Не можам да го прочитам целото да знам дали е студиите се структуирани добро. Исто така тоа што ти го извлече од студиите не е поентата на студиите. Советување бидејќи едната странка одбива да го увиде проблемот што другата странка го има. Советување за да може да научат како да го исушат партнерот.
секогаш студии влечат разни заклучоци, не само за главната цел. прашање е колку е проблем и кој како го доживува. норми нема, индивидуално е.
студии се прават со одредена цел. главните заклучоци се во врска со целта односно проблематиката на која се прави студијата. со анализа на податоци се влечат и пропратни заклучоци. во статијата која ја цитирав го има и таквиот заклучок
Јас за прељубници не знам зашто вешто се кријат ама за деца сум го чул илјада и два пати тој муабет. Ради децата не се разведувам од него чекам да пораснат да не раснат со разведени родители.
Тоа да... ама ако дојде до тоа само децата да ви се нешто заедничко, таквиот брак не е брак.. цимерство е.
Јас сум во брак 10 години и нормално е да има затишја, како на пример финансиски проблеми, или од било кој друг тип, проблемот мислам дека станува сериозен кога еден од партнерите станува рамнодушен подолго време, тогаш треба да се стави прстот на глава и да се превземат мерки, дали секс играчки, дали еден романтичен викенд настрана од секојдневието, па едно џакузи па свеќи, и се ке се среди... Кај нас имало периоди, и од неколку месеци бидејки одев во странство па тогаш и сајбер сексот беше пресуден, праќање експлицитни фотографии со сопругата, видеа и си одржувавме некое ниво на интимност.. (да не се заборавиме како изгледаме) ☺️ Битно бракот без секс е осуден на пропаст тоа е факт, прашање на време е кога ќе се срушат картите.
Се зависи од личностите кои се во брак од нивните навики и самоконтрола што ја имаат...Партнерите треба да имаат меѓусебна поврзаност и разбирање и така да функционираат .Неверствата несе добри работи некои ги користат како издувен вентил па баш им е гајле за партнерот.Поентата на муабетов ми беше значи ако еден од партнерите неможе да има секс поради Х причини другиот треба да има разбирање а не одма да изневерува па ако треба и нека нема секс ама брак не се растура заради секс .Во бракот има и многу поубави работи од сексот .А ако некој е склон кон неверства подобро оставиго отколку да те мати цел век.
="WildMk, post: 5676784, member: 125145"]Не мора да изневерува. Може да му каже дека ќе има секс со друг/а.[/QUOTE] И на што личи тоа ....ти неможеш јас ќе си терам ќејф така ?? А да е обратно ти да неможеш мажти да растура се што ќе му дојде до рака убаво ќе ти биде м ???
Да изразам лично мислење бидејќи сум во подолга врска и со партнетот поминуваме многу време заедно. Значи убаво е да се има секс и интимност меѓутоа сме имале периоди кога не сме можеле и многу рртко сме имале, но тоа не ни ги променило односите. Значи, според мене не е пресуден и битно е да има согласност и разбирање затоа што не секој е секогаш расположен за тоа и тоа е сосема океј.