.