1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родителите и крвните групи

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од tessie, 26 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.222
    Допаѓања:
    13.004
    Пол:
    Женски
    Без навреда, ама апсолутно не е можно ова... :?:
    Од родители АБ и А, може да се роди дете со А, Б и АБ, ама со 0 не може, со живот гарантирам за тоа.

    Ако едниот родител е АБ, детето не може да е 0, и обратно ако еден родител е 0 тогаш детето не може да биде АБ. Нека ти ја проверат крвната група уште еднаш, може да се случат грешки во одредувањето.

    едит:
    еве калкулатор на крвни групи
    http://www.endmemo.com/medical/bloodtype.php
     
  2. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    По ова калкулаторов мене ми испаѓа дека неможам да ја имам крвната крупа што ја имам. Т.е РХ-факторот. Моите се 0+ а јас сум 0-. А тука вика 100% 0+. По мене не е баш точно или па не ми се родители
     
  3. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    tato e B+ mama A+ jas B+....:)
     
  4. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.222
    Допаѓања:
    13.004
    Пол:
    Женски

    За Rh факторот, и јас мислев дека од позитивни родители не може да има Rh негативно дете, ама не било така, една од феминките го објасни тоа.
    Може калкулаторот за Rh фактор да е погрешен. Но за крвните групи е точен, убаво со проценти кажува која е можноста за секоја крвна група на детето. Според тоа што имам учено за наследување на крвни групи, истите проценти ми искочија на сите примери што ги пробав на калкулаторот и што ги пресметав сама.
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    Мама А+
    Тато А+
    Јас А- :D
     
  6. BadBitchBomb

    BadBitchBomb Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    93
    Јас и тато, мама и дада а да бидам искрена сеуште не си ја памтам крвната група :o само знам дека е позитив :lol:
     
  7. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Мајками е А+ а татко ми Б+ а јас сум АБ-, а тоа е резултат на подгрупата т.е. некој од моите родители во подгрупа има негативен rh фактор.
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Едно ошто прашање, јас сум 0- група ( според мене најглупавата), и сега го правев ова со калкулаторов но бидејќи незнам која група е дечко ми гледав за сите и ставав да е + и ми излегуваше дека детето ( што здравје некогаш би го имале) ќе биде исто +. Тоа значи дека RH се наследува од таткото и дека ако он е + и детето сигурно ќе биде +? Што пак ќе значи дека може да има компликации затоа што јас сум -, односно ќе треба да се прима инекција.
    И уште нешто, имам слушнато дека ако двајцата се 0- група не е добро за плодот, односно потешко се задржува, има вистина во ова?
     
  9. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Цветче прво ќе те искарам, 0-негатив не е најглупавата крвна група туку најдобрата.Порано оваа група на сите давала а само од себе примала...зарем не е јасно зошто? :!: Второ и јас сум 0- (и баш сум среќна за тоа) и сега вака ќе ти кажам. Ако дечко ти е било која крвна група со РХ фактор +, детето може да биде и - и +. Значи може да наследи и од тебе или од таткото.Само доколку е детето + тогаш ќе ти стават инекција и готово.Нема никакви проблеми. калкулаторов не е точен, моите се 0+ двајцата а јас сум 0-,а ваму вика дека можам само 0+ да бидам, така да не обрнувај внимание на него.
    А за второво прашање, нема врска, уште поубаво ако двајцата партнери се со ист РХ фактор. Јас и маж ми сме двајцата - па ете си имаме здраво бебе од 4 месеци. :*
     
    На MamaHuanita и cvetce93 им се допаѓа ова.
  10. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Е фала ти многу на одговорот.
    Инаку не ме карај.. :D За тоа дека на сите може да даде да се согласувам дека е добро, меѓутоа лошо е сам што од својата може да земе, за недајбоже итни случаеви, кога сум се родила ми требало крф и многу тешко ми нашле ( не разбрав само мајка ми зошто неможела да ми даде) ама како и да е, многу тешко ми нашле и од кога ми го кажаа тоа имам страв од оваа крвна група :|
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Добро веќе не те карам, сега се поправи малце :lol: .За ова со давањето крв си во право, ретко се наоѓа нашава крв,ама па скапоцена е и затоа. :D Ако недај боже некогаш ти затреба еве сега ме знаеш па барај ме :$ . А ако тебе ти требала крв одма после раѓањето мајка ти сигурно неможела да ти даде,пошто сигурно изгубила пола крв со раѓањето,па сега уште ли требало да и цедат... Битно ти си ни сега жива здрава и со најубава крвна група :*
     
