уф за среќа немам ваков проблем незнам што маж ќе беше ама ни спорт го интересира да гледа ни пак нешто друго само тенис игра понекогаш а знам другарки кои што фудбалот или другарите се побитни од се другу и разбирам колку е тешко.... бројке советите веќе се дадени единствено да разговараш и сериозно да му нагласиш дека тоа ти смета , а и некако изгледа како да не е и баш заинтересиран за тебе(извини ако звуче грубо) според она што го кажа... но некои мажи се едноставно такви да не речам себични сега на тебе е да процениш што е проблемот и да видиш дали може нешто да се смени или ќе го прифатиш таков како што е . поздрав
Мое мислење е дека освен со разговор со него, нема поинаков начин како да се реши проблемот. Вие не сте малку заедно па да ти е незгодно да му кажеш, што ти се допаѓа, а што ти смета. И на крај изнајдете некое заедничко решение . Можеби ако не си му кажала до сега, тој не ни знае дека тебе тоа ти смета. Мислам дека ако не му укажеш уште сега, понатаму така и ќе остане, нема да го менуваш во брак кога ќе бидете.
Јас не знам дали е магија риболовот, ама ова лето ми пропадна одморот заради истово. Дечко ми не е фанатик, ама со другар му им текна за на одмор да земат опрема за риболов, што не им текнало никогаш до сега, Ако ви се верува нити се сончаа, нити се бањаа, дури изгореа на сонцето ловејќи по цел ден. Насабајле стануваа во 6 да ловат, навечер до мрак, па дури и земаа тапи што светат, за да ловат и ноќе. На мене и девојка му на другар му ни пукна филмот. Ништо од вечерните прошетки,излегување до доцна,зошто сабајлето требаше рано да се стане. Можам да замислам како и е на девојкава со таков дечко, ама мислам дека ништо нема да помогне, освен да го остави. Тој не е ни свесен за тоа што го прави, едноставно е заразен од синдромот риболов.
Хахаха и мене ми е позната темава.Дечкото на почетокот на нашата врска така одеше на риболов,меѓутоа се со мера.И сега оди,ама поретко.Неколку пати ни се има случено да одиме тој да лови риба,а јас или да си читкам нешто или да се сончам на убавото време.ама тоа само на пролет или лето.Ти девојко треба да разговараш со него и сама да си одлучиш што понатаму.поззз