    На cvetce93 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    286
    еве нешто од мене.... цела табела па гледајте
    род. дете.
    ОхО - О
    ОхА - О,А
    ОхБ - О,Б
    ОхАБ - А,Б
    АхА - А.О
    АхБ - А, Б, АБ, О
    АБхА - А, Б, АБ
    АБхБ - А, Б, АБ
    АБхАБ - А, АБ, Б
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Си се имаме сега тука, за недајбоже :$
    Инаку пак имам едно прашање, денес едни другарки правеа муабет дека ако си РХ негатив може во првите 5-6 дена на бременоста кога уште нема да знаеш дека си бремена, да имаш спонтан, да ти потече крф и ти да не ни знаеш да мислиш дека е нешто менструација.. Тогаш нели ако не ја примиш таа инекцијата телото ќе создава антитела и е тешко за наредна бременост..
    Некои повеќе информации околу ова? :?: Рано ми е за бебе, ама вака кога слушам уште сега страв ме фаќа..
     
  14. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Ма ајде Цветче што ти вадат памет...Нема врска тоа со крвната група и РХ факторот...Зашто би ти течела крв па и спонтан...? Нема никаква логика...Ако беше така немаше таа инекцијата да ја ставаат во 20 недела туку одма после позитивниот тест...И јас родив дете и немав никакви проблеми од таа страна.
    А замисли порано кога ни крв ни крвна група испитувале и сами се пораѓале...па како тогаш било...?
    И да е така како што ти рекле другарките, после 5-6 дена нема ни време да се створат антитела па нема ни потреба од инекција.
    Ама дефинитивно ова не е точно, не се секирај, слободно раѓај си кога ќе ти дојде време. А ако толку ти е фуфка,наоѓај некој исто со РХ- како тебе.Јас така си направив :lol:
     
    На kig и cvetce93 им се допаѓа ова.
  15. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    286
    цветче ако мајката е рх негативна а таткото рх позитивен при прва бременост нема никаква опасност бидејќи дури да се створат антитела во телото од мајката плодот веќе е развијан и бременоста поминува во најдобар ред. тоа е така затоа што рх позитивен е плодот и дури да стасаат антителата од плодот во мајката и дури да почнат да се создаваат бременоста е во поодминат тек. а за втора бременост се прима инјекција бидејќи во телото има веќе готово создадени антитела од првата бременост и одма го напаѓаат плодот ако не се прими таа инјекција.
    а спонтан може да се случи од многу работи недај Боже. и точно дека во првите недели девојката може да има спонтан а да не знае дека е бремена и тогаш спонтаниот е во вид на менструација со тоа што покрај сето тоа нормално излегуваат и парченца ;(
     
    На cvetce93 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.519
    Допаѓања:
    5.885
    нулта + и нулта +
    ке има ли проблеми...
    мислам дека не би требало ама?
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.394
    Допаѓања:
    200.855
    Пол:
    Женски
    Никакви проблеми нема да има. Зошто би имало? И детето најверојатно ќе биде О+.
     
  18. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Мама 0-
    Тато 0+
    Дада 0+
    а јас А2-
    Некое чудо сум јас , јас цело време верував дека сум на мама крвната група и еве вчера кога ми ги кажаа резултатите не можев да поверувам од кај сум изникнала само јас А2- во семејството.
    Ама читав дека може и тоа да се деси иако било ептен ретко детето да нема крвна група ни на еден од родителите :( ама тоа е :)
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.394
    Допаѓања:
    200.855
    Пол:
    Женски
    Тоа ако родителите се А или Б крвна група, а за нулта - ако и двајцата родители имаат нулта крвна група, и децата ќе ја имаат. Нешто не ти е точно во резултатите, или твоите или на родителите.
     
  20. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Читав дека може да се деси детето да нема ни една од крвните групи на родителите , може пак ја имам на некој од фамилијата баба , дедо итн .
    Искрено и јас неможев да поверуваам ама пак само на мене ли да ми ја згрешат групата ?!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